По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво „Илинден“ – Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин, господин Стефан и до сите Македонци. – Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се ...

Пожар во популарен ноќен клуб во крајбрежниот регион Гоа во Индија усмрти 25 лица, соопштија денеска локалните власти. Полицијата верува дека експлодиралa плинскa боца во кујната на ноќниот клуб „Бирч“, кој се наоѓа во близина на популарна плажа. Објектот бил преполн со посетители кои дошле да слушаат боливудски диџеј. Меѓу жртвите се четири лица од исто семејство од Делхи и 21 вработен – соопшти полицијата на Гоа, додавајќи дека повеќето ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, по тридневните разговори меѓу Вашингтон и Киев во Флорида, синоќа изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, „не е подготвен“ да го потпише мировниот предлог на САД со цел ставање крај на војната со Русија. – Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа. На неговиот народ му се допаѓа, но тој не го направил – рече Трамп синоќа ...

Францускиот претседател Емануел Макрон најави можни европски контрамерки против Кина доколку Пекинг не ја измени својата трговска политика. – Се обидувам да им објаснам на Кинезите дека нивниот трговски суфицит е неодржлив, затоа што практично ги „убиваат“ сопствените купувачи, особено со тоа што повеќе не увезуваат од нас – изјави Макрон во интервју за економскиот дневник Лес Екос, по тридневната посета на таа држава. Тој нагласи дека ...

Време е Европејците да престанат да бидат следбеници на американскиот претседател Доналд Трамп и да предложат свој мировен план за Украина – изјави еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус во интервју за изданието „Политико“. – ЕУ треба да биде независна или барем да биде подготвена да биде доволно силна во геополитичките настани, вклучително и да има сопствени планови за тоа како да се постигне мир во Украина и да ги дискутира со своите ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен – соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај. Сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) од 11 часот е во прекин поради штрајкот на грчките земјоделци. На ГП Меџитлија (Ники) е најавено затворање на сообраќајот за товарни возила и автобуси од 12 часот. -На граничниот ...

Министерството за внатрешни работи информира дека утринава во 7 часот, во СВР Скопје било пријавено дека е пронајден починат маж пред поликлиника „Ченто“. Според пријавата, околу 6 часот пред објектот бил пронајден починат Е.Е. (44) од Скопје. Лекарската екипа која излегла на лице место констатирала смрт без видливи траги на насилство. Од МВР посочуваат дека по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, со цел утврдување на ...

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто ја одржуваат заедницата. Како и во Климентово време и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото и борба против корупцијата, преку социјална правда и заемна грижа да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред ...

Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на Железничката станица, ЈП ЖРСМ Инфраструктура почна со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата. Директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски, преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење ...

Министерството за животна средина и води на Бугарија презеде итни активности за да ги отфрли сомнежите за потенцијално загадување на водите на Црното Море, откако танкер беше блокиран во близина на брегот на Ахтопол – соопштија од прес-центарот на Министерството. Басенската дирекција „Црноморски регион“ (БДЦР) – Варна распореди мерни инструменти и зеде примероци во делот меѓу Созопол и Резово со цел да се добијат податоци за состојбата на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека на Блискиот Исток постојат „можности за мир“, но повтори дека Израел не прифаќа формирање независна палестинска држава. – Иранската оска е значително погодена – рече Нетанјаху по разговорите со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Ерусалим, осврнувајќи се на судирите што го потресоа регионот во изминатите две години. – Веруваме дека постои пат за поширок мир со арапските држави и пат ...

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Русија и САД работат на долгорочно решение за Украина, а дека во моментов нема разговори за прекин на огнот. – Во моментов не зборуваме за некаков прекин на огнот, зборуваме за изгледите за долгорочно решение. Тоа е она што е важно. И ние работиме во тој контекст – рече Ушаков. Како што пренесе „Риа новости“, Ушаков изјави дека САД ветиле цврст договор со ...

Гласачите во Хонгконг денеска гласаат на вторите избори за законодавното собрание, откако реформата на политичкиот систем во 2021 година ја елиминираше продемократската опозиција во специјалниот административен регион на Кина. Изборите, кои се одржуваат помалку од две недели по пожарот во станбениот комплекс во кој загинаа најмалку 159 лица, се тест за ставот на јавноста кон начинот на кој локалната влада се справува со последиците од ...

Русија ја поздрави новата национална безбедносна стратегија на САД како позитивен чекор за билатералните односи – се вели во изјава на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објавена денеска. Ревизијата на администрацијата на Трамп, која повеќе не ја наведува Русија како директна закана, е позитивен чекор – изјави Песков за државната новинска агенција Тас. Како што пренесе ДПА, тој рече дека Москва внимателно ќе ја проучи ажурираната ...

Дваесет и деветгодишен жител на Неготино со живеалиште во Германија е осомничен за две кривични дела – полов напад и уцена. Тој на 2 декември заедно со неговата сопруга и уште една пријателка излегле во ресторан во Скопје каде пиел алкохол и конзумирал дрога, а по вербална расправија со неговата сопруга, таа сама заминала дома, а тој се понудил да ја врати пријателката дома, но наместо кон нејзиниот дом, возел на различни локации низ Скопје ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во наредните денови ќе испрати делегација бизнисмени во Русија, за да се подготват за повоениот период. Оваа мисија ќе се фокусира на економската соработка и е дел од стратегијата „сега да се размислува за повоениот период и периодот без санкции“, рече Орбан на собир со околу 1.000 луѓе во спортската сала во Кечкемет, во централниот дел на Унгарија. Орбан, кој е еден од ретките европски ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има магла. Синоптичарите најавуваат во северозападните региони слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно ...

