Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на повеќе места ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е и изолирано невреме со појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од западен правец. ...

Делови од Скопје денеска ќе останат без вода и електрична енергија поради дефекти и планирани работи на мрежите. Без вода од 9 часот до отстранување на дефектот ќе бидат корисниците на улицата „Маца Карбева“ и населбата Трета зона Припор во општина Кисела Вода. Од 10 часот до завршување на работите, без водоснабдување ќе остане и дел од корисниците на улицата „Златко Шнајдер“ во општина Центар. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ...

Претседателката на Индија, Друпади Мурму, денеска ја продолжува официјалната посета на Северна Македонија. Заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, каде што ќе присуствуваат на церемонијата на откривање биста на Махатма Ганди и ќе имаат обраќања. По настанот во Скопје, двете претседателки ќе заминат за Охрид, каде што ќе го посетат манастирскиот комплекс „Свети ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...

По силното невреме што денес го зафати Скопје и регионот, Општина Чаир одржа состанок на Кризниот штаб со цел да се процени состојбата на терен и да се координираат понатамошните активности. Надлежните екипи се ангажирани на терен и остануваат во целосна готовност да интервенираат согласно утврдените потреби. По состанокот, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со надлежните екипи излезе на терен за одблизу да ја согледа ...

По денешното невреме што го зафати Кочани, доцна вечерва во просториите на Општина Кочани се одржа состанок на Кризниот штаб за заштита и спасување. На состанокот беа разгледани и мапирани сите проблеми пријавени од граѓаните, а надлежните служби ги координираа досегашните активности на терен. Благодарение на нивната навремена интервенција, патиштата се проодни, а паднатите дрвја што предизвикуваа непроодност на повеќе улици се отстранети. ...

АКТИВНОСТИТЕ НА ТЕРЕН ПРОДОЛЖУВААТ И ДОЦНА ВЕЧЕРВА! И во овие доцни вечерни часови, екипите на ЈКП Гази Баба не запираат и продолжуваат со расчистување и санирање на последиците од невремето. Првата фаза од интервенцијата е успешно завршена. Во овој момент нема ниту една непролазна улица и сите главни сообраќајници се целосно проодни. Продолжуваме со работа низ сите населени места, сè до доцна во ноќта, а уште од раните утрински часови на ...

Благодарност до сите екипи кои денеска активно се вклучија во решавање на последиците од невремето, Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров , вработените во општинската администрација членови на кризниот штаб и сите добронамерни сограѓани кои безрезервно помагаа во расчистување на теренот. Патиштата се проодни и во функција во сите делови на општината, останува да се санираат дефектите на струјата од страна на ЕВН. Остануваме припремени, а во ...

Неизмерна БЛАГОДАРНОСТ до сите екипи кои денеска активно се вклучија во решавање на последиците од невремето. Тимот за јавна хигиена на Општина Карпош, членовите на кризниот штаб, единицата за заштита и спасување, вработените во општинската администрација, месните и урбаните заедници, нашите советници и сите добронамерни сограѓани кои безрезервно помагаат во расчистувањето и санирање на штетите. Остануваме на терен, во комуникацијата и ...

Од првиот момент по невремето, 4 екипи на ЈКП Гази Баба се на терен и непрекинато работат на санирање на последиците, информира градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски на социјалните мрежи. Невремето предизвика сериозни штети. Евидентирани се повеќе од 40 паднати дрва, а оштетен е и кровот на ООУ „Наум Наумовски – Борче“. И јас сум на терен заедно со екипите и ќе останам тука сѐ додека не ги надминеме последиците и не обезбедиме ...

Силниот ветер што вечерва го зафати Штип однесе дел од кровната конструкција на Клиничката болница во градот. Поради паднатиот лим од кровот, дел од пациентите од Одделението за ортопедија биле преместени на други одделенија во болницата. Заменик-директорката на Клиничката болница-Штип, Билјана Ефтимова, информираше дека ортопедијата и единицата за интензивна нега во моментов функционираат со намален интензитет. „Пациентите се сместени во ...

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје. Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, Градот има обврска да обезбеди итна финансиска поддршка за граѓаните ...

По силното невреме што го зафати Скопје, припадниците на Армијата без одлагање излегоа на терен и се вклучија во расчистувањето на последиците, давајќи значаен придонес во справувањето со настанатата состојба. Брзата реакција, професионалноста и несебична посветеност уште еднаш ја потврдија подготвеноста на Армијата да биде со граѓаните во моменти кога е најпотребна помош. По силното невреме што го зафати Скопје, припадниците на Армијата без ...

Силно невреме со бурни налети на ветер денеска го зафати Скопје, по што екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека булеварите се проодни, а во тек е расчистување на паднатите дрвја и гранки. „Скопје денес го зафати силно невреме со бурни налети на ветер. Природата не можеме да ја спречиме, но реагиравме брзо, организирано, навремено и одговорно. Екипите на ...

