Со богата и разновидна програма Национална установа Музеј „Д- р Никола Незлобински“ Струга ќе ги одбележи Европските денови на културното наследство. Денес со почеток во 14 часот ќе биде прикажана Ревија на етнолошки документарни филмови од Никола Евров- виш кустос етнолог во Спомен дом на браќа Миладиновци. Утре ќе се одржи едукативна работилница „Инсектариум“ со предавачите Данче Аџиоски, виш кустос биолог ботаничар и Сејмира Дибра Ќура, ...
Потребна е поголема грижа за архитектонското наследство за да се сочува за идните генерации. Ова го кажаа од Музејот на Македонија на денешното отворање на манифестацијата „Европски денови на културното наследство“ во врска со заедничката тема на годинашното одбележување, насловена „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото, врата кон иднината“. „Сметам дека треба да посветиме поголема грижа на архитектонското наследство, бидејќи тоа е ...