
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



По 15-минутната средба во базиликата Свети Петар во Ватикан помеѓу украинскиот и американскиот претседател, во пред погребот на папата Франциск, Володимир Зеленски и Доналд Трамп се сретнаа со францускиот претседател и британскиот премиер. – Можам да потврдам дека претседателот (Емануел) Макрон навистина разговараше со Трамп, Зеленски и (Кир) Стармер и оти разговорот беше позитивен – изјави претставник на Елисејската палата. Претходно, Белата ...
Во февруари годинава вкупно се потрошени 692 461 мегават часови електрична енергија, 39.165 милиони нормални кубни метри природен природен гас, 574.134 тони јаглен и 85.541 тони нафтени продукти. Како што објави денеска Државнот завод за статистика, 82,4 проценти од потрошената енергија е од домашни извори, а 99,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија. Вкупната бруто-произведена ...
Како носител на првиот меѓународен патент за лек со додадена вредност – „омепразол“ во течна форма: готов за употреба – „Алкалоид“ беше покровител на Првата меѓународна конференција за современ пристап во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти, организирана во Загреб, Хрватска. Повеќе од 200 здравствени професионалци од областа на педијатријата, гастроентерохепатологијата, нутриционизмот, експерти од фармацијата и од фармакологијата, ...
На националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk од денеска се достапни две нови услуги од основните судови – Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица. Со новата услуга за дигитална потврда за неосудуваност се заокружува пакетот најважни дигитализирани услуги за граѓаните, покрај веќе достапните – изводи од матичните книги, уверение за државјанство, имотен лист и за сопственост ...
Американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски денеска имаа средба во Рим, пред погребот на папата Франциск. Портпаролот на Зеленски ја потврди средбата, додека Белата куќа ја оцени како „многу продуктивна“. Тоа е прва средба помеѓу Трамп и Зеленски по вербалниот судир во Белата куќа во февруари. Трамп претходно изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. – Само што слетав во Рим. Добар ден за ...
ЕВОЛУЦИЈА НА САЈБЕР-НАПАДИТЕ Минијатурните чипови имплантирани кај домашните миленици или прикачени на нивните каивчиња станаа стандард во идентификацијата на животните. Тие складираат информации како што се идентификациски број на домашното милениче, контакт-информации за сопственикот, па дури и историја на вакцинација. Брзо скенирање кај ветеринарот и изгубеното милениче може да му се врати на сопственикот, бидејќи ветеринарот гледа сè што ...
Штип Штип наскоро ќе добие центар за рехабилитација на лица со посебни потреби, најавуваат од општината. Според градоначалникот Иван Јорданов, центарот ќе биде сместен во дел од зградата на средното текстилно училиште и во него ќе се грижат за децата и повозрасните лица со посебни потреби, со цел да се обезбеди нивно работно ангажирање и интеграција на пазарот на трудот. – Одвоени се повеќе од 10 милиони денари за изградба и функционирање на ...
Откако претходно целосно беше реконструирана спортската сала „Јанчица“, започна целосната реконструкција на спортските терени кај Правниот факултет – Кичево, кои пред повеќе децении беа изградени од страна на тогашната ЈНА, за потоа да бидат препуштени на забот на времето, а во последниве неколку години да се претворат во простор за паркирање возила на лицата што престојуваат во блиските локали или на факултетот. Средствата за оваа намена ги ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. Тој по пристигнувањето во Рим, каде ќе присуствува на погребот на папата Франциск, наведе дека е време Русија и Украина да седнат на маса. – Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата – истакна Трамп. ...
Во вториот по големина град во Србија, денеска ќе се одржи протест на средношколците против онлајн-наставата. Ним им се придружија од синоќа нивни врсници од неколку градови во државата кои пристигнаа пеш или на велосипеди, јави дописникот на МИА од Белград. Неколку илјади средношколци од цела Србија се собраа синоќа пред железничката станица во Нови Сад, каде што им оддадоа почит на жртвите кои загинаа на тоа место на 1 ноември лани откако се ...
Новиот закон за енергетика кој го помина првото читање во Собранието е документ што ќе го обликува енергетскиот сектор на Македонија во следните децении, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. -Не добивме забелешки за новиот закон за енергетика, но ќе има многу придобивки од законот кој требаше да биде донесен кон крајот на 2023 година. Напорно работевме и го направивме овој закон кој има 317 ...
Астрономите открија шокантни докази дека една од нашите најблиски галаксии била разбиена на парчиња од својот сосед. Сместен на околу 200.000 светлосни години од Земјата, Малиот Магеланов Облак (ЛМЦ) е џуџеста галаксија што, заедно со својот сосед Големиот Магеланов Облак (СМЦ), е гравитациски врзана за нашиот Млечен Пат. Две сателитски галаксии орбитираат до нашата и за неколку милијарди години ќе се судрат и ќе се спојат со Млечниот Пат. Но ...
Објавена повеќејазичната збирка „Бибер 06“, која ги содржи најдобрите 24 раскази избрани од вкупно 490 пристигнати на шестиот регионален конкурс „Бибер“. Жирито во состав: Алмин Каплан, Јасна Димитријевиќ и Тања Ступар Трифуновиќ имаше задача да ги селектира најквалитетните дела што се занимаваат со темата на помирувањето во контекст на наследството од војните и насилствата во земјите од поранешна Југославија. Меѓу авторите од различни земји од ...
Токму во ваква атмосфера, во време на силен отпор против грчката духовна и османлиската политичка власт, дејствувала снаата на Тасе Миладинов. Колку што е познато, со Зафир Миладинов (1864-1918) имале три сина. Современиците на Ана Миладинова, односно Зафирица истакнувале дека станувало збор за силна и храбра жена, наведувајќи дека таа „беше голема патриотка и идеалистка“. Куќата на Зафир и Ана имала неколку тајни влеза и излеза, што ја чинела ...
