Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година. Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување. Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица кои ...
Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци. Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Мандатот на Маск од 130 дена како ...
Ана Чупеска: Што да се каже освен дека ова е дрзок обид за злоупотреба на Собранието со намера да по пат на авторитарен процедурализам се унакажи елементарна правно веродостојна позиција – имено: да се нарекува Договор, па уште Стратешки, па згора на тоа да се пласира како меѓународен! Се` со цел да во Собранието се легализира ништовен документ кој се вика Аранжман (а не договор), и кој дефакто има сила на меморандум. Односно нема таква сила ...
Русија денеска соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина и ќе му го презентира на Киев на директните разговори во Истанбул следниот понеделник. Нашата делегација… е подготвена да го презентира овој меморандум на украинската делегација и да ги даде потребните објаснувања за време на втората рунда директни разговори во Истанбул в понеделник, 2 јуни, изјави министерот за ...
Францускиот амбасадор во Косово, Оливие Геро, денеска изјави дека Косово може да се самоизолира ако ги игнорира меѓународните пријатели и не ги почитува обврските што ги презело. „Првата порака е: Косово не е изолирано, освен ако не се изолира самото. Вие не сте изолирани. Ние, петте (Квинта), други земји од ЕУ, го поддржуваме Косово со години. Неодамна го препрочитав нашето правно мислење за Меѓународниот суд на правдата од 2009 година, кое ...
Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, од собраниската говорница упати сериозни прашања до Владата и побара итна транспарентност за одредбите од договорот со Обединетото Кралство, со кој, како што рече, се отвораат можности за нетранспарентни зделки и заобиколување на Законот за јавни набавки. Посебна загриженост, според него, предизвикува и ставот 2 од членот 2 од Договорот, кој вели: „ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за ...
Уставен суд не поведува постапка за оценување на уставност и законитост на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров. Судот не ги прифати наводите на подносителката на иницијативата Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје од причина што не најде повреда на законитоста и уставноста на постапката за донесување на оспорената Одлука за ДУП. Не се докажа дека со Одлуката е направена повреда на Статутот на ...
Јакимовски свика прес конференција за да даде јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме, може да бидеме незадоволни од одредени нејзини постапки, меѓутоа овие активности кои таа во моментов ги презема не можеме ние као одговорни лица да не ги поддржиме, истакна денеска пред новинарите Стевчо Јакимовски. Практично таа документирано и покажа на целата македонска јавност, пред ...
На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7 021 студент, што претставува намалување за 5.4 % во споредба со 2023 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 526 односно 78.7 % биле редовни, а 1 495 односно 21.3 % вонредни студенти. Во рок дипломирале 35 %, а по рокот 65 %. Жени од вкупно диломираните се 59.4 %. Од вкупно дипломираните ...
Наместо во истрага за криминалот, институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат криминал, пишува градоначалничката Данела Арсовска на својот фејсбук профил. Арсовска вели дека Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме. Решението го антидатирале демек е ...
Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс” со уште едно лице, кое како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката го издавал под закуп на еден од претходно осомничените без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот. Лицето, како што информираат од ЈОРСМ, е осомничено како ...
Собранието денеска ја констатираше оставката на пратеникот Салим Сулејмани од Алијанса за Албанците и ја задолжи Државната изборна комисија (ДИК) да го извести законодавниот дом за кандидатот што ќе го замени од изборната листа за да му се верифицира мандатот за пратеник согласно член 153 од Изборниот законик. Веднаш по констатирањето на оставката на Сулејмани, пред да биде утврден дневниот ред на 52. седница, на барање на пратеникот од Левица ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предложи трилатерална средба со претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, со цел унапредување на мировните преговори, истовремено повикувајќи го Вашингтон да воведе нови санкции против Москва. „Подготвени сме за форматот Трамп-Путин-јас“, се наведува во изјавата на украинскиот претседател, која до утрово беше под ембарго за објавување, јави Бета. Ако на Путин не му одговара ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска објави суспензија на обработката на студентски визи, јавија американски медиуми. Деписот, во кој имаа увид американски медиуми, им наредува на амбасадите и конзулатите да не дозволуваат „дополнителен капацитет за закажување на студентски или визи за размена на студенти, додека не се издадат дополнителни упатства“. Tој потег доаѓа во време кога администрацијата на Трамп се обидува да ги засили ...
Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство e објавен на веб-страницата на македонското Собрание. Во Собранието на Македонија македонската влада го испрати Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Велика Британија и Северна Ирска, а во врска со задолжувањето на земјава со 6.000.000.000 евра од Кралството Британија за изградба на инфраструктурните ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека „си игра со оган“ со интензивирање на нападите врз Украина. Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека да не бев јас, многу навистина лоши работи веќе ќе и се случеа на Русија, и мислам навистина лоши. Тој си игра со оган, наведе Трамп во објава на платформата за социјални медиуми TruthSocial. Трамп претходно изјави дека размислува за воведување санкции ...
