Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека бомбардирале болница во Појасот Газа, која според нив била користена за „терористички активности“ од страна на исламистичкото движење „Хамас“. Од друга страна, „Хамас“ соопшти дека при нападот е убиен новинар, кого Израел претходно го обвини за учество во нападот на 7 октомври 2023 година. По прекин на борбите поради ослободување на заложникот со американско и израелско државјанство, Едан ...
По состанок што траеше околу два часа, Алијансата за Албанците официјално донесе одлука да ја напушти Владата и да премине во опозиција. Одлуката беше соопштена од лидерот на партијата, Арбен Таравари кој посочи дека причините за ваквиот чекор се незадоволствата. Меѓу конкретните причини, Таравари ги наведе проблемите со спроведувањето на балансерот, како и нерешените прашања околу Законот за употреба на јазиците. Тој истакна дека партијата ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва се обрати до нацијата преку видео објавено на неговиот официјален канал на Телеграм велејќи дека Русија сè уште не одговорила на предлогот за прекин на огнот и директна средба меѓу двајцата завојувани претседатели во Истанбул. Тукушто разговарав со претседателот Ердоган. Тоа беше суштински разговор. Благодарен сум за неговата поддршка. Ја потврдив подготвеноста на Украина за директен и суштински ...
Тито Беличанец: Македонија во Отоманската империја имаше поголема локална управа. Без пари од Портата. Како денешнава во која ВМРО ДПМНЕ се задолжи со кредит и со проектчиња од типот улици, градинки, училишта, здравствени објекти, спортски сали и терени и дури и трговски центар ќе прочарда 250.000.000 евра до локалните избори во ноември оваа година. Не се спорни објектите и нивната оправданост. Спорна е нивната злоупотреба во предизборната ...
Венко Филипче: Искрени честитки до Еди Рама и нашата сестринска Социјалистичка партија за убедливата изборна победа. Му посакувам многу успех во новиот, четврти мандат. Убеден сум дека соседна Албанија ќе продолжи по патот на напредокот, стабилноста и европска интеграција. Оваа победа е уште една потврда дека граѓаните имат доверба во социјалдемократските вредности и прогресивните политики. Со Еди очекувам продолжување на одличната соработка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност тој да се приклучи на разговорите меѓу Русија и Украина во четврток во Турција. Мислам дека средбата во четврток во Турција меѓу Русија и Украина може да има добри резултати, рече Трамп денеска на настан во Белата куќа, пренесе Ројтерс. Трамп, кој ќе ги посети земјите од Персискиот залив од утре до 16 мај, рече дека размислува да „прелета“ во Турција и да се приклучи на ...
Од Министерството за внатрешни работи велат дека го почитуваат и поддржуваат уставно загарантираното право на протест, по денешното протестирање на Независниот синдикат на полицијата во Скопје. Секој има право да протестира. Од јавно достапните информации, може да се заклучи дека незадоволство што e изразено преку овој протест, не е насочено кон МВР, туку кон постапувањето на одредени судови во процесите каде полициските службеници ги ...
Српските студенти кои попладнево треба да пристигна во Брисел како дел од штафетниот маратон „Од Нови Сад до Брисел – Патување од 1.950 километри за правда“ в четврток ќе се сретнат со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкал Мекграт, соопшти портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие. Одговарајќи на новинарско ...
Портпарол на Европската комисија денеска изјави дека доколку Русија продолжи со нападите врз Украина, нема да има можност за мировни преговори. На прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, тој нагласи дека Европската Унија ќе продолжи да врши притисок врз Москва и не ја исклучи можноста следните европски санкции да го опфатат гасоводот „Северен тек“. Според портпаролот, вклучувањето на „Северен тек“ во санкциите би испратило јасна ...
