После кратката пауза поради новогодишните празници теквондистите од клубот „Хваранг Фист“ започнуваат со припреми за новата натпреварувачка сезона. Клубот е високо рангиран во Македонската олимписка теквондо федерација со 4 репрезентативци во 2 старосни категории, кадети и јуниори. Денес нашите јуниори Ѓорѓи Петкоски и Ненад Целески заминаа на 7 дневни подготовки со националниот репрезентативен тим на Р. Македонија под раководство на селекторот ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во интервјуто за Алсат ТВ ги презентираше клучните реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја потребата од повисоки стандарди и ефикасност. Кампањата под мотото “Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација” е почеток на значајни реформи, пакет закони кои ќе ни овозможат дополни критериуми за нововработените во јавниот сектор и ќе обезбедат постојано следење на ...

Ракометната и спортската јавност силно ја потресе веста за смртта на прославениот ракометен ас, поранешен репрезентативец и актуелен тренер на РК Пролет Александар Јовиќ, кој почина ненадејно синоќа. Јовиќ беше дел од повеќе македонски клубови во 1990-те години. Настапуваше за Борец од Велес, Преспа Јафа Промет, Пелистер, Вардар, а го носеше и дресот на Слобода Тузла, Сплит, Загреб и Болоња. Играчката кариера ја заврши во Металург каде ја почна ...

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20:30 часот во Вараждин Арена го игра првиот натпревар на Светското првенство. Прв противник на “црвено-жолтите” е репрезентацијата на Унгарија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер го одработија последниот тренинг пред почетокот на Мундијалот и подготвени го очекуваат дуелот против фаворизираните Унгарци. Македонија на Светското првенство игра во групата Д ...

Наутро студено, преку денот претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во планинските региони повремено ќе провејува слаб снег. Во Охрид времето денес претежно облачно и студено, со услови за повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 2 степени. Утре претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до ...

Фаворитите покажаа моќ на отворањето на Светското првенство во ракомет што почна денеска во Хрватска, Данска и Норвешка. Кодомаќинот Данска го совлада Алжир со 25 гола разлика, а Франција Катар со +18. Резултати СП 14 јануари Група Б: Италија – Тунис 32:25 Данска – Алжир 47:22 Група Ц Франција – Катар 37:19 Австрија – Кувајт 37:26 Македонија која настапува во групата Д, во среда во Вараждин се среќава со фаворитот Унгарија. Мечот почнува во ...

Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст во водите на Црн Дрим вo недела ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост. Богослужбата во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде и ќе тргне поворката, ќе почне во 7 часот, а поаѓањето кон Чаршискиот мост во 10 часот и 30 минути. Чинот на осветување на водите и спуштање на Светиот крст во водите на реката Црн Дрим ќе го изврши неговото блаженство митрополитот скопски и администратор ...

На конститутивната седница на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Охрид одржана вчера, Јован Крлев со гласање е избран за секретар на Општинската организација на СДСМ во Охрид. Јован Крлев изминатиот период се покажа и докажа како личност која гласно и борбено ги бранеше партиските идеали и како личност која ужива углед во доменот на својата професионалност, но и почит помеѓу нашите членови и симпатизери, соопшти ОО СДСМ – Охрид. На СДСМ секогаш ...

Црвен Крст Охрид продолжува да спроведува активности за обезбедување хуманитарна помош за најранливите граѓани во нашата заедница. Благодарение на несебичната поддршка од наши анонимни донатори, реализиравме уште една акција за дистрибуција на 15 хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи до лица во социјален ризик. Изразуваме огромна благодарност до сите оние коишто ја помогнаа оваа хуманитарна иницијатива, велат од Црвен крст ...

Светското првенство во ракомет од денеска до 2 февруари ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. На првиот ден се закажани четири натпревари. Првенството ќе биде отворено во 17:30 часот со натпреварот помеѓу Италија и Тунис во Хернинг, а два натпревари ќе се одиграат во Пореч. Распоред за првиот ден од Светското првенство: 17:30 Италија – Тунис (Хернинг) 18:00 Франција – Катар (Пореч) 20:30 Австрија – Кувајт (Пореч) 20:30 Данска – Алжир ...

Оваа година во одбележувањето на големиот православен христијански празник Богојавление – Водици, се враќа една убава традиција што пред децении ја воспостави Здружението „Богојавление“. Имено, фаќачот на чесниот крст кој на Водици ќе биде положен во осветените води на Охридското Езеро од здруженито „Богојавление“ кое годинава одбележува 20 години постоење, ќе добие вредна икона „Богојавленски свет“, која специјално ја изработи охриќанецот ...

Повторно не изостана веселбата за Стара нова година – Василица и оваа 2025 година во маалото во населба Кошишта кај домот “Св. Кирил и Методиј”, каде и синоќа гореше василичарскиот оган. Веселата атмосфера беше надополнета со печење колбаси на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино. Точно на полноќ, минатогодишниот кум Игор Стаматоски, на присутните им подели банички. Среќата што ќе го следи преку цела година му се насмевна на Стефан ...

