Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ги објасни причините за напуштање на коалицијата ВЛЕН и Владата. Тој посочи дека одлуката за напуштање на коалицијата ВЛЕН била процес што поминал низ неколку фази. Во ова интервју за косовската „Национале“, Таравари изјави дека оваа коалиција не го положила владиниот тест. Тој оцени дека досега ВЛЕН не ги исполнил ветувањата што им ги дале на Албанците. Откако влегоа во Владата, Таравари вели ...
Граѓаните и студентите во Нови Сад во текот на ноќта останаа пред влезовите на судските органи. Жандермеријата и припадници на интервентната полиција утрово во 5:30 пристигнаа во дворот на судот каде е блокадата. Како што пренесуваат Н1 полицијата употребила бибер спреј за да ги растера насобраните пред службениот влез на судот. Приведен е и фоторепортер, а полицијата тврди дека тој во себе имал бибер спреј. На другиот влез на судот дошло до ...
Во Истанбул денеска треба да се одржат тројни средби на претставници на Турците, Американците и Русите од една страна, како и на Турците, Американците и Украинците од друга страна, јавија синоќа извори блиски до турското Министерство за надворешни работи. „Уште една рунда состаноци ќе се одржи утре во различни формати. На дневен ред се трипартитни преговори на САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција. Не е сигурно дали состанокот ...
Изјавата на претседателот на Европскиот совет е прецизна и кога станува збор за тоа како Македонија треба да го продолжи европскиот пат, тој јасно кажа дека тоа што е договорено, ние како држава имаме обврска да го испорачаме, истакна заменичката претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија 24 Анализа, на телевизијата 24. Во дебатата Каранфилова Пановска посочи дека денешната посета ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека нема да биде постигнат напредок во мировните преговори за Украина сè додека тој лично не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин. Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ кратко пред слетувањето во Дубаи, третата станица од неговата посета на Блискиот Исток, јавија британските медиуми. Според изјавата на шефот на ...
Државниот симфониски оркестар од Солун првпат во своето 66-годишно постоење ќе настапи во Скопје. Концертот ќе се одржи во салата на Македонската филхармонија, на 17 мај, од 19:30 часот, а ќе настапат водечката грчка сопранистка, Мирто Папатанасиу, и нашиот светски реномиран пијанист, Симон Трпчески. Со Оркестарот ќе диригира реномираниот грчки диригент, Владимирос Симеонидис. На програмата се дела од познатиот француски композитор Морис Равел ...
Андреј Козирев: Би бил многу среќен ако грешам, но според мене тие се целосно губење време. Нема причина да се верува дека овие преговори, кој и да учествува во нив, ќе бидат крунисани со каков било успех. Единствениот начин Владимир Путин да биде обесхрабрен и всушност охрабрен на нормални преговори и размислувања за прекин на интервенцијата е да ја вооружи Украина до заби – како што рече американскиот претседател Доналд Трамп. Само украинската ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Анкара каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека разговорите во Истанбул се преместени за попладнево „на иницијатива на Турција“. Состанокот на руската и украинска делегација, според првичниот распоред, требаше да почне денеска 10 часот. Захарова потврди дека руската ...
Дури и по 16-тиот обид, косовското собрание не успеа да се конституира. На денешната седница повторно не беше формирана Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот. Членовите на поранешните опозициски партии не предложија членови на изборната комисија и не гласаа за составот на комисијата, што доведе до одложување на седницата. За формирање на комисијата гласаа 55 пратеници, а еден глас беше против. Следната седница е ...
До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка. Оставка се уште нема, а нема ни предлог за гувернер. Немаме никаква нова информација за пратенички групи, рече Гаши на денешната средба со новинарите. Сега за сега, како што кажа, нема ни нов ...
Засега, барем, изгледа дека човекот кој ја почна војната во Украина ќе се држи настрана од разговорите за обид да се заврши, коментира Би-Би-Си. Рускиот претседател Владимир Путин никогаш експлицитно не рече дека ќе присуствува, а шансите секогаш изгледаа мали. Разговорите сега се очекува да продолжат, меѓу функционери од двете страни, или попладнево или утре во Истанбул. Руски извори велат дека ќе бидат денеска, украински извори велат дека ќе ...
Ниту американскиот претседател Доналд Трамп, ниту рускиот претседател Владимир Путин нема денеска да присуствуваат на она што би можеле да бидат први директни мировни преговори меѓу Москва и Кијив за три години. Путин ги предложи директни преговори за завршување на војната во Украина, но тој нема да учествува, а руската делегација ќе ја предводи советникот на Путин, Владимир Медински, а ќе бидат вклучени и заменик-министерот за надворешни работи ...
Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за мене е вистинско разочарување, ова беше можент на одговороност и зрелост а не за политички инает, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по денешната собраниска седница на којашто пратениците од ВМРО ДПМНЕ не го подржаа предлог законот на СДСМ да се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерашно обраќање рече дека Украина е подготвена за секаков формат на мировни преговори и дека не се плаши од средби или разговори. Подготвени сме за секаков формат на преговори и не се плашиме од средби. Утре – во Турција, рече Зеленски. Тој додаде дека се уште чека потврда за тоа кој ќе дојде од Русија на преговорите, по што ќе одлучи за следните чекори на Украина: „Чекам кој ќе пристигне ...
