
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Армијата на Република Македонија и нејзината оперативна подготвеност. Денеска се согласивме да и обезбедиме на Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија, изјави во врска со одлуката високата претставничка за ...
Ќенан Алиу: Би немало оправдување премиерот да ја отстрани Алијансата од владата. Од друга страна, тоа ќе зависи и од самата партија Алијанса за Албанците во врска со тоа дали ќе им биде згодно да поднесат оставки без никаква причина. Мислам дека само со задржување на Алијанса за Албанците во владата, премиерот политички би ја оневозможил изборната кохабитација со опозициската ДУИ. Спротивно на тоа, изборната кохабитација може да ја наметне на ...
Борче Трајковски: Го повикувам јавното обвинителство да направи темелна истрага во редовите на ДПМНЕ за нивната вмешаност во разбојништвото во домот на пратеникот Фатмир Битиќи. Сомнежот за нивна директна вмешаност според мене е оправдан. Како едвај да чекаа да се случи ова, за да почнат да ги поставуваат најглупите прашања, како например: Од каде му се толку пари, од каде толкав накит, од каде скапи рачни часовници, зошто во сефот чувал и ...
Три лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а осум беа ранети во рускиот напад врз украинскиот град Павлоград во вторникот, објави регионалниот гувернер на регионот Дњепропетровск, Сергеј Лисак. Агресорот повторно изврши масовен напад врз регионот со беспилотни летала, напиша Лисак на Телеграм, додавајќи дека 11 беспилотни летала се уништени во областа. Регионалниот гувернер, исто така, посочи дека шестмина од повредените се хоспитализирани, додека ...
Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, изјави за Би-Би-Си дека Украина можеби ќе мора да отстапи дел од територијата како дел од мировниот договор со Русија, поради зголемениот притисок од претседателот Доналд Трамп да прифати територијални отстапки. Едно од сценаријата е да се отстапи територија. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение, привремено, рече тој, според Би-Би-Си. Но, 53-годишниот поранешен шампион ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повикувајќи се на извештај на Врховниот командант на украинската армија, Александар Сирски, утринава изјави дека руските сили се обидуваат да ги искористат воздушните напади како параван за засилени копнени напади, но дека овие напади биле одбиени. Русите, всушност, се обидоа да извршат копнени напади под покритие на нивните масовни воздушни напади, рече Зеленски на Телеграм. Тој додаде дека додека ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп и високи членови на американската администрација во Вашингтон, изјави дека Русија останува долгорочна закана за Алијансата, пренесе ДПА. -Сите се согласуваме во Алијансата дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО – за целата евроатлантска територија, изјави Руте по состанокот во Белата куќа. Запрашан за можноста за мировен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина претставува „многу голема отстапка“ од страна на Москва, јави ДПА. Зборувајќи на состанокот во Белата куќа со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, Трамп беше прашан од новинар какви отстапки понудила Русија за да се постигне мировен договор со Киев. Трамп одговори: Запирање на војната, запирање на преземањето на целата земја. ...
Зоран Иванов Не сум одамна во пристојно капацитетна редакција па не можам ревносно да проверам но … Но ако е точно ова што се врти по соцејалниве мрежи, ева де ова подолу во наводите: “Панче ли ќе го менува системот,? Во Велес му ја апси конкуренцијата на татко му Ташко кој во 2013 година е ОСУДЕН за измама на 8 лица, ветувајќи им дека за одреден паричен надомест (од 3.000-4.000 евра) ќе им обезбеди инвалидска пензија…”, тогаш, … Тогаш Панче, ...
Студентско пленумско движење утре организира мирен собир на платото на УКИМ. Собирот го најавија во 17 часот, во 17:30 часот планирано е да се упатат кон Основниот кривичен суд, а таму да одржат 62-минутен молк. Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во Пулс одземаа цела генерација младост на еден град. Пролетта во него пристигна завиена во црно. Ве повикуваме во петок, на 25.4.2025 година на мирен ...
„Донесов одлука за суспендирање на сите исплати на буџетски средства за финансирање на партиите СНСД и Обединета Српска, изјави денеска високиот претставник во Босна и Херцеговина“, Кристијан Шмит. Тој додаде дека сите буџетски средства за финансирање на овие партии на сите нивоа на власт во БиХ ќе бидат суспендирани и пренасочени на посебна сметка во Централната банка на БиХ. „Оваа одлука ги поддржува напорите на институциите на БиХ да се ...
Јавното обвинителство доставило предлог за мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, во рамки на предметот „Адитив“. Како што соопштуваат од Основен Кривичен суд Скопје, во моментов Димитровска се наоѓа во Судот и треба да биде изведена пред судија на претходна постапка. Оттаму најавуваат дополнителни информации за решение по предлогот. Од обвинителството за гонење на ...
Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно да го признае правото на Украина да има свои вооружени сили и одбранбена индустрија како дел од мировниот предлог, пишува денеска Блумберг, повикувајќи се на свои извори. Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф се очекува да го покрене ова прашање на следната средба со рускиот претседател Владимир Путин, според изворите, кои зборуваа за Блумберг под услов на ...
Сабина Факиќ: Речиси и да нема кривична пријава за висок функционер, а таа да не е поврзана со јавните набавки. Со измени на Законот за јавни набавки неодамна се укина управната контрола на тендерите. ДКСК зезема крајно загрижувачки став и иницира ограничување на јавен пристап до документи за јавните набавки. Пораката е крајно негативна и потврдува отуство на намера за ефикасна борба против корупцијата. ДКСК треба да го штити јавниот интерес, а ...
