Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и без воздржани Собранието денеска го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, од 1 февруари се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше поединечно. За усвојување на законските измени беше потребно ...

Во Абу Даби денеска почнаа преговорите меѓу Украина и Русија под покровителство на Соединетите Американски Држави, соопшти Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати. – Преговорите започнаа денеска во Абу Даби и, според распоредот, треба да траат два дена, во рамки на континуираните напори за поттикнување дијалог и изнаоѓање политички решенија за кризата – се наведува во соопштението на Министерството. Украинскиот ...

Пожар избувнал претпладнево во близина на Тутунскиот комбинат, поточно во импровизирана автомеханичарска работилница. Причинета е материјална штета, но за среќа нема повредени лица. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека на терен интервенирале 10 пожарникари со три возила. – Пожарот е локализиран за кратко време, потоа се работеше на расчистување. Освен материјална ...

Данските трупи распоредени на Гренланд добиле наредба да бидат подготвени за борба во случај на напад од САД врз оваа автономна територија на Данска – јави данскиот јавен сервис „ДР“. Според „ДР“, во воената наредба што Данска ја издала минатата недела е наведено дека војниците на Гренланд треба да бидат опремени со боева муниција. Јавниот сервис објави дека наредбата опишува „операција во повеќе фази“, која вклучува и можност за подоцнежно ...

Европската Унија треба да испорача речиси 450 генератори за итни случаи во Украина по масовните руски напади врз енергетската инфраструктура на оваа земја за време на суровата зима, јави ДПА. Европската комисија денеска соопшти дека 447-те генератори, во вредност од 3,7 милиони евра, се наменети за „враќање на електричната енергија во болниците, засолништата и критичните служби“. – Континуираните руски напади врз украинската енергетска ...

Уставниот суд на Бугарија денеска соопшти дека ја потврдил оставката на претседателот на таа земја, Румен Радев. Потегот на судот го отвора патот Радев да се повлече од функцијата претседател на Бугарија, објавија бугарските медиуми. Радев поднесе оставка на почетокот на оваа недела, поттикнувајќи ги шпекулациите дека ќе формира своја политичка партија за претстојните парламентарни избори. Претседателската функција до крајот на мандатот на ...

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката. Најмладите пациентки се на 18 годишна возраст, дијагностицирани 2017 и 2020 година и средната возраст е некаде 55 години. Според најновата клиничка епидемиолошка статистика на Клиниката за радиотерапија и онкологија, за разлика од 2024 година кога имало само 74 пациентки, во 2025 година имале 122 пациентки кои по првпат со оваа дијагноза се јавиле во клиниката. ХПВ вакцинацијата го ...

Москва денеска посочи дека и натаму бара Киев да ги повлече своите сили од источна Украина со цел да се реши конфликтот. „Вооружените сили на Украина мора да го напуштат Донбас, тие мора да се повлечат. Ова е многу важен услов“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков пред разговорите во Абу Даби меѓу руските, украинските и американските претставници. Тој истакна дека без решение за територијалното прашање, бесмислено е да ...

Судијката Наташа Савовска Димитровска, од Апелацискиот суд Скопје, вели дека по одлуката на Судскиот совет со која таа и уште една судијка беа разрешени, за учество во донесување на пресуда за случајот „Телеком“ три жалбени совети при Врховниот суд или 27 судии, од кои девет врховни и 18 апелациски судии ги усвоиле жалбите и предметот го вратиле на повторно одлучување. Таа нагласува оти очекува дека Судскиот совет при повторното постапување, ...

„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем„Бекутан“во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција. Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, брендкој со пласманот на францускиот пазар ...

Мировните преговори меѓу Украина, Русија и САД во Обединетите Арапски Емирати, денеска и утре, ќе се фокусираат првенствено на територијални прашања, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесен од ДПА. – Прашањето за Донбас е клучно прашање во разговорите – изјави тој денеска пред новинарите. Источниот украински регион Донбас вклучува голем дел од украинските покраини Доњецк и Луганск. Според советникот на Зеленски, Дмитро ...

Со вкрстено испитување на сведок, поранешен директор на Одделот за финансиско работење при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконско набавување лекови, нивно прикривање преку фиктивни тендери и присвојување дел од терапијата обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и економскиот ...

Синдикатот на „Македонска пошта“ преку соопштение до медиумите информира дека се надминати сите проблеми во врска со исплатата на платата и дека веќе таа е намирена кон сите вработени. – Како Синдикат, нашата цел е да ги заштитиме правата на вработените, но со јасна визија и преку ефикасен договор со кој ќе обезбедиме подобри услови за работа на работниците и работењето на АД „Пошта“. АД „Пошта“ се наоѓа во ситуација во која ние како Синдикат ...