Францускиот претседател Емануел Макрон остро го осуди последниот голем руски напад врз украинската енергетска и железничка инфраструктура, ветувајќи дека Франција ќе продолжи да го поддржува Киев во потрагата по мир. – Русија се затвора во ескалациски пат и не бара мир. Остро ги осудувам масовните напади кои синоќа беа насочени кон Украина, особено нејзината енергетска и железничка инфраструктура – напиша францускиот претседател на Х. Тој ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во говорот по реизборот се осврна и на успехот на партијата и за пребродениот тежок период, како и на политичките противници – опозициските партии. Соопшти дека по конгресот ќе има кадровско освежување и промени во сите структури на партијата – од Извршниот комитет до општинските и месните комитети. – ВМРО-ДПМНЕ имаше историски најдобар резултат на последните избори. Партијата ја кренавме од една многу ...

СДСМ, преку Антикорупцискиот тим (АКТ), денеска објави нов скандал, нова бомба од серијата злоупотреби што ја тресат власта на Мицкоски и ДПМНЕ. На денешната прес-конференцијата, членот на Централниот Одбор, Александар Саша Димитријевиќ ги претстави најновите докази за системско испумпување на народни пари преку фирми блиски до власта, информира партијата преку соопштение. – АКТ, активно продолжува со објавување на криминалот на ДПМНЕ и ...

За жал, во овој момент не постои висок степен на желба за дијалог од страна на соседна Бугарија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Како што рече тој, искрено се надева дека тоа ќе се промени затоа што штета од закочениот процес немаме само ние, туку „исто така штетата ја трпи и Бугарија којашто губи време да има сосед којшто е поскоро земја членка на ЕУ“. – Тоа е во нивни и економски, и политички, ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска за време на воениот Молитвен појадок во Киев најави дека в понеделник, на 8 декември, ќе ја посети Велика Британија. Зеленски последен пат ја посети Велика Британија на 24 октомври, кога се сретна со британскиот крал Чарлс Трети и премиерот на Велика Британија, Кир Стармер. Состанок на Коалицијата на подготвените исто така беше одржан во Лондон на 24 октомври за време на престојот на ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор по реизборот за лидер на партијата на 18. Конгрес во Кавадарци се осврна и на прашањето со Бугарија, подвлекувајќи дека има желба за фер решение, но оти во моментов нема соговорник од другата страна и оти треба да се посветиме на домашните задачи. – Не чекаат сериозни предизвици. Имаме отворено прашање со Бугарија, но се чини дека нема соговорник од другата страна. Имаме желба да ...

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18. партиски конгрес да ја води ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години што, според статутот на партијата, ќе биде негов последен мандат. Според Зоранчо Јованчев, претседател на Изборната комсија, од 817 присутни делегати, 804 гласале и дале поддршка за нов мандат на Мицкоски. На конгресот во Кавадарци тие го реизбраа Мицкоски за лидер на партијата кој беше и единствен кандидат за ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија „се дави во корупција“, коментирајќи ја истрагата за наводни злоупотреби во проект финансиран од ЕУ за обука на млади дипломати. – ЕУ се дави во корупција. Комесарите се соочуваат со сериозни обвиненија, Комисијата и Парламентот се опфатени со скандали, а Брисел и понатаму држи лекции по морал – напиша Орбан на социјалната мрежа Икс. Неговата реакција следува откако белгиската ...

Без вода утре од 7 часот ќе бидат корисниците од објектите МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски “- Скопје, Универзитетот Св. „Кирил и Методиj”, ТЦ „Мавровка“, дел од скопската чаршија, Саат-кула, ул. „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од бул. „Крсте Мисирков“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради ...

Согласно добиените информации до 12 часот од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици. – Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион – нема нарушувања на редовната состојба. Битолски регион – водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање. Струмички регион – нема врнежи. Во Кратово – слаби и повремени врнежи – соопштуваат од ЦУК. Посочуваат дека ...

САД остануваат „најголемиот сојузник на Европската Унија“, изјави денеска високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. Таа ова го изјави во врска со новата Национална стратегија за безбедност на САД, која е силно националистичка и во која се предвидува „цивилизациско пропаѓање“ на Европа. – Се разбира, има многу критики, но мислам дека некои од нив се оправдани. САД остануваат нашиот најголем сојузник. Не ...

На улица „Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес синоќа по полноќ во 01:15 часот го лишиле од слобода 54-годишниот К.С. од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал К.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, а му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. Како што информираат денеска од СВР ...

Танкерот „Каирос“ (Kairos), кој беше оштетен во украински напад со дронови на 28 ноември во ексклузивната економска зона на Турција, една недела подоцна се најде во близина на бугарскиот брег, каде екипажот побара итно спасување поради невреме. Според руски и бугарски медиуми, пловилото рано утрото на 5 декември влегло во територијалните води на Бугарија, но првично не реагирало на повиците на тамошните власти. Бугарската Агенција за ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
993
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.38
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
90%
1003
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
87%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.24
93%
1000
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
95%
995
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
82%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Сребро

2457.28

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Бакар

11.66

Платина

83354.78

Калај

48.47

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Паладиум

53434.54

Злато

157055.75