
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Наутро облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Охрид облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 5 степени. До средината на неделата времето ќе биде стабилно ...
Ужасни сцени го обиколија светот од натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер во 14. коло од италијанската Серија А. Едоардо Бове (22), играч од средниот ред на Фиорентина, во петнаесеттата минута од мечот колабираше на теренот од засега непозната причина. На терен веднаш влетаа лекарските екипи, а играчите на двата тима го опколија за да го заштитат од камерите. Натпреварот кој беше прекинат при резултат 0:0 нема да продолжи денеска. Бове ...
Шест децении најстарата секундарна здравствена установа во регионот – Медицинскиот центар во Охрид, се грижи за здравјето на пациентите од градот и пошироката околина, втемелувајќи ги основите на современ организиран здравствен систем на овие простори. На основите поставени од големи лекари, пред се човекољупци и ентузијасти во секоја смисла на зборот, поставени пред и по Втората светска војна, се изнедрува првата генерација доктори: Др. ...
Екипата на Охрид претрпе пораз во 14 коло од Втората фудбалска лига што се игра викендов. Вчера во Штип Брегалница го совлада Охрид со 2:0. Победа забележа и водечката Македонија ЃП која го совлада Арсими со 1:0. Во останатите средби: Борец – Беласица 0:1, Детонит – Башкими 3:1, Скопје – Новаци 2:0, Кожуф – Победа 1:0, Осогово – Каменица САСА 1:3 и Вардар Н. – Врдарски 6:1. Води Македонија ЃП со 35 бода пред Брегалница која има 33. Охрид е на ...
СВР Охрид соопшти дека на 30.11.2024 година во 18.40 часот, врз основа на локален распис, од слобода бил лишен 30-годишен охриѓанец. Тој се сомничи дека е сторител на кривичните дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“, извршени на 29.11.2024 година во 03.20 часот, при физички напад врз неговата сопруга. Против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Во полисикиот билтен уште ...
Ракометарите на Охрид извојуваа значајна победа на гости во 13 коло од Супер лигата. Синоќа во Скопје „гладијаторите славеа над Бутел 28:33, полувреме 15:15. Најефикасен во редовите на Охрид беше Цирар со 7 гола, Ојлески постигна 5, Шипинкоски и Јуќиќ по 4. Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Ојлески 5, Мацуока 1, Јукиќ 4, Шипинкоски 4, Тасески, Сафранко, Јотиќ 4, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 5, Кукуловски 1, Орјоникидзе 2, Бојаниќ, Цирар 7, ...
Во бразилското финале на Копа Либертадорес, Ботафого синоќа го победи Атлетико Минеиро со 3:1 и за прв пшат во клупската историја го освои трофејот во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Јужна Америка. Триумфот на Ботафого дополнително добива на тежина поради фактот што победникот играше со фудбалер помалку од втората минута на натпреварот коха беше исклучен Грегоре. Стрелци на головите за Ботафого беа Енрике (’35), Телес (’44) ...
Се проценува дека во текот на минатата 2023 година, 39,9 милиони луѓе ширум светот живееле со СИДА, 1,3 милиони луѓе заболеле од СИДА, а околу 630 милиони луѓе починале од причини поврзани со оваа болест. 1 Декември се одбележува како Светски ден на борба против СИДА. По тој повод волонтерите на Црвен крст Охрид денеска низ охридските улици, кафулиња и јавни собиралишта на минувачите, посетителите ќе им ставаат црвени панделки како ...
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне 3 степени. Во понеделник нНаутроќе биде облачно со слаб локален дожд и снег. Преку денот променливо облачно со ...
Жителите на селото Климештани денес одржаа граѓански протест на сред село против каменоломот во непосредна близина на селото. Преку протестот го изразуваат своето незадоволство од начинот на кој се експлоатира ископот и како што велат непридржување на компанијата што стопанисува кон законските одредби. Бараме да се исполнат обврските во најкраток можен временски период. Доколку не се исполнат ќе продолжиме со блокади и ќе бараме дислокација на ...
Вчеравечер, култниот и единствен клуб кој промовира џез култура во регионални рамки повеќе од три децении, го прослави 35-от роденден. Секогаш отворен за љубителите на џез културата, во изминатите три ипол децении, клубот силно пркоси на општествените и културолошки промени, притоа ставајќи се на пиедесталот како единствен џез клуб кој опстоил толку долго на Балканот. Љубителите на џез и блуз музиката, уживаа во забавата која ја приреди клубот ...
Од 12:20 часот има забрана за сообраќај на ТТВ на патот Маврово-Дебар и маг. пат Гостивар-Кичево поради врнежи од снег. Од 13:09 часот на пат. правец Битола-Ресен има забрана за движење на ТМВ, информираат од АМСМ. Снежни врнежи и на планинскиот превој Стража Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува низ цела Западна Македонија, додека во останатите делови ...
