Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Во Лигата на нации денеска на програмата се првите натпревари од плеј-офот и квалификации во групите А и Б. Најинтересно е во плеј-офот во групата А каде се среќаваат фудбалските гиганти. Хрватска на Пољуд ја пречекува Франција, а во фудбалската класика Италија е домаќин на Германија. Лига нации плеј-оф група А Хрватска – Франција Данска – Португалија Италија – Германија Холандија – Шпанија Лига нации квалификации група А Турција – Унгарија ...
Поглаварот на Македонската православна врква Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, упати апел до верниците за сплотеност и достоинствено однесување на погребите на жртвите од големата трагедија во Кочани во која животот го загубија 59 лица. Тие ќе бидат погребани денеска, а погребната церемонија во Кочани од каде се најголемиот број од жртвите, ќе ја предводи Архиепископот Стефан. Во овие дни на траор го повикуваме верниот наш народ заедно да ...
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде остварија средба со директорот, Проф. Д-р Перишиќ и медицинскиот тим. При посетата, претставниците беа запознаени со здравствената состојба на трите пациенти хоспитализирани во оваа установа. Според информациите добиени од медицинскиот персонал, двајца пациентите се во стабилна ...
Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 17 степени. Во Охрид времето денес сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. И утре времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни. Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од ...
Фудбалскатта репрезентација на Македонија до 17 години одигра 2:2 против Шкотска во Глазгов во квалификациите за Европско првенство. Македонија водеше 0:1, и беше поништен гол, а домаќинот постигна сомнителен гол во мечот кој заврши без победник. Шкотска не дозволи македонската репрезентација да го одигра натпреварот во темни дресови и опрема во знак на почит кон жртвите од големата трагедија во Кочани, информира Фудбалската федерација на ...
Новиот снег кој наврна во текот на изминатите два дена, во содејство со силниот североисточен ветар, повторно го блокираа превојот Баба на Галичица, инфомираат од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Апелираме до граѓаните, да не се обидуваат со возила да го минуваат овој превој и се надеваме дека метео условите за брзо повторно ќе бидат поволни, а патниот правец прооден за возила, посочуваат. Апелот доаѓа по последниот случај ...
Средношколците од Струга со мирен марш оддадоа почит кон загинатите од несреќата во Кочани, но и го искажаа револтот кон системот и корупцијата. Со испишани транспаренти со пораки: „Некој мора да сноси одговорност“, „Безбедноста е право, а не привилегија“, „За утре да не има“, „Ние сме глас за оние кои немаа можност да проговорат“, „До кога ќе ни ја убивата младината“ велат корупцијата мора да се спречи, потребни се промени на системот за да се ...
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани ...
Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања, рече на денешната прес конференција Марија Митева, портпаролка на Владата на Република Македонија. Посочи дека од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека 3 од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност. За останатите 9 ве информирам дека сѐ уште е во тек ...
На 18.03.2025 во 16.30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Св. Наум, претставник од Национален парк Галичица и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид преземале мерки и на 200 метри под црквата Свети ...
Утре ќе бидат испратени до вечните почивалишта настраданите од пожарот во Кочани. Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК) погребот на настраданите ќе се одржи од 11.00 часот на градските гробошта во Штип, во 12.00 часот на градските гробишта во Кочани, во 13.00 часот на гробиштата во с. Облешево, додека останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден. Свештениците од локалните цркви ...
По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово затекнале 58 годишно лице од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. ...
Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите. Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население. Досега се обезбедни вкупно: ...
Последниот транспорт на пациенти на лекување надвор од држвата е денес. Веќе нема да има пренесување на пациенти за лекување надвор, дури може да чекаме и некој да се вратат во следните денови, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Арбен Таравари. Денес ќе бидат пренесени двајца пациенти во болници во Шведска предпладне, и после пладне уште тројца. Веќе нема потреба други пациенти да се лекуваат надвор од држвата. Добрата ...
Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Во оваа насока донесени се решенијата согласно претходно објавениот Јавен повик во кој беше посочено дека субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за ...
Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени. Во Охрид времето денес претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. Денес и утре ќе дува умерен северен, а од петок јужен ...
Учениците и вработените во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ испратија донација за Клиничкиот центар во Скопје каде што се хоспитализирани настраданите средношколци од Кочани, а исто така, и донација во Брзата помош во Кочани. Донацијата се состои од медицински материјали (физиолошки раствор, алкохол, спрејови за изгореници, тупфери, стерилни гази, завои, анестетици, бетадин, средства за дезинфекција, влажни марамчиња, ампули, памук и сл.), како и ...
