Предновогодишна „Импровокација“ на 29 декември со почеток 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу. За добрата забава ќе се погрижат стандардната 5 члена екипа, а за малите, слатки подароци нашите пријатели кои ни даваат ветер во грбот, велат од ...

Ученичката заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид организира предновогодишен музички настан за сите ученици и нивните семејства, како и за наставниците. Целта на овој настан е да ја разбудиме хуманоста во овој празничен период и заеднички да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно. На настанот ќе биде поставен штанд со храна и пијалаци каде ќе имате можност да донирате. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели, ...

Облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а ...

Во пресрет на новогодишните празници охридската поп – рок заедница ќе се собере во култниот плажа бар „Куба либре“. На средбата што ќе се одржи во вторник, 24 декември, ќе присуствуваат актуелни музичари и бендови од градот како Камелеон, No Fun, Mood Fellas, Urban Planet, НИКА, Luger, Back Door Band… На средбата ќе има многу музика и добра дружба што гарантира одлична енергија со која музичкиот еснаф ќе ја испрати старата и ќе најави музички ...

Членовите на Клубот за подводни дејности Охрид од Охрид, денеска, традиционално ја накитија и поставија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро во центарот на Охрид. Од клубот за подводни дејности Охрид од Охрид информираат дека подводната новогодишна елка која е поставена во близина на Градското пристаниште кај колцено, оваа година ќе ги осветлува езерските води. За таа цел безбедно е поставена соодветна инсталација што ќе овозможи ...

Во пресрет на новогодишните празници охридската поп – рок заедница ќе се собере во култниот плажа бар „Куба либре“. На средбата што ќе се одржи во вторник, 24 декември, ќе присуствуваат актуелни музичари и бендови од градот како Камелеон, No Fun, Mood Fellas, Urban Planet, НИКА, Luger, Beg Dor Band… На средбата ќе има многу музика и добра дружба што гарантира одлична енергија со која музичкиот еснаф ќе ја испрати старата и ќе најави музички ...

Синоќа во 22.30 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Стив Наумов“ во Охрид патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 42-годишно лице, удрило во пешак (41), двајцата од Охрид, по што го напуштило местото на настанот. По преземени мерки од полициски службеници, возачот е пронајден и лишен од слобода. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во ...

Утрото беше студено со температури во минуд. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 5 степени. Во првитевденовибод новата работна седмица не очекува облачно време со врнежи претежно од снег, а во централните и југоисточните делови од дожд. Врнежите ќе ...

На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, Србија, охридските веслачи отпатуваа на ROWLE ERGO штафета 2024, која ќе се одржи викендов во Палиќ. Овој несекојдневен натпревар е дел од проектот ROWLE како состав од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија. Натпреварувањето е од штафетен карактер и е наменет за сите возрасни категории од пионерска па се до ветеранска. Веслачкиот клуб Горица Ремо ќе се натпреварува во кадетска конкуренција каде ќе ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42 134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %). Зголемување на просечната месечна ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Ученичкиот парламент при ООУ ,,Кочо Рацин”, на иницијатива на учениците, заедно со одговорните координатори, реализираа низа активности. Учениците изработија новогодишни честитки, витамински пакетчиња и новогодишни пакетчиња, со цел да ги усреќат најмладите, како и повозрасните граѓани, а во тоа беа потпомогнати од своите верни пријатели. Ги посетивме другарчињата од игротеката „Радост”, а потоа ...

Екипите на Паркови и зеленило спроведоа активности за чистење обраснато зеленило во село Долно Лакочереј и градски парк, плевење на хортикултурни содржини во бетонската жардињера ул.„Булевар Туристичка” и тековно одржување на дрворед по ул. „Партизанска”. Се интервенира на отстранување на скршена гранка која претставуваше опасност по возилата и пешаците на патот кон месноста Навис. Се продолжи со садење на цветен расад од зимската реколта во ...

Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 75 km/h) и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 ...

Часови не делат до почетокот на најочекуваниот културно – забавен спектакл и оваа зима во Охрид – „Зимска бајка“, што ќе се одржи вечерва во исполнетиот Центар за култура „Григор Прличев“. Оваа година „Бајката“ ќе не врати во 90-те години од минатиот век. Бендот на „Зимска Бајка“ составен од извонредни музичари од овие простори годинава е засилен со гудачки квартет, дувачки солисти и хорот „Лихнидос“. Тие ќе изведат дел од големите светски ...

На 19.12.2024 година со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид извршија претрес во стан во Охрид што привремено го користело 31 годишно лице од Скопје. При претресот, пронајдена и одземена е марихуана, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 19.12.2024 во 09.55 часот во полициското одделение во струшкото ...

