Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Семејствата на трагично загинатите млади во пожарот на 16. март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата бидејќи тие уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани. Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, ...
Индија и Пакистан се на работ на отворен вооружен конфликт откако Исламабад утрово започна воена офанзива насочена кон повеќе индиски бази. Според пакистанската војска, цел на нападите се стратешки локации, вклучувајќи складиште за ракети и воздухопловни бази. Воени и дипломатски извори информираат за загинати најмалку 48 лица од двете страни, додека серија експлозии одекнале во регионот на Кашмир, Џаму и Сринагар. Во Индија биле активирани ...
Постои согласност дека патот на Украина кон НАТО е неповратен, но никогаш не се согласивме дека како дел од мировниот договор ќе има гарантирано членство на земјата во Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт, Марк Руте. Такво нешто никогаш не беше договорено. На долг рок, сојузниците на НАТО рекоа да, ќе има перспектива за членство во НАТО. Но, тоа е на подолг рок, а не за мировните преговори што се водат во ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во подкастот „Политиканти“ на Инфомакс, рече дека работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во комуникација по неговата средба со премиерот Христијан Мицкоски. Работни групи работат на важни закони во правосудството, нашите коментари на нивните текстови ќе ги дадеме следната недела, се надевам дека се ќе биде усвоено со широк консензус. Во сите држави во процесот на преговори со ЕУ се работело ...
Бранко Тричковски: Путин: Вистината и правдата се на наша страна. Тричковски: Не, не се, товариш Владимир Владимирович и тоа е најголемиот пораз на Русија, фактот дека ти го нагласуваш своето видување за правдата и вистината на ваков начин и по ваков повод, покажува дека и самиот си жртва на сомнежот дека тоа не е така и дека оддалечувајки се од вистината и правдата и најбрутално газејки ги со страшната агресија врз Украина, меѓу другото, ја ...
Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски. Според Касами, за да се направат промени во Владата ќе треба повеќе време, иако вчера рече дека следните денови ќе има и конкретни чекори во тој правец. Ние ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска предложи намалување на царините за Кина од 145 на 80 проценти. Одлуката за намалување е пред состанокот на американската и кинеската делегација во Женева, за време на викендот. Американскиот министер за финансии Скот Бесант и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир треба да се сретнат со кинеска делегација овој викенд во Швајцарија. Тоа ќе бидат први големи разговори откако Трамп почна трговска ...
Млад кочанчанец залепен со селотејп на бандера на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како што самиот нагласи дека е симболично врзан, денеска побара од институциите да им помогнат на повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пред некој ден дома си дојдоа деца од болница без прсти на рацете. Дајте барем на тие деца да им се помогне, порача Мартин Кироски на кого во дискотеката му загинале петмина другари. Побара од државата да му се помогне на ...
Доцна попладне кардиналите во Сикстинската капела во Ватикан го избраа новиот Поглавар на Римокатоличката црква. Неговото световно име е Роберт Франсис Превост и е прв кардинал од САД избран за Папа. Кардинал Превост, роден во Чикаго во 1955 година, има богато искуство како мисионер во Перу, каде што служеше како бискуп на Чиклајо и стекна перуанско државјанство. Пред изборот за папа, тој беше префект на Дикастериумот за епископи и претседател ...
Белград, Српската Влада денеска соопшти дека седум месеци пред предвидениот рок – 100 земји го потврдиле своето присуство на Специјализираниот меѓународен саем Експо 2027. Специјализираната меѓународна изложба Експо 2027 Белград, со тема „Игра(ј) за човештвото: Спорт и музика за сите“, ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година, со учество на повеќе од 120 земји, меѓународни организации и компании се нагласува во соопштение од Владата на ...
Европската комисија денеска објави планови за воведување дополнителни царини на увозот од САД во вредност од околу 95 милијарди евра (107 милијарди долари) доколку преговорите со Вашингтон не доведат до решение за трговскиот спор. Списокот на таргетирани производи објавен денеска опфаќа индустриски и земјоделски стоки. Дополнително, Комисијата се консултира со членките „за можни ограничувања на одреден извоз на ЕУ на отпадно железо и хемиски ...
СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во Кочани. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека изготвиле добро законско решение и ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат или да се вклучат во негово модифицирање ако имаат предлози, нагласувајќи дека целта не е да се политизира трагедијата. Изработивме предлог-закон кој навистина мислам дека е добар. ...
Црн чад излезе од оџакот на од Систинската капела, што значи дека нов папа не е избран ниту во вториот круг од гласањето на конклавата на кардиналите, јави Еуроњуз. Првото гласање се одржа синоќа, а кога ќе се избере новиот поглавар од оџакот на Сикстинската капела ќе се појави бел чад. Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква започна вчера попладне, а во изборот учествуваат 133 кардинали. Претходните два конклава, во ...
Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители. На новинарско прашање дали ќе се прошири истрагата за полициските службеници кои биле вечерта во ...
Студентите маратонци кои веќе 13 дена трчаат во штафета кон Брисел, денес прават пауза во Стразбур, каде што беа пречекани синоќа. Тие ќе ја искористат можноста да го посетат Европскиот парламент и да разговараат со европратениците. Тие беа пречекани од Србите од дијаспората, но и од Французите кои живеат во тој град. Им беше приреден свечен прием, им беа доделени медали, а ја отпеаја и својата песна “Freed from desire”. „Добредојдовте“, вака ...
Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денеска, кога би можеле да се одржат четири круга гласање, бидејќи новиот папа не беше прогласен вчера, како што се очекуваше, по едно гласање. Кардиналите вчера почнаа да избираат нов водач за 1,4 милијарди католици во светот. Вечерта, од специјално поставен оџак видлив од плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан се издигаше црн чад, сигнализирајќи дека новиот папа не е избран. ...
Украинските власти рано утрово објавија нови бомбардирања и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ. Руски авиони исфрлија водени бомби повеќе пати над северниот Сумски регион, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за тековна воздушна активност во источен правец. Во меѓувреме, предупредувања за дронови и напади беа пријавени рано утрово и во ...
Членки на католичка женска група запалија факели со розов чад на ридот зад Ватикан во знак на протест против родовата нееднаквост во Црквата, неколку часа пред кардиналите да се соберат на конклава во Сикстинската капела за избор на нов папа. „Додека светот чека бел или црн чад, нашиот розов чад сигнализира дека жените треба да бидат вклучени во секој аспект од животот на Црквата, вклучително и во конклавата“, изјави Кејт МекЕлви, извршна ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот. Авионот со кој Вучиќ се упати кон Москва за да присуствува на прославите на Денот на победата претходно беше запрен во Баку поради борбите меѓу Русија и Украина, и чекаше одобрение за продолжување на летот. Во претходните неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од ...
Косовските пратеници не успеаја да ја завршат конститутивната седница, што почна на 15 април, ниту по дванаесетти пат, поради несогласувања помеѓу најголемите партии. Парламентарната седницата повторно беше прекината бидејќи победничката партија на февруарските избори, Движењето Самоопределување, не доби доволно гласови за да формира комисија за тајно гласање за претседател на Собранието. Демократскиот сојуз на Косово, трета партија по освоените ...
Тринаесет Палестинци се убиени во израелски напади врз училиште во северниот дел на Појасот Газа, во кое биле сместени раселени семејства, објавија локалните здравствени власти. Ова се случува во време на континуирано уништување на домови и згради од страна на израелските сили во јужниот град Рафа. Медицинските лица објавија дека два од нападите биле насочени кон училиштето Карама во Туфа, предградие на градот Газа. Локалната новинарка Нур Абду ...
Во Баку слета свионот со кој српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се упати кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата, јавија српските медиуми. Авионот не може да го продолжи патувањето кон Москва, бидејќи нема дозвола за летот поради непријателствата меѓу Русија и Украина, наведуваат српските медиуми повикувајќи се на извештај на агенцијата Танјуг чиј новинар ја следи таа посета на српскиот претседател. „Сите земји ...
Појавата на интензивен дожд во текот на претладневните часови на дел од улиците низ Тетово резултираше со краткотрајно поплавени коловози, а водата навлезе и во дворови од куќи и други објекти. Екипите на Јавното претпријатие за водовод и канализација – „Шар“ интервенираа со чистење на затнати шахти со цел побрзо одлевање на насобраната вода. Главна причина останува несовесното фрлање отпадоци, што покрај блокирањето, претставува и ризик од ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека во најкраток рок ќе биде надминат проблемот на студентите на кои овој месец им било прекинато правото на субвенциониран студентски оброк зашто примаат семејна пензија поради починат родител. По реакции од студенти, Јаневска изјави дека ја добила информацијата и оти се работи за 181 студент кои „по овој основ овој месец не добиле студентски оброк“. Нагласи дека проблемот се решава и ...
Кардиналите од целиот свет се собраа изутрината на свечена миса во базиликата „Свети Петар“ во Рим, пред почнувањето на конклавата која ќе избере наследник на папата Франциск, пренесуваат агенциите. Литургијата, предводена од шефот на Колеџот на кардинали, Италијанецот Џовани Батиста Ре, почна во 10 часот по локално време. Таа му претходи на првото гласање на 133-те кардинали доцна попладне. Ова е најразновидната конклава во 2.000-годишната ...
Американскиот Врховен суд ѝ одобри на администрацијата на Доналд Трамп да спроведе забрана за трансродови лица да служат во војска, една од низата мерки на републиканскиот претседател со кои се ограничуваат правата на трансродовите лица. Во одлука која би можела да доведе до отпуштање на илјадници припадници на воениот персонал, судот го одобри барањето на Министерството за правда да укине наредба на федерален судија која го блокираше ...
Многу сме загрижени и исплашени од експанзијата и успешните политики што македонскиот премиер ги спроведува во вашата земја. Башка нели премиерот и градоначалниците се потомоци на Александар Велики. Рибаро Скандинавските земји видно загрижени по изјавата на премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажале, како што рече „скандинавско управување со општините на локално ниво“. – Сака Мицкоски да ни го ...
СВР Куманово поднел кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, како што денеска соопшти МВР, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во ...
Еден човек е убиен, а друг е повреден во руски воздушен напад врз цивилната инфраструктура во јужниот регион Одеса, соопшти денеска канцеларијата на регионалниот обвинител, кратко пред почетокот на 72-часовното примирје предложено од Кремљ. „Две лица се повредени во масовниот напад со беспилотни летала врз градот Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов. Околу 200 борби се регистрирани во Украина во текот на последниот ден, објави денеска на ...
Русија пресретна 19 беспилотни летала што се движеа кон Москва во текот на ноќта на 5-ти и 6-ти мај, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на 6 мај, пренесува Цивилмедиа. Како што пренесува Кијив Индипендент, ова е втора ноќ по ред во која беспилотни летала наводно ја таргетирале престолнината на Русија. Нападите се случуваат само неколку дена пред парадата за Денот на победата во градот и предложеното привремено прекинување на ...