Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
На денешното рочиште во затворот „Идризово“ за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пред судот сведочеа повредени и оштетени лица. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес, известува МИА. Кристијан Панов, невработен млад човек, кој ...
Министерството за внатрешни работи информира за сообраќајните прекршоци што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и за глобите за разни видови прекршоци: Пречекорување на брзината на движење во населено место(дозволена брзина до 50 km на час, по исклучок до 70 km на час со знак): до 10 km на час над дозволеното – 15 евра од 10 до 30 km на час над дозволеното – 50 евра од 30 до 50 km на час над дозволеното – 300 евра и забрана за ...
Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД – јавија денеска американските медиуми. Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува „Еј-би-си“. Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во ...
Најмалку 16 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во силните снежни врнежи што ја парализираа Јапонија – соопштија локалните власти. Меѓу загинатите има маж штопаднал од покрив додека расчистувал снег, како и маж кому му се слошило додека со лопата чистел снег. Најголем број смртни случаи се регистрирани во префектурата Ниигата – 11, како и во префектурата Акита – четири. Уште еден смртен случај е пријавен во префектурата Јамагата. ...
Како дел од протестите на возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, напладне ќе бидат блокирани 15 гранични премини во Србија – Батровци, Шид, Нештин, Бачка Паланка, Богоево, Бездан, Бачки Брег, Келебија, Хоргош, Српска Црња, Ватин, Ѓердап, Градина и Прешево. Камионџиите ги блокираат граничните премини за товар кон земјите од Шенген зоната, поради ограничувањето на престојот во тие земји на 90 дена во период од шест ...
Новите правила за влез во Шенген зоната не решаваат ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Тие ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се пришират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Одговорајќи на новинарско прашање по посетата на „Титан Усје“, ...
Ова предупредување доаѓа навреме и сметам дека февруари и март треба максимално да се искористат и земјите членки на шенген зоната да изнајдат решение – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој на граничниот премин Блаце им даде целосна поддршка на транспортерите кои заедно со нивните колеги од Западен Балкан почнаа седумдневни блокади барајќи решавање на електронската евиденција за престој во шенген ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека американските сили користеле тајно оружје во операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп одговарајќи на прашањето дали САД во Венецуела употребиле оружје со енергетски импулси, тој посочи дека бил користен „Дискомнобулатор“ за да се неутрализира венецуелската опрема. – „Дискомбобулатор“. Немам право да зборувам за тоа – посочи Трамп, ...
Безживотните тела на три жени биле извлечени по гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувнал во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак исчезнати се уште две вработени, а повредени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната смена со 13 вработени во погонот за производство и печење бисквити, при што имало и експлозии, а ...
Сведок кој кобната вечер бил гостин во дискотеката „Пулс” во Кочани, за првпат во судницата во Идризово објасни од лично искуство што се случувало во дискотеката во моментот кога избувнал пожарот – настанало стампедо и се чувствувал мирис на чад, а на скалите пред излезот од притисокот еден пред него паднал, по што сите се струполиле, и следно што се сеќава е како лежел со приклештени нозе и бара помош, пренесе МИА. Сведокот Иван Данаилов, ...
Двајца малолетници синоќа во Радовиш со запалка запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – соопштија денеска од СВР Струмица. -На 25.01.2026 во 20.30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени ...
До денеска вкупно четири пријави пристигнале на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Северна Македонија. Од собраниската прес-служба потврдуваат дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не откриваат детали за тоа кои се подносителите. Рокот за пријавување во согласност со законот истекува денеска на полноќ. Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Северна ...
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија – соопшти АМСМ. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато. Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот ...
Кристијан Панов, невработен млад човек кој повремено работел како келнер во дискотеката „Пулс“, денеска сведочеше за функционирањето на дискотеката и за вечерта на несреќата кога во пожарот загинал и брат му, Андреј Панов. Тој појасни дека не бил формално вработен, туку бил ангажиран директно од сопственикот Дејан Јованов-Деко, а парите секогаш ги добивал во кеш, како што пренесе МИА. – Бев плаќан во износ од 1.500 денари, ги добивавме на ...
Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје – трајно го решаваме проблемот со паркирањето, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Денеска, посочува градоначалникот, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржавме координациски состанок со кој официјално го отпочнуваме процесот за изградба на две монтажни катни ...
Судијката Дијана Груевска-Илиевска пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, повика на ред и дисциплина во судницата порачувајќи дека „без ред, нема судење” и предупреди дека секое нарушување на јавниот ред ќе биде казнето и дека тоа се однесува за сите во постапката, како оштетени, така и обвинети и бранители, пренесе МИА. – Неколкупати досега се случува ...
„Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно, несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога платата за сите вработени е веќе обезбедена. Иако платата на повеќе од 1.700 вработени во „Македонска пошта“ не е исплатена со протестот и 1.700 семејства беа оставени без плата и за најголемите празници, раководството на „Македонска пошта наместо да исплати плата, лиферува лаги и обвинувања кон синдикатите, ...
Интервју со професорот Игор Јанев по повод неговиот нов филозофски пристап и нови дијалектички принципи Метадијалектика (или метадијалектика(и)) претставува концепт на општата филозофија формулиран првенствено од професорот и научник Игор Јанев, кој открива нови дијалектички принципи покрај класичните формулирани во марксистичката и Хегеловата филозофија, проширувајќи ги оние со принципите на општата системска теорија (ГСТ). Токму за неговите ...