Американската сојузна држава Калифорнија се искачи на четврто место на глобалната ранг-листа според номинален бруто-домашен производ (БДП) и ја надмина Јапонија, соопшти администрацијата на гувернерот Гевин Њусом. Според најновите податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Бирото за економска анализа на САД, БДП на Калифорнија достигнал 4,1 трилиони долари, што е повеќе од јапонските 4,02 трилиони. Со тоа, американската сојузна држава се ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп на мрежата „Трут соушл“ (Truth Social) го повика рускиот претседател да запре со нападите врз Киев. Не сум задоволен со руските напади врз Киев. Непотребни се и се во многу лош момент. Владимир, ЗАПРИ! Неделно гинат по 5.000 војници. Да го завршиме мировниот договор!, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Русија утрово го нападна Киев со голем број дронови и ракети. Според украинските власти Русија истрелала ...
Многу жители на Истанбул ноќта ја минаа на отворено, плашејќи се да се вратат во своите домови, по силниот земјотрес и над 180 последователни потреси, јавија американските медиуми. Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што вчера погоди област на 40 километри југозападно од Истанбул, најмалку 236 лица добија помош поради повредите што ги добиле кога се обиделе да скокнат од згради или поради напади на паника. Повеќето ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август треба да се распишат локалните избори. Информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период. Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се ...
Во Белата куќа се водат внатрешни дискусии за можното укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучувајќи го и гасоводот Северен тек 2, како дел од напорите за постигнување мир во Украина, дознава американски Политико од извори запознаени со ситуацијата. Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф ја предводи иницијативата за олеснување на санкциите, додека државниот секретар Марко Рубио и секретарот за ...
Гром вчера попладне погодил едно лице од прилепското село Мажучиште, по што било пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп каде била констатирана неговата смрт, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17:39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, Општина ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има договор и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за решавање на војната во Украина. Сепак, Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека договорот со Зеленски е „оставен да виси во воздух“, велејќи дека со Зеленски е „потежок за преговарање“ од Путин, објави Ројтерс. Американскиот претседател рече дека може да се сретне со Путин ...
Во масовниот руски напад врз Кијив во текот на ноќта загинаа девет лица, 63 беа повредени, а 42 лица беа хоспитализирани, меѓу кои шест деца, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина. Во нападот се оштетени станбени згради, а потрагата по луѓе под урнатините е во тек, објави Укринформ. Пријавени се пожари во гаражи, административни и деловни згради, а изгорени се и автомобили и сува трева поради паѓање на запалив отпад. Противпожарните ...
Џабир Дерала: Судството мора да биде ослободено од упад на власата и не треба таа да го користи како инструмент за нејзиното владеење, како оружје против непријатели, медиуми, универзитети и политички противници. Мислам дека тие 100 дена се индикатор како таа власт ќе владее до крајот на својот мандат и мислам дека се важни. Правосудството е во тешка состојба. Под силно влијание е како на политички структури така и на бизнисот. Тие имаат ...
Во источно Сараево владее опсадна атмосфера. Вооружени специјалци на министерството за внатрешни работи на Република Српска и припадници на личното обезбедување на Милорад Додик го чуваат претседателот на ентитетот откако припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина се обиделе да го уапсат. Припадниците на СИПА претходно вечера пристигнале во Административниот центар на владата на РС, каде што се наоѓал ...
Тони Михајловски: Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да серете врз нив. За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” з.ц. Авторот на цитатот добро познат на “војводите”. А еве ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп изјави дека постигнувањето договор е „многу блиску“, но остро го критикуваше Зеленски поради неговите изјави за Крим, предупредувајќи дека Украина ризикува да ја „изгуби целата ...
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами, изјави дека денешните разговори со украинските претставници во Лондон биле „многу корисни“ и дека се одржале во „критичен момент за нашата безбедност“. Заедно со САД, Украина и европските сојузници работиме интензивно на завршување на војната и постигнување праведен и траен мир, изјави Лами. На состанокот учествуваа и британскиот министер за одбрана Џон Хили, украинскиот министер ...
Секој мировен договор меѓу Русија и Украина мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина, соопшти денеска Елисејската палата. Територијалниот интегритет на Украина и нејзините европски стремежи се цврсти барања на Европејците, изјавија од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, како реакција на изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека „двете страни ќе мора да се откажат од дел од териториите кои ...
Во Лондон почнаа разговори помеѓу Велика Британија, САД, Украина, Франција и Германија за мировниот план за завршување на војната во Украина. Состанокот првично беше најавен како собир на министрите за надворешни работи, но наместо тоа, разговорите ги водат советници за национална безбедност од Велика Британија, Франција и Германија, заедно со претставници од САД и Украина. Британските министри за надворешни работи и за одбрана, Дејвид Лами и ...
Во Истанбул, 151 лице се лекуваат поради повредите по денешните земјотреси, напиша канцеларијата на гувернерот на „X“. Тие „скокнаа од височина во паника“, напиша канцеларијата, додавајќи дека никој не е во животна опасност. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, исто така на „Х“, напиша дека во моментов нема информации за жртви. Засега не е забележана значителна материјална штета. Градот од пладне постојано го тресеа потреси, од кои ...