Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Собранието денеска ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети и другите лесни електрични возила, пренесе МИА. Со измените се прецизира дефиницијата за „лесно електрично возило“, а максималната дозволена брзина за нивно движење се ограничува на 20 километри на час, во согласност со европските препораки. Новина е и тоа што електричен ...
До 12 часот денеска на територијата на државата се евидентирани седум пожари на отворен простор, од кои пет се сѐ уште активни, а два се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на неколку локации низ земјава. Во општина Шуто Оризари, кај „Џиди комерц“, гори ѓубре и сува трева. Во општина Старо Нагоричане, кај селото Ругинце, огнот зафатил ниска вегетација, стрниште и сува трева. Шумски пожар е ...
Украински бизнисмен меѓу повредените во експлозијата во Монако, пишуваат медиумите Три лица се повредени во експлозија што синоќа се случила пред влез на станбена зграда во Монако, а властите ја истражуваат причината за инцидентот и трагаат по осомниченото лице, јави ДПА. Според властите во кнежеството, тројцата повредени се пренесени во болница, додека локалните медиуми објавија дека две лица се во критична состојба. Идентитетот на ...
Пет лица загинаа е првичната бројка на жртви во вооружен инцидент што се случи во северниот германски град Штаде, јави Германската новинска агенција (ДПА). Германската полиција соопшти дека едно лице е приведено под сомнение за поврзаност со нападот. Надлежните институции работат на утврдување на околностите и мотивите за инцидентот. Пет лица загинаа е првичната бројка на жртви во вооружен инцидент што се случи во северниот германски град ...
Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит. – Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т.А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026, К.Б., на возраст од 26 години од ...
Артилериска граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна, денеска е пронајдена на локалитетот „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на границата со Грција. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат дека станува збор за неексплодирано убојно средство, кое веднаш било обезбедено од надлежните служби и ќе биде транспортирано на армискиот полигон „Криволак“, каде безбедно ќе биде уништено. Пиротехничарот ...
Песни што ме тераат да играм Некое тмурно, ладно време, врне, магла, не може само по дуксер, мора и јакниче да имаш, што е веројатно и карактеристично за скопската пролет. Е, баш во тој период во годината Оливер Белопета го организира фестивалот „Оффест“, како намерно да го прави тогаш за да имаат посетителите место каде што ќе се чувствуваат подобро и посреќно. Ги знаете оние моменти кога стануваш наутро за работа или факултет, а тоа врне, ...
Грчки парадокс Грчката економија денес претставува еден од најинтересните парадокси во Европа. На прв поглед, бројките изгледаат охрабрувачки: економскиот раст е повисок од просекот на голем дел од земјите во Европската Унија, државниот буџет бележи суфицит, а јавниот долг постепено се намалува по драматичната должничка криза што ја потресе земјата пред една деценија. Владата во Атина редовно ги истакнува овие показатели како доказ дека ...
Европската централна банка открива каде се најповолните станбени кредити за Европејците Иста валута, иста централна банка, иста фаза од циклусот на каматните стапки, но две домаќинства од еврозоната се соочуваат со трошоци за хипотеки што се многу различни. Истражувачите откриле дека има јаз – поголем од два процентни поена – помеѓу најевтините и најскапите каматни стапки во земјите од еврозоната. Ова е еден од највпечатливите наоди во ...
Пожар избувна утринава на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, а пожарникари преземаат дејствија за гасење на пожарот. Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдиле дека пријавата за пожарот била примена утринава. -Денеска во 7:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на пожарот – информираат ...
Во согласност со планираната динамика, Моника Ставревска, студентка на режија на Факултетот за драмски уметности, во Драмскиот театар ја почна првата проба на дипломската претстава „Алиса се враќа дома“, која ќе се работи по текст на авторката Ивана Смилевска. Претставата е шеста продукцијата на Драмскиот театар што се реализира во согласност со Годишната програма за работа на театарот, а премиерата се планира за првата половина на октомври. ...
„Струшки вечери на пoезијата“ Со „Поетско кафе“ и „Поетски портрет“ на добитничката на „Златен венец“, поетесата Анеке Брасинга од Холандија, продолжи 65-то издание на „Струшките вечери на поезијата“. Поетското претставување на Брасинга традиционално се одржа во црквата „Света Софија“ во Охрид. Се одржаа и поетските читања „Современа македонска поезија 2“ и меѓународното поетско читање „Созвучја“, на кои настапија домашни и странски поети, ...
Повеќе од 220 јавни фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција низ Скопје, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој во објава на Фејсбук наведе дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период, кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење. -Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека најновите податоци на Евростат, според кои основната потрошувачка кошничка во Македонија е најевтина во Европа, ги демантираат критиките дека државата не бележи напредок, пренесе МИА. Тој нагласи дека намалувањето на цените на основните прехранбени производи останува еден од неговите најважни приоритети и дека лично работи на анализа на производите кои влегуваат во пресметката на потрошувачката ...
Промените што ќе ги донесе реконструкцијата на Владата се очекува да бидат објавени вечер по седницата на Извршниот комитет на на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Во изјава за медиумите премиерот Мицкоски вчера нагласи дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени вечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. – Да, ние не сме ...
