Родителите, роднините, пријателите на загинатите деца, како и нивните поддржувачи, излегоа на уште еден марш во Кочани, барајќи правда за 62-та жртви кои загинаа во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Тие упатија јавен апел до Јавното обвинителство – конечно и директно да ги информира за тоа кои лица се обвинети, а за кои е запрена постапката. Таа истакна дека во понеделник официјално ќе испратат барање до Обвинителството, со кое ќе побараат ...

Владата будно ја следи безбедносната состојба на Блискиот Исток, активиран е кризен штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со случувањата помеѓу Иран и Израел. -Има кризен штаб во МНРиНТ, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав – изјави премиерот по отворањето на ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен. – Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана – рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц. Тој побара од САД да ги осудат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден. – Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа – рече Трамп. ...

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за судирот меѓу Иран и Израел – соопшти високиот советник за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков. – Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин тукушто одржа уште еден телефонски разговор со претседателот на САД Доналд Трамп – изјави Ушаков. – Путин ја осуди воената операција на Израел против Иран и изрази сериозна ...

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над 100 се повредени. Нападите следеа откако израелската војска потврди дека извршила удари врз иранската нуклеарна инфраструктура, додека иранското Министерство за нафта соопшти дека е погодено складиште за нафта Шахран во Техеран. Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА) потврди дека во нападите загинале ...

Израелската војска преку објава на социјалните мрежи на фарси јазик издаде итно предупредување до граѓаните на Иран да се повлечат од близина на воени постројки и објекти поврзани со производство на оружје. – Итно предупредување до сите ирански граѓани: Сите лица што моментално се наоѓаат или планираат да бидат во близина на фабрики за производство на оружје и нивните поддржувачки институции, нека ги напуштат овие области веднаш и да не се ...

Засега борбите меѓу Израел и Иран изгледаат ограничени на двете земји. Во Обединетите нации и на други места има широко распространети повици за воздржаност. Но, што ако овие повици останат неслушнати? Што ако борбите ескалираат и се прошират? Еве неколку можни сценарија за најлош случај – анализира „Би-би-си“. Ако Америка биде вовлечена во конфликтот И покрај сите негирања од страна на САД, Иран јасно верува дека американските сили ги одобриле ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека е остварена комуникација со Канцеларијата на Европската комисија во државава по иницијативата за средба со бугарската страна и оти има предлог термин, за кој се чека да се изјасни Бугарија. – Имаме комуникација со канцеларијата на Европската комисија и вчера и денес, се уште немам повратен одговор. Има предлог термин, да почекаме да се изјаснат од бугарската страна – рече денеска Мицкоски на новинарско ...

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на Конгресот на сојузната американска држава Минесота, Мелиса Хортман, и нејзиниот сопруг се убиени, а гувернерот Тим Волц изјави дека нападот, според него, има политичка позадина. – Сите ние, во Минесота и низ целата земја, мораме да се спротивставиме на вакви форми на физичко насилство – изјави Волц пред новинарите. Во одделен вооружен напад се повредени и пратеникот на Демократската партија ...

Огромен пожар зафати облакодер со 67 ката во Дубаи, принудувајќи ги властите да евакуираат речиси 4.000 луѓе – објави весникот „Халеџ Тајмс“. Стотици станари изјавија дека противпожарните аларми не функционирале и дека за пожарот дознале дури кога почувствувале чад или биле известени од пријатели. Густ чад ги исполнил скалите, принудувајќи многумина да користат лифтови за да излезат од зградата. Некои станари ја поминале ноќта на отворено пред ...

На манифестацијата „Од нива до трпеза“ што се одржува денеска во Скопје премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за поддршка на македонското земјоделство, истакнувајќи дека Владата е посветена на неговиот развој и поддршка на производителите. – Македонија има потенцијал и тоа не е фраза, тоа е факт. Имаме сонце, имаме вода, имаме плодна почва. Но пред се имаме луѓе. Луѓе кои не се плашат од рани зори, од кал на рацете, од работа до доцна ...