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го ...

Поради снежниот бран што го зафати Охридскиот регион, подигнувањето на комунален отпад е отежнато, информираат од ЈП Охридски Комуналец. Многу локации кои се предвидени за подигнување на комуналниот отпад, се тешко пристапни за нашите специјални возила и оневозможено е нивното слободно движење. Од тие причини во овие неколку денови, подигнувањето на комуналниот нема да се реализира со интензитет и динамика која е предвидена согласно годишната ...

Продолжува санацијата на дефектот на водоснабдителната мрежа во Пештани. Од ЈП Водовод Охрид ги известуваат жителите од населбите Лагадин, Елешец и с.Пештани дека и покрај екстремно ниските температури и непристапниот терен, екипите на претпријатието до раните утрински часови работеа на отстранување на големиот дефект на водоснабдителната мрежа во с.Пештани, на водоводна цевка со профил ф300 mm. Екипите на ЈП Водовод Охрид продолжуваат и денес ...

Променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес облачно со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 0 степени. До четврток преку денот претежно во планините ќе провејува слаб снег особено во јужните делови и ќе ...

Со своите соседи, роднини и пријатели, охриѓани во маалата покрај оган или во домашна атмосфера ја слават Василица. На софрите вообичаено има ѓомлезе, месо, колбаси, греана ракија и црвено вино. Традиционално се бара паричката во топејнца, пита или лепче. На тој што ќе му падне се верува дека ќе го прати среќа цела година. Весело вечерва беше и на “Мирче Ацев”. Станарите од зградата 31, некогаш позната како “Сојуз на борци” покрај ...

За прв пат во поновата историја на празнувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, чесниот крст во водите на Охридското Езеро ќе го положи архиепископот на Македонската православна црква ОА, неговото блаженство господин господин Стефан. На голема радост на сите верници оваа година водите на Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление – Водици, ќе ги освети и ќе го положи Светиот крст Неговото блаженство ...

СВР Охрид ја известува јавноста дека, отсекот за компјутерски криминал денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат и прочитаат објавата или да учествуваат во ексклузивни „наградни игри“ или да инвестираат во виртуелни валути. Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични ...

Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според Одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголеми за еден денар. Новите цени по кои ќе се продаваат горивата се: Малопродажната цена на ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед извршен во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин, информираат од СВР ...

РЦУК Охрид известува дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег. Екипите на ЈП за одржувание и заштита на магистралните и регионалните патишта се на терен и вршат редовно чистење и опесочување на истите. Редовно e снабдување на населението со електрична енергија и водоснабдување, посочуваат. Истакнуваат дека состојбата е редовна за ...

Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја пронајдоа паричката на заедничкиот традиционален појадок што се организира во општинската зграда по повод утрешниот празник Православна Нова Година – Василица. Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски. Новите и минатогодишните кумови беа дарувани со ...

Во рамки на свеченостите по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, на 19.01.2025 година на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ е предвидена е богата музичка програма. По церемонијата за фрлање на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, ќе се погрижат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те ...

Снежната покривка во Охрид изнесува 17 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура измерена во 07 часот е – 4 степени. Најмногу снег во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Крушево 36, Дебар 34, Штип 32, Демир Капија 31, Тетово 30, Берово 27, Прилеп 20… На Попова Шапка утрово е и најстудено 10 степени под нулата, -8 се измерени ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, информира АМСМ. Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, Тетово – ...

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид облачно и студено со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 1 степен. Услови за провејување на слаб снег ќе има и утре. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат ...

Снежните врнежи предизвикаа прекин во снабдувањето на населението со електрична енергија во с.Опеница и околината поради дефект на далековод. Дежурните екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на истиот., соопти Центарот за управување со кризи-ЦУК. Поради поголем дефект на водоводна цевка на ул.Петар Поп Арсов, без водоснабдување во Охрид се улиците: Петар Поп Арсов, дел од Бул.Туристичка и Стив Наумов. ЦУК – Охрид, известува дека ...

Ј.П. Македонијапат известува дека од 14.30ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан. Во моменто активни забрани за тешки товарни возила има на следните патни правци и превои: Гостивар – Маврово-Дебар Гостивар – Стража-Кичево Пресека Плетвар Ѓавато Струга – г.п. Ќафасан М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос Делчево – г.п. Делчево Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на ...

Почитта кон празникот Богојавление – Водици во охридскиот крај е голема. Речиси да нема населено место и маало каде не се одбележува овој голем православен христијалнски празник. И годинава Водици свечено ќе бидат одбележани во манастирскиот комлекс „Св. Наум“ каде од година во година расте бројот на посетители за празникот. Одбележувањето на Водици во Св. Наум годинава ќе има двојна програма, духовна и културно – забавна. На празникот, во ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
34%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
59%
1021
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1021
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
31%
1021
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.37
40%
1021
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.0
85%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
9.26
36%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
0.0
39%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
27%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
5.81
53%
1023
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.79
50%
1022
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.23
57%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315