Петнаесет лица се повредени и примени во две скопски клиники по силното невреме што попладнево го зафати главниот град. Девет од повредените биле прегледани на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), додека шест лица биле примени во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Директорот на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор ...

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика огромен број повици до Единствениот број за итни случаи 112. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во периодот од 17:00 до 21:00 часот биле примени повеќе од 8.300 повици од граѓани. Како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, операторите на бројот 112 работат со полн капацитет, а поради наглиот пораст на повици уште во првиот час биле ангажирани и ...

Скопјани, се надеваме дека вие и вашите семејства се безбедни! #Левица ќе иницира вонредна седница за обезбедување фонд за штетите предизвикани од невремето – дрва, кровови и тн. Имаше време да се постапи и да се отстранат БАРЕМ утврдените небезбедни дрва! Треба целосно обесштетување на граѓаните, како од обележаните така и необележаните дрва во оваа конкретна непогода, како и одлетани кровови и други работи. На Комисијата за безбедност при ...

Владата прогласи кризна состојба поради состојбата со водата и епидемијата во Гостивар. Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок. Здравјето на граѓаните на Општина ...

Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец , ...

Активни се четири од 14 регистрирани пожари на отворен простор денеска до 18:00 часот. Два пожари се под контрола, а осум се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на депонија во штипското село Пенуш, прилепското село Локвени, каде е зафатена ниска вегетација и шума, како и во крушевските села Јакреново и Пресил каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Под контрола се пожарите на депонија во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Скопје се обрати на македонско-индискиот бизнис форум, организиран од Кабинетот на претседателот во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на форумот се обратија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, а беа презентирани и инвестициските можности на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Македонско-индискиот бизнис форум, организиран во рамките на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Според Сиљановска-Давкова, посетата е силен поттик за интензивирање на економската соработка преку поврзување на македонската и индиската бизнис-заедница. „Економскиот подем на Индија и визијата „Виксит Бхарат 2047“ природно се надоврзуваат на ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информира дека кризниот штаб е ставен во функција и дека екипите ќе бидат присутни на терен за интервенција доколку има последици од невремето. -Во моментов Општина Ѓорче Петров е зафатена од силно невреме. Кризниот штаб е активиран, а општинските екипи веќе се на терен и работат на расчистување и оспособување на блокираните патишта, објави тој. Ќе останеме целосно мобилизирани и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување на ...

Осум лица од Скопје се пренесени во болница бидејќи се повредени во невремето. Според информациите на Пресс24, до овој момент четири лица се на Ургентен, а четворица во Стара градска болница. Пружена им е неопходна медицинска помош. Меѓу повредените е и повозрасна жена од Џон Кенеди. Дрво и паднало врз глава и е пренесена на Ургентен. Едно лице сам со посекотина на чело отишол во 8-ми Септември. Повеќе информации се очекуваат наскоро. Осум ...

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски сними видео обраќање за граѓаните по силното невреме. Информираше дека откорнати се кровови, паднати се дрвја. Додава дека сите се затекнати од силното невреме, а на терен се работело со сите сили. Но им порача на сите граѓани, да излезат на улица во нивните места и да делуваат локално да собираат гранки. Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски сними видео обраќање за граѓаните по ...

Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информираат од Центарот за управување со кризи за Пресс24. Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на ул. „Женевска“ бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на ул. „Методија ...

Поради силното невреме, градоначалникот Горан Герасимовски свика итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Во тек е координација на сите надлежни служби, по што екипите веднаш излегуваат на терен за увид во состојбата и преземање на сите потребни мерки. Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат непотребно движење додека трае невремето. Доколку имаат пријави за паднати дрвја, оштетена инфраструктура или други ...

КРИЗНИОТ ШТАБ Е АКТИВИРАН!, информира на социјалните мрежи градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски. Почитувани граѓани, Во овој момент, општина Гази Баба е погодена од невреме кое зад себе остава последици. Урнат е кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, а имам информација и за голем број на паднати дрва. Тимовите се формирани и веднаш штом се создадат услови ќе се излезе на терен и ќе се делува, пишува градоначалникот на ФБ. КРИЗНИОТ ШТАБ ...

Силното невреме предизвика вистинскии хаос во Скопје. Веќе граѓаните до нашата редакција пријавуваат сериозни штети. На Партизанска паднати се повеќе дрвја, а некои се и откорнати од корен. По невремето се огласи и градоначалникот на Скопје. „Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен! Почитувани граѓани, Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.32
35%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
3.05
47%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.29
35%
1019
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.59
46%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
5.15
46%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.02
58%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
7.15
50%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.64
29%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.55
37%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 24ᴼ
4.02
44%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
39%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.72
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Алуминиум

3.28

Злато

139576.04

Паладиум

43628.56

Платина

56038.75

Родиум

278103.96

Калај

56.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

2044.16

Бакар

13.23