
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



„Вложуваме милијарди во вооружување и инфраструктура. Нема да се двоумиме да им дадеме приоритет на нашите компании во ова. Економскиот национализам не е лоша работа“, изјави полскиот премиер Доналд Туск во говорот по повод 21-годишнината од влегувањето на Полска во Европската Унија Во специјално обраќање до нацијата, полскиот премиер Доналд Туск изјави дека продолжува со силна милитаризација на државата Полскиот премиер Доналд Туск, во обраќање ...
Германската контраразузнавачка служба БфВ ја класифицираше партијата АфД како екстремистичка Наодот на германската контраразузнавачка служба за заштита на уставниот поредок – БфВ (Bundesamt für Verfassungsschutz), врз основа на свој извештај со содржина од 1.100 страници, тврди дека партијата „АфД е расистичка и антимуслиманска партија“ што им овозможува на германските власти „да го засилат надзорот врз партијата, вклучително и пресретнување на ...
ТРИУМФАЛЕН НАСТАП НА ЏИЈАН ЕМИН И ФРАНЧЕСКО ТРИСТАНО ВО БАМБЕРГ Во преполната концертна сала на Бамбергската филхармонија се одржа спектакуларен концерт под диригентската палка на македонскиот маестро Џијан Емин, во соработка со светски познатиот пијанист и композитор Франческо Тристано. Настанот претставуваше мост меѓу класичната музика и современиот електронски звук, обединувајќи симфониски израз со техно и авангардни елементи во едно ...
Деновиве излезе од печат „Целзиус 233: Ракописите, книгите и стриповите во Априлската војна“, најнова публикација на стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Станува збор за истражувачка студија во која е обработено уништувањето на библиотеките и на нивниот ракописен, книжен, весничен и стриповски фонд за време на првите денови на Втората светска војна на југословенско тло – од нападот на Белград на 6 април 1941 година, до капитулацијата на ...
„Човекот и општеството низ смелата и/или насмеана визура – или магичноста на сцената“ Од шести до 13 јуни во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, на кој според изборот на уметничкиот директор д-р Ана Стојаноска ќе бидат прикажани девет претстави во официјална конкуренција и пет претстави од независната продукција во придружната програма. Добитници на наградите за животно ...
Разговор со поетесата Биљана Стојановска, чија стихозбирка „Додека спиеш“ е книга на месецот, ќе се одржи во вторник, 6 мај, во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Разговорот со Стојановска е дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. – Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише ...
Револуционер со храброст и демократ со морална сила и вредносен систем Повод: 160 години од раѓањето и 113 години од трагичната смрт на македонскиот револуционер Годинава се навршуваат 160 години од раѓањето и 113 години од трагичната смрт на македонскиот револуционер Пере Тошев. Тој е бесмртен родољубец. Малкумина се како него, на прсти се бројат луѓето како Пере Тошев што си го посветуваат животот на татковината и за време на целата своја ...
Европските земји би имале проблеми со распоредување дури 25.000 војници во Украина како дел од предложените мултинационални „одвраќачки“ сили, што е многу помалку од целта од 64.000 војници предложена од британските воени претставници, објави британскиот весник „Тајмс“, повикувајќи се на неидентификувани европски одбранбени извори Осврт на „Тајмс“ во врска со плановите на т.н. европска Коалиција на подготвените: Предложениот план на ...
Се смета дека клучната вредност на традиционалната кинеска култура, во голема мера поврзана со кинеската политика, се наоѓа во определбата за постигнување хармонија. Кинеската надворешна политика, како што се истакнува во азиската држава, низ историјата се придржувала до принципите на прочуениот филозоф Конфуциј (со акцент на човекоцентричноста, меѓусебното почитување, грижата и разбирање меѓу луѓето) за постигнување хармонија во светот, барајќи ...
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,042 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена ...
Денеска се навршуваат триесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославијa, како припадник на ЈНА, потсетуваат утринава од Музеј галеријата во Кавадарци. Гешовски загина на шести мај 1991 година. Гешовски беше роден во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. – По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – ...
Доделена наградата „Гоце Делчев“ за „Македонскиот дијалектен атлас“ – проект од највисоко национално значење за Македонија За научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотеката – лексички материјали), завчера на неговите автори им е доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година. Наградата беше доделена во македонското собрание. – Ова научно дело ја отсликува работата на сите претходници и современици, а со тоа ...
Царините го менуваат светот, кој ќе добие, а кој ќе изгуби во „новиот свет“ По долги години глобализација и поврзување на голем број земји во светот преку економска соработка, но и дополнување на меѓусебните потреби, светот сега е исправен пред нови предизвици, но и нови „пријателства“. Со воведувањето на тарифите од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, светот е исправен пред нови економски и трговски комбинаторики, особено што со ...
Разговорите помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари околу иднината на функционирањето на АА во Владата ќе продолжат, a исходот треба да се знае месецов. Вчерашната средба на Мицкоски и Таравари, закажана по превирањата во коалицијата „Вреди“ и тврдењата за соработка на Таравари со ДУИ, како што брифираа од владината прес-служба за МИА, поминала во конструктивен ...
