Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во моментов нема конкретни информации за тоа со какви предлози Русија ќе настапи на најавените преговори што треба да се одржат во Истанбул во понеделник. Ние не располагаме со тие информации, ниту пак ги има Турција, САД или другите наши партнери. Засега, не делува како нешто сериозно, истакна Зеленски. Тој појасни дека за ова прашање разговарал во петокот со турскиот претседател Реџеп ...

Венко Филипче: Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие. Единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност. Македонија не смее да биде изолирана , мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од НАТО и да станеме дел од ЕУ. Ние таму припаѓаме, меѓу развиените земји. СДСМ е единствениот гарант за ...

Во израелските напади, во изминатите 24 часа, во Појасот Газа загинаа најмалку 60 луѓе во Појасот Газа, соопштија палестинските власти. Министерството за здравство во палестинската енклава наведе дека во израелските воздушни напади повредени се 284 лица. Во соопштението на Министерството за здравство се посочува дека во денешниот биланс на жртви не се регистрирани загинатите и повредените луѓе во северниот дел на Појасот Газа, бидејќи пристапот ...

Данела Арсовска попладнево поднесе кривичнa пријавa и докази во врска со дивоградбите во Чаир за кои алармира деновиве, откако претходно Обвинителството соопшти дека повело постапка и ја повика скопската градоначалничка, доколку има докази, да ги донесе во Обвинителството. По службена должност прибавивме докази, најдовме фалсификати. Наместо да ги руши дивоградбите, градоначалникот на Чаир се обидува да ги легализира, вели Арсовска. Според неа, ...

Бројот на повредени лица во украинскиот напад врз областите Лжовски и Рилски во Курската област се зголеми на 14, објави вршителот на должноста регионален гувернер Александар Хинштајн на Телеграм. За жал, во округот Љгов, уште две деца беа повредени во ноќниот напад: тие имаат повреди од експлозија на мина и нивната состојба е опишана како средна, додаде тој. Состојбата на шесте повредени во Риљска е „умерена“, вклучувајќи двајца малолетници, ...

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија. Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да ...

Семејствата на починатите во пожарот во Кочани, денеска со почеток од 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“. Маршот ќе се реализира на вообичаената маршрута во Кочани, односно од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар до пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани. Во пишаното известување од семејствата на починатите стои дека маршот истовремено ќе биде посветен и ...

Денеска на пладне, пред резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан во Кривидол, ќе се одржи собир под мотото „Гласот на народот – глас на Бога“. Протестот, според организаторите, е поттикнат од начинот на избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верници на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, но и ...

Мене ќе ме утепаат. Градоначалник на главен град да е мета на закани четири години и никој да не превземе ништо, можам да кажам дека не заслужуваме државата. Градоначалник на главен град да пријавува криминал и наместо да постапат органите на прогонот тие да ги заштитуваат криминалците и да ги гонат пријавителите, можам слободно да констатирам дека не заслужуваме држава. После ова што го слушнав, можеме слободно да се самораспуштиме како ...

Мирослава Симоновска: Данела Арсовска во интервјуто кај Билјана Секуловска заплака кога зборуваше за заканите кон неа и тоа зборуваше за закани со убиство. Јас како квалификуван емпат, знам точно што значи тоа психички да бидеш тортуриран зашто си му влегол на некого во мега-криминалот и од таа гледна точка сум сигурна дека Данела не лаже дека има закани по животот. Не глуми. Не драми. Особено што нејзиното единствено орудие за да се брани од ...

Здравко Чолиќ: Јас не живеам материјалистички за да грабам богатство. За мене социјалистичкиот модел беше доволен за пристоен живот. Немаше голем материјален просперитет, но имаше социјален мир. Не е носталгија, ама кога се споредуваат минатото со денешниот ден, ми се чини дека некогаш имаше повеќе социјална правда. Во денешно време животот е построг, не може секој да се справува со овие услови и жалам за тоа. Свесен сум дека живееме во други ...

Данела Арсовска: Немате минимум достоинство да признаете дека сте неспособни и исплашени од криминалците на ВЛЕН кои ви се во Влада. Денес, наместо да го приведете Висар Ганиу и Изет Меџити за 150 дивоградби и криминал со милионски суми, вие се одмаздувате на Раководителот на сектор Ивана која вчера ја објавив како појаснува колкава опасност се предизвикува со ВАШИТЕ ДИВОГРАДБИ И КРИМИНАЛИ! Што ви смета Ивана? Тоа што ви кажа дека сте довеле ...

Во Кочани утре ќе се одржи осмиот „Марш за ангелите“. Како и секоја сабота, така и утре маршот ќе почне во 16:05. Семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“, кои го организираат маршот, истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат и нивните блиски, роднини и пријатели да се придружат. -Наша цел е јавноста да знае дека за правдата на нашите деца ќе се бориме до крај и нема да ...

Тито Петковски: Не ми се верува дека премиерот на македонската влада ги повикува владеачките и опозициските партии, да лобираат во Европскиот парламент,за да биде донесена “Резолуцијата со која ќе се признае македонскиот јазик и македонскиот идентитет.” А да прашам, што ќе се случи доколку Резолуцијата не се изгласа?Веќе нема да постои македонскиот јазик и македонски идентитет? Или можеби не сте разбрале за што станува збор?Прашајте уште еднаш ...

Тито Беличанец: „И јас сакам да ги продолжиме преговорите за влез во ЕУ. И јас сакам на етничките Македонци во Грција и Бугарија да им се признаат правата според Копенхагеншките и другите меѓународни критериуми. Ама јас сум само граѓанин на Македонија и можам овие барања јавно да ги поставувам и да не дојдам во судир со член 49 став од Уставот. Но Мицковски, не е обичен граѓанин туку Претседател на Владата и има обврска од членот 49, ставот 1 да ...

Бранко Тричковски: Ако Европскиот парламент усвои Резолуција за македонскиот јазик и идентитет, тоа ќе значи дека Македонците се резолуциска творба. Порано бевме коминтерновска нација, сега ќе бидеме парламентарно лиценцирана формација на балкански идиоти. Не само Бугарија, туку целата Европска унија ќе мора да се запраша: што ќе им е во членство таква бесвесност за себе. А тоа што сдсм се навлече на таа вмровска парада на националната ...

Претставникот на САД во Обединетите нации му порача на Советот за безбедност на ОН дека договорот што сега се нуди за завршување на војната во Украина е најдобриот можен исход за Русија и дека претседателот Владимир Путин треба да го прифати. Продолжувањето на војната не е во ничиј интерес, изјави Џон Кели, вршител на должноста заменик-претставник на САД во ОН, предупредувајќи дека САД би можеле „да размислат за повлекување“ од своите ...

Ова од насловот го покажува евробарометарот на Европската Комисија кој во Македонија опфаќа 1018 испитаници во периодот март-април годинава. Додека 9 проценти од граѓаните на земјите од Европската Унија криминалот го гледаат како најголем проблем со кој се соочува државата, во Македонија процентот е 36 или за четири пати поголем од ЕУ. Идентичен е и процентот на граѓани кои ја гледаат инфлацијата како најголем проблем, слично како просекот на ...

Стево Пендаровски: Владата најави стратешки договор со Обединетото Кралство, но досега видовме само меморандум за соработка. Во она што го видовме, нема ништо стратешко.Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле. И според таа содржина генерална, не станува ...

Студентите во блокада најавија за попладнево во Белград протест под мотото „Сакаме избори“. Протестот ќе почне во 16.30 часот со собирање во центарот на главниот град на Србија, ќе се протестира пред Високото јавно обвителство и ќе заврши околу 20 часот пред зградата на Владата. Текстот со кој студентите бараат распишување вонредни парламентарни избори ќе биде прочитан во 19:45 часот, по што ќе следат говори што ќе го означат крајот на ...

Руската војска изврши голем напад со дронови врз источниот украински град Харков, соопштија локалните власти рано утрово. Најмалку единаесет лица се повредени во нападот, меѓу кои и двајца тинејџери, напиша воениот гувернер Олех Синехубов на Фејсбук. Нападот, кој вклучуваше најмалку осум борбени дронови, беше насочен кон „општинско претпријатие“, рече градоначалникот Ихор Терехов, без да даде дополнителни детали. Тој додаде дека во просториите ...

На 1. јуни цела Србија ќе биде на нозе, објавија студентите во блокада, најавувајќи протести во бројни градови во државата. Списокот на места за собирање секојдневно се проширува. Се очекува во наредните денови да се приклучат повеќе градови на студентските протести.Со наводи дека „децентрализацијата се вчитува“студентите во блокада објавија список на градови каде, очигледно, ќе протестираат на 1 јуни. Градови каде досега е најавен протест: ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави конкретни внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори. Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши другари и другарки да бидат советници во рамки на четиригодишниот мандат. Тоа е фер и дава можност за ...

Љубомир Костовски: Пред некој ден Мицковски говореше некаде на јавно место, седнат во стол, во една мирна атмосфера и рече дека толку сега биле подготвени за сопирање на пожарите (доаѓа летото демек) што нема да ги изненадат. Да потсетам дека лани ни изгоре меѓу 11 и 14 отсто од целата територија на земјата! Лесно е да се најде толчната бројка ама ситуацијата беше катастрофална. Ден – два потоа, по споменатиот говор на Миџковски најсликаниот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио на која биле разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можност за започнување на процес за потпишување на Договор за слободна трговија. Како што ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати сериозно предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните услуги во Чаир, истакнувајќи дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии. „Сме во 21 век, а се давиме во отпадоци. Чаир е дом за над 60 илјади граѓани кои заслужуваат основни услови за живот“, истакна тој. Ганиу ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на собраниската говорница изјави дека до овој момент се обезбедени 30 милиони денари од страна на Владата за настраданите во Кочани, а досега се исплатени 11,2 милиони денари. Од буџетот на Република Македонија за настраданите во Кочани се обезбедени 30 милиони денари за помош на семејствата и повредените. До овој момент се исплатени 11,2 милони денари за патни трошоци и сместување на ...

Во 2024 година, во споредба со 2023, евидентирано е зголемување на бројот на пријавените полнолетни лица за 15.6 %, кај обвинетите полнолетни лица за 5.3 %, а на осудените за 3.5 %, соопшти Државбиот завод за статистика. Бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во споредба со 2023 година, е зголемен за 15.6 %. Во наведениот период, зголемен е и бројот на обвинетите полнолетни лица за 5.3 %, а на осудените лица за 3.5 %. Во 2024 ...

Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и денеска и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“. ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
6.49
76%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
78%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
81%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.85
78%
1021
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.91
87%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
79%
1015
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.05
76%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
4.47
91%
1021
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
76%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.74
85%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60463

Currency

1.26793