Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три илјади и до денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е веќе 427, објави синоќа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Гостувајќи во дневникот на Сител, Николоски најави дека во вторник ќе бидат објавени финалните бројки и ќе бидат објавени имињата на фирмите чии лиценци ...

Пилотот на Мекларен Оскар Пијастри триумфираше на трката за Големата награда на Кина, што се возеше рано утрово по македонско време. Пијастри имаше одличен ден контролирајќи ја трката од почеток до крај. Втор на целта пристигна неговиот тимски колега Ландо Норис, а подиумот го комплетираше Џорџ Расел од Мерцедес. 5 laps to go ⌛#McLaren | #ChineseGP 🇨🇳 pic.twitter.com/yhNyGhTXMN — McLaren (@McLarenF1) March 23, 2025 Тоа беше неверојатен ...

Фудбалската репрезентација на Македонија славеше над Лихтенштајн во Вадуз 0:3 на отворањето на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Стрелци на головите за Македонија беа Александар Тртајковски, Висар Муслиу и Бојан Миовски. Македонските репрезентативци победата ја посветија на семејствата на ѓртвите и повредените од трагедијата во Кочани. Во следниот меч Македонија на домашен терен во вторник ја пречекува ...

Во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет, во Охрид денеска на пладне на градскиот плоштад ќе се одржи 60 минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Да покажеме заедништво и почит на сите погодени, велат организаторите. Во големиот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Колани на 16 март, животот го загубија 59 лица, а следниот ден почина возач на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југозападните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура во Охридскиот регион изнесува 4 степени, а максималната ќе достигне 14. И во понеделник не очекува слично време, променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура во Охридскиот регион ќе се ...

Итна финансиска помош во износ од 150 илјади денари која ќе се реализира преку Црвениот крст ќе биде исплатена за секој настрадан во пожарот во Кочани, соопшти на денешната пред конференција директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски. Досега, 188 лица се згрижени и сместени. Свесни сме дека оваа трагедија носи и неочекувани финансиски тешкотии. Затоа, како институција вклучена во овој процес, донесовме одлука за ...

Група млади и хумани луѓе oд Кочани создадоа веб страна за донации за секое од децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани supportkocani.com со цел да се олесни пристапот за директни донации до семејствата на повредените. Оваа страница содржи податоци за индивидуални сметки на децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани. Сите податоци се објавени со доброволна согласност од родителите или нивните блиски. Собраните средства за ...

Двократниот светски шампион во бокс во тешка категорија и олимписки шампион Џорџ Форман почина во петокот на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Познат беше по неговиот страшен удар во рингот и скромноста надвор од него. Форман починал мирно, опкружен со членови на семејството. Роден и израснат во сиромашниот дел на Хјустон, Џорџ Форман се издигна од скромните почетоци и стана едно од најпочитуваните имиња во спортската историја. ...

Детското игралиште во Црногорци во очајна состојба. Според моменталната ситуација на терен игралиштето воопшто не е безбедно за децата, реагираат граѓаните. Голем дел од реквизитите се искршени, заштитната ограда е оштетена, а дополнително опасност претставува и столбот со електрична енергија. Дека игралиштето е доведено до вакав состојба од несовно однесување на граѓаните говори и фактот што игралиштето се гуши и во отпад. Покрај искршените ...

Пилотот на Мекларен Оскар Пијастри ја освои пол позицијата на во квалификациите за трката за големата награда на Кина, што се вози викендов. Австралијанецот оствари време од 1:31.591 м., втор беше Расел од Мерцедес со задоцнување од 0,082 секунди, а третото место во квалификациите го освои тимскиот колега на Пијастри, Ландо Норис. Актуелниот шампион Макс Верстапен ќе стартува четврти, а од петрата позиција ќе тргне возачот на Ферари Луис ...

Општина Струга, во периодот што следи ќе иницира координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во општина Струга како државни така и општински инспектори и во таа насока упатува јавен апел до сите сопственици на локали и други деловни објекти кои што вршат услужни и дејности од областа на угостителска, туристичка, услужна како и дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека ќе се започне ...

Во текот на март оваа година, заклучно со 21 март на територијата на Македонија имаше вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив шумски пожари беа 23 додека во останатите 461 пожар на отворен простор гореа висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума како и ѓубришта. Вчера имаше вкупно 28 пожари на отворен простор од кои 1 е сеуште активен а 27 се ...

Сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално ...

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во Кочани. Колку средства ќе бидат одвоени од локалниот буџет за оваа намена ќе се знае дополнително по одржувањето на Седницата. Дел од општините веќе издвоија средства за оваа намена. Град Скопје првично додели шест милиони денари за семејствата на ...

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Вадуз ги почнува квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Натпреварот со Лихтеншајн се игра од 15 часот, а ќе може да се прпоследи низ директен пренос на МТВ 3. На оваа средба репрезентативците на Македонија ќе играат во темна опрена во знак на почит кон жртвите од големата трагедија во Кочани каде во пожар на 16 март загинаа 59 лица. По меЧот со Лихтенштајн, Македонија ...

