Повеќе од 50 македонски интернет медиуми одлучија да ги напуштат агрегаторите на вести, како „Тајм.мк“ откако вчера на средба зазедоа заеднички став дека добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите, за преземање содржини без надомест, се неприфатливи. Потписниците на овој став и тие што подоцна се придружија бараат да бидат отстранети од агрегирање од денеска, 21. мај. Бројот на интернет медиумите кои се придружуваат кон ...

Јована Тренчевска: Стратешки договор со Велика Британија ни се претставува како нешто што државата до сега го нема видено! ТОЧНО! Нит сме се задолжиле со 6 милијарди евра до сега нит мигранти сме примиле! Ако се додаде таа една милијарда од Унгарија доаѓаме до 7 милијарди евра задолжување. Резултати 0! За граѓаните! За поединци 100% добивка! Цената за овој “стратешки договор” ќе ја плаќаме сите ние! Како што го плаќаме и Унгарскиот кредит. Кај ...

Со скромна, но значајна церемонија, Општина Чаир денес во Паркот „Украина“ ја организираше поставката на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите. Настанот беше реализиран во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, со присуството на амбасадорката г-ѓа Лариса Дир, која ја нагласи важноста на пријателството ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен во општина Чаир и обвини дека се гради дивоградба. Според Данела никаде нема овластени лица од општината која ја предводи градоначалникот Висар Ганиу. „Во општина Чаир, спротивно на закон си почнале нова дивоградба. За жал до моментов не реагира МВР. Го повикуваме министерот Панче Тошковски да реагира, но и Стојанче Ангелов да ги види овие необезбедениве дупки. Да се излезат на лице ...

Бранимир Јовановиќ: Колку се проблематични ваквите проекти, најдобро се гледа од унгарскиот заем. И него го најавуваа помпезно уште пред да стапат на власт, ги криеја деталите од очите на јавноста, не консултираа ни професори, ни невладини, ни никој во процесот. И сега, една година откако беше најавен заемот, не гледаме ама баш ништо од него. Тоа мислам дека ќе се случи и сега. Ќе се тресе гората неколку месеци, а нема ни глувче да се роди. ...

Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде што жителите беа заробени на покриви, јавија денеска локалните медиуми. Меѓу најтешко погодените се градот Тари во винскиот регион Хантер Вали и градот Вингам на средниот северен брег, пренесе ДПА. Австралиската телевизија Еј-Би-Си информира за „поплави на невидени нивоа“, опишувајќи ...

Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование за денес, во 18:30 часот, поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на блокадите. „Министерството за образование, кое поради своите постапки е едно од одговорните за прекинот на наставата и блокадата на средните училишта низ цела Србија, се обидува да создаде привид на нормалност со ...

Владата на САД очекува Русија да ги презентира своите услови за постигнување прекин на огнот во Украина, што ќе помогне подобро да се разбере ставот на Москва, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Колку што разбираме, Русите подготвуваат список на услови под кои би биле подготвени за прекин на огнот, што би отворило пат за пошироки преговори. Ги чекаме тие услови – рече тој. Рубио рече дека тоа ќе создаде можности за пошироки ...

За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде: лице кое не е во работен однос; вработено лице; самовработено лице; лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос; студенти; ...

Разговори за меморандум и „можен иден“ мир тешко можат да претставуваат цврста основа врз која брзо би се изградил траен договор. Минатата година Доналд Трамп вети дека ќе го заврши војниот конфликт во Украина за „24 часа“, анализира Би-Би-Си. Минатата недела изјави дека судирот нема да се реши сè додека тој и рускиот претседател Владимир Путин не можат лично да се сретнат и да ги „продискутираат“ работите. Во понеделникот, повторно се случи ...

Заканата за повлекување е класичен потег на преговарач. Но, со оглед на екстремниот скептицизам на администрацијата за помош на Украина, ова можеби не е блеф. Си-Ен-Ен Толку за „силата на личноста“ на Доналд Трамп, која го принудува рускиот претседател Владимир Путин да докаже дека сака да ја заврши војната во Украина. Надуениот телефонски повик на претседателот со неговиот руски колега во понеделникот главно послужи да се истакне колку далеку е ...

Нужно е да се откажуваме не од тоа што го имаме, туку од тоа што сме. Да, да, да! За да го охрабри човекот на смрт, оној што интервенира со мисли, бара од него да се откаже од целокупното материјално богатство. Тоа мора да биде стремежот на Македонија како основа за освојување на новата димензија на постоењето. Бранко Тричковски Како да му дадеме вистински одговор на лажниот дух на жртвувањето. Да го погодиме срцето на нарцистичкото задоволство ...

Во моментов во игра се два плана за Украина. Едниот на Трамп објавен пред еден месец за прекин на огнот, па американско признавање на Крим, укинување на американски санкции кон Русија.., по што реагираше Европа и го направи својот план од 22 точки во наводна соработка со САД. Тој план засега не е објавен, а Путин одби да го прими Стив Виткоф, кој требаше да му го презентира. Можеби европскиот план е поригорозен за Русите. Мирче Адамчевски Смешни ...

Статус кво во мировните напори на Русија и Украина не се промени по разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак. Путин и Трамп вчера имаа телефонски разговор, за време на кој рускиот лидер одби да се согласи на прекин на огнот и наместо тоа ја изјави својата подготвеност да преговара за „меморандум во врска со потенцијален иден мировен ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка. Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете ...

