Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 5.069, соопшти претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез. Според официјалните податоци, бројот на повредени останува 16.740, додека 17.907 лица останале без своите домови како последица од катастрофата. Властите претходно информираа дека се оштетени вкупно 856 објекти. Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 ...
Германија го зголеми националното безбедносно ниво од „општо ниво на закана“ на „висок степен на закана“, поради зголемениот број безбедносни извештаи и разузнавачки информации, соопшти германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт. Во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, Добринт изјави дека новата проценка значи дека во Германија мора постојано да се смета на можноста од напад. -Ова значи дека ризикот од напад мора ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека судството и обвинителството нема да добијат дополнителни буџетски средства сè додека не покажат подобри резултати во испораката на правдата, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Дебрца, тој рече дека Владата нема да прифати притисоци за зголемување на финансиските средства за правосудниот систем. -Пари повеќе нема да добијат. Иако се бара во Законот за јавно ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се активно вклучени во расчистувањето на случајот со стомачните тегоби кај голем број граѓани во Гостивар и порача дека ќе има одговорност доколку се утврдат пропусти, пренесе МИА. При денешната посета на Општина Дебарца, Мицкоски рече дека во тек се анализи на мостри од водата, а паралелно се спроведува и постапка под надзор на Јавното обвинителство. -Во овој момент сите ...
Во текот на денешниот ден, заклучно со 13 часот, во државата се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Желино, каде гори ниска вегетација, како и во близина на патарината кон Гостивар, на територијата на општина Боговиње, каде исто така е зафатена ниска вегетација. Третиот активен пожар е во општина Крива Паланка, на локалитетот ...
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, како што соопшти, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде ...
Во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, бидејќи сè уште не е утврден причинителот на зголемениот број случаи со стомачни тегоби, изјави министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во Гостивар, пренесе МИА. Тој информираше дека бројот на пациенти со симптоми како дијареја, повраќање и температура останува стабилен од 13 јули наваму, кога биле регистрирани првите случаи. -Над 200 граѓани дневно бараат ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. На средбата беше потврдена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство и билатералната соработка меѓу двете земји, во интерес на нивните граѓани. Во фокусот на разговорите беа унапредувањето на соработката во областа на одбраната, ...
Полицијата пронајде дрога и ладно оружје при акциска контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Тетово, при што беа приведени четири лица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во текот на ноќта меѓу 17 и 18 јули, во периодот од 23.30 до 02.00 часот. При контрола на еден угостителски објект во Тетово, на задниот дел од објектот биле пронајдени две кеси со бела прашкаста материја, за која ќе се ...
Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго достигна 2.181, додека досега се регистрирани 864 смртни случаи, покажуваат најновите официјални податоци на властите. Само во последните 24 часа се потврдени 56 нови случаи на зараза, а евидентирани се и 36 нови смртни случаи поврзани со болеста. Надлежните институции продолжуваат да ја следат состојбата и да спроведуваат мерки за ограничување на ширењето на вирусот, кој и ...
Едно лице почина како последица од легионерска болест во Менхетен, соопштија здравствените власти во Њујорк, пренесе МИА. Надлежните не открија детали за идентитетот, возраста или околностите под кои починатото лице се заразило. Според податоците на градското здравствено одделение, во епидемијата што го зафати квартот Горен Ист Сајд се регистрирани најмалку 67 случаи на заболени, а повеќе од десет лица се хоспитализирани. Здравствените ...
Прилеп повторно е центарот на најголемата летна фестивалска приказна во Македонија! Синоќа започна 23 -то издание на масовната манифестација Пиво фестивал- кој нуди многу забава,пиво и скара. Отворајќи го фестивалот градоначалникот Дејан Проданоски на посетителите им порача да уживаат овие денови во одличната музика, различните видови ладно пиво, прилепскиот бренд, највкусната скара и незаборавната забава, заблагодарувајќи им се на сите кои ...
„Ловецот во ’ржта“, според Џ.Д. Селинџер, во режија на Мартин Кочовски, е новата претстава што театарот „Војдан Чернодрински“ ја изведе премиерно на големата сцена од ЦК „Марко Цепенков“. Текстот, вели режисерот Мартин Кочовски, е цивилизациски важен, популарен, бидејќи обработува тема за невозможниот бунт на индивидуалецот против општеството. – Текстот има оставено голем белег врз културата, особено поп-културата. Го одбрав театарот „Војдан ...
Убавините на островот Крит (прв дел) Низ вековите бил познат под италијанското име Кандиа, во средновековниот период како Хандакс, додека на класичен латински се нарекувал Крета, на турски Кандије или Гирит. Крит е еден од најголемите острови во Грција и петти најголем во Средоземјето. Остров со древна култура, историја, популарно туристичко одредиште, особено за младите. Има што да понуди Крит, од археолошки локалитети, венецијански замоци, ...
МИСТИЧНА МАКЕДОНИЈА – МУЗЕЈ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО Во современото проучување на историјата на античкиот Медитеран и Југоисточна Европа, автохтоните племиња од централниот Балкан долго време биле потиснати на маргините на академскиот интерес. Традиционалните историографски наративи од XIX и XX век првенствено биле насочени кон експанзијата на класичниот свет, римските освојувања и културно-политичката хегемонија на Аргеадската династија од Античка ...