Медицинскиот центар Охрид вечерва на свеченост ќе го прослави 60 годишниот јубилеј од основањето. На настанот предвидено е обраќање на Прим. Д-р Диел Аголи и директорот на ЈЗУ Општа болница – Охрид Д-р Горан Маркоски. Премиерно присутните ќе имаат можност да го погледнат документарниот филм за развојот на охридското здравство и Медицинскиот центар Охрид од 1946-1964-2024 година. Во филмот навраќајќи се низ годините хронолошки е опфатен периодот ...
На 28/29.11.2024 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, самостојно но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности по Законот за рибарство и аквакултура. Притоа, на потегот од градското пристаниште во Охрид, до струшкото село Радожда, пронајдоа и одзедоа 12 рибарски мрежи во должина од 150 метри, 64 парчиња ...
Регионалниот центар за управување со кризи Охрид информира дека на територијата на општините Охрид, Струга, Дебар, Кичево, М. Брод сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози. Сосема мала количина на снег се забележува на повисоките населени места кој не претставува проблем за редовно одвивање на сообраќајот, посочуваат. Според информациите од останатите регионални центри проодни се ...
Од 10:40 часот забраната за движење на тешки товарни возила на превојот Стража е укината и сообраќајот е нормализиран, информираат од АМСМ. Од 10:40 часот на излез од Гостивар кон Стража сообраќајот се одвива наизменично, поради случена сообраќајна незгода. Продолжува да важи забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, велат од АМСМ. Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои ...
Денес со почеток во 20:00 часот, на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи уникатен културен настан кој ги спојува танцот и филмот. Во организација на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, настанот е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, насловен „Напуштени ...
Од 05:00 часот сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар е во прекин за тешки моторни возила. Од 05:45ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Ресен, ...
Претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до ...
Охридските боксери кои имаа настап на Балканското првенство во Лозница, Република Србија денес оставрија средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тие во конкуренција од околу 200 натпреварувачи од 13 земји освоија бронзени медали. Боксерите Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу беа дел од македонската репрезентација, а се членови на БК „Алексо Огненоски“. Им честитам и им посакувам уште поголеми успеси во иднина. Како ...
Осум лица досега се успасени од страна на македонската полиција во врска со вчерашниот инцидент кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес конференција. Четири од тие лица се уапсени затоа што сториле прекршок, учество во тепачка. Истите се лишени од слобода и за нив ќе се преземат соодветни дејствија и понатаму, ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид утрово по примената дојава за излетано возило во река, кај с.Ботун, Општина Дебрца интервенирала со едно возило и пет пожарникари. Екипата на местото на несреќата затекнала превртен автомобил во река. Автомобилот со патниците е извлечен од реката, меѓутоа кај двете лица не се забележуваат знаци на живот. Упатуваме апел до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни кога управуваат моторни ...
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, денеска во Струга присуствуваше на отворање на новите простории на управните служби на ОВР Струга. Новите простории се префрлени во старата зграда на општина Струга на улицата „Маршал Тито“. Преку меѓусебна соработка со општина Струга и градоначалникот, овозможено е просториите на Отсекот за управни служби и Отсекот за оружје во Струга да се префрлат во старата општинска зграда. Во таа ...
Поради обилни врнежи од снег, од 12:10 часот има забрана за сообраќај на товарни мкоторни возила на патот Маврово – Дебар, соопшти АМСМ. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, велат од АСМ. Појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова ...
Жителите на селото Климештани најавуваат граѓански протест утре на сред село во 11 часот против каменоломот во непосредна близина на селото. Преку протестот ќе го изразат своето незадоволство од начинот на кој се експлоатира ископот и како што велат непридржување на компанијата што стопанисува кон законските одредби. Жителите се револтирани што со копањето селото и нивните ниви се затрупани со прашина, а од минирањето во каменоломот се ...
Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на земјиштето. Но решение има и до март следната година ќе имаме комплетни технички решенија за сите косини по трасата на автопатот, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во поткастот “Бизнис муабети”. Не биле направени детални геолошки истражувања. Се однесува на сите ...
На 28.04.2024 во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 49 годишно лице од Охрид. Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 29.11.2024 во ...
Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ. Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ. Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема, реагираат од СДСМ. СДСМ бара Мицкоски и Тошковски веднаш да излезат ...
Новогодишното украсување на Охрид треба да започне наредните денови. Ќе се користат украси од минатите години, но одвоени се и дополнителни средства, информираат од Општина Охрид. Оваа година се одвоени околу 1 400 000 денари за украсување. Дополнително ќе бидат поставени и украсите кои се во сопственост на Општина Охрид, посочуваат. Како и секој година, и годинава охриѓани, но и бројните гости ќе имаат можност Новата година да ја дочекаат на ...
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот денес со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Шминка и фризура: Студио Арс Нова. Билетарата при Центарот за култура работи секој работен ...