Од почетокот на денот имало 87 судири меѓу украинските одбранбени сили и руските војници, борбите продолжуваат на седум линии на фронтот, а руските сили се уште се најактивни на правецот Покровски, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Според извештајот објавен на Фејсбук, руските сили предизвикуваат штета во областите на Чернихив и Сумиската област, пренесува Укринформ. Денеска, во правец на Покровски, непријателот 28 пати ги ...
СДСМ, како што јавуваат, излезе на терен да ги провери наодите за фирмата што дoбиле тендер од МВР. Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР. Станува збор за адреса на фирмата којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот, Улица Орце Николов 188/2-11 Скопје. И што најдовме тука? Апсолутно ...
Претседателот на партијата Левица и пратеник во Собранието, проф. д-р Димитар Апасиев, утре ќе одржи прес-конференција пред Јавното обвинителство – Скопје, на која ќе ја соопшти кривичната пријава што ја поднесува против премиерот Христијан Мицкоски. Повод за ваквиот чекор е, како што се наведува, директната политичка и институционална одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Прес-конференцијата е најавена за 11:30 часот, а ...
Родителите на лицата кои починаа во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ од претпладнево во Основното јавно обвинителство во Кочани почнаа да даваат поединечни искази за случајот. По претходно направен временски распоред, за што биле известени од Полицијата, родителите доаѓаат во Обвинителството и изнесуваат свои сознанија за настанот. Како што најавија и на протестниот марш во саботата, не сакаат јавно да зборуваат за правната постапка додека не ...
Рацин.мк: Ќе потсетиме дека за недоличната комуникација на Богојески Мрежата за заштита од дискриминација побара повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поради неговите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности. Ќе потсетиме и на ставот на Делегацијата на ЕУ (ДЕУ) во нашата ...
Русија продолжува да подготвува меморандум за Украина, кој ќе ги дефинира принципите и можните временски рамки за решавање на конфликтот, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Нацрт-меморандумот ќе ги дефинира и условите за можно примирје, рече Захарова, додавајќи дека документот ќе биде предаден на Киев веднаш штом ќе биде готов, пренесува Тас. Очекуваме украинската страна да ја заврши ...
Конститутивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината откако ниту по 22-от обид пратениците не ја избраа комисијата за избор на претседател и пет потпретседатели на парламентот, јави Бета. Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово и НИСМА ниту во денешното продолжение на седницата не предложија членови на изборната комисија, по што ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска посочи дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет. Во однос на тоа кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши напомена дека премиерот е тој што треба да го предложи, тој предлог да биде ставен на дневен ред, и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието. Стабилно е мнозинството. Нема никаква дилема околу тоа дали ...
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар смета дека Европската Унија треба повторно да воспостави некаков вид дијалог со Русија – барем преку „тивка“ дипломатија предводена од специјално назначен тим, објави Политико. Пирц Мусар го оцени како грешка тоа што ЕУ престана да комуницира со Русија по почетокот на војната во 2022 година и смета дека комуникацијата треба да се обнови. „Една од грешките на Европската Унија беше што престанавме да ...
Многу, многу барања до Трамп од сите страни. Се чини дека тој ќе се приклучи кон онаа, која ќе има успеси на воен план. Тој еднаш изјави дека Украина не може да ја победи Русија. Но, со тоа не се согласуваат европските „јастреби“. Во таков случај, кога Европа и Украина ќе играат со воена карта, а Путин не попушта, Трамп најави дека може да крене раце од се’. И ќе ги остави Европа и Украина да се борат со Русија. Тоа како варијанта го потврдуваа ...
Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција. Согласно судските документи од нашата земја, ...
Стотици граѓани, студенти, ветерани од утрово се присутни пред зградата на судските власти во Нови Сад и им дозволија на вработени да влезат во зградата на судот со најава дека блокадата ќе ја продолжат по 11 часот. Тие очекуваат Апелацискиот суд денеска да донесе одлука по жалбата за продолжување на притворот за уште тројца активисти.На активистите Младен Цвијетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Давор Стефановиќ им е продолжен притворот за 30 дена, што значи ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку објава на „Фејсбук“ соопшти дека стапиле во сила нови пакети санкции против Русија, усвоени од Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, пренесе Укринформ. „Денеска стапуваат во сила неколку санкциски пакети. Првиот е насочен кон Руси кои учествуваат во финансирање на терористичките активности на Русија, како и во финансиски манипулации и шеми за избегнување санкции. Вториот пакет ги ...
Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени при израелски воздушен напад врз училишна зграда во градот Газа, каде биле сместени внатрешно раселени лица поради војната,соопштија локалните здравствени власти. Меѓу загинатите и повредените има и жени и деца, соопштија медицински извори. На објавени видеа на социјалните мрежи – чие автентичност засега не е потврдена – се гледаат тела со тешки изгореници. Израелската армија засега нема ...