Неочекувано откритие на научниците Научниците открија дека едно животно е вистински професионалец во следење на гласовните наредби од луѓето, тие открија дека козите можат да ги следат човечкиот глас и упатства за да пронајдат предмет, исто како малите деца. Откритието е уште поважно ако се знае дека, на пример, блиските роднини на луѓето, шимпанзата, ја немаат оваа способност, а кучињата ја имаат. Затоа, научниците веруваат дека оваа вештина ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, вечерва од 18.30 часот, ќе бидат проектирани краткометражните филмови „Баба Деспина и султанот“, „Исчекување“, „Селска свадба“, „Смртта во Битола“ и „Хуриет во Битола“, снимени од камерата на Манаки. Во истиот термин ќе биде отворена и изложбата на фотографии „La Belle Epoque – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки од крајот на 19 и почетокот на 20 век“. ...

Монографија од Васил Стерјовски за прогонот на Македонците во с. Горна Горица, Албанија Mонографијата „Прогонот на Македонците од преспанското село Горна Горица (1924–1933)“ од страна на авторот Васил Стерјовски е претставена како скромен, но значаен придонес кон историографијата, со јасна цел: да се зачува историската вистина, да им се даде глас на заборавените човечки судбини и да се збогати научната литература за историјата на Македонците ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата кое МИА го објавува интегрално. – Ниски страсти и организирана кампања која овој ...

СЕЗОНСКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ ШТО ПРЕСТОЈУВААТ НА ЕГЕЈСКО МОРЕ Во екот на летната туристичка сезона во Грција се бележат зголемен број пријави за кражби насочени кон туристи, особено кон нивните автомобили. Според искуствата на патници и полициски извештаи, најчеста цел се возила со странски регистарски таблички, меѓу кои и оние од Македонија (и Србија), особено кога се полни со багаж и лични предмети. Иако грчките власти, а ...

Отворени јубилејните 65-ти „Струшки вечери на поезијата“ Годинашните јубилејни 65-ти „Струшки вечери на поезијата“, најпрестижната поетска манифестација кај нас, беа отворени во Струга со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“. Струга повторно е дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. Фестивалот за ...

По повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев полека но сигурно станува јаве. Деновиве веќе се пуштени и првите онлајн билети преку платформата e–ticket. Концертот како што веќе најави Митев ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Под мотото „Две децении љубов, песна ...

Тони Наумовски е годинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран. – Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За ...

„Гордост и предрасуди“ – 200 години подоцна „Суетата и гордоста се различни работи, иако зборовите често се користат наизменично. Човек може да биде горд без да биде суетен. Гордоста е повеќе за нашето мислење за себе, суета за тоа што би сакале другите да мислат за нас“… Ова е извадок од славниот роман „Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин, кој има посебен статус, културен феномен што повеќе од двесте години по објавувањето продолжува да ...

Одбележување 165 години од смртта на чешкиот и словачки лингвист Павел Шафарик со навраќање кон неговото научно творештво посветено на македонскиот јазик Историскиот документ, Македонскиот (Струмички) апостол, македонски ракопис од 12-13 век и моќно сведоштво за древната етничка, идентитетска и јазична самобитност на македонскиот народ, е темелно испитуван од истакнатиот словачки и чешки филолог и етнограф, писател и историчар Павел Јозеф ...

Поетски читања и портрети на дел од учесниците на Струшките вечери на поезијата го одбележуваат и вториот ден од манифестацијата. Поезија денеска читаа авторите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик. Поетски портрет имаа и минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска и лауреатот на наградата „Мостови на ...

Оставката на британскиот премиер Кир Стармер како повод за поширок новинарски осврт за некои карактеристични состојби во Обединетото Кралство Политичка ферментација во Британија по излегувањето од ЕУ Во политичката историја на модерна Европа ретко може да се најде пример за толку честа промена на лидери во земја што долго време се сметаше за еден од најстабилните демократски системи во светот. Од Дејвид Камерон, преку Тереза Меј, Борис ...

Шестата книга на Љубомир Јованоски-Кара, „Проклетството на Суетата“, (Бадник над Санк Петербург, Проколнати, Талкачот, Шутот безличен и Ѓаволска наметка) е поддржана од Министерството за култура, а е во издание на центарот за културна размена „Логос“ – Битола. Делото претставува демистификација на личности што ја обележале историјата со триумфални победи и оставиле трага за народите и поколенијата. Човекот како единка дури и да е од највисок ...

Младиот пејач Стефан Спироски од Струга, на годинешното издание на „Охрид фест-Охридски трубадури“ во рамки на поп вечерта, која ќе се одржи на 27 август, ќе ја испее композицијата со наслов „Дури постојам“. Станува збор за последното седумстотто дело, на големиот македонски композитор Кире Костов. – Оваа песна за мене има огромно значење и емотивна тежина. Соработката се случи сосема случајно, преку близок пријател на маестро Кире Костов. ...

Употребата на антибиотици во земјава е намалена, додека меѓу најкористените лекови и натаму се метформинот, пантопразолот и дијазепамот, соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешниот брифинг со новинарите. Според податоците на ФЗО, во периодот од 2023 до 2025 година е регистриран раст од 34 проценти во потрошувачката на лекови, пред сѐ поради воведувањето на нови и поскапи терапии, како и ...

1. Пензиска правда или нов товар за системот? Германија повторно ја отвора дебатата за правичноста во пензискиот систем. Со најавената реформа позната како „Мутеренте III“ (Mütterrente III), федералната влада се обидува да исправи една долгогодишна нееднаквост што погодуваше милиони мајки чии деца се родени пред 1992 година Суштината на ново-старата идеја за реформа на германскиот пензиски систем е исклучително интересна. Според многумина, ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази уверување дека Македонија ќе ги исполни обврските од реформската агенда во предвидениот рок и ќе биде меѓу најуспешните земји во регионот според јунската оценка на Европската комисија. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Мицкоски изјави дека Владата ги финализира последните усогласувања на реформските закони и индикатори, по што очекува позитивна оценка од Брисел. – Убеден сум дека ќе влеземе ...