Собранието денеска ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Констатирани се и оставките на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети и Министерството за одбрана Елфет Исмаили. Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа 49-та седница не ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка ...

Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани, кој беше кадар од крилото на Алијанса за Албанците на Аребен Тарвари, соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до ...

Во Шпанија денеска неколку часа беа нарушени телефонските комуникации и интернет врските поради дефект на шпанскиот телекомуникациски оператор „Телефоника“ (Telefonica), што предизвика и проблеми при повикување на итните служби во повеќе региони. – Работите на модернизацијата на мрежата влијаеја на фиксните комуникациски услуги (фиксни телефони и интернет) во некои компании. Службите за итни случаи, до кои се доаѓа со повик на 112 и кои беа ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Телеграм објави дека Русија купува време за да ја продолжи војната. Очигледно е дека Русија се обидува да купи време за продолжување на војната и окупацијата, наведе Зеленски. Тој додаде дека разговарал со претседателот на Финска, Александар Стуб за мировниот процес и оти побарал поголеми меѓународни санкции со цел да се зголеми притисокот врз Русија. Соработуваме со партнерите за да ...

Министрите за надворешни работи и одбрана на земјите-членки на Европската Унија ќе се состанат денес во Брисел, а на состаноците ќе се дискутира за конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и одбранбените капацитети на Унијата. Состанок на министрите за одбрана на ЕУ треба да се одржи наутро, додека состанок на министрите за надворешни работи ќе се одржи попладне. Шефовите на дипломатиите ќе разговараат за 17-тиот пакет санкции на ЕУ ...

Јована Тренчевска: Се рушел правниот поредок со предлог законот за настраданите од Кочани! Лефков ќе го нема 2 месеци во јавноста и ќе излезе подучен од Белата палата со ваква небулоза. Абе преслушај се уште еднаш, верувам ќе се засрамиш од вакви изјави! Која бедотија! Законски решенија за вакви трагедии секаде во свет има. И затоа е законодавството! Во случај на вакви трагедии да може да се интервенира. Да се забрзат постапките и да се излезе ...

Спорерд рускиот претседател Русија останува на ставот дека е потребно да се прекинат непријателствата, но истакна дека привремено прекинување на огнот е можно само ако се постигнат соодветни договори. Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денес разговараа телефонски околу два часа за војната во Украина, а поконкретно, за постигнувањето мир. Путин изјавил дека разговорот со Трамп бил „искрен и значаен“, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Русија и Украина „веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот“, по неговиот разговор со Владимир Путин. Не е јасно како ова се разликува од преговорите што веќе започнаа во Турција во петокот меѓу украинската и руската делегација. Ватикан, претставен од Папата, изјави дека би бил многу заинтересиран да биде домаќин на преговорите. Нека започне процесот!, објави тој на Truth Social, со тон ...

Русија е подготвена да работи на меморандум со Украина, вклучително и прекин на огнот, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата прва реакција по двочасовниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Хина. Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп заврши пред малку. Рускиот претседател разговорот го опиша како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесуваат руските агенции. Путин наводно му се ...

Зеленски на Фејсбук објави дека одржал состанок посветен на дипломатските напори за завршување на војната и воспоставување мир. Министерот за одбрана Рустем Умеров информираше за работата на украинската делегација и преговарачкиот процес во Турција. Според Зеленски, „средбите на 15 и 16 мај му ја покажаа на светот нашата посветеност на унапредување на мирот и во исто време, неопходноста да се изврши притисок врз Русија за да се запре војната“. ...

Владимир Путин и Доналд Трамп разговараат преку шифрирани, безбедни линии. Преведувачите учествуваат во разговорот – Путин користи руски, иако зборува англиски, но преговара на својот јазик. Тие не користеле видеоконференциски повици во претходните контакти. По инаугурацијата на Трамп, првиот јавно објавен телефонски разговор меѓу Трамп и Путин се одржа на 12 февруари. Тие повторно разговараа на 18. март. Според Кремљ, разговорот траел околу два ...

Тито Беличанец: Од објснувањето на вицепремиерот Николовски на ТВ Сител го разбрав следното: Земјава ќе зема кредит преку Агенција за извозно финансирање која ќе биде гарант пред комерцијалните банки во Британија. По кој основ и врз кои услови Агенцијата ќе ја преземе гаранцијата, тој не соопшти. И при тоа укажа на два моменти кои ги нарече уникатни. Според првиот “уникатен момент”, Владата ќе добие каматната стапка (за која сеуште преговара) ...

Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти исто така во добра состојба, во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во Турција се двајца пациенти префрлени на одделение, на кои редовно им се прават преврски, соопшти денеска заменик-министерот за ...

Косовските пратеници денеска не изгласаа формирање на Изборна комисија за тајното гласање за претседател и потпретседатели на косовскиот Парламент. Пратениците од поранешните опозициски партии не предложија членови за Изборната комисија, а не гласаа ниту за составот на Комисијата, што доведе до прекин на седницата. Косовското Собрание не е конституирано ниту по 18-тиот обид, по парламентарните избори одржани на 9 февруари. За формирањето на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
74%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
81%
1019
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.89
88%
1021
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
1.54
89%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.14
79%
1015
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
92%
1021
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.89
78%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
82%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60463

Currency

1.26793