Општина Охрид и Здржението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА спроведоа голема донаторска акција во Охрид во која беа поделени околу 3000 новогодишни пакетчина за најмладите. Традиционално беше посетена Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид, каде што со подароци беа израдувани дечињата кои се згрижени на лекување или третман. Новогодишни пакетчиња беа поделени и на ...

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот “Кун-су-то” Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со победи во сите мечеви, обезбеди место во Македонската младинска карате репрезентација. Со тоа Анастасија ќе ја претставува Македонија на Европското карате првенство кое ќе се одржи во Полска во текот на месец февруари 2025 година во организација на Светската карате федерација. ...

Стогодишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев ќе се одбележи во понедeлник, 23 декември. На настанот предвидено е обраќање на преставник на Општина Охрид, а историски осврт кон ликот и делото на Петар Чаулев ќе одржи професорот по историја, Михаил Патчев. Настанот ќе се одржи во Спомен куќата на Христо Узунов со почеток во 15:00 часот. Чаулев бил учесник во Илинденското востание како раководител на Охридскиот револуционерен ...

Општина Вевчани повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови. Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, повторно, после 20 години е на вистинското место, инфoрмира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски. Со посветеност и напор, сите обврски за членарина од изминатите 20 години се успешно подмирени, и во согласност со Одборот на ФЕЦЦ, од ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024. Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат ...

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид ја продолжува соработката со СВР Охрид-Одделението за превенција со акцент на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства. Предвидено е утре на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ од 12 часот, припадници на СВР Охрид-Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид да делат едукативни материјали за опасностите и последиците од ...

Според утринските мерење на Управата за хидрометеолошки работи нивото на Охридското Езеро денеска е на кота 693,20 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 10 сантиметри над природниот минимум. Минимална кота на Охридското Езеро е 693,10 м.н.в. а максимална 693,75 м.н.в. Сепак нивото е сеуште далеку зад просекот за декември кој е 693,32 м.н.в. Температурата на водата утрово е 9 степени, што е во рамки на просекот за декември. OhridNews ...

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот 2023/2024 година, на ниво на држава, вкупниот број на прикажаните претстави во професионалните театри е зголемен за 11.5 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 3.1.% во однос на периодот 2022/2023 година. Во овој период Народниот театар Охрид имал 34 изведби на 8 претстави. Вкупниот број на посетители изнесува 3198. Театарот имал едно гостување каде што биле ...

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени. Во Охрид променливо облачно со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово,Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 – 50м. на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 – 150м. на патниот правец М. Брод – Кичево и до 50м. на ...

Концептот на дуално образование го создава потребниот, добро подготвен кадар за потребите на стопанството и со тоа го намалува јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на човечки капитал. Заедно со нашите партнери, овој концепт на образование ќе продолжиме да го спроведуваме и надградуваме, во рамки на проектот „Образование за вработување“ кој пак, овозможи обединување на енергијата и заедничко креирање ефективни образовни политики. Ова ...

Денес во 01.50 часот полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31 годишно лице од Скопје. При преглед во неговото патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, извршен кај туристичката населба Свети Стефан, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, метален грендер и повеќе семки од растението канабис, информираат од МВР. По целосно документирање на настанот, додаваат, против него ќе биде поднесена соодветна ...

Во среда, 25 декември, Советот на Општина Охрид ќе ја одржи педесет и првата седница со почеток во 9 часот. Советниците ќе го гласаат буџетот на Општина Охрид за 2025 година. На Дневен ред се 82 точки меѓу кои годишните програми за работа на јавните претпријатија, програмите за туризам, економски развој образование, култура, ТППЕ, урбанистичкии планови, животна средина, култура, спорт и рекреација… Повеќе информации за Дневниот ред на линкот. ...

Нова книга од младата писателка и поетеса Моника Стојанова „Бисерна фантазија“ која излезе од печат е двојазична поетска збирка (македонско-српска) која содржи три циклуси песни: 1. Страниците на бесконечноста; 2. Мистичен лавиринт на мечтите; 3. Небесен еликсир. Песните претставуваат разнобојна лепеза на која се насликани различните аспекти на мисловните текови кои ги условуваат човековите дејства, милозвучните созвучја на природата како атом ...

Центарот за граѓански комуникации објави истражување кое покажува дека општините во Македонија трошат над еден милион евра на изведувачи и организирање забавни манифестации. Само од јануари до октомври годинава, општините потрошиле на пејачи и на други забавувачи 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра. Најскапо платена, годинава, ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
29%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
43%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
32%
1020
weather icon

Софија

33ᴼ / 28ᴼ
5.14
28%
1019
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
4.02
30%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
1.03
57%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
11.18
37%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
19%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
35%
1022
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
38%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.32
48%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315