На 26.11.2024 во 04.30 часот во СВР Охрид задржано е 25 годишно лице од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис. Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети, информираат од СВР Охрид. ...

На 25.11.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското Eзеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“ лишија од слобода 43 и 42 годишни лица, двајцата од охридското село Трпејца. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов“, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и ...

Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму опаѓа, дури надминувајќи ја границата под дозволениот минимум. Според последните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,09 метри надморска височина, што е 20 сантиметри под просекот за овој период од годината. Нивото на водата во езерото моментално е за еден сантиметар под дозволениот минимум утврден на котата 693,10 метри надморска ...

На локалитетот Расница кај с.Корошишта, Струшко, неодамна беа окриени преку 100 археолошки артефакти кои датираат од т.н. доцноархајски период односно 6 век пр.н.е. Меѓу нив бронзен шлем со златни апликации, голем број златни фолии, златен прстен, златен надградник, килибарни монисти, сребрени игли, сребрен кантарос и неколку бронзени садови (каулдрон или котел, поданиптер или бронзен леген и бронзено оинохое), теракотни фигурини и др. Голем ...

Охриѓанецот Александар Петрески со нова инструментална композиција насловена „Calmness Part IV“, посветена повторно на Охрид, но овој пат со осврт на културното наследство. Охрид има привилегија да лежи над непроценливо богатство, односно да лежи врз темелите на античкиот град Лихнид. Во Охрид се наследува енергија со генерации, непрекинато од древни времиња, па се до денес. Знаците на живеење, уметноста и културата полускриени, ѕиркаат од ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 18-ти до 24-ти ноември, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на „Кеј Македонија“ (2 дефекти), „Кленоец“, „Славеј Планина“ бр.64, „Абас Емин“ бр.127, „Јане Сандански“. бр.121, „Илинденска“, „Крум Точков“ (девијација), „Живко Чинго“ и во село Лескоец (3 ...

Сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Охрид времето денес сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени. Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и ...

На 30-от Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. Новиот Централен одбор го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани, велат од СДСМ. Моја цел е да создадеме систем во кој кадровскиот потенцијал со кој располагаме, биде распореден исклучиво по својата стручност и компетентност, ...

Во почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид, денеска се одржа книжевно читање во рамки на манифестацијата „Денови на српска книжевност во Македонија“. Свои дела читаа писатели од Република Србија и Република Македонија, меѓу кои и истакнатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски чии дела се преведувани на српски јазик. Тој се претстави со македонска поезија од неговата најнова книга „Грозје од кукавица“. Писаталите остварија средба со почесниот ...

Во почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид, денеска се одржа книжевно читање во рамки на манифестацијата „Денови на српска книжевност во Македонија“. Свои дела читаа писатели од Република Србија и Република Македонија, меѓу кои и истакнатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски чии дела се преведувани на српски јазик. Тој се претстави со македонска поезија од неговата најнова книга „Грозје од кукавица“. Писталите остварија средба со почесниот ...

Со измените на законот за изградба на автопатот Охрид – Кичево се создаде можност за афалтирање во зимски услови на автопатот Охрид – Кичево што беше промовирано денеска при посетата на трасата на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, градоначланикот на Охрид, Кирил Пецаков и пратеници од Охрид. Тие извршија увид во градежните работи кои, како што ...

Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна ...

Младите фудбалери на Охрид, генерација 2008, викендов на СРЦ „Билјанини извори“ ги совладаа врсниците од Македонија Ѓорче Петров со 3:0. Со оваа победа охридските фудбалски надежи го запоседнаа врвот во младинската Супер лигата на Македонија. Генерацијата 2008 на ГФК Охрид на првото место има 19 бода, бод повеќе од Брера Струмица, три од Пелистер, односно пет од скопски Вардар. До паузата на полусезона, пионерите на ГФК Охрид ќе одиграат ...

Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел победи на трката за ГН на Лас Вегас во Формула 1, што се возеше рано утрово по средноевропско време. Холанѓанецот Макс Верстапен со Ред Бул заврши петти, што беше доволно да ја освои четвртата последователна светска титула. Возач на денот беше пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон кој од десеттата стартна позиција стигна до второто место, а место на на подиумот обезбди и Шарл Леклер кој трката ја заврши на ...

Министерството за образование и Општина Охрид да ја довршат реконструкцијата на државното средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид, бара политичката партија Левица. Во дописот до медиумите се посочува дека иако неодамна Општина Охрид и Министерството за образование и наука се пофалиле со целосно реновирање и реконструкција на училиштето за што претходната влада од буџетот издвои 108.013.319 денари или 1,7 милиони евра, градежните ...

Утрово во 7 часот во Охрид измерени се -4,4 степени Целзиусови. Во текот на денот не очекува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 7 степени. Во понеделник утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Температурата во Охрид ќе се ...