Иран ја потврди смртта на уште тројца нуклеарни научници во израелските воздушни напади насочени кон нуклеарната програма и военото раководство на земјата, пренесе „ДПА“. Научниците Али Бакаи Карими, Мансур Асгари и Саид Борџи беа убиени во израелските воздушни напади – објави иранската новинска агенција Тасним. Со ова, бројот на убиени научници вклучени во иранската нуклеарна програма достигна девет. Според меѓународното хуманитарно право, ...

Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција дека нивните воени бази и бродови во регионот би можеле да бидат цел доколку трите земји му помогнат на Израел во конфликтот со Техеран – објавија иранските медиуми. Според иранската новинска агенција Фарс и високи воени извори, нападите врз Израел ќе продолжат, а целите на Техеран ќе ги вклучат и американските воени бази на Блискиот Исток. – Оваа конфронтација нема да заврши со ограничените ...

Дури и да успеат да го отстранат Орбан и да го пасивизираат унгарскиот отпор, или да ја натераат Унгарија сама да ја напушти ЕУ, тоа нема да ги реши проблемите на Брисел. Доколку Германците и Французите не осмислат нешто и не ја поведат ЕУ на поинаков пат, деновите на ЕУ се одбројани Автор: Борис Малагурски Унгарија и нејзиниот премиер Виктор Орбан се на воена нога со ЕУ повеќе од 10 години. До промена на претходно добрите односи најверојатно ...

По екслацијата на конфликтот со Израел, иранските власти вчера се заканија со лансирање на ракетата „Хаибар“, со драматично предупредување: „Светот ќе биде шокиран од она што ќе го види“. Пораката доаѓа по досега најжестоките напади меѓу двете земји, а и иранските власти и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најавија продолжување на воените операции – пишува „Индекс.хр“. Што е ракетата „Хаибар“? Ракетата „Хаибар“, именувана по историската ...

Денеска е Светски ден на донирањето крв Хуманоста, крводарителството, солидарноста и односите меѓу луѓето треба да бидат поприсутни и во едукацијата и образованието кај децата. Ценам дека нашето образование многу повеќе треба да се насочи кон ваквите темелни вредности на човечноста и кон изградба на еден похуман систем, вели за „Нова Македонија“ Горан Павловски од Скопје, кој дванаесет пати дарувал крв Живко Здравкоски Светскиот Ден на ...

Македонско-унгарските односи дополнително се продлабочуваат Договор за стратешка соработка помеѓу македонската и унгарската влада потпишаа вчера во Скопје министрите за надворешни работи на обете земји, Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто. Фокусот беше ставен и на перспективите и предизвиците на процесот на европска интеграција на Македонија, како и на поддршката за овој процес што ја добива земјава од унгарска страна, имајќи ...

Завршува 59-от МТФ „Војдан Чернодрински“ Претставата „12“ на МНТ, Скопје е добитник на наградата за уметничко остварување на претстава во целина на годинашниот МТФ „Војдан Чернодрински“. Ова одлука со мнозинство гласови ја донесе жирито во состав Лилија Абаџиева, претседател и членовите Иван Меденица и Нела Оташевиќ. Воедно на ансамблот на истата претстава и беше доделена специјалната награда за колективна актерска игра и тоа едногласно. Според ...

Летна школа на ФЛУ Проектот „Њу арт форум“ е замислен и воспоставен како традиционална летна школа организирана од Факултетот за ликовни уметности. Основната цел на школата е лоцирање и истражување низ алтернативни уметнички практики и дискурзивен интердисциплинарен контекст различен од традиционалните ателјерски уметнички практики и протоколи. Ова е трета сесија на школата што ќе се одржи од 20 до 30 јуни во Лазарополе, под наслов ...

Македонскиот пијанист Дино Имери, еден од највпечатливите уметници на својата генерација, настапи во Виена – глобалниот и историски центар на класичната музика. На програмата е капиталното дело на Јохан Себастијан Бах – „Голдберг варијации“, кое ретко се изведува на концертните сцени низ Европа, токму поради неговата исклучителна сложеност и длабочина. Концертот се одржа во престижниот „Бехштајн центрум“ во Виена, во организација на Амбасадата ...