Новиот папа Лав Четиринаесетти повика на ослободување на новинарите затворени низ целиот свет. Папата денеска одржа средба со новинари, што е негова прва таква средба откако беше избран за наследник на папата Франциск. За време средбата, Лав Четиринаесетти ја изразил солидарноста на Црквата со новинарите кои моментално се во затвор затоа што се обидуваат да ја кажат вистината. Папата Лав Четиринаесетти повика на заштита на драгоценото добро на ...
Селадин Џезаири: Ако заминувањето на Алијанса за Албанците на д-р Арбен Таравари го сметаме за завршена работа, тогаш оваа владина коалиција ќе се соочи не со предизвици, туку со сериозни проблеми: г-динот Мицкоски сè уште не е предизвикан од никого за неговите апсолутни победи во изминатата година, и на претседателските и на парламентарните избори. Сепак, текот на неговиот владин кабинет остава многу простор за подобрување кога станува збор за ...
Членови на Независниот синдикат на полицијата денеска напладне излегоа на протест пред судовите во Скопје, на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, барајќи да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на Апелациониот суд – Скопје со апелационите судови од Битола и ...
Според официјалните резултати објавени од албанската Централната изборна комисија, до денеска претпладне, избројани се гласачките ливчиња од 1.624 гласачки места или 31,07 отсто од вкупно 5.225 на колку што се гласаше во текот на вчерашниот ден. Податоците од до сега преброените гласачки ливчиња потврдуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција ...
Српските студенти кои на 25 април од Нови Сад го започнаа штафетниот ултрамаратонот низ Европа, попладнево пристигнуваат во Брисел. Во рамки на ултрамаратонот насловен „Од Нови Сад до Брисел – Патување од 1.950 километри за правда“, 21 студент од Србија, пред да стигнат до Белгија, со штафетно трчање минаа низ Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Луксембург. Маратонот е дел од шестмесечната кампања за барање одговорност и правда ...
Командантите на воените операции на Индија и на Пакистан денеска ќе разговараат за следните чекори откако беше постигнато примирје на границата на двете нуклеарни сили. По почетното прекршување на примирјето, индиската армија претходно соопшти дека синоќа немало никакви инциденти. Примирјето во Кашмир пред два дена го најави американскиот претседател Доналд Трамп по четиридневните меѓусебни напади, дипломатија и притисок од Вашингтон. Исламабад ...
Руските војници го зазедоа главното упориште на украинските вооружени сили во Донецк, заробувајќи најмалку десет украински војници, објави руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека припадниците на руската војска зазедоа упориште на украинската армија во областа на една од населбите на правецот Александар-Калиновски, и дека за време на борбите биле уништени оклопен транспортер М113 од американско производство и тенк, како ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен лично да дојде во Истанбул во четврток на средба со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за крајот на војната. Неговата објава дојде кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од Украина да се согласи со понудата на Путин за директни разговори меѓу двете земји во Турција. Нема смисла убиствата да продолжат. И ќе го чекам Путин во Турција во ...
Премиерот Мицкоски изминатиот период беше под голем притисок поради повеќе причини. Жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на некакви уверувања. Единствената вистина е дека нашата партија одлучи да настапи со посебни листи за советници на локалните избори – изјави Арбен Таравари за ТВ21. Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најави дека наскоро ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на неформална средба на министрите за надворешни работи на НАТО од 14 до 16 мај во Турција, на која ќе се разговара за завршување на војната меѓу Русија и Украина, информира Стејт департментот. Со поглед насочен кон самитот на НАТО во Хаг во јуни, државниот секретар ќе ја промовира агендата на претседателот Трамп, за да се осигури дека нашите сојузници ќе дадат фер придонес за зајакнување и ...
Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани што го поднесовме е чин на солидарност, човечност и грижа. Уште еднаш ги повикуваме пратениците од владејачката партија да го преиспитаат својот став, да се издигнат над политиката и да дадат поддршка за ова законско решение, порача денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова. Според Костова, Законот содржи вистински решенија за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како позитивен знак тоа што Русија почнала да размислува за прекин на војната, но нагласи дека првиот чекор кон тоа е прекин на огнот од утре, 12 мај. Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната. Секој во светот долго време го чекаше ова. Сепак, првиот чекор кон вистински крај на секоја војна е прекин на огнот. Бесмислено е убиствата да продолжат дури и еден ...
