Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Мицкоски вели дека нема да се кандидира за Претседател Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за разговорите за Изборниот законик рече дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќаат предлозите на СДСМ и на Левица, освен електронското гласање за дијаспората. Ги демантираше написите дека планира да се кандидира за претседател во 2029 година. – Прво, немам намера да се кандидирам 2029 година за претседател на државата. Кога ќе ми ...
Додека сум министер, постојано ќе придонесувам кон здравствениот систем, а и потоа ќе давам максимум од себе за заедницата. Ова го изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања. – Значи, јас уште сум министер за здравство до моментот кога во Собрание ќе се изгласа нов министер, и до тој ден, секоја минута ќе работам и ќе придонесам кон здравствениот систем во државата. Јас кога влегов пред 10 години во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека веќе ги добил предлозите на „Вреди“ и ЗНАМ за новите министри во реконструираната Влада, дека за него тие предлози се сосема во ред и дека очекува поуспешна работа на новиот владин состав. – Да, ги имам предлозите и за новите министри од „Вреди“ и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам тие да ги кажат, да не ги кажувам јас. За мене, тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна ...
Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали, најавува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска откако Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа. – Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година и заложбите за подобрување на конкурентноста на македонската ...
Буџетската математика покажува дека Брисел најпрво се обидува да ја спаси сопствената каса, а дури потоа да размислува за нови членки (2) Преговорите за новата повеќегодишна финансиска рамка (2028–2034), вредна околу два билиона евра (еден билион е еднаков на илјада милијарди – н.з.), покажуваат дека Европа денес нема проблем само како да троши повеќе, туку пред сè како воопшто да обезбеди доволно приходи за сопственото функционирање. Во таа ...
ТАЈНИ ПОРАКИ, ИСТРАГИ И МНОШТВО ОСНОВИ НА СОМНЕВАЊА КОН ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повторно се најде под лупата на европските институции, овој пат поради сомневања дека Европската комисија (ЕК) „…неосновано ја ограничила јавноста да добие увид во комуникациите што ги водела со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку европски државници“… Имено, во врска со тоа, европската ...
Критики од Светиот Престол кон Брисел На собирот на кардинали свикан од папата Лав Четиринаесетти, префектот на Дикастеријата за доктрина на верата, кардиналот Виктор Мануел Фернандез, отвори тема што одамна тлее во европската политика, а тоа се „селективната примена на меѓународното право, различниот однос кон оружените конфликти и тенденцијата моралните принципи да се приспособуваат на политичките интереси“. Ватикан со критика на ...
Драмскиот театар од Скопје првиот дел од сезоната го заокружува со гостување во Белградскиот драмски театар. Одиграна беше претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“, во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното гледалишче Љубљана и продукцијата на ...
Под водство на маестро Сашо Татарчевски, Женскиот младински хор при МКЦ во јуни учестваше на два реномирани меѓународни фестивали. На веќе традиционалниот „Vox Lychnidos“ фестивал во Охрид, во безвременската катедрална црква „Света Софија“ хорот настапи на 20 јуни со интересна програма составена од квалитетни хорски аранжмани на џез и популарна музика. На фестивалот учествуваа уште два македонски хора, како и 4 хорови од Србија и Словенија. ...
Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и хрватскиот национален ансамбл „Ладо“ ќе одржат два заеднички концерти во Македонија, носејќи на сцената спој на македонската и хрватската фолклорна традиција, соопшти Министерство за култура и туризам. Првиот концерт ќе се одржи на 8 јули на античкиот локалитет Хераклеја во Битола, а вториот на 10 јули во Националната опера и балет во Скопје. Двата настапи ќе започнат во 20.30 ...
Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (18) Прашањето за посебноста и историскиот континуитет на македонскиот народ неретко било предмет на политички мотивирани оспорувања од страна на соседните балкански историографии. Честиот селективен пристап кон минатото и тврдењата дека македонскиот идентитет е современ политички конструкт наметнат по Втората светска војна се соочуваат со сериозен демант кога ќе се ...
Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област. Новото законско решение има за цел да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите, да ја намали сивата економија, да ја зајакне контролата и надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да придонесе во борбата против перењето пари и финансиските ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Меѓу многуте животни навики што придонесуваат за здравјето на срцето, како што се редовната физичка активност и избегнувањето пушење цигари, особено важно место зазема диетата. Многу кардиолози, особено во летните денови, препорачуваат зголемено внесување овошје поради неговиот исклучителен нутритивен состав, но и затоа што голем број студии покажале дека овошјето во поголеми количества може да го намали ризикот од срцев и мозочен удар или ...
Со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а ...
