
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Комплексот „Македонско село“ треба да биде отворено во јуни годинава, а нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“. Овој комплекс не работи веќе седум години. На јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи, се пријавиле две компании, а понудата на „Ла Тераца“ била најповолна. Информацијата за „360 степени“ ја потврди директорот на СОЗР Ивица Томовски. Согласно договорот, сè што ќе се инвестира ќе остане во сопственост на ...
Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ најавува нов протест кој ќе се одржи во четврток во 18:00 часот, како продолжение на серијата јавни собири што изминативе два месеца повикуваат на суштински општествени промени и одговорност од институциите. Во повикот за протестот, иницијативата остро ја критикува состојбата со безбедноста на работниците, неправдата во правосудството, состојбата во образованието и здравството, како и општата ...
Западниот дел на американската држава Тексас се наоѓа во растечка епидемија на сипаници со 505 пријавени случаи заклучно со вчерашниот ден. Оваа недела, Тексас го прошири бројот на окрузи каде се појави епидемијата на десет. „Една градинка во регион на Тексас има повеќе случаи, вклучително и деца кои се премали за да бидат целосно вакцинирани“, соопштија локалните здравствени власти. Заразниот вирус почна да се шири кон крајот на јануари, а ...
Дуња Иванова: Да ми кажеше некој пред пет години, кога и всушност се посветив кон овој спорт, дека оваа пролет ќе ја делам патеката со неколку олимпијки, европски првенки и девојки од врвот на светската велосипедска ранг листа, веројатно само ќе се насмеев и тоа онака, баш од срце. Денеска беше уште една привилегија да се учи од исклучителни возачи и достојно да се биде дел од тоа друштво. И тоа би било само фантазија без мојата екипа која од ...
Џелал Незири: Иако постои извесен ризик да остане политички изолиран, сепак Таравари поседува значителен коалициски капацитет кој во моментов сите останати партии го посакуваат. Има ризик да остане сам, а како сам, ние сме биле сведоци дека не само малите партии, каква што, условно кажано, е Алијанса за Албанците, туку и ВМРО-ДПМНЕ, како најголема партија во земјата, кога немаше коалициски капацитет, иако ги доби изборите во 2016 година, не ...
Германските конзервативци предводени од лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и најверојатно следен канцелар Фридрих Мерц, денеска постигнаа договор со централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) за формирање нова влада,. Конзервативната алијанса ЦДУ / ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц. Успех на изборите постигна и крајнодесничарската Алтернатива за ...
Диана Тахири: Босна и Херцеговина се наоѓа пред сериозен тест – дали институциите на државата ќе имаат сила да ги спроведуваат законите подеднакво на целата територија, или политичката моќ и заштитата на структурите на ентитетите ќе продолжат да го уриваат државниот поредок? Секако, и Европската унија, којашто досега немаше некаква отсечна реакција за однесувањето на Додик, освен реакциите на Австрија и Германија, доколку набргу не реши како ќе ...
Војо Маневски: Ќе бидеме ли сведоци на понатамошни средби со вклученост на сите релевантни политички партии и стручната јавност? Ако тоа не се направи и оваа средба ќе биде запаметена како уште еден од обидите да се прикаже дека нешто ќе се менува, ама само за да не се смени ништо. Ваквите општествени процеси бараат што е можна поширока општествена поддршка, но и минимум искреност од главните носители на процесите. Поимот искреност не е ...
Бугарскиот медиум bTV објави истражување со бизнисите на роднините на премиерот Христијан Мицкоски. Откриваат дека неговиот зет Јорданчо, како и неговиот братучед Дончо, имаат фирми и бизниси во Бугарија. А снаата на Мицкоски, Стевица, има бугарски пасош. Како што пишува бугарскиот медиум „причината поради која раскажуваме за бизнисот на роднините на Мицкоски не е затоа што има нешто лошо во тоа, туку затоа што неговата партија во минатото ги ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека шест кинески војници се бореле на страната на Русија против украинските сили, а двајца од нив биле заробени во источна Украина. Our military has captured two Chinese citizens who were fighting as part of the Russian army. This happened on Ukrainian territory—in the Donetsk region. Identification documents, bank cards, and personal data were found in their possession. We have ...
Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени откако рано утрово падна покрив во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република, соопштија властите. Екипите бараа преживеани во урнатините во „Џет Сет“ во Санто Доминго, изјави Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции. Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи, и затоа властите овде нема да се откажат додека ниту еден човек не остане под тие урнатини, ...
Затвор во период од шест месеци до три години побара Главното обвинителство во Истанбул за 139 лица обвинети за „прекршување на забраната за собири и демонстрации“, објави ТРТ Хабер. Во обвинението се наведува и дека осомничените дејствувале заедно и намерно, посочувајќи дека и против нив се води истрага и по обвинение за „непослушност кон службено лице“ и „навреда на претседателот на државата“. Од 139 осомничени, 104 се уапсени, додека по ...
Андреј Жерновски: Јавно го замолувам претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при својата посета на Брисел да лобира кај колегите од Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и Социјалистите и демократите (СД) кои се на власт во своите земји, да го пратат својот министер за надворешни работи во посета на Македонија. Не гледам друг начин како поинаку да доживееме таква посета. Ние треба и мора да му помогнеме на Тимчо. Мораме, инаку ќе се прашуваме ...
Во две училишта во Скопје утрово се добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка е утврдено дека се работи за лажни дојави. На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, информираат од Министерството ...