Претставник на американскиот Конгрес изјави дека САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина, пренесува „Њујорк тајмс“. Неименуваниот функционер изјави дека станува збор за 125 ракети со долг дострел, како и за 100 ракети за ракетните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“. Како што наведува весникот, ова оружје кое е од клучно значење се произведува во САД и не може да се извезува без одобрение од американската ...
Студентите во Србија кои речиси шест месеци ги блокираат факултетите барајќи исполнување на нивните барања, првенствено поврзани со одговорноста за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, најавија дека очекуваат вонредните парламентарни избори, кои неодамна ги побараа, да бидат распишани во наредните денови – кон средината на мај. Доколку изборите не бидат распишани наскоро, студентите најавуваат радикализација на протестот, но како и ...
Рускиот претседател Владимир Путин предложи одржување директни разговори со Украина во Истанбул на 15. мај за кои рече дека треба да имаат за цел постигнување траен мир и елиминирање на коренските причини за војната. Неговата објава е неколку часа откако Кијив и европските лидери повикаа на безусловно 30-дневно примирје што ќе почне в понеделник. Лидерите на Украина, Велика Британија, Франција, Германија и Полска вчера во Кијив и се заканија на ...
Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вечерва на отворањето на новиот партиски штаб во Скопје нагласи дека за Алијансата за Албанците би било подобро во опозиција, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат, јави ТВ 21. Не, немаме дефинитивна одлука. Но, како што гледам, довербата меѓу нас во владината коалиција е во мизерна состојба. Верувам дека овие денови ние, Алијансата за Албанците, треба да се сретнеме со премиерот, бидејќи е ...
Москва разгледува предлог за 30-дневен прекин на огнот во Украина , според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен изјави дека прашањето бара внимателно разгледување. Треба да размислиме за тоа. Ова е нов развој. Имаме свој став, рече Песков, истакнувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин веќе најави тридневен прекин на огнот пред неколку дена, без никаков одговор од Кијив. Портпаролот на Кремљ ...
Експлозии се слушнаа во Шринагар, главен град на делот од Кашмир контролиран од Индија, само неколку часа откако Индија и Пакистан се согласија за прекин на огнот, објавија светските агенции, повикувајќи се на првиот министер на територијата Џаму и Кашмир, Омар Абдула. Што по ѓаволите се случува со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Шринагар, напиша Абдула на мрежата „Икс“. Ова не е прекин на огнот. Единиците за противвоздушна ...
Кремљ ги обвини европските земји за контрадикторни и конфронтациски изјави откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни санкции“ доколку не се придржува кон него. Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Генерално, тие се поконфронтациски по природа од оние ориентирани кон обид за оживување на нашите односи. Претседателот Владимир Путин постојано ...
Прекинот на огнот, договорен од Индија и Пакистан по четири дена интензивни борби и објавен денеска од американскиот претседател Доналд Трамп, беше договорен директно меѓу двете страни, соопшти индиската Влада. Денес, Индија и Пакистан постигнаа договор за прекин на огнот и прекин на воените операции, рече министерот за надворешни работи Субрахманјам Џајшанкар. По долга ноќ преговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес соопшти дека „Коалицијата на подготвените“ поддржува безусловен и целосен прекин на огнот во Украина во траење од 30 дена, кој треба да почне на 12-ти мај. Се договоривме дека прекинот на огнот целосно и безусловно треба да почне од понеделник, 12-ти мај, во траење од најмалку 30 дена. Заедно го бараме ова од Русија. Знаеме дека САД нè поддржуваат во тоа. Безусловно примирје. Значи без никакви ...