Честопати морето го поврзуваме само со годишни одмори, но неговото влијание врз човекот оди подалеку од психолошко олеснување. Иако не постои научна основа што тврди дека „морето лекува одредени болести“, престојот на море има голем број придобивки за општото физичко здравје. 1. Алергии и респираторни проблеми: Престојот на море може да ги ублажи симптомите кај луѓето што имаат сезонски алергии или благи респираторни проблеми. Солениот морски ...
Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили Гордана Силјановска-Давкова денеска го прими генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа. За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот. Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните ...
Грчките спасувачи трагаат по луѓе заробени во урнатините, откако се урна четирикатна станбена зграда во областа Петралона во Атина, соопшти противпожарната бригада, објави „Ројтерс“. Четири лица за кои претходно беше објавено дека се заробени се пронајдени и се безбедни, но операцијата продолжува. Екипаж со кучиња спасувачи ги пребаруваше урнатините, додека другите сили беа во состојба на готовност. – Не беше јасно што го предизвика ...
Изминативе повеќе од 20 години откако се стекнавме со статусот кандидат, ние направивме толку многу, како ниту една земја којашто станала членка на Европската Унија или којашто пледира да биде дел од ЕУ, во делот на идентитетот, а во делот на суштинските реформи не сакам да дискутирам бидејќи мислам дека сме многу понапред и од одредени членки на самата Европска Унија, но кога станува збор за идентитетските реформи направивме толку многу што ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по седницата на Извршниот комитет на партијата го соопшти предлог составот на неговиот нов кабинет. Мицкоски информираше и за ресорите договорени со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ. Предлогот за нов реконструиран состав на Владата се очекува до петок да биде испратен до Собранието, а најдоцна до средината на јули да биде избран новиот владин состав. – Пред да прејдам на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сочувство по нападот во установа за социјална помош за млади во северногерманскиот град Штаде, во кој беа убиени шест лица, јави ДПА. -Веста од Штаде е длабоко шокирана – напиша Мерц на Икс, додавајќи дека биле убиени или повредени луѓе „кои сакале да им помогнат и да ги заштитат другите“. Тој изрази сочувство до жртвите и нивните семејства и им се заблагодари на полицајците за брзата реакција. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатила барањата на Левица за државно финансирање на партиите и дека се спремни да прифатат две од барањата на СДСМ за Изборниот законик, но дека не отстапуваат од електронското гласање кое предлагаат да започне на следните претседателски избори. Мицкоски рече дека Левица води непринципиелна политика и иако учествувале во работната група за Изборниот законик, одбиле да го потпишат. – ...
До 18:00 часот на на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 11 се изгаснати. Се уште активни се пожарите во општина Охрид кај селото Мешеишта каде гори ниска вегетација и во општина Велес покрај магистралниот пат Велес–Штип каде гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пренесува МИА. Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски попладнево на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството Борче Серафимовски. Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, влијателно министерство. Димитриевски ...
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека во претстојната реконструкција ВМРО-ДПМНЕ добива два нови ресора – здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, правда и министер за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ го добива министерството за земјоделство, а тие ќе имаат и плус еден заменик министер. Мицкоски не сакаше пред седницата на Извршниот комитет да ги соопшти ...
Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив. -Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен ...
Попладнево околу 16 часот воздухолов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување се вкучи во гасењето на големиот пожар кој денеска околу 10:40 часот избувна на раскрсницата на експресниот пат Велес – Штип, десно под Градската депонија и кој потоа се распламти и зафати голема територија со повеќе краци на ширење. Пожарот се уште гори и покрај брзата и непрекината интервенција на пожарникарите со неколку екипи од Територијалната ...
Дополнително возило и луѓе на терен попладнево се пристигнати на локацијата во близина на македонско – грчката граница, каде околу 10 часот е пријавен пожар, информираат од Центарот за управување со кризи во Гевгелија. Според информациите од подружницата на ЦУК, заедно со двете противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран“ со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со четворица пожарникари, на терен се ...
Денеска одржавме работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата. Разговаравме за досега постигнатите резултати, тековните активности и следните чекори за исполнување на реформските обврски, информираше премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук. – Заеднички ја потврдивме важноста од континуирана соработка, ...
Пожар утринава избувна на локацијата Владаја во Општина Дојран и сè уште е активен, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК – Гевгелија, пожарот бил пријавен околу 10 часот, а на терен интервенираат две противпожарни возила на Доброволното противпожарно друштво „Дојран“ со пет пожарникари, како и едно специјално возило на Територијалната противпожарна единица Гевгелија со тројца пожарникари. Локацијата ја обезбедува и ...