Проширувањето на ЕУ кон Балканот е процес зацементиран со таканаречената Солунска агенда на отворени врати, но тие остануваат затворени за повеќето земји од регионот. И не по вина на кандидатите, зашто проширувањето стана државна лотарија во режија на Брисел, па така, веќе одамна не е важно дали некој ги исполнува Копенхашките критериуми, кои се единствен услов, туку геополитиката решава кој, каде и кому ќе му додели награда, во бриселските ...
Ватикан соопшти дека сите 133 кардинали помлади од 80 години, кои имаат право да учествуваат во изборот на нов папа, пристигнале во Рим пред конклавата што почнува в среда. Кардиналите ќе се соберат во Сикстинската капела за да започнат со гласањето, кое ќе трае додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство и не стане нов лидер на 1,4 милијарди католици низ светот. Кардиналите се сместени во резиденцијата Света Марта, каде што живееше ...
Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината. Затоа овој јубилеј нека не биде само момент на сеќавање туку и миг на будење, миг кога повторно си кажуваме – ова е наше, ова е вредно, ова е вечно, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва на свечена академија во Македонскиот народен театар по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Цитирајќи ги Мисирков и Конески, спомнувајќи ја ...
На маргините на десеттиот годишен форум на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) што се одржува на островот Крит во рамките на грчкото претседателство, земјава денеска на свечена церемонија и официјално ќе го преземе следното претседавање со ЕУСАИР од домаќинот Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за прво претседателство откако земјата стана дел од овие формати за регионална соработка, а нашата делегација ја ...
Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции. Мицкоски денеска соопшти дека на средбата сака да слушне ...
На Меморијалниот куп организиран во чест на прерано починатиот риболовец Горан Дамјаноски од Кичево, што во изминатите три дена се одржа на Осломејско Eзеро, зедоа учество седум екипи и поединци, а првото место му припадна на Богољуб Јaнчевски од екипата „Цт ТИММ“ од Скопје, со вкупен улов од 96,380 килограми крап, второто место за риболовецот од Кичево, Бекир Селоски, а третото го освои неговиот помлад колега Омер Сефединоски од Лабуништа. ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин го обвини Западот дека се обидува да го испровоцира да употреби нуклеарно оружје против Украина. – Тие сакаа да нè провоцираат, сакаа да нè натераат да правиме грешки. Сепак, немаше потреба да се користи нуклеарно оружје. И се надевам дека ова нема да биде потребно ниту во иднина – изјави Путин во документарниот филм „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“ емитуван на руската државна телевизија по повод ...
По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година. На јавниот повик што го распиша ЗНМ пристигнаа вкупно 15 апликации, секоја со свој уникатен пристап во ...
Во ова време на брзи промени, грижата за македонскиот јазик станува чин на современ патриотизам. И таа грижа не е декларативна, институционална, одговорна и долгорочна. Да му пристапуваме на македонскиот јазик со љубов, знаење и со грижа. Да го говориме правилно и да го живееме со достоинство, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешното одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик што се ...
Шпанското обвинителство денеска објави дека започнува истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките концентрациони логори каде што биле депортирани од Франција откако избегале од диктатурата на Франциско Франко. Обвинителството сака да утврди дали постоела „заедничка стратегија меѓу шпанската диктатура предводена од (генералот) Франциско Франко и нацистичкиот режим во притворањето и последователното префрлање на илјадници Шпанци ...
Секој поединец кој влегува во зградите на Европскиот парламент за да застапува интереси на надворешни странки од почетокот на месецов е должен да активира специјален беџ и да ја наведе причината за неговиот престој во објектот. Целта на ваквите мерки е да се заштити институцијата од потенцијално нови скандали со корупција и обиди за поткуп, по оној од пред две години, познат како „Катаргјет“ или последниот со подмитување на 15-тина европратеници ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Б.Д., пензиониран работник, а во време на извршување на ...
По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година. На јавниот повик што го распиша ЗНМ пристигнаа вкупно 15 апликации, секоја со свој уникатен пристап во ...
По повод Денот на македонскиот јазик, понеделник (5 мај), од 12 часот НУ библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „80 години македонска современа азбука – кирилица“. Автори се ученици од ООУ „Братство – единство“ под менторство на наставничките по македонски јазик: Љубинка Михајловска, Маја Гугоска–Дулеска и Сара Серафимоска. Ученичката Ана Томовска од истото училиште ќе ...
Кремљ денеска соопшти дека средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, е неопходна, но Путин нема планирано патување за Блискиот Исток во средината на овој месец. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во одговор на новинарско прашање дали е можна средба Трамп-Путин во Саудиска Арабија. Трамп планира да ги посети Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати меѓу 13 и 16 мај. Песков рече дека ...
Дел од италијанскиот печат, врз основа на неколку индикатори, изрази основани сомневања дека „францускиот претседател маневрира заедно со католичкото движење ’Сант Еџидио‘ (блиско до покојниот папа) за да ги протурка своите кандидати на престолот на Свети Петар“. Додека американскиот претседател објавува на социјалните мрежи своја фотографија (преработена од вештачката интелигенција како папа), неговиот француски колега игра на сосема друг многу ...