
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Прес конференција на министерот Панче Тошковски. Тој информираше дека во дискотеката имало околу 500 лица од кои загинати 59, а повредени 162. Извршена обдукција на 15 лица. Од извршен разговор со член на групата ДНК утврдено е дека прскалките во дискотеката ги донел бендот. Министерот рече дека распишаната потерница за 4 лица е повлечена. Во полициска станица во СВР Тетово и СВР Скопје приведени се 5 лица, меѓу кои и поранешен министер. ...
Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков пред новинарите во селото Дамјаница, општина Сандански, јави БТА. Жељазков уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во ...
Директорот на Судска медицина Александар Станков кажа дека интензивно работат на обдукција и идентификација на телата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани. Работиме интензивно на процесот на идентификација и на утврдување на причините за смртта, со цел да ја завршиме работата што е можно побрзо за да може роднините што поскоро да ги преземат посмртните останки од нивните блиски, рече Станков. Тој кажа дека работат во тимови заедно ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска. Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на ...
Тројца критично повредени во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани синоќа беа пренесени во Турција со медицински авион на турското Министерство за здравство. Авионот слета на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, каде што повредените беа префрлени во центарот за изгореници при болницата „Башакшехир Чам и Сакура“ за понатамошен третман, јави Анадолија. Како одговор на итното барање на македонските власти, Турција испрати два медицински ...
Во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство. Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала. Во тек се рочишта за определување притвори ...
По трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија над 59 лица, а над 100 се хоспитализирани, на социјалните мрежи се шири повик за протест. Протестот е закажан во 13 часот во Градскиот парк во Кочани . Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за град без партиски вработувања, за институции кои функционираат, за полиција која е тука за нас, за инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори кои ...
Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително. Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за ...
Зоран Иванов Кога стана министер времен се однесуваше како палав арлекин. Тогаш напишав, има текст по архивите, дека изигрува арлеркин, забвувач на јавниоста. Еве, не сум погрешил. Дечкото актуелен министер за Внатрешни работи да си даде оставка. Ако има малку доблест, тоа треба да го стори веднаш. Има таму во МВР професионалци да си ја туркаат работата. Има и поумни, поскромни, поспособни и поинвентивни професионалци. И за утврдување на факти и ...
Вонредна прес конференција на Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ. Прес конференцијата започна со минута молк за жртвите од трагедијата во Кочани. Чупеска изрази длабоко сочуство на семејставата и блиските на жртвите и посака брзо закрепнување на повредените. Денеска на овој трагичен ден како одговорна партија сепак оставивме институциите да ја вршат работата без да ги попречуваме со политичко дневни препукувања. Денеска немавме намера да ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вечерва е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Ова го потврдуваат од МВР за МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица. Дел од ...
Љубомир Костовски: Или на Марина Доковска ѝ се запали некоја алармна светилка во студиото и таа се исплаши дека поминала некоја црвена линија што ја поставиле оние кои овој сервис (што треба да ѝ служи на јавноста) го сметаат за приватен, односно партиски билтен!? Треба тој прес на Чупеска сега во штабот на Тошковски да се преработи, обработи, да се најде одговор на она што евентуално ќе се пушти од СДСМ, ама во истиот миг да се одговори на ...
Во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, брифираа грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите извори, по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, „со координирани активности на Министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и ...
За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат. – Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 ...
МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и ...
Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење со што им оддаде почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Донесе одлука за прогласување седумдневна жалост на територија на целата држава, а во МНР ќе биде отворена книга на жалост. Исто така, на владината седница е донесена одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ...
Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски “, Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на ...
Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, како и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која во бендот беше придружен вокал. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев. На социјалните медиуми колегите се простуваат од ...
Српската Влада денешната седница ја почна со едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани. Владата на Србија го прифати предлогот на премиерот Милош Вучевиќ на денешната седница, на која присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на дневниот ред да има две точки – информации за актуелната политичко-безбедносна ситуација во Србија и регионот и прогласување ден на жалост за вторник, 18 март, поради трагедијата во Северна Македонија. ...
Преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин, Папата Франциск упати порака на сочувство по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе. Папата изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов. Тој исто така увери дека сеќавањето на ...
По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во ...
Во тек се подгортовките. Засег тројца малади со изгореници че се лекуват во Грција. Во тек е организирање и тријажирање, велат од Кризниот штаб. Тројца млади со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос. Според Јанакос, солунската болница ...
Министерот за здравство Арбен Таравари во својата последна изјава најави дека 18 до 20 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани е можно да се лекуваат во странство. Тој појасни дека здравствените власти добиле понуди за лекување од неколку држави, а тим на анестезиолози ќе одлучи каде ќе бидат транспортирани пациентите. Најверојатно ќе се лекуваат во Бугарија, Грција, Србија. Добивме повици од Албанија, Холандија…, рече Таравари. Според ...
Распишана е централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип. Како што изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, според податоците до 12 часот во пожарот се повредени 155 лица, кои се хоспитлизирани во ...
Зоран Иванов Само ние. Ние кротките, заблудени и смотани македонски граѓани кои, децении веќе, наместо европски стандарди подлегнуваме на политички измами и на лажни патриотизми зад кои, всушност, блика корупцијата која ни ги изгоре децата. Само ние. Ние сме виновни. Институциите се виновни. Сите. Од првата до последната. Владите се виновни. Од првата до оваа сегашнава. Сите. Тендерите и корупцијата се виновни. Јавашлук и грамзливоста се ...
Обраќање на Панче Тошковски. Тој соопшти дека се извршени разговори со 10 повредени лица и со еден член од групата која настапувала вечерта ДНК. Тошковски рече дека е распишана потерница за 4 лица, кои се тие лица не можеше да каже. Работиме интезивно со сите сили со кои располагаме, вклучени се сите кои имаат врска во процес на контрола и дејства кои можеме да ги преземеме. Прашан за сертификат на дискотеката за управување со пиротехнички ...
Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен изјави за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот, по пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше бендот. -Не знаеме ништо хаос е точни е дека Панчо е на кислородна поддршка со изгореници по раце и лице, но е свесен, меѓутоа се останато не е точно, изјави Спасоски Тој не можеше дакаже во каква ...
Џабир Дерала: Ова е ужасен, црн, трагичен потсетник за сите родители, чии деца секојдневно се изложуваат на ризици поради отсуството на грижа за безбедноста и превенцијата. Милионски се профитите на газдите на клубовите и дискотеките. Кога би вложиле дел од својот мрсен профит во безбедност и превенција – трагедијата во Кочани немаше да се случи. Милионски се буџетите и на институциите чија задача е да се грижат за безбедноста на луѓето. Да ...
Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Северна Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени. „(Премиерот) Милош Вучевиќ и претседателот (на Србија) Александар Вучиќ утрово разговараа за трагедијата во Кочани во Северна Македонија, каде што голем број граѓани загинаа во пожар во ...
о моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. На Детска хирургија има четири хоспитализирани пациенти, на ...