Љубомир Костовски: Светот може да пропадне, само ве молам не во овие вести, Вестите во 12.30 на Телма почнаа со убаво подготвени прилози за она што е навистина тема број 1 во светот. За нешта од кои светот може да пропадне! Собрани и наредени новите моменти за тарифите на Трамп. Вестите на МТВ во 13 часот започнаа – очекувано со Мицковски. Одговор на новинарско прашање, нели, без да го чуете прашањето. И третата вест во хронологијата беше врзана ...
Царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп ги погодија светските берзи, ја намалија цената на нафтата, а аналитичарите стравуваат дека тоа може да доведе до високи цени и слаба побарувачка, а потенцијално и до глобална рецесија. Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth) им се обрати на Американците и ги повика да бидат „силни“ и да не бидат „паниканци“. САД имаат можност да направат нешто што требаше да го ...
Мнозинство од Американците се против проширување на територијата на САД со Канада и Гренланд, додека 79 отсто од републиканците се против давање финансиска помош на Украина за нејзина одбрана од руската агресија, се дознава од најновата анкета на „Волстрит журнал“. Од друга страна, 83 отсто од демократите ја поддржуваат продолжената финансиска помош од САД за Украина да се брани нападите на од Русија, наспроти 79% од републиканците кои се ...
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61-та жртва. Почина и вториот пациент кој се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Како што посочи министерот, 29-годишниот Александар Гавриловски бил упатен од Градска болница на 17 март во тешка состојба, додека од 4-ти април неговата состојба почнала да се влошува. Жална вест, сакам да информирам дека денеска ...
На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180 627 ученици, што е намалување за 0,8 проценти во однос на претходната учебна година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, намалување од 0,2 отсто има и на бројот на средношколци во оваа споредено со претходната учебна година. На почетокот на 2024/2025 година, во средните училишта имало 67 143 ученици. Во објавата на ...
Арбен Таравари кој води едно крило од Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок „Влен“ вели дека не добиле понуда од „Влен“ да се спојат во една партија. Досега не сме имале понуда од „Влен“ за да бидеме една партија. Ако имаме, ќе одлучиме, но ако тие веќе одлучиле, им го даваме името – нека го задржат името „Влен“. Ние ќе останеме пет пратеника од Алијанса и ќе продолжиме како пратеничка група, но отворени сме ...
Палестинците на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим денеска одговорија на повикот за генерален штрајк со кој се бара прекин на 18-месечната војна во Појасот Газа. Улиците се напуштени, продавниците се затворени, како и училиштата и јавните служби на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година, пренесуваат агенциите. Коалицијата која обединува неколку палестински политички движења, вклучително и главните ...
Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши. „Пазарите се во драматична состојба што се заканува со понатамошна дестабилизација“, рече Мерц во изјава за Ројтерс. Тој нагласи дека сега „е поважно од кога било, Германија што побрзо да ја врати меѓународната конкурентност“, а ова прашање треба да ...
Зоран Иванов: Статутот на партијата вели дека постои легитимност. Тоа се нивните внатрешнопартиски одлуки. Фактот што СДСМ се сведе на 18.000 мотивирани членови кои гласаа е друга тема. Филипче и тимот ги чека многу теренска работа за да ги убедат симпатизерите и членовите дека имаат капацитет да се справат прво со оние во своите партиски редови кои ја доведоа партијата на ова дереџе. Ако не успеат да го сторат тоа јавно, јасно и остро, СДСМ ...
Водечкиот германски берзански индекс, DAX, падна за околу 10 проценти на почетокот на тргувањето денеска, паѓајќи на 18.489 поени додека инвеститорите продолжуваат да реагираат на огромните глобални царини воведени од администрацијата на Трамп. Новите царини од 10 отсто за целиот увоз во САД стапија во сила во саботата, со дополнителни давачки за голем број трговски партнери што треба да бидат воведени во среда, вклучително и царина од 20 отсто ...
На прашање дали Алијанса за Албанците ќе продолжи да биде дел од владата, во случај да се одвои од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари рече дека во моментов имаат добри односи со Мицкоски, но дека АА нема проблем да ја напушти владата. Ова е небитно, ние сме дел од владата, продолжуваме да даваме свој придонес, ако некој мисли дека не сме потребни таму, немаме никаков проблем. Мислам дека имаме коректни односи со премиерот Мицкоски, верувам дека ќе ...
Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот. Според Coin Metrics, цената на биткоинот падна за четири отсто, на 78.835 долари, откако биткоинот се тргуваше над 80.000 долари во ...
Левица соопшти дека ја одржала 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која биле донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните Локални избори 2025. -Во духот на демократскиот централизам и борбеноста, оваа сесија ја зацврсти позицијата на Левица како единствена автентична и непоколеблива опозициска сила во државата, стои во соопштението од партијата. На сесијата, се посочува, ЦК едногласно го верификувал актуелниот пратеник м-р ...
Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат. Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Георгиевски рече дека од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласале 18.140 односно 76,5 проценти од активно регистрираните членови. За Филипче гласале 18.001 избирачи, додека неважечки ливчиња имало 139, изјави ...
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, на патниот правец крак Маврово – Дебар и од 16.20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената ...
Учениците во блокадата го продолжија патувањето кон Стразбур, а денешна дестинација е Ѓер, од каде продолжуваат за Виена. Вчера пристигнаа во Будимпешта каде што беа пречекани на „Плоштадот на хероите“. Учениците, покрај српските државјани кои живеат во тој град, ги пречека и градоначалникот на Будимпешта. Во Вршац денеска пред зградата на Магистратот се одржува протест на блокирани студенти и земјоделци под името „На врвот на кулите, на ...