Кај сите 59 настрадани во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани причина за смртта е насилна и е настаната заради насилно задушување и е дирекно поврзано со пожарот во дискотеката Пулс, рече на денешната прес конференција раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. Кај дел од нив се пронајдени изгореници од прв и втор степен, кај тројца и изгореници од 4 степен. Но, причината за смрт е задушување. Обдукциите започнаа во ...

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Сите осомничени во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Од вкупно издадени над 1100 лиценци проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на истите правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат ...

Управата за финансиска полиција денес соопшти дека е активно вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности. На располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на ...

Бројката на пациенти кои се лекуваат моментално во болниците во државава и надвор од неа изнесува 162. Добра вест е што денес 10 од пациентите кои се лекуваат во држвата ќе бидат испишани. Вчера имше испишано 3тројца, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Арбен Таравари. Моментално во Клиничкиот центар лежат 25 пациенти, во 8-ми Септември 12, во Градската општа болница 11 и во Штип еден пациент. Пациентите кои ќе се ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид информира дека стои на располагање на сите институции, училишта, објекти… , се со цел реалистично увежбување на плановите за евакуација, давање на совети и препораки. Воедно велат дека регионот кој го опслужуваат е поделен на два дела: загрозеност на градот и населените места и загрозеност на шумите, посочувајќи ги недостатоците. Тешко пристапни улици, збиена архитектура, несоодветна и ...

Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози денеска ќе одржи состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот и спасување на децата. Досега, како што информираат од комората, ангажирани се 32 психолози за активности поврзани со последиците од пожарот во дискотеката на Кочани. Тимот за кризни интервенции во соработка со Центарот за ментално здравје при ЦК, од раните утрински часови на 16 март беа присутни на ...

СОСУ „Св.Кирил и Методиј” Охрид испрати донација за повредените лица во пожарот во Кочани. Како што информираат од училиштето, донацијата вклучува завои, гази, инфузии, алкохол, јод и др. Целта е да се помогне колку што може во вакво мрачно време. Секогаш стоиме на располагање да помогнеме колку што можеме за жртвите на настанот, и за тие што сега трпат последици од загубите на најблиските, велат во нивното соопштение. Донацијата беше ...

Охриѓани и денеска им оддаваат почит за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Граѓаните палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на починатите во ужасната трагедија. Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Погребната церемонија ја предводеше поглаварот на МПЦ-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, во сослужение со неколку владици. ...

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства. Досега се обезбедни вкупно 34.836.205,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства, посочуваат. Граѓаните може да донираат средства на: OhridNews ...

Денеска точно во 10:01 часот на северната хемисфера започна пролетта, која според многумина е најубавото годишно време во годината, додека во исто време ќе започне есента за жителите на јужната хемисфера. На денот на пролетната рамноденица, денот и ноќта не се со еднаква должина, бидејќи атмосферата на Земјата навидум го издигнува Сонцето над хоризонтот. Иако на училиште учевме дека сите годишни времиња, освен есента, која започнува на 23 ...

Општина Охрид преку секторот за Туризам и локален економски развој организира обука за поддршка за жени претприемачи во општина Охрид. Оваа обука која ќе се одржи во месец април 2025 година со место на одржување во Касарна HUB – Охрид, има за цел да ги зајакне капацитетите на жените преку стекнување на нови знаења и вештини во областа на деловно планирање и претприемништво. Обуката ќе им помогне на жените од општина Охрид кои сакаат да започнат ...

ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени. Овие наводи се целосно невистинити и создаваат непотребна загриженост кај корисниците на нашиот објект. Нашата спортска сала работи согласно сите прописи за безбедност и заштита. Објектот поседува план, правилник и проценка за заштита од пожари и други непогоди, кои строго се почитуваат. Сите излези се функционални и лесно пристапни во ...

Возачот на Брзата помош кој почина по несреќата во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го ...

Сите пациенти што се лекуваат во државата и надвор од државата се во стабилна и добра состојба. Повеќето од нив се подобруваат. Од вкупно 20 што беа критични пациенти, денес констатиравме дека 10 пациенти се во потешка состојба, но се стабилни и надвор од животна опасност, информираше министерот за здравство Арбен Таравари. Моментално во државата се лекуваат 72 пациенти, на Клинички центар се 34, во „8-ми Септември“ 15, во Градска општа болница ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1018
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
81%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
7.47
64%
1016
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 3ᴼ
0.51
69%
1019
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
51%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
85%
1014
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
72%
1018
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.69
77%
1012
Currency

61.5137

Currency

53.1707

Currency

70.0844

Currency

34.7749

Currency

37.9566

Currency

66.1215

Currency

7.47369

Currency

0.65487

Currency

0.34541

Currency

0.52507

Currency

1.25986

Currency

0.60028