На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на изминатите два дена во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор. Голем дел немале лиценца за работа или им била истечена посочи портпаролката на Владата Марија Митева. Согласно овие контроли на увид се приложени лиценци за вршење на угостителска дејност коишто се со важност и тие се 22 ...
Повеќе илјади граѓани вечерва се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде мирно и во тишина го изразија својот револт предизвикан од големата трагедија што се случи на 16 март во Кочани каде во пожар загинаа 59 лица, во најголем дел млади. На протестот немаше говори и обраќања, граѓаните мирно и достоинствено палеа свеќи и истакнуваа транспаренти со емотивни пораки. Мирни протести денеска се одржаа во повеќе храдови на земјата, меѓу кои ...
Студентите од Србија кои 4 месеци протестираат барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад каде при пад на бетонска настрешница од реновираната Железничка станица загинаа 15 лица, денеска одржаа мирен собир пред амбасадата на Македонија. Наместо вообичаените 15 минути тишина кои ги симболизираат 15-те жртви во Нови Сад, тие денеска имаа 74 минутен молк со што им оддадоа почит и на настраданите во големата трагедија што пред два дена се случи ...
По повод големата трагедија во Кочани каде во пожар смртно настрадаа 59 лица, а речиси 200 се повредени, во црквата Св. Троица во населбата „Радојца Новичиќ“, во сабота, 22 март, на празничната литургија ќе се одржи и заедничка молитва за настраданите во големата несреќа. Возљубени во Христа, во овие тешки и страдални денови, кога секој еден од нас жали за големата загуба на детски животи кои пострадаа во немилиот настан во Кочани, не може а ...
Поради безбедносни причини саниран фасадниот ѕид до главниот влез на објектот „Развигорче“. Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ информираат дека при увид во објектот забележано е дека фасадниот ѕид има оштетување, по што се преземни мерки за санација. Ѕидот се наоѓа до главниот влез за примање и испраќање на децата. Исто така влезот го користат и вработените на градинката и родителите кои секојдневно ги носат и земаат децата од градинка. Во попладневните ...
На 17.03.2025 во 15.10 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, охриѓанец со неговото моторно возило „форд фиеста“ со охридски регистарски ознаки, го попречил движењето на друго возило, кое го управувало 24 годишно лице од дебарското село Џепиште. По тоа со удари со раце извршил оштетување на возилото. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 17.03.2025 во 13.40 часот, полициски службеници од ОВР ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда. Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест, ...
Сите приватни станоиздавачи- даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор да ја проверат важноста на Решенијата за вршење дејност издадени од Одделението за туризам, велат во соопштението од Општина Охрид. Издадените решенија, потенцираат, имаат важност од 3 години и доколку на истите им истекол рокот станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на Решението. Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека ...
Пропустот за контролирањето дали одредена дискотетека или кабаре ги исполнува условите е направен со измените во Законот во 2007 година според кои правното лице е тоа кое самото тврди дека ги исполнува условите, рече премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека за надминување на таквите пропусти ќе бидат направени измени на Законот за угостителство за што ќе се формира работна група. Соопшти дека од вчера и други органи во рамки на своите ...
Релативно е стабилна состојбата на хоспитализираните пациенти од несреќата во Кочани кои се сместени во болниците во Македонија и во болниците надвор од државава, рече на денешната прес конференција Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски. На Клиниката за пластична хирургија во моментов се хоспитализирани 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, на Траума 2, на Детска хирургија 4, во КАРИЛ има 14 пациенти, во стара Градска ...
На повеќе локации во поширокото градско подрачје мапирани се 11 диви депонии, каде несовесни граѓани на несоодветен начин го депонирале отпадот и со својот деструктивен чин ја загрозиле околината, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Во акцијата за расчистување подигнати се 24 м3 кабаст и зелен отпад, а во расчистувањето ангажирана е и специјална механизација (трактори и багер). Најалармантна беше состојбата кај станбен комплекс Даљан и на дел од ...
Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти. Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. ...
Трагедијата во Кочани која одзеде 59 млади животи е светска тема. Помош и пораки на поддршка стигнуваат од сите страни на планетата. И најголемиот интернет пребарувач „Google“ се солидаризира со Македонија. На главната тема поставена е црна панделка со порака до семејствата на жртвите и повредените. Во Македонија прогласена е седумдневна жалост, а во знак на солидарност денешниот ден за Ден на жалост е прогласен и во Бугарија, Србија, Црна Гора ...