На 19 јуни, четврток, во 20.30 часот, во Националната галерија, објект „Чифте-амам“, ќе биде отворена изложба поставена во Македонскиот павилјон на 60. Венециското биенале. Станува збор за проектот „Inter Spem et Metum“ на уметницата Славица Јанешлиева, визуелно прочистена и концептуално осмислена просторна инсталација што нѐ фрла во цивилизацискиот дебрис на еден мошне сензитивен и бајковит начин. – Низ повеќедимензионални медиумски платформи и ...

Во нашето соседство веќе се подготвуваат кампови за прифаќање депортирани мигранти од САД Косово го гледа овој договор (за прифаќање мигранти од САД) како брза победа – за одредена компензација по жител, како и сигнал за добра волја кон САД. Од друга страна, ова се поклопува во пошироката стратегија на Трамп – да се изврши мобилизација на ресурси во секоја држава, која е подготвена привремено да прифати мигранти депортирани од Соединетите ...

Песни што ме тераат да играм Љупчо Давчев Имаше едно време на овие простори младина што носеше долга коса и брада, надвор од нормите на државата од тој период и тоа беше некој своевиден бунт против одредени нешта, по углед на она што се случуваше на Западот. На таа младина полицијата строго реагираше, ја тепаше, затвораше, ѝ ги кастреше косите и брадите, сакаше да ја стави во колосек, да ја контролира, а времето беше она на најголемиот син на ...

Како противуставниот Закон за употреба на јазиците ја претвора унитарната држава Македонија во своевидна „јазична федерација“ во практиката Врвните експерти македонисти од Институтот за македонски јазик уште во 2017 година предупредија: „Се воведува двојазичност на целата територија на РМ, иако во две третини од неа нема албанско население. Македонскиот јазик го губи својството на официјален јазик, на којшто ќе комуницираат сите етникуми“. ...

Алармантни податоци колку ученици ја напуштиле земјата Добрите познавачи на состојбите во македонското образование се на ставот дека тоа треба здраво да се реформира, а сето тоа да биде дополнето со рестартирање на целиот институционален систем, почнувајќи од ефикасна борба со корупцијата, владеење на правото, економски раст и развој… Девастирањето на образовниот систем со години и сето тоа дополнето со урнисување на институциите на државата, ...

Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија Системот на образование, почнувајќи од предучилишното, основното, средното и високото образование, дејствува заемно поврзано по принципот на сврзани садови. Без стандардизирано и квалитетно предучилишно, основно и средно образование, не може да се очекува да се реализира и квалитетно високо образование. Оттука, неопходна е целосна реформа во сите степени на образованието (предучилишно, основно, ...

МОЛСКАВИЧЕН НАПАД НА ИЗРАЕЛ ВРЗ ИЗБРАНИ ЦЕЛИ ВО ИРАН Во нападот на Израел, извршен со над 200 авиони, погодени се витални нуклеарни постројки на Иран, при што загинале и клучни ирански воени лидери. Од друга страна, Израел успешно се одбранил од иранскиот напад со дронови. Кон што води оваа воена ескалација? Што ќе се случува на Блискиот Исток (а веројатно и пошироко) по израелскиот напад врз цели во Иран? Ова е клучното прашање што светот вчера ...

Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел – објави иранската новинска агенција ИРНА. Цели на нападот се локации во Тиверија, окупираната Голанска висорамнина и Долна Галилеја. Во овие области е издадена тревога за воздушен напад и се слушаат силни експлозии. Пријавени се и напади во Тел Авив и еврејските населби на Западниот Брег. Израелската армија го потврди новиот ирански воздушен напад и соопшти дека на населението му е наредено да ...

„Ројтерс“ објави дека Русија спроведе обемни тестови на нови ласерски системи за одбрана од беспилотни летала. Во соопштението на руската влада, новата технологија е опишана како „ветувачка“ и се додава дека е тестирана против различни видови дронови во различни временски услови. Се вели дека ласерите против дронови ќе станат дел од „универзален систем за воздушна одбрана“ што рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оваа недела Русија ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
4.12
19%
1012
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
31%
1017
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
3.09
43%
1019
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
23%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.78
15%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
4.12
52%
1020
weather icon

Атина

34ᴼ / 33ᴼ
7.72
28%
1011
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
3.09
12%
1012
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
3.6
16%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
11.32
37%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
2.06
30%
1019
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
9.77
51%
1015
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326