Обемно истражување на Евростат, засновано врз споредба на повеќе од две илјади производи и услуги, покажува дека Европа ценовно е поделена на многу различни региони. Ценовни разлики од речиси четири пати На самиот врв е Исланд, каде што цените се за 83,7 проценти повисоки од просекот на Европската Унија. Веднаш зад него е Швајцарија, со 81 процент повисоки цени, а следуваат Луксембург, Данска, Република Ирска и Норвешка. На другата страна на ...
Германскиот одговор на кризата на либералниот модел ќе биде и европски Во последните три децении европските политики се градеа врз претпоставката дека слободниот пазар сам ќе создаде благосостојба. Колку повеќе производство толку повеќе потрошувачка. Колку повеќе трговија толку повеќе просперитет… Но реалноста покажа дека бесконечниот раст во еден „конечен“ свет со наметната формула како „најдобра“ се покажа дека, всушност, е најдобар за една ...
Проширувањето не е главен приоритет на идниот буџет, бидејќи Унијата има други огромни финансиски обврски – одбраната, конкурентноста, миграцијата, отплатата на долговите и реконструкцијата на Украина. Секако, формално вратите остануваат отворени, но финансиското и политичкото планирање покажува дека Брисел не очекува ново проширување во следниот седумгодишен циклус. БУЏЕТОТ НА ЕУ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА ШТО БРИСЕЛ ВЕШТО ЈА КРИЕ Додека европските ...
Иран и Оман денеска во Мускат го одржаа првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец, потврди иранскиот заменик-министер за надворешни работи Казем Гарибабади. Тој преку објава на платформата „Икс“ соопшти дека двете делегации размениле ставови за суверените права на крајбрежните држави во Персискиот Залив, како и за идниот модел на управување со Ормускиот Теснец. Според Гарибабади, разговорите се одржуваат во рамки на ...
До 18:00 часот вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати, информираат од ЦУК. Активен пожар има во Општина Василево – село Василево, каде гори депонија. Изгаснати се пожарите во Општина Дебар – село Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума), Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива), Општина Валандово – село Касандол (ниска вегетација), Општина Долнени ...
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи понуди на опозициската СДСМ да предложат амандмани со кои барат корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори и оти тие веднаш ќе им бидат прифатени, но, да ги повлечат другите амандмани и да го изгласаат Изборниот законик. -Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа ...
Вкупно 46.628 лица сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела минатата среда, се наведува на веб-страница за пријавување исчезнати лица. Според овој извор, бројот на исчезнати лица е малку намален во споредба со претходниот ден, кога надмина 50.000, објави Скај њуз. Наведено е дека досега се пронајдени 15.097 лица кои претходно биле на списокот на исчезнати. Вкупниот број на лица пријавени како ...
Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот. Предлогот до Собранието е ...
Собранието, по еден час пауза на барање од пратеничката група на СДСМ, ја почна 110 седница, на чиј дневен ред, се новите измени и дополнување на Изборниот законик, што ќе се носат по скратена постапка, а е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на почетокот информираше дека седницата е свикана согласно Член 74, став два од Деловникот на Собранието за да може Собранието и другите институции непречено да ...
Собранието во попладневниот дел денеска одржа продолженија на три собраниски седници – 105, 106 и 108 на кои, пратениците изгласааа повеќе законски измени меѓу кои – Законот за работно ангажирање на лица, Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, сите по скратена постапка. Во попладневниот дел, Собранието прво го одржа продолжението ...
Собранието на денешната 109. седница го усвои новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, ја продолжи кризна состојба на дел од територијата на државата и ја избра Христина Софронијоска за заменик-генерална секретарка на законодавниот дом, пренесе МИА. Законот за игрите на среќа беше изгласан со 60 гласа „за“ и 20 „против“. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски изјави дека законот предвидува објектите за приредување игри ...
Високите температури предизвикаа зголемен број интервенции на Брзата помош во Скопје, а само утрово биле регистрирани повеќе од пет колапси на јавни места, најчесто кај постари лица, пренесе МИА. Д-р Ана Џарева од Брза помош – Скопје изјави дека службата бележи значително зголемен број повици, при што помош и медицински совети побарале и помлади граѓани. Најчестите симптоми поради кои се јавувале пациентите биле болки во градите, вртоглавица ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово, Карол Межеван, денеска потпишаа грант во вредност од два милиони долари за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица – фаза 2: наводнување и фаза 3: производство на електрична енергија“, пренесе МИА. Проектот ќе го реализира Министерството за земјоделство преку ...
Шест возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, петмина од нив управувале возило без возачка дозвола, при што двајца се малолетници, додека едно лице било затекнато како вози и покрај активна забрана за управување со патничко возило. Малолетни возачи без дозвола биле откриени во Скопје и Гостивар, а останатите случаи се ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, која стапува во сила од полноќ. Според новата пресметка, дизелот поевтинува за 0,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат за ист износ. Со оваа одлука, просечното намалување на малопродажните цени на нафтените деривати изнесува 0,27 проценти. Од полноќ, литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 80 денари, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини ...