Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Знаменитостите на Македонија Виничкото Кале е еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија, токму затоа што ја покажува континуитетната човечка населба од неолитот, па сè до доцната антика. На југозападниот брег на Виница, на возвишение од околу 70 метри, покрај патот за селото Лески, се издигнува оваа утврда, која била центар на живот, култура и одбрана. Она што го прави особено вредно е фактот дека градбите покрај градскиот ...
ЧЕСТИТКИ ОД КИНЕСКАТА АМБАСАДА ДО МЛАДИТЕ МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТИ Нов голем успех постигнаа младите македонски математичари што учествуваат на тековната 67. Интернационална математичка олимпијада што се одржува од 10 до 21 јули во Шангај, Кина. Шестчлената екипа, која ја претставуваше Македонија, во голема конкуренција успеа да освои еден златен и три бронзени медали. Со највредниот медал се закити еден од најуспешните млади македонски ...
Обемна студија објавена во списанието „Нејчр“ образложува дека жолтите дождови се само видливата трага од еден многу поголем процес за кој науката сè погласно предупредува Жолтите дождови што сè почесто ги гледаме по автомобилите, прозорците и улиците одамна престанаа да бидат необична временска појава. Научните докази сега потврдуваат дека тие се само највидливиот знак на многу подлабок и посериозен проблем. Сахарската прашина не е само ...
Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и за подготвување храна останува во сила сѐ додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност, истакна вчера директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, додавајќи дека надлежните продолжуваат да ја следат состојбата и да преземаат соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините ...
Со импресивен настап на единаесетмина истакнати уметници на „Охридско лето“ синоќа беа одбележани јубилејни шеесет години од постоењето на Факултетот за музичка уметност-Скопје. Некогашните студенти на овој реномиран факултет, сопранистките Весна Гиновска-Илкова и Ана Дурловски, басот Игор Дурловски, пијанистите Катерина Гелебешева-Костадиновска, Кристина Светиева, Јанинка Невчева и Глигор Гелебешев, флејтистката Катерина Бачевска, обоистката ...
„Охридско лето“ денеска на репероарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и 30 минути. Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на ...
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток нов притисок врз економиите Нарушувањето на примирјето на Блискиот Исток е нов шок и удар за глобалната економија, најмногу како резултат на намалените испораки на нафта и нафтени деривати. Од почетокот на војната меѓу САД и Иран се случи најголемото нарушување на глобалниот пазар на нафта во последните децении, поради што се стравуваше од вртоглав раст на цените. По првичниот скок на цените на ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ...
По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број ...
Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во дводневна посета на Македонија Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, престојува во дводневна официјална посета на Македонија, во рамките на која се предвидени повеќе средби со претставници на македонскиот државен врв, кои се очекува да го поттикнат натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји. Мурму вчера беше пречекана со највисоки државни ...
Повод: Претседателот на Унгарија потпиша указ за уставни измени, претходно усвоени во унгарскиот парламент, со кои му престанува и неговиот мандат како шеф на државата Пишување набрзина на ново политичко-правно поглавје во една држава речиси никогаш не минува без турбуленции. Тоа деновиве најдобро се гледа во Унгарија, каде што новата влада на Петер Маѓар направи потег без преседан во поновата европска историја. Имено, унгарскиот парламент ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули 2026 година. Новите цени, како што соопштија од РКЕ, ќе важат од 21 јули 2026 година од 00:01 часот. Најголемо поскапување ќе има кај дизелот, чија цена се зголемува за шест денари по литар и од ноќеска ...
Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината. Веднаш по невремето беше свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби беа упатени на терен и започнаа со интервенции на најкритичните локации, соопшти градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Како што информираше тој, во текот на ноќта биле расчистени повеќе ...
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Силјановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...
