Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.А.(26), Ш.А.(30), Е.А.(23), М.А.(22), Р.А.(18) и Г.А.(21), сите од село Марена, кавадаречко, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 и против С.В.(37) со привремен престој во Струмица и А.Ш.(43) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ по член 261 од Кривичниот ...
Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, денеска оствари средба со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Таа ќе има работни посети на Скопје и Кочани за за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези. „Разговаравме за потребите на повредените и кои ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...
Рехабилитацијата овде е интензивна и заради тоа што два пати дневно добиваат масажа и вежби, а откако сонцето ќе зајде има доста рекреативни активности на отворено Доктор Дафи Шемов од Клиниката за пластична хирургија ќе ја следи состојбата на повредените до крајот на неделата. Вели дека е задоволен од тоа како заздравуваат повредените. Во петок во кочанската болница кај дел од нив ќе се примени ПРП методата која ќе ја изведат специјалисти од ...
Недоволно пожарникари, непостоење тренинг-центар и опрема, возила стари и по 50 години. Новите пак, најчесто се од донации, нестандардизирани за наши услови. Агенцијата за шумарство, воопшто нема пожарникари. Дел од проблемите со кои се соочува Македонија при заштита од пожари. Ако се навратиме на големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, секако во првите борбени редови беа пожарникарите, кои можеби спречија поголема трагедија. Но, не ...
Оклахома Сити Тандер ја освои својата прва НБА титула откако ја совлада Индијана Пејсерс со 103:91 во седмиот, одлучувачки натпревар од големото финале. Со победата, Тандер ја доби серијата со 4-3 и запиша историски успех за франшизата. Клучниот момент се случи на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина, кога домаќините се одлепија на +21 разлика. Индијана не успеа да се врати, особено откако нивниот организатор на играта, Тајрис ...
Инвеститорот на 12-катницата во Чаир, за која градоначалничката Данела Арсовска, тврди дека е небезбедна и изградена без одобрение, проект и платени комуналии, лично и се заканувал, по што Арсовска го пријавила во полиција. Таа преку допис за медиумите тврди дека досега, дури 61 стан во зградата биле незаконски градени, а постои обид да се легализираат прикажани лажно дека се градени во 2011 со документација фалсификувана од градоначалникот на ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,00% во однос на одлуката од 20.06.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит. На ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, додека пак Екстра ...
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите, инфорираат од УХМР. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а на места ќе достигне до 40°C. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот, кога ќе дува умерен до ...
Денеска, со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан ќе се одржи јубилеен концерт на „Баклава“. Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера. На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас ...
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и достоинствениот студентски живот, достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите. Како што велат од УСС – УКИМ, во првото барање, доставено до Државниот студентски дом – Скопје, УСС-УКИМ апелира за навремена проверка и повторно оспособување на ...
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц. Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во дoкументот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш образложи дека бил сведок на ...
Оскаровците Ал Пачино, Кристофер Вокен и Алан Аркин се поранешни мафијаши кои заедно ја организираат последна незаборавна забава. Талас (Ал Пачино) е ослободен од затвор по дваесет и осум години затоа што одбил да предаде соучесници во криминал. Тој е пречекан од неговиот најдобар пријател Док (Кристофер Вокен), а тие двајца наскоро ќе се сретнат со друг стар пријател по име Хирш (Алан Аркин). Тимот сега се чувствува поблизок од кога било, а ...
Отчет за сработеното во првата година на Владата ќе одржат вечерва владините претставници во Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски вчера на својот Фејсбук профил соопшти дека за една година покачиле пензии и плати, градат патишта, обезбедиле над 1.2 милијарди евра странски инвестиции и вработиле 1.000 полициски службеници и нагласи дека развојот е возможен и на дофат, а најдоброто допрва доаѓа, плодовите на работата на Владата допрва ќе се ...
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. Зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица за излез од државата и ГП Табановце за влез во државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Филмот е екранизација на драмата на британскиот писател Теренс Ратиган од 1952 година, со една од најдобрите женски улоги во современиот театар. Во исклучително ранлива изведба, Рејчел Вајс ја игра Хестер Колер, сопруга на висок судија (Сајмон Расел Бил), нескротлива душа заробена во бесчувствителен брак. Нејзината средба со Фред Пејџ (Том Хидлстон), проблематичен поранешен воен пилот, предизвикува превирања во нејзиниот живот, додека нивната ...
Роберт Бентон е еден од најпочитуваните живи американски филмаџии, а голем број негови филмови („Крамер против Крамер“) се многу почитувани од љубителите на седмата уметност. Колман Силк (Ентони Хопкинс) е угледен професор на колеџ, кој се пензионирал откако бил обвинет за расистички вербален испад. Шокиранa, неговата сопруга набрзо умира. Тој се зближува со многу помладата колешка од колеџот, Фаунија Фарли (Никол Кидман). Таа е разведена и ...