ГРК Охрид забележа висока победа во 12 коло од Супер лигата. Попладнево во салата „Билјанини извори“ Охрид го совлада Радовиш со 43:21, полувреме 19:08. Мечот од почеток до крај течеше во еден правец. Охрид постојано ја зголемуваше предноста, за убедливи +22 на крајот. Тренерот Алушовски шанса на натпреварот им даде на помладите играчи и резервистите кои одлично ја искористија укажаната можност. Костов и Шипинкоски постигнаа по 7 гола, ...

На 22.11.2024 во 21.30 часот, на улицата „Богомилска“ во Охрид, приведено е 44 годишно лице од Охрид. Тој претходно викал и непристојно се однесувал кон случајните минувачи. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 22.11.2024 во 16 часот, во куќа лоцирана на улицата „Петар Поп Арсов“ сопственост на 53 годишно лице од Охрид, избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна ...

Зголемена е продажбата на македонското вино надвор од границите на државата, а Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино и на 29-то место по извоз на вино во светот, изјави Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се одржува во Белград. Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на ...

Со низа свечености се одбележуваат Деновите на српска книжевност во Македонија со поддршка на Почесниот Конзулат на Република Србија во Охрид, Министерството за надворешни работи на Р. Србија, Министерството за култура на Р. Србија, Матица Српска и Град Битола. Покрај настанот кој се одржаа на 22 ноември во Скопје, за денес предвидени се низа настани да се одржат и во Битола. Во рамки на програмата утре во Охрид предвидена е посета на ...

По синоќешното невреме кое го зафати Охридскиот регион, проследено со силен ветер и обилни врнежи, денес дежурните екипи на Ј.П „Охридски Комуналец” максимално ангажирани за расчистување и санирање на состојбата на повеќе локации. Се чистат јавните површини и пешачки зони од паднатите лисја, се чисти пристаништето и кејот од наносите на брановите, се отстрануваат паднати гранки и дрвја. И во текот на вчерашниот ден се интервенираше по паднати ...

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата. Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Голем број на интервенции за ...

Ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Радовиш во рамки на 12 коло од Супер лигата. Можност екипата да се врати на победничката патека по поразот од Алкалоид во дерби средбата минатото коло. „Гладијаторите“ велат екипата на Радовиш воопшто не е за потценување, мора максимално да влезат во мечот и да ја оправдаат фаворитската улога. Натпреварот помеѓу Охрид и Радовиш се игра со почеток во 15 часот, во спортската сала ...

Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2025 година ќе поддржи предлог идеи на правни лица кои вршат дејност од јавен инетерес од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, фондации и слично, регистрирани на територија на општина Охрид кои се занимаваат со активности од областа на создравствената и социјалната ...

УЕФА денеска со ждребка ги извлече паровите од нокаит фазата во фудбалската Лига на нации. Бранителот на титулата Шпанија во 1/4 финалето ќе се сретне со Холандија, а во фудбалската класика ќе се сретнат гигантите Италија и Германија. Лига на нации 1/4 финале Холандија – Шпанија Хрватска – Франција Данска – Португалија Италија – Германија Четврт-финалниот двомеч ќе се игра на 20 и 23 март 2025 година. Репрезентациите кои беа први во фазата по ...

Во недела, 24 ноември, ФК Св. Троица ќе го одигра последниот натпревар од првиот дел од сезоната во третата МФЛ против ФК Преспа. Овој натпревар има и хуманитарен карактер, бидејќи на него ќе биде поставена кутија за донации во поддршка на малата Теодора, наша сограѓанка која е во процес на лекување. Сите собрани средства ќе бидат наменети за нејзиното успешно закрепнување, информираат од ФК Св. Троица. Натпреварот ќе започне во 13:00 часот на ...

Екипите на ЈП Охридски Комуналец реализираа низа активности изминатиов перидов. Заради временските услови, проследени со силен ветар, на повеќе локации имаше скршени гранки, па дежурните екипи интервенираа за санирање на состојбата, велат од претпријатието. Покрај редовните активности во есенскиов период за собирање на паднати лисја, додаваат од претпријатието, се реализираа и активности за чистење на обраснато зеленило на ул. „Гоце Делчев”, ...

Во два одделни случаи приведени се стружанка и стружанец за поседување марихуана, информираат од СВР Охрид. На 21.11.2024 во 14.50 часот во Охрид, на булеварот „Туристичка“, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 30 годишна жена од Струга затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. На 21.11.2024 во 21.30 ...

Општина Охрид донесе решение за финансирање на предлог –идеи од јавен интерес на општината во областа на културата кои ќе бидат составен дел од Програмата за култура за 2025 година. Со решението се врши распределба на финансиски средства од Програмата за култура за 2025 година, к4, од Буџетот на Општина Охрид. Се задолжува Одделението за култура да подготви Договори со сите здруженија на граѓани, институции и поединци клубови на кои им се ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
61%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
69%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
73%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
6.43
81%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
88%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
37%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
42%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
72%
1014
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
7.72
61%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
23%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74