Најмалку девет работници загинаа, а се стравува дека уште најмалку 15 лица се заробени по експлозија во тунел во индиската сојузна држава Сиким, пренесе „Ројтерс“. Несреќата се случила вчера на градилиште на државната електроенергетска компанија на реката Тиста, во селото Самарданг. Окружниот претставник Субаш Гимиреј изјави дека првичните информации укажуваат дека експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување на течен природен ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции, соопшти вечерва МВР. – Невремето предизвика најголеми последици на ...
По силното невреме што го зафати Скопје, припадниците на Армијата без одлагање излегоа на терен и се вклучија во расчистувањето на последиците, давајќи значаен придонес во справувањето со настанатата состојба, информираше АРМ на социјалните мрежи. – Брзата реакција, професионалноста и несебична посветеност уште еднаш ја потврдија подготвеноста на Армијата да биде со граѓаните во моменти кога е најпотребна помош – се вели во објавата. По ...
По успешното прво издание, фестивалот „Скопје се лади“ се враќа по вторпат и на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ во Скопје во најголемата летна музичка сцена во државата. Годинашниот фестивал носи ексклузивен настап на светски познатиот диџеј и продуцент Бурак Јетер, кој за првпат доаѓа во Македонија. Како автор на глобалните хитови „Tuesday“ и „My Life Is Going On“, кој е главна тема на серијата „Мани хајст“, Бурак Јетер е едно од ...
Кога си дете, сè изгледа едноставно: ако ги имаш очите на татко ти, а носот на мајка ти, тоа значи дека генетиката функционирала како што треба. Во реалноста, секоја секунда во нас се случува остра поделба на наследството. Добиваме точно по 50 отсто ДНК од секој родител, иако многу популарни написи тврдат дека гените на таткото се „посилни“ или „поагресивни“. Но вистината е дека постојат работи кога машкиот хромозом или еволутивниот дизајн на ...
Некогаш резервирани главно за спортисти и рекреативци, протеинските пудинзи денес станаа еден од најбараните производи во супермаркетите. Протеинските пудинзи ги преплавија полиците во продавниците, а многумина се прашуваат дали навистина толку се здрави или сето тоа е само уште еден маркетиншки тренд? Многуте протеини, тоа што имаат малку шеќер и привлечното пакување создаваат впечаток дека се здрава алтернатива на класичните десерти. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 50 проценти за широк спектар производи од Канада, обвинувајќи ја Отава за дискриминаторски третман на американските автомобили, алкохолни пијалаци и млечни производи, пренесе „Ројтерс“. За воведувањето на мерката, Трамп се повика на член 338 од Законот за царини од 1930 година, кој му овозможува на претседателот да воведе казнени царини до 50 проценти за земји за кои се ...
Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17 до 21 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, биле примени повеќе од 8.300 повици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Операторите на 112, посочуваат од ЦУК, работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. – И во моментов сè уште има зголемен ...
Да се зајакнат трговските односи меѓу Македонија и Индија со цел во следните пет години да достигнат барем 400 милиони американски долари во трговска размена, со што вистински ќе се реафирмираат односите меѓу двете земји, беше главната порака од Македонско-индискиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје на којшто се обратија и претседателките на Гордана Силјановска Давкова и Друпади Мурму. Силјановска Давкова во своето обраќање посочи ...
Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет. -Пациентите се сместени во делот каде што е ...
Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што попладнето го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски за МИА изјави дека од деветте повредени, две се со ...
Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски. Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. – Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема ...
Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов. Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. – Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно ...
Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информираше Центарот за управување со кризи. – Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на улица „Женевска“ број 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на улица „Методија Митевски“, ...
Последиците од случајот со водата за пиење и денеска беа присутни во Гостивар – граѓаните продолжија да подигнуваат флаширана вода од пунктовите низ градот, во Општата болница продолжија прегледите на пациенти со стомачни тегоби, а пред судија на претходна постапка беа изведени тројцата осомничени во истрагата за случајот. На седумте пункта за дистрибуција на флаширана вода, поставени од Владата, во текот на целиот ден граѓаните подигнуваа ...