Изложбата комбинира писма напишани на машина за пишување и серија цртежи во голем формат, кои создаваат асоцијативен морски пејзаж, евоцирајќи битовo сликарство Францускиот институт во Скопје организира изложба и уметничка средба насловена „Никогаш незаљубен“, која ќе се одржи в понеделник, во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје. Автор на изложбата е уметникот Дарко Алексовски, а куратор е Мелоди Робин. Настанот ќе биде проследен со ...
Директорот на Австрискиот културен форум во Њујорк во МСУ-Скопје Кристоф Тун-Хоенштајн, директорот на Австрискиот културен форум во Њујорк (1999-2007 год.) и генерален директор за меѓународни културни односи при австриското Министерство за надворешни работи (2022-2025 година), ќе одржи предавање в понеделник (28 април), со почеток во 19 часот, во МСУ-Скопје. Музејот на современата уметност – Скопје, во рамките на Интердисциплинарната програма, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане со Русија“, истакнувајќи оти полуостровот и припаѓа на Украина. – Нашиот став е непроменет: само украинскиот народ има право да одлучи кои територии ѝ припаѓаат на Украина. Според Уставот на Украина сите привремено окупирани територии … ѝ припаѓаат на Украина, на украинскиот народ – наведе Зеленски. Тој додаде ...
По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим. Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април. Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот на папата. Меѓу нив ќе бидат шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, ...
Мозокот е нашата фабрика за мисли што е активна 24 часа на ден, а наедно е и најголемиот потрошувач на кислород. Важно е што јадеме за да обезбедиме да ги добиеме најдобрите хранливи материи и да ги зголемиме концентрацијата, меморијата и доброто расположение. Додека се препорачува чаша црвено вино, премногу алкохол има големо деструктивно влијание врз функцијата на мозокот. Шеќерот е енергетско гориво за мозокот, но тоа не важи за ...
Франциск Први во името Господово ни го покажуваше неговиот свет пат. Амин! Франциск дојде во Македонија, бидејќи и апостол Павле го направи тоа. Сиромасите од Македонија најмногу даваат за црквата, рече Павле, та затоа ја добија љубовта Божја Тмурно со тежина на стишеност од нешто што се мора, кардиналот Кевин Фарел изрече: „Најдраги браќа и сестри, со длабока жалост јас ви ја најавувам смртта на Светиот Отец“. Мирно, тивко и достоинствено ...
Почина повредениот во престрелката што попладнево се случи во близина на полициската станица на Бит Пазар, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МИА. -Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите – посочуваат од МВР. Како што претходно информираа од полицијата, денеска околу 14 часот на улицата „Војдан Чернодрински“ на Бит Пазар се случило пукање од огнено оружје. ...
Македонија е неформален светски лидер според почитувањето и унапредувањето на малцинските права. А Уставот и законите во Македонија, во делот што се однесува на малцинствата (особено на едно од нив), им овозможуваат права и формалноправен статус далеку над стандардите од меѓународното право (резолуции), како што не овозможува ниедна држава во светот (малцинствата кај нас се со статус – „делови на народи“). Но, и покрај наведеново, она што отвора ...
Петтото издание на „Скопскиот поетски фестивал“ беше отворено вчера и ќе трае до 26 април, на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“ и Галерија), во кафе-книжарницата „Буква“ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје. Гостуваат поети од пет држави, а ќе настапат и триесетина домашни поети. Од странство ни доаѓаат автори од Словенија, Турција, Грција, Србија и од Бугарија. Мотото на ...
Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски, ја истакна потребата од подобрување на работничките права во приватниот сектор и ги повика работниците да се приклучат на Првомајскиот протест. Клучните барања на синдикатот се повисоки плати, безбедни услови за работа и почитување на законските права. -Приватниот сектор во Македонија е главен двигател за економската состојба на државата. Приватниот сектор ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за магазинот „Тајм“ објавено денеска изјави дека само тој може да донесе мир во Украина и најави економски раст заснован на агресивна трговска политика со високи царини. Тој остро ја критикуваше Европа за, според него, неправедните трговски односи и зборуваше за нови глобални иницијативи. Изјавите се увид во неговиот пристап кон дипломатијата, трговијата и претседателската власт, а во пресрет на ...
Во СВР Охрид синоќа во 22.40 часот е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото. Пешакот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, соопштија денеска од МВР, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно ...
Фокусот на НАТО е кон исполнување на неговата основна мисија – обезбедувањето колективна одбрана на сојузниците, се наведува во Годишниот извештај на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте за 2024 година, кој нуди преглед на главните постигнувања на Пактот во текот на минатата година во исполнувањето на врвните политички приоритети – од зајакнување на одвраќањето и одбраната, до обезбедувањето поддршка за Украина. – Во последниве години, ...
Полициски службеници денеска го лишиле од слобода Ј.О. (34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче. – Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ј.О. ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп и високи членови на американската администрација во Вашингтон, изјави дека Русија останува долгорочна закана за Алијансата, пренесе ДПА. -Сите се согласуваме во Алијансата дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО – за целата евроатлантска територија – изјави Руте по состанокот во Белата куќа. Запрашан за можноста за мировен ...
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави за Би-би-си дека Украина може да биде принудена да се откаже од делови од својата територија како дел од мировниот договор со Русија, поради, како што е наведено, зголемениот притисок од американскиот претседател, Доналд Трамп, да се прифатат територијални отстапки. -Едно од сценаријата е… да се откаже од територијата. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение, ...