Дискотеката „Пулс“ во Кочани започнала со работа и покрај тоа што не ги исполнувала минималните технички услови, посочи Обвинителството на денешното рочиште во судскиот процес за трагичниот пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во судницата во КПУ „Идризово“ беа презентирани докази обезбедени од Министерството за економија и труд, односно од Секторот за туризам и угостителство, кои според Обвинителството се однесуваат на ...

Во акција на црногорската полиција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера во Котор е уапсен припадник на Иранската револуционерна гарда Амир Барати, обвинет од САД за хакерски напади со кои е оштетена американската инфраструктура за 3,4 милијарди долари. Приведениот 39-годишен Барати е државјанин на Турција и на Иран, против кого во Високиот суд во Њујорк се води кривичната постапка поради кибер и организиран криминал. Во ...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека „квалитетот на војната“ во Украина ќе се промени веднаш ако Киев ја вовлече Белорусија во неа, додавајќи дека неговата земја ќе застане на страната на Русија во секоја ситуација. – Неодамна, претставници на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски беа тука. Им реков директно: „Луѓе, кажете му на вашиот претседател: ако мисли дека може да разговара со нас вака, а потоа да нè вовлече ...

Бројот на жртви од двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 188 лица, соопшти денеска претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез. Според најновите информации, 1.520 повредени лица се хоспитализирани, додека околу 200 луѓе и понатаму се заробени под урнатините на зградите. Спасувачките екипи продолжуваат со интензивни операции во обид да пронајдат преживеани, пренесе МИА. – Во трка сме со времето за ...

Стравувањата од голем број жртви растат по двата силни земјотреси што денеска ја погодија Венецуела, предизвикувајќи огромни разурнувања во главниот град Каракас и во повеќе околни области. Според податоците на Геолошкиот завод на САД, првиот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала бил регистриран околу пладне, на околу 160 километри западно од Каракас. Помалку од една минута подоцна следел уште посилен потрес со магнитуда ...

Повисокиот СПФ-број на пакувањето на кремот за сончање не секогаш значи подобра заштита. Иако некој може да помисли дека СПФ 50 штити подобро од СПФ 30, дерматолозите објаснуваат дека разликите се изненадувачки мали. Па што треба да изберете – 50, 30 или можеби 15? Од што зависи тоа? Кои се најчестите грешки што ги правите кога користите крем за сончање? Зошто дури и најдобриот СПФ нема да има ефект ако не го користите правилно? ...

Повеќе од 100 милиони луѓе во Европа денеска ќе бидат изложени на екстремно високи температури над 35 Целзиусови степени, додека над 380 милиони жители ќе се соочат со температури повисоки од 30 степени, покажуваат анализите на француската новинска агенција АФП, пренесува Хина. Според пресметките, најмалку 101 милион луѓе на континентот ќе бидат погодени од жештини над 35 степени. Најголем дел од нив се во Франција, каде што повеќе од 50 ...

Јубилејни 65-ти „Струшки вечери на поезијата“ Со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2026 година, холандската поетеса Анеке Брасинга, вчера во Струга почна 65-то издание на „Струшките вечери на поезијата“. Официјалното отворање на манифестацијата е со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“ во Домот на поезијата, а продолжува со ...

Оман денеска соопшти дека нема да воведе такси за премин низ Ормуската Теснина, повлекувајќи ги претходните најави за можни надоместоци поврзани со управувањето на еден од најважните светски поморски коридори. Министерот за надворешни работи на Бадр ал Бусаиди изјави дека идните договори поврзани со Ормуската Теснина нема да предвидуваат наплата на такси за премин на бродовите, пренесе „Ројтерс“. Изјавата беше дадена за време на состанокот ...

Силен земјотрес со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди северна Јапонија, соопштија надлежните сеизмолошки служби. Епицентарот на потресот бил лоциран во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри. Земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион, предизвикувајќи вознемиреност кај населението, пренесе „Ројтерс“. И покрај силниот потрес, јапонските власти не ...

Единаесетгодишниот Македон Димитровски постигна извонреден успех на американскиот SAT тест, освојувајќи вкупно 1.440 поени од можни 1.600, резултат што вообичаено го постигнуваат ученици на возраст од 17 и 18 години. Според информациите објавени од неговото семејство, младиот талент освоил 740 поени по математика и 700 поени по англиски јазик, што го вбројува меѓу најуспешните ученици на негова возраст на глобално ниво. SAT е стандардизиран ...

Венецуела прогласи вонредна состојба откако два силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија земјата во интервал од само 39 секунди, предизвикувајќи уривање на згради, прекин на сообраќајот и масовна паника меѓу населението. Според последните информации, најмалку 32 лица загинале, а повеќе од 700 се повредени, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините, пренесе „Ројтерс“. Според Американскиот ...

Шефот на иранското правосудство, Голам-Хосеин Мохсени Еџеи, изјави дека е неопходно да се заштитат правата на иранскиот народ преку меѓународни правни и судски механизми, при што порача дека САД и Израел мора да сносат одговорност за, како што рече, злосторствата извршени за време на неодамнешниот конфликт со Иран. Еџеи, кој говореше на состанок со високи судски функционери и претседатели на покраински судови, истакна дека постојат правни ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.79
42%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
64%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.45
40%
1012
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.86
39%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
58%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.41
72%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.92
53%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
37%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.29
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36