Вчера, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а во органзиација на одделението за култура при Општина Охрид, се одржа свеченост по повод 80 години од раѓањето на македонскиот писател, драматург, афористичар и сатиричар Иван Карадак. Пред многубројната публика се обрати претседателот на советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски кој најави дека наредната година ќе биде органзиран фестивал на хумор и сатира во чест на Карадак. Свое ...
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МЕЃУ НАУКАТА И ПОЛИТИКАТА (4) Ако во средниот век народниот македонски јазик постепено навлегувал во книжевноста преку грамотите и дамаскините, XIX век претставува пресвртница во неговиот развој. За првпат народниот говор повеќе не се користи само за да се доближи црковниот текст до верниците, туку станува свесен избор на авторите што сакаат да му се обратат на својот народ на јазикот што тој го разбира. Тоа е времето на ...
Редакциска опсервација: Иран и Украина ја вратија старата вистина што беше прогласена за надмината, дека „за контрола и административно владеење на одредена територија, физичкото присуство е – неопходно“… Повеќе од три децении, по крајот на Студената војна, доминираше уверувањето дека технолошката револуција ја изменила суштината на војувањето. Прецизните ракети, беспилотните летала, сателитите, кибернетичките операции и воздушната ...
Повод: Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер деновиве изјави дека Европската комисија, поради проблемите што ги имаат професионалните возачи од Западен Балкан со системот за влез/излез (ЕЕС), им предложила на членовите на Унијата и на земјите од Западен Балкан да разговараат и да се договорат за долгорочни визи. Предлогот за долгорочни визи де факто е признание дека системот за влез и излез (ЕЕС) создаде сериозен ...
Вечерва во центарот во Прилеп започнува манифестацијата Пиво фестивал, која ќе се одржи по 23 пат. Пред почетокот на фестивалот денеска се одржа прес конференција на која беше посочено дека од вечерва до недела вечер сите патишта во Македонија ќе водат кон Прилеп. – Ќе има три фестивалски вечери на кои ќе настапат популарни изведувачи. Ќе има убава музичка програма за сите вкусови. Ќе има и фан зона за сликање со препознатливиот симбол за ...
Од 18 до 26 јули, во рамките на „Илинденски денови“, ќе бидат прикажани редица филмови што патуваат низ времето, луѓето и традициите. „Интернационалниот етнографски филмски фестивал“, чие петто издание започнува денеска, стана нераздвоен дел од 56-годишната традиција на фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“. Четириесетина документарни филма ќе бидат прикажани во текот на целиот фестивал, создавајќи програма што е богата и ...
„Интернационалниот етнографски филмски фестивал“ е со свое важно место на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола. Тој е своевиден медиум каде што културното наследство продолжува да живее, а различните светови се среќаваат на едно платно Од 18 до 26 јули, во рамките на „Илинденски денови“, ќе бидат прикажани редица филмови што патуваат низ времето, луѓето и традициите. „Интернационалниот етнографски филмски фестивал“, чие петто издание ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада дека е одговорна за загадувањето на воздухот во делови од САД предизвикано од чадот од шумските пожари и најави дека ќе разговара со канадскиот премиер Марк Карни. Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушл“, Трамп оцени дека канадските власти не ги одржуваат соодветно шумите и вегетацијата, поради што чадот и загадениот воздух се пренесуваат преку границата. -Ја сметаме Канада за ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска во 11.30 часот ќе ја посети Општата болница во Гостивар, откако во изминатите денови повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош поради повраќање, дијареа и покачена температура. По посетата, предвидено е министерот да даде изјава за медиумите, пренесе МИА. Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе привремена забрана за користење на водата од градскиот водовод во ...
Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со ...
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови се очекува изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 33 и 39 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена ...
Повод: Развиорениот транспарент на Светското фудбалско првенство 2026 од страна на аргентинските фудбалски репрезентативци за одземената државна територија на Аргентина од страна на Британија и поврзаноста на настанот со Македонија По фудбалскиот натпревар против репрезентацијата на Англија, аргентинските фудбалери на Светското првенство во фудбал во САД развија транспарент со натпис „Фолкландските Острови се аргентински“. Тоа одново ги ...
Европската Унија со години настојува да изгради политички наратив дека војната во Украина претставува пресвртница по која европската зависност од руските енергенти ќе стане минато. Санкциите, ограничувањата и политичките декларации требаше да испратат порака дека економските интереси повеќе нема да бидат надвор од геополитичките принципи. Но бројките од првата половина на 2026 година ја отвораат сосема поинаквата слика. Бриселскиот оркестар ...
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера кај гевгелиско Мрзенци е пронајден починат мигрант од Пакистан. -Вчера на место викано „Мрзенско поле“, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.. Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични ...
Европската комисија денеска го претстави седмиот годишен извештај за владеењето на правото во Европската Унија, во кој годинава, покрај земјите членки, повторно се опфатени и четири држави кандидати за членство – Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија. Во извештајот се оценува дека во голем број земји од ЕУ продолжуваат позитивните промени и реформите во сите области што се следат, иако состојбата и натаму е нерамномерна, а во одделни ...