Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Националниот џез-оркестар настапи на „Еар бит фестивал – Лулу фест“ во Корча, Албанија, каде што беше дел од главната фестивалска програма што се одржа во Старата чаршија. Овој фестивал обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и за заеднички креативни проекти. На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез-оркестар се претстави пред ...
Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 34 степени. Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 13 ...
Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за криумчарење на 348 грама златен накит, проценет на околу 1,3 милиони денари. Како што соопшти Царинската управа, случајот бил откриен при детална контрола на автомобил што влегувал во државата. Во возилото патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија. При прегледот, во чантата на сопатничката биле пронајдени 26 парчиња златен накит, кои не биле ...
Нова страница во индиско-македонските билатерални односи Официјалната посета на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија испрати јасна порака дека политичките односи меѓу двете земји веќе не се единствената основа на билатералната соработка. Заедничката определба на претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму е следниот чекор да биде економијата – преку зголемување на трговската размена, нови инвестиции и отворање ...
Ретроспектива на штетите настанати од невремето на 21 јули, кое за помалку од два часа ја промени сликата во повеќе македонски градови Невремето, кое траеше помалку од два часа, а зад себе остави речиси двесте паднати дрвја, повеќе од стотина оштетени возила, покриви на згради и куќи, предизвика неколку пожари, оштети патна инфраструктура, како и 2.038 трафостаници, но и повреди неколку лица, а беше и причина за стотици интервенции и ангажман ...
Скопските општини ќе формираат комисии за евидентирање и процена на штетите од невремето, преку кои граѓаните ќе можат да ги пријават оштетувањата на своите домови, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. По координативниот состанок со градоначалниците на скопските општини и Кризниот штаб, Ѓорѓиевски соопшти дека во соработка со Град Скопје ќе се изврши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законските процедури и ...
Водата од водоводната мрежа во Гостивар во моментов е неисправна и за пиење и за техничка употреба, покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје. Надлежните институции апелираат граѓаните до понатамошно известување воопшто да не ја користат водата од градскиот водовод. Ова било една од главните теми на денешната седница на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), со која претседавал министерот за внатрешни работи Панче ...
Државниот обвинител на Унгарија, Габор Балинт Наѓ, поднесе оставка, соопштувајќи дека функцијата ќе ја напушти на 25 август поради, како што наведе, неприфатливите јавни притисоци врз обвинителството. Во соопштение испратено до медиумите, Наѓ истакна дека во изминатиот период обвинителството било изложено на бројни напади насочени кон него лично, кои, според него, ги надминале границите на прифатливата професионална и јавна дебата. ...
Доналд Трамп смета дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е идеален кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на извори блиски до американскиот претседател. Трамп даде висока оценка за организацијата на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, нарекувајќи го „најголемото Мундијал досега“. Според него, Инфантино ужива голем авторитет ширум светот и поседува ретка ...
Водата од градскиот водовод во Валандово привремено не е безбедна за пиење поради утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти ЈП „Комунален сервис“ – Валандово. Според јавното претпријатие, присуството на арсен било констатирано во резултатите од анализите извршени од Институтот за јавно здравје – Скопје. Поради тоа, на граѓаните им се препорачува до понатамошно известување да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење. Водата може да ...
Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале ...
Од локалната самоуправа на општина Чаир информираат дека интервенциите се одвиваат непрекинато од синоќа, со цел што побрзо да се воспостави нормално функционирање во погодените делови на општината. Во акцијата се ангажирани сезонски работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанија ангажирана од Општината, како и четири камиони кои работат на расчистување на секундарните улици и јавните површини. Паралелно се отстрануваат паднати ...
Новиот британски премиер најавува десетгодишен план за коренити промени Енди Барнам (56) вчера стана седмиот премиер на Велика Британија во изминатата деценија, со што се очекува тој да се соочи со низа предизвици што резултираа со смена на неговите претходници, објавуваат светските медиуми. Откако ја прифати поканата на британскиот крал Чарлс Трети за формирање влада, Барнам постави „приоритети за враќање на довербата во власта, во услови на ...
Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементирани усвоените амандмани, со кои се обезбедени дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство, соопшти ...