Министерот за правда Игор Филков денеска најави сет итни и долгорочни мерки за стабилизирање на правосудниот систем укажувајќи дека состојбата со интегритетот, одговорноста и ефикасноста на институциите е „реална и длабока кризна точка“, која повеќе не смее да се игнорира. Во обраќањето тој предупреди дека долгогодишните застои во предмети за висока корупција и изостанокот на институционални реакции сериозно ја нарушуваат довербата на ...

Пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска ги извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата. Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пилотите работеле на тестирање на маневри и оперативни процедури за брзо реагирање при појава на пожар на отворен простор. Со тренажните активности, додаде тој, била проверена и потврдена ефикасноста и подготвеноста на екипажите, како и ...

Собранието денеска во рамки на 65-та седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител. За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците кои припаѓаат на заедници што не се мнозинство 28 беа „за“, а осум „против“. Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит. Собранието денеска во рамки на 65-та седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов ...

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција говореше за актуелните состојби во правосудниот систем, истакнувајќи дека Министерството веќе работи на утврдување на реалната состојба на терен и подготвува конкретни мерки за надминување на системските слабости. -Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на ...

Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално, односно секој пратеник гласаше поединечно. За Законот ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го критикуваше претседателот на Украина, Володимир Зеленски, поради неговиот говор во Давос, во кој, како што наведуваат од Будимпешта, „повторно ги зел на нишан унгарската влада и него лично“. Меѓутоа, како што истакна Орбан во објава на социјалните мрежи, Зеленски го критикувал и „секој друг европски лидер“. -Зеленски вели дека поддршката испратена до Украина е недоволна, оружјето е недоволно и дека ...

„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во државата. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје, а ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена. Директорот на АЕК, Јетон Акику, му ги врачи одобренијата што се доделуваат со тендерот на Пал Заранди, претседател на одборот на ...

Македонска пошта соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организирање штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени. -Крајно тенденционо и несериозно е органирањето на штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во Македонска пошта, во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се ...

Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети – потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа преку својот фејсбук профил порачува дека воведувањето е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината се дел од конкретните чекори што ќе овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем. -Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кои правилата ...

Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. – Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година – информираат од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ги критикуваше европските лидери во Давос, обвинувајќи ги дека размислуваат само за Гренланд и чекаат насоки од Доналд Трамп, наместо да преземат акција за Украина и други геополитички кризи. Повикот на украинскиот претседател за акција, упатен до некои од клучните сојузници на Киев, дојде на крајот од неделата обележана со дипломатска драма на Светскиот економски форум – објавува Гардијан. Во ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го избра министерот за европски прашања Беким Сали за член на Националниот совет за евроинтеграции, а утврди и предлог за членови во Комисијата за спречувања и заштита од дискриминација. Членовите на Комисијата едногласно за член на Националниот совет за евроинтеграции, на местото на поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани, го избраа новиот министер за ...

Русија соопшти дека денеска ќе одржи безбедносни преговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по доцниот ноќен состанок на претседателот Владимир Путин со американските дипломати дека траен мир нема да биде можен доколку не се решат територијалните прашања. Советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека состанокот, кој почна малку пред полноќ и траел речиси четири часа, бил корисен и исклучително искрен. ...

Една година алармираме за проблемот со транспортерите и со електронската евиденција во ЕУ и требаше состојбата да ескалира за да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем, кој може целосно да ги колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестока размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал, не наидов на разбирање – вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ...

Можни сценарија: Што ќе се случи ако САД се обидат воено да го заземат Гренланд Сѐ уште не ја исклучуваме можноста за употреба на воени сили на арктичката територија, истакна премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, отворајќи го горливото прашање за тоа што ќе се случи ако биде активирана војската во случај на инвазија од САД. И како ќе се одвива ова сценарио што до неодамна се сметаше за неверојатно? Што реално значи „употреба на војска“ ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска едногласно ја избра Маја Коневска за генерален секретар на ДКСК која во моментот е распоредена на работното место раководител на сектор за стратешко планирање и интегритет во државната комисија. Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, на седницата на која беше разгледан предлогот за избор објасни дека изборот на нов генерален секретар е потребен поради тоа што со неговото ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја поздравува и институционално ја поддржува денешната реализација на Договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, со кој официјално започнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. – ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
63%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
69%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.06
85%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.76
77%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.36
70%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
47%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
72%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Цинк

0.00

Родиум

358480.82

Калај

43.91