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени. Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА. Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „Влен“ донесе одлука да ја напушти владината ...
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката “Пулс” ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот. Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се ...
Група од 20 американски држави предводени од демократи поднесе две тужби за да го блокира обидот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги принуди да спроведат регулативи за имиграција за да добијат средства од повеќе милијарди долари за транспорт, борба против тероризмот и мерки за одбрана од вонредни ситуации. Овие држави тврдат во тужби пред федералните судови дека Одделите за транспорт и за внатрешна безбедност нелегално ...
Во главниот град на Либија утрово повторно избија вооружени судири, јави Анадолија. До судирите дојде меѓу групи во квартовите Аин Зара, Рас Хасан и Бин Ашур, изјавија локални извори. Сè уште нема информации за жртви. Либиските медиуми јавуваат дека поради судирите се суспендирани летовите на аеродромот Митига, додека Министерството за образование ја прекина наставата во сите училишта во Триполи. Мисијата на ОН за поддршка во Либија (УНСМИЛ) ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да учествува на предложените разговори во Турција. Во своето ноќно обраќање, Зеленски изјави дека секој повик за долгорочно и безусловно примирје е значаен и дека директните преговори на највисоко ниво се исто толку важни. Според Зеленски, Путин е оној кој ги донесува сите одлуки во Русија и кој мора да ја реши војната: Ова е негова ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател на Сирија денеска во Саудиска Арабија, како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, соопшти Белата куќа. Најавата за укинување на санкциите беше пречекана со еуфорија во сирискиот главен град Дамаск, каде што се слушаа весели ...
Специјалниот пратеник на Белата Куќа, Стив Виткоф изјави дека најважните теми на евентуалните преговори меѓу Русија и Украина би биле прашањата за територијалниот статус на регионите под контрола на Русија, нуклеарната централа Запорожје, како и пристапот на Украина до реката Днепар и Црното Море. Во интервју за „Бритбарт њуз“, Виткоф истакна дека „нема да има договор без директно одобрение од рускиот претседател Владимир Путин“. Тој посочи дека ...
Илија Ацески: Поголема вистина нема…има само едно едноставно и единствено решение…излез за неколку години од таа состојба…Како држава….МОН имате право…одговорност и можност да ги проверите квалитетот на дипломираниот студент, пред се. …Ако не задоволува едноставно замолете го студентот да се врати од каде земал диплома да доучи…или си побара оштета што изгубил четири години…и тоа дека тој нема право на државна буџетска работа….а приватните ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече тој, ќе дојде и самиот претседател Трамп. Сакаме да постигнеме сеопфатно примирје во Украина, а дури потоа да ги отвориме прашањата за териториите, рече Келог во интервју за Фокс Бизнис. Американските медиуми претходно јавија дека ...
Високи претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Кит Келог, ќе отпатуваат во Истанбул овој четврток на можни разговори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, пренесува Ројтерс. Сѐ уште не е познато дали на средбата ќе присуствува претставник од руската влада. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „штом претседателот ќе смета дека е соодветно, ќе објавиме кој ќе ја претставува Русија“. Белата ...
Неприсуството на рускиот претседател Владимир Путин на преговорите за завршување на војната во Украина во Истанбул би бил последен сигнал дека Кремљ не сака крај на конфликтот, изјави денес шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак. Шефот на канцеларијата на Володимир Зеленски на безбедносниот форум во данската престолнина изјави дека украинскиот претседател разговарал со својот турски колега Ердоган еден ден претходно, кој ...
Педесет и седум деца починале од последици на неухранетост за време на тековната блокада на Појасот Газа, изјави денеска Рик Пиперкорн, претставник на Светската здравствена организација (СЗО), цитирајќи го палестинското Министерство за здравство. Пиперкорн, кој ја претставува СЗО на палестинските територии, во видео повик рече дека организацијата на ОН сè уште не ги потврдила овие бројки. Сепак, тој забележа дека СЗО забележала зголемување на ...
Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на Арбен Таравари дека АА излегува од Владата. Алијанса за Албанците во Владата има две министерски места – за здравство кое го предводи Таравари и вицепремиерско и министерско место за добро владеење на кое сега е Арбен Фетаи. Во Парламентот, партијата има шестмина пратеници. Засега се уште не се знае како ќе се одвива смената ...
Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа затоа што беше изречена казна затвор која што во историјата на овој суд, за ова кривично дело, и кога станува збор за една жртва, не била досега изречена, а сметајќи на висината од 12 години казна затвор, сепак Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара и повисока казна затвор, изјави обвинителот Александар Марковски, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето ...
По преброените гласачки ливчиња од 4949 или 95 отсто од вкупно 5225 избирачки места, повеќе од сигурно е дека владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама веќе го обезбеди четвртиот последователен мандат, со што станува најуспешен политичар по падот на комунизмот во Албанија. Така, социјалистите досега освоија 82 мандати, со предност од 230 илјади гласови. Најдобри резултати има во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан. Коалицијата „Алијанса ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе се сретне само со рускиот претседател Владимир Путин за преговори во Турција во четврток и со никој друг од евентуалната руска делегација во Истанбул, соопшти советник на украинскиот претседател за Ројтерс, пренесува БТА. Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со Путин во турскиот мегалополис за преговори кои би ставиле крај на војната во Украина, започната во февруари 2022 година. ...