Наутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 12 ...

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач ...

Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, денес беше испратен до неговото вечно почивалиште во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник. Со владиката Тимотеј се простија сите членови на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, свештеници од епархијата, од другите Помесни православни цркви, бројно свештенство од целата земја. Претходно, утрово беше одржана Заупокоена Света литургија во црквата „Св. ...

Денес е исклучилно тажен ден за сите нас зошто Светата Македонска црква се простува со една од своите најзаслужни личности во нашево време. Свештенството, монаштвото и верниот народ на Охрид, на Дебарско-кичевската и Австарлиско-сиднејската епархија се збогуваат од својот духовен отец и архиереј, пастир, учител во словото на вистината, верата и доброто, а Синодот на Македонската православна црква, пак, се разделува од својот работлив, сеоддан ...

Педесеттата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи во среда, 4 декември, со почеток во 9:00 часот во зградата на Општина Охрид. На Дневен ред се 75 точки меѓу нив тримесечните извештаи за реализација на програмите во повеќе области, извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2024 година, усвојување на информацијата за склучени договори за изработка и донесување на планови, со цел прекинување на ...

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вчера ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство. Во новиот Извршен одбор на СДСМ е избрана и Живка Ангелоска од општинската организација на СДСМ во Охрид. Нашата другарка и сопартијка Живка Ангелоска е верен борец за социјалдемократските вредности. Своето долгогодишно партиско искуство го темели врз лојалност кон партиските тези и идеали. Повеќе години ...

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вчера ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство. Во новиот Извршен одбор на СДСМ е избрана и Живка Ангелоска од општинската организација на СДСМ во Охрид. Нашата другарка и сопартијка Живка Ангелоска е верен борец за социјалдемократските вредности. Своето долгогодишно партиско искуство го темели врз лојалност кон партиските тези и идеали. Повеќе години ...

Церемонијата на погребението на Владиката Тимотеј започна утрово во 9 часот во црквата „Света Софија“ со Заупокоена Света литургија со која чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни православни цркви. На Светата литургија присуствува и делегација од Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил ...

Церемонијата на погребението на Владиката Тимотеј започна утрово во 9 часот во црквата „Света Софија“ со Заупокоена Света литургија со која чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни православни цркви. На Светата литургија присуствува и делегација од Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил ...

Од почетокот на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, поддршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој истакна дека од владината поддршка од 100 милиони евра, голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат. ...

Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, ќе бидат погребани денеска на пладне, во јужната апсида на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид. Според одлуката на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, церемонијата на погребението започна во 9 часот во црквата „Света Софија“ со Света литургија со која чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и ...

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 12 степени. Под влијание ...

Речиси сити банки прифатија да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот заем, а со кои треба да се кредитираат македонските компании, рече премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на компанијата „Костал“ во Охрид. Посочи дека кредитите за компаниите ќе бидат до дест милиони евра и тоа за инвестиции, а минималното учество на инвеститорот е 20 проценти од самиот проект. Каматата ќе биде 1,95 проценти која што ќе ја добијат компаниите, ...

Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска при посетата на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Охрид одговарајќи на новинарско прашање, за што конкретно се разговара со матичните лекари и дали е можно да се очекува зголемување на капитацијата, со оглед на тоа што Владата, преку Фондот ...

Kомпанијата „Костал“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус за производство на полначи за електрични и хибридни возила во вкупна вредност од речиси 50 милиони евра. Истиот предвидува отворање на нови производствени линии и нови работни места. Импресионирам сум од тоа што го видов во компанијата „Костал“, импресивни се и плановите за во иднина, како и новите инвестиции од 50-тина милиони евра во следниве 4 години, но и планот за извоз ...

Советот на Општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод смртта на Владиката Тимотеј, утре 28 ноември, го прогласи за Ден на жалост на територијата на Општина Охрид. Претходно, советниците и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со едноминутно молчење му оддадоа почит на Владиката Тимотеј. Согласно донесената одлука утре се откажуваат сите културни настани и манифестации на територијата на општината. Светиот ...

На 26.11.2024 во 17 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 48 годишно лице од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, ...

На 30 ноември, сабота, со почеток во 20:00 часот, на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи уникатен културен настан кој ги спојува танцот и филмот. Во организација на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, настанот е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денес ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Охрид. Станува збор за нов инвестициски проект на „КОСТАЛ Македонија“ во Охрид за производство на полначи за електрични и хибридни возила во вкупна вредност од речиси 50 милиони евра. Истиот предвидува отворање на нови производствени линии и нови работни места. Заедно со претходните две фази, ...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени. До петок ќе се задржи ...

Морееее шо ќе беше ова ефенди Мицко космополит. Алал да му е. Да имав капа ќе му напраев едно јако темане до земја. Браво Мицале. Аферим. Зеде чоекот и ѝ честита на Шеќерка шо стана заменик-генерал на НАТО. Ам да станеше генерал? Па па па, то ќе беше бакнежи, пукање огномети. Јас пак мислев Мицко на СДС-овец не би му честитал ни сипајнци, а не ваква функција. Пак уште Ангела Агелер ко кажа и дека се залагал за Шеќеринска незнаев шо да прам од ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) презема активни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, и во таа насока во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај изминатиов период беа организирани 13 контролни акции. Инспекторите за транспорт со асистенција од МВР спроведоа контроли на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и ...

Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања говори и раѓањето на бебето Петар кого на свет го донесе највозрасната прворотка во државата, 61-годишната пациентка, рече проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, на денешната прес-конференција. Ова е прва пациентка во нашата држава која ...

Охридските боксери Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу како дел од македонската репрезентација минатата недела настапија на Балканското првенство во Лозница, соседна Србија. Во силна конкуренција од околу 200 боксери од 13 земји во машка конкуренција тие успеаа да се искачат на пиедесталот на најдобрите, но за жал само со бронзени одличја. На патот до финалето тие беа спречени од своите противници, Ѓорески од Хрватска, Стојаноски од ...

ГРК Охрид во сабота во рамки на 13 коло од Супер лигата гостува кај екипата на РК Бутел во Скопје. Ракометарите со оптимизам за освојување на бодовите. Во сабота не очекува незгодно гостување. Играме против една млада и добро тренирана екипа која одлично игра на домашен терен. Наше е да се подготвиме и да одиграме еден добар натпревар, имаме квалитетна екипа која двата бода ќе ги донесе во Охрид, вели голманот на ГРК Охрид, Градимир Чаневски. ...

Утрото ќе биде ведро и студено. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени. До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. ...

Акција за чистење на дното на Охридско Езеро пред Трпејца кај месноста „Надол“ беше реализирана од страна на Клубот за подводни дејности „Охрид“ во соработка со нуркачкиот клуб „Акватек“, „Нула отпад“ и Езерската полиција. Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад – стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина. Целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро, посочуваат ...

Предадени 75 канти за собирање на отпад со капацитет од 120 л. од страна на претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање на Општина Дебрца. Набавката на кантите е извршена со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање од собраните средства од продажба на пластични кеси, кои се искористат за набавка на контејнери – канти за собирање на отпад. Набавените канти ќе бидат распоредени на територија на ...

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошник, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква на денешната вонредна седница. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ. На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото ...

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошник, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква на денешната вонредна седница. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ. На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
61%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
69%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
73%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
6.43
81%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
88%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
37%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
42%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
72%
1014
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
7.72
61%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
23%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74