Силното невреме што вчера зафати повеќе градови во државата предизвика сериозни оштетувања на електродистрибутивната мрежа, поради што без електрична енергија останаа 2.308 трафостаници, соопштија од ЕВН Македонија. Од компанијата информираат дека невремето предизвикало штети на мрежата на среден и низок напон, како и уривање на неколку стотици електрични столбови. Засилените теренски екипи интервенирале непрекинато во исклучително тешки ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа раководителите на општинските сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа договорени мерки за справување со последиците од силното невреме што ја погоди општината, пренесе МИА. Меѓу донесените мерки е формирање комисија за проценка на штетите, задолжување на сите куќни совети да ...
ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ МЕЃУ НАДЕЖТА И СКРИЕНИТЕ НАМЕРИ Европската комисија (ЕК) ја потврди долгоочекуваната ревизија на европскиот Систем за тргување со емисии (ЕТС), со која практично признава дека досегашната динамика на намалување на емисиите на стакленички гасови станала политички и економски неодржлива. По долги преговори и сериозни внатрешни поделби, Брисел предложи значително ублажување на правилата што требаше постепено да ја доведат ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари онлајн-состанок со директорот на Директоратот за соседство и проширување при Европската комисија, Герт Јан Копман, на кој се разговарало за законските и реформските обврски што Македонија треба да ги исполни до декември во рамките на евроинтеграцискиот процес. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски оцени дека државата продолжува навремено да ги исполнува преземените обврски и посочи дека, со ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека штетите предизвикани од силното невреме што синоќа го зафати Скопје ќе бидат утврдени и надоместени согласно законските процедури и досегашната практика, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека Владата располага со механизми за помош во вакви ситуации и нагласи дека граѓаните нема да бидат оставени сами да се справуваат со последиците. -Оваа Влада никогаш не ги оставала ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде заокружен процесот за избор на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција. Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Мицкоски изјави дека се водат ...
Членството во ЕУ е нашиот главен приоритет, поддржан со широк политички консензус и од граѓаните. Реформите и европската интеграција бараат заедничка одговорност и консензус, порача меѓудругото денеска вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, во своето обраќање на седница на Националниот совет за евроинтеграции, посветена на клучните аспекти на процесот на европска интеграција. Тој нагласи проширувањето е главен приоритет и за ...
Во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) 11 лица од кои тројца се со посериозни скршеници. – Од 22-та пациенти во „Св. Наум Охридски“ двајца се примени на болничко лекување, другите се ...
Во Музејот на град Скопје денеска е откриена спомен биста на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија. Спомен бистата е откриена во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со претседателката ...
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата. -Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ, рече Рокас, обраќајќи се на седница на Националниот совет за ...
Климатските промени веќе не се предупредување – тие станаа секојдневие Последните интензивни временски непогоди во земјава се јасна потврда дека климатските промени повеќе не се тема за научни конференции, меѓународни самити или извештаи што ретко кој ги чита, туку реалност со која граѓаните секојдневно се соочуваат. Од ден на ден, временските услови стануваат понепредвидливи, а екстремните појави сè почести. Она што до пред неколку години се ...
Невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде синоќа до 22 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи. Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската ...
Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и ...
Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“. Овој состав го сочинуваат Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО Жилина) е основан во 2024 година во рамките на ...
Името на централната населба во Овчеполието, градот Свети Николе, е топоним што во својата сегашна форма се користи во официјалните документи од околу 1945 година. Свети Никола – името на старата населба околу којашто се наоѓа денешниот град – го прави Свети Николе единствен град со име на светец во Република Македонија. Дури и да не се направи никаква промена, односно враќање на старото име на градот, топонимот сведочи за единственото име на ...
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МЕЃУ НАУКАТА И ПОЛИТИКАТА (7) Во претходните шест продолженија се обидовме да покажеме дека македонскиот литературен јазик не се појавил одеднаш во XX век, туку претставува резултат на еден долг историски развој, чии корени водат уште до словенската писменост, Охридската книжевна школа, средновековните ракописи, грамотите, дамаскините, македонските преродбеници и Крсте Петков Мисирков. Тој развој добил своја институционална ...