Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, од Парламентарниот самит на Парламентарното собрание на НАТО во Истанбул порача дека Алијансата мора да остане силна, агилна и подготвена за брза реакција во услови на сè покомплексни безбедносни закани, пренесе МИА. Во своето обраќање, Гаши истакна дека светот брзо се менува и дека НАТО мора да располага со стратешка визија и ефикасни механизми за справување со современите предизвици. -Светот брзо се ...
Во делови од Европа температурите вчера достигнаа 40 Целзиусови степени, додека други региони беа погодени од силни бури. Рекордната топлина ги преоптовари здравствените системи, го наруши сообраќајот и предизвика проблеми во производството и снабдувањето со електрична енергија низ континентот. Околу илјада дополнителни смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани во Франција, објави францускиот институт за јавно здравје „Санте публик ...
Во двата јунски уписни рока за учебната 2026/2027 година во средните училишта низ државата се запишале вкупно 15.705 ученици, соопшти Министерството за образование и наука (МОН), пренесе МИА. Од нив, 11.171 ученик ќе следи настава на македонски јазик, 4.241 на албански, 279 на турски, а 14 ученици на српски наставен јазик. Според видот на образованието, 4.653 ученици се запишале во гимназиско образование, 10.823 во стручно образование, а 229 ...
Градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец од граничниот премин Ќафасан до Елбасан, кој е дел од Коридорот 8, продолжуваат со засилено темпо, соопшти Албанската агенција за државни патишта, пренесе МИА. Во моментов, паралелно се работи на повеќе локации. Во тек е изградбата на два моста, оформувањето и насипувањето на патната траса, како и изведба на заштитни работи на речните корита. Истовремено продолжува ...
Триесет и три лица досега се извлечени живи од урнатините по разорните земјотреси во Венецуела, соопшти привремената претседателка Делси Родригес. Меѓу спасените има и неколку деца, но десетици илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати, додека надежта за пронаоѓање нови преживеани сè повеќе се намалува. Бројот на загинатите во двата последователни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени достигна 1.400. Во спасувачките операции во ...
Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но да вршат и плитка обработка (окупување) на почвата за да се зачува влагата и да се спречи формирањето кора, препорачуваат агрометеоролозите. Како што велат, во актуелните, летни временски услови со високи температури, треба да се преземат мерки и за уништување на плевелите, како и за заштита на растенијата од појава и развој на болести и штетници. ...
Цените на храната во фокусот на јавноста: Со растот на цените на нафтата растат и цените во малопродажба, ќе го видиме ли сега спротивниот ефект со поевтинувањето на нафтата? Средбите меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претставници на маркетите деновиве се во фокусот на јавноста по барањето на Владата да се намалат цените на производите во малопродажба. Токму тие цени честопати се тема на дискусија, особено поради нивниот постојан раст ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Владата има јасна стратегија за целосна модернизација на железничкиот сообраќај, истакнувајќи дека веќе се бележат позитивни резултати во работењето на МЖ Транспорт, пренесе МИА. По потпишувањето на Договорот за грант со директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван, Николоски информираше дека средствата во износ од еден милион евра ќе бидат наменети за ...
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ...
Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата. На прашањето како го коментира тоа што министерот Будрис изјави дека сега е ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во отчетот за изминатите две години истакна дека се постигнати значителни резултати за само осум месеци откако е преземен туризмот во склоп на Министерството, односно по укинувањето на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2025 година. – Буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 на 186 милиони денари во оваа година. Тоа е повеќе од 200 проценти раст. Се отворивме кон нови пазари, ...
На 62-годишна возраст во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, потврдија од Драмскиот театар – Скопје. – Со длабока тага се простуваме од Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, драматург и долгогодишен член на Драмскиот театар – Скопје, кој со својата исклучителна творечка визија остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност. Во текот на својата богата кариера режира повеќе од педесет претстави во ...
Актерот Тони Наумовски е добитник на наградата „Мето Јовановски“ на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ Тони Наумовски е годинашниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран. – Секое признание значи, исполнува, мотивира, образува и е ...
Околу 78 отсто од потрошувачите се заинтересирани за поодржливи козметички производи, но многумина сè уште не се доволно запознаени со опциите за полнење на празните пакувања. Долго време, луксузот во светот на убавината значеше луксузно пакување: тешко стаклено шише, сјаен капак, прецизно дизајнирана кутија, производ што изгледа исто толку добро на полицата колку што се чувствува на кожата. Но денес дефиницијата за луксуз се проширува. ...
Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во ...
Повеќе од 1.300 луѓе починале како последица на топлотниот бран што од 21 јуни ја зафати Европа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Икс објави дека високите температури досега однеле повеќе од 1.300 животи. Тој посочи дека околу 150 милиони луѓе во моментов живеат во услови на екстремни горештини, при што стотици лица починале, училиштата се затворени, ...
Повод: Сто и пет години од атентатот врз еден од најголемите македонски револуционери и идеолози На 28 јуни 1921 година бил убиен еден од најголемите македонски идеолози и револуционери – Ѓорче Петров. Неговата смрт не е само историски факт туку и потсетник на жестоката идеолошка битка што се водела околу иднината на Македонија. Петров ја бранел идејата дека Македонија мора да има своја самостојност, свој пат и свој идентитет – независно од ...
Македонскиот пејач Вито Славевски ја претстави својата најнова авторска песна „Полноќна“, со која овој пат прави исчекор кон поинаков музички правец од оној по кој досега беше препознатлив. За разлика од неговите претходни авторски остварувања, кои се карактеризираа со побрз ритам и влијанија од рок, фанк, па дури и етномузиката, „Полноќна“ е романтична поп-балада што носи поемотивен и посуптилен звук. Музиката за песната е дело на Милан ...
п остојат Пораката што се слушаше гласно деновиве од соседството, од Република Албанија, на тамошните одржани масовни протести беше едноставна и јасна: „Албанија не е на продажба“! Имено, во фокусот на гореспоменатиот настан се најдоа албанскиот остров Сазан и полуостровот Звернец, подрачја со исклучителна природна вредност. Најпрвин, еколошките организации предупредија дека масовната урбанизација може неповратно да ги наруши живеалиштата на ...
Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ вчера вечерта на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Претседателката на жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа ...
Од Ѓурѓовден до Митровден Во историјата на македонското националноослободително движење, хектографскиот печат не претставува само обична техничка алатка за информирање туку вистинско револуционерно оружје, рамо до рамо со пушката и куршумот. Во услови на строга отоманска цензура, апатија и постојан прогон од туѓите пропаганди, раните македонски револуционери мораа да пронајдат брз, евтин и лесно пренослив начин за масовно ширење на ...
(Зоран Анчевски, „Длабок простор“. Скопје: „Арс ламина – публикации“, „Арс либрис“, 2026) Поезијата не може да се сведе исклучиво само на зборови на хартија; таа е и начин на „населување“ на просторот со значење, емоции, слики и звуци. Релацијата: поезија – простор е мошне комплексна и динамична. Познато е дека низ историјата, поетите, меѓу другото, го истражувале односот меѓу макрокосмосот (планети, ѕвезди) и микрокосмосот (човековата душа), ...
По повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови и песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл концерт на Јордан Митев полека, но сигурно станува јаве. Деновиве веќе се пуштени и првите онлајн билети преку платформата e–ticket. Концертот, како што веќе најави Митев, ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Под мотото „Две децении љубов, ...
Венецуела меѓу природната катастрофа и интересите на големите сили Два силни земјотреса со магнитуди од 7,2 и 7,5 степени неделава го погодија западниот дел на Венецуела, оставајќи зад себе урнати згради, оштетена инфраструктура и неизвесен број жртви, кој, според властите, ќе продолжи да расте во наредните денови. Во Каракас владее вонредна состојба, а меѓународниот аеродром „Симон Боливар“ беше затворен поради сериозни оштетувања. Жално, но ...
Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународното поетско читање „Мостови“, вечер, 28 јуни, на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе ѝ биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на ...
Како ЕУ уште еднаш заталка од патот кон проширувањето Она што денес се случува со политиката на проширување на Европската Унија повеќе не може да се нарече стратегија. Тоа е лавиринт без излез, во кој ниту Европската комисија, ниту Европскиот совет, ниту најмоќните европски престолнини повеќе не знаат во која насока се движат. Наместо јасна визија, Брисел произведува нови концепти, нови формулации и нови политички конструкции, кои повеќе ...
Денеска во Скопје, по кусо боледување, почина Владо Јаневски (65), македонски пејач и кантавтор. Веста за смртта на Фејсбук ја споделуваат неговите соработници, простувајќи се од пејачот и кантавторот. Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој беше најавен на почетокот на годината, но подоцна беше откажан. Според неговите соработници, тој во последните неколку месеци се лекувал во една од приватните болници во Скопје. ...
Фотографијата со Мицена субгалерикулата (Mycena subgalericulata), мала габа која игра клучна еколошка улога во разградувањето на дрвенестите остатоци во екосистемот, на авторот Гаврил Галев е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии ...
Повод: 105 години од смртта на македонскиот великан Ѓорче Петров Ѓорче Петров заедно со Гоце Делчев е творец на Уставот на ТМОРО од 1897 година. Според проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, втората етапа од развојот на македонското револуционерно движење започнува со Солунскиот конгрес од 1896 година и споменатиот Устав. Имено, со одлуките на конгресот од 1896 година и нивното преточувањето во новиот Устав, организацијата добила уште повеќе македонски ...
Истекувањето на амонијак од ладилник во Гуча е целосно запрено, а шест лица кои биле изложени на гасот се прегледани во болница и пуштени на домашно лекување, јави РТС. Од Општата болница во Чачак соопштија дека сите шестмина пациенти се во добра општа состојба и по извршените лекарски прегледи биле отпуштени. До истекувањето дошло поради дефект на сигурносен вентил, предизвикан од висок притисок во системот за ладење. Во текот на ноќта, ...