Сериозен пад на авторитетот на Макрон Меѓународниот авторитет на францускиот претседател Емануел Макрон доживува сериозен удар. По извештаите од италијанскиот весник „Ил темпо“, папата Лав XIV го одбил Макрон, блокирајќи ја секоја можност за аудиенција во Ватикан – и приватна, и државна. Овој потег доаѓа во време кога Макрон веќе се соочува со повлекување на поддршката од други светски лидери. Според италијанските медиуми, „доверливи извори ...
И косовските Албанци имаат проблем со името, идентитетот и вероисповедта Прашањето за името и идентитетот на Косово станува чувствителна, дури веќе длабоко предизвикувачка тема во косовското општество. Иако Косово денес функционира како „независна држава, признаена од голем дел од меѓународната заедница“, но не според Резолуцијата на ОН 1244, дискусиите за неговото именување и историските корени на мнозинското албанско население, внатре во ...
КОНЦЕРТ НА „ПАРУСИОН“ ВО МКЦ По 22 години континуирано присуство на домашната и регионалната сцена, ансамблот „Парусион“ повторно се враќа во Младинскиот културен центар (МКЦ) со концерт што го надминува поимот жанр. На 28 јануари МКЦ ќе биде простор за авторско фјужн-доживување, каде што музиката не се репродуцира, туку се создава во моментот – низ ритам, колектив и продукција во живо. Во актуелниот состав, „Парусион“ функционира како цврст, ...
„Рождество на Пресвета Богородица“, позната и како „Пресвета Богородица“, претставува православна пештерна црква што со својата мистична архитектура и положба со векови ја чува духовната меморија на преспанскиот крај. Изградено на живописниот остров Мал Град – мал каменест бисер што се издига од сино-зелените води на Преспанско Езеро – ова светилиште е повеќе од храм: тоа е симбол на тишината, возвишеноста и вечната врска меѓу човекот и ...
„Македоника литера“ деновиве објави нова книга за деца на Киро Донев – еколошкиот роман „Приказни од Пизуловата воденица“. Овој еколошки роман, пред сè, им е наменет на децата и младите, чија иднина зависи од нивниот однос кон природата, кон нејзиниот севкупен животински и растителен свет, ама и кон нивната животна околина. Приказната во него е и порака и апел, децата никогаш да не потклекнат пред предизвиците на модерната наука и техника ...
Во издание на „Илика“ излезе екофикцискиот роман „Министерство за иднина“ од етаблираниот писател на научна фантастика Ким Стенли Робинсон, во превод на Игор Раиден. Романот ја истражува можната иднина на светот и создава детална анатомија на надежта за преживување на човекот во идните децении и векови. Занимавајќи се со климатската криза и нејзините општествени и економски последици, отвора прашања за опустошувањето и зачувувањето на нашата ...
Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ ги соопшти добитниците на меѓународната награда „Гоцева мисла“ за 2026 година, која традиционално се доделува во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, и на неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Наградата „Гоцева мисла“ е високо признание што им се доделува на личности што со својот творечки, ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (4) Серијал текстови за кучињата скитници, милениците и за сите љубители на животните, подготвени од Илија Петковски, кој магистрира екологија и животна средина на „Сорбона“ во Париз, излегуваат на викенд-страниците на рубриката Магазин во „Нова Македонија“. Низ текстовите авторот ќе понуди современи хумани решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња и за ...
Одбележан 45-тиот роденден на музичката легенда Тоше Проески Тој не беше само пејач, туку симбол на добрина, мост меѓу генерации и народи, глас што ја надминува границата меѓу земното и небесното. Крушево, со својата историја и својата душа, повторно се претвори во сцена каде што музиката и спомените се споија во едно, создавајќи чувство дека времето за миг застана, а неговата песна продолжи да живее. Во тој храм на љубовта и сеќавањето, ...
Клубот/кафеаната „Русти“ се наоѓа веднаш до Средното градежно училиште во Скопје, а во него се случуваат прекрасни живи свирки, проследени со неверојатна атмосфера и прекрасен амбиент. На една од тие свирки, за време на фестивалот „Котон блуз“, се наоѓаме со музичарот, лидерот на бендот Тони Холидеј. Тој е ѕвезда на вечерта на првиот од четирите дена блуз-свирка. Седи таму на крајот и чека да дојде времето за неговиот настап. Со него се и ...
ФЕЉТОН „ОД МИТРОВДЕН ДО ЃУРЃОВДЕН“ Во историскиот контекст на 1880 година, паралелно со политичките активности на македонската емиграција преку Македонската лига и формирањето на Привремената влада на Гремен-Теќе, во Софија се случува еден поинаков, културолошки пресврт. Ѓорѓија Пулевски, со финансиска помош од своите сонародници, го печати првиот дел од својот учебник наменет за трето одделение. Под сложениот наслов ...
Вооружени лица вчера отворија оган на фудбалско игралиште во централно Мексико убивајќи најмалку 11 лица и ранувајќи 12 – соопштија локалните власти. Нападот се случил во градот Саламанка, на крајот од фудбалскиот натпревар, изјави градоначалникот Сезар Прието – пишуваат американските медиуми. Десет лица загинаа на лице место, а едно подоцна им подлегна на повредите во болница. Градоначалникот потврди дека меѓу ранетите има една жена и едно ...