Русија изврши нови масовни напади врз неколку локации во Украина. Киев повторно цел на руските дронови. Има жртви и повредени. На дипломатски план, ситуацијата непроменета. Кремљ соопшти дека средба со Трамп не е планирана, но може брзо да се организира доколку е потребно. Преговорите меѓу Русија и сад во застој поради несогласувања за локацијата на состанокот. Путин предлага Украина да биде неутрална држава без нуклеарен арсенал, повикувајќи на ...
Најмалку 22 лица се убиени, меѓу кои и деца, а 63-ца ранети откако бомбаш-самоубиец во Сирија отворил оган, а потоа детонирал и експлозив во грчка православна црква за време на неделна миса на периферијата на Дамаск. Ова е прв ваков напад по години кој се случува во момент кога новите сириски власти се обидуваат да спроведат власт низ целата земја, додека присуството на скриените ќелии на екстремистичките групи ги отежнува нивните напори. ...
На 5 јули од 21 часот платото пред Националната опера и балет ќе се одржи гала концертот „Од #MOБ за Скопје“. Концертот ќе се одржи по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и ...
Хаосот со паркингот на скопските клиники засега ќе има само привремено решение, од 1-ви јули вработените ќе може да паркираат и во комплексот „Лимак“, најави министерот за здравство, Алиу. Ќе се обезбедат 300 паркинг места за вработените на скопските клиники, и привремено ќе се ублажи проблемот со паркирањето. Паркинг просторот ќе се мапира со соодветни табли, во моментот на Клиничкиот центар има околу 700 легални паркинг-места, но дневно таму ...
Јазикот и идентитетот се целосно потврдени во сите документи што ги изработи владата на СДСМ, а кои се дел од францускиот предлог, па така обидот на актуелната владејачка гарнитура да ја подобри преговарачката позиција на земјава во европските интеграции е голема лага, смета лидерот на социјалдемократите Филипче. Тој е на став дека власта не е искрена во намерата да ја интегрира земјава во ЕУ. Една година по изборите кои го испратија СДСМ во ...
Нема услови за организирана авионска евакуација на македонски државјани преку Тел Авив, затворен е воздушниот простор во Израел, соопшти македонската амбасада. Апел до граѓаните да користат алтернативна морска рута од пристаништата Ашдод до Лимасол преку Кипар. Следна достапна опција е патничкиот брод „Краун Ајрис“ што според најавите од амбасадата ќе отплови в петок, на 27 јуни, во 12 часот. Вкупниот број граѓани кои се заинтересирани да се ...
На околу 1.500 позиции ќе се гради периодов во земјава, што од унгарскиот заем, што од домашни буџетски пари. На тест ќе биде македонската градежна оператива. Од таа причина, во петок во Владата ќе имаат средба со македонскиот градежен сектор за да се прецизира динамиката на реализацијата на сите градилишта. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски кој заедно со вицепремиерот Александар Николоски и директорот на Државни патишта, Коце ...
Воените конфликти на Блискиот Исток го засегаат целиот свет, но стравот најмногу владее меѓу оние што живеат во соседните земји. Се соочуваме со многу предизвици, но не треба да се откажеме, вели за МТВ јорданската принцеза Рим Али. „Зошто инвестираме во оружје кога би можеле да инвестираме во цивилно општество, градење алатки за мир и дијалог едукација, борба против дезинформации. Сето ова ни е потребно итно и многу, во регионот. Она што се ...
Вчеравечер во 21.30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во хотел во Лазарополе едно лице агресивно се однесувало и фрлало разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје. Полициски службеници презеле мерки и активности и констатирале дека се работи за К.Ж.(29) од Скопје, кој бил лишен од слобода. Додека, по извршени проверки било констатирано дека тој бил ...
Руските сили го нападнаа градот Славјанск во регионот Доњецк во Украина, користејќи водени воздушни бомби. Во нападот загина 17-годишно момче, а беа ранети уште тројца, според шефот на регионалната воена администрација на областа. Покрај жртвите, предизвикана е и значителна штета врз цивилната инфраструктура, вклучувајќи приватни куќи, повеќекатни згради, административни згради, производствен погон и автомобили. „Се слушна тресок, потоа следеше ...
Над 600 објекти се на листата за извршување, уривање во Општина Куманово, покажале контролите на општинските инспектори. Меѓу нив и угостителски објекти. Првиот човек на Куманово не одговори колкав број од нив се кафулиња и ресторани. Тој не прецизираше ниту дали ќе го следи примерот на Струмица со ослободување на јавните површини. За извршување на објекти Куманово годинава одвои речиси пет милиони денари. Но поучен од минатото, кумановскиот ...
Детски џагор со децении нема во одморалиштата во источниот регион. Запоставени и руинирани, чекаат решение од секоја власт. Малешево – репрезентативното одморалиште на Беровско Езеро пропаѓа на очиглед на сите. Слична е состојбата и со одморалиштето во Суви Лаки – Беровско. Безуспешни се напорите на локалната власт да ги санира и менаџира објектите. Во тек е утврдување на вредноста на шест детски одморалишта во државата, меѓу кои е и беровското. ...
Вчера во 23.57 часот на регионалниот пат Крушево-Прилеп, на место викано „Врбоечко патче“, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево го лишиле од слобода Р.К.(33) од Крушево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола и дека е под дејство на ...