Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со раководството на Факултетот за безбедност - Скопје на која се разговараше за на партнерството меѓу академската заедница и Министерството за внатрешни работи, насочено кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на полициската професија. „Со новиот Закон за внатрешни работи ќе се овозможи законска основа за вработување на студенти од високообразовни институции ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари протоколарна средба со новоименуваниот вршител на должноста, амбасадор на Државата Катар, Рашид Бин Саид Ал-Хајарин. На средбата беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови во насока на организирање дополнителни средби и активности, како и за можностите за споделување искуства и добри практики меѓу двете институции. Вршителот на ...

Се согласија на прекин на огнот, па продолжија со напади. Израел и Иран ги прекршија условите за запирање на непријателствата-разочарано коментира американскиот претседател Трамп, неколку часа откако го објави примирјето. Вели дека не е задоволен од ниту една страна, особено посочувајќи кон Израел и барајќи од него да се смири. Тврди дека Иран повеќе не е способен да изгради нуклеарно оружје со опремата што ја има. „Имаше истрелана ракета преку ...

Владата го усвои Предлог-законот за правична застапеност. Тој има цел да создаде јавна администрација која ќе биде сервис на сите граѓани, администрација заснована на знаење и квалитет, рече премиерот. Законот за правична застапеност ќе оди прво пред Венециската комисија, а потоа во Собрание пред пратениците, кога ќе се интервенира и со подзаконски акти. Надлежните тврдат дека по укинувањето на балансерот, вработувањата ќе бидат врз база на ...

Вчера во 04.00 часот во с. Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.П.(67) од с. Слепче, информираат од МВР. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени еден пиштол, три пушки, 143 куршуми различен калибар, рамки за куршуми, документи и други предмети за кои постои сомнение ...

За сработеното во образованието и науката во изминатите 365 дена ресорната министерка вели може да се напише книга од 200 страници. Но на нив немаше да пишува решен проблемот со образовните асистенти за учениците со попреченост. Минатиот септември учебната година почна без стручна помош, надлежните си ја префрлаа одговорноста. Годинава конкурсот е во тек. Јаневска најави дека ќе прави анкети преку целата година помеѓу родителите, учениците и ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Хаг, на покана на холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс ќе учествува на работната средба на министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата. На средбата организирана на маргините на Самитот на НАТО, министрите за одбрана ќе разговараат за неколку клучни теми поврзани со одбраната и тоа инвестициите во одбраната како предуслов за исполнувањето на НАТО Целите на способности, ...

Скопје ќе дише на над 40 степени целзиусови, почнаа оние пеколни горештини од кои сите стравувавме. Под влијание на топла воздушна маса од југ, наместа температурата ќе се искачи над 30 степени, па дури и над 40, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Високи се температурите за овој период од годината, се жалат граѓаните, кои обврските ги завршуваат рано наутро. Мобилни екипи на Црвениот крст со лекари од 11 до 16 часот ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе одлука за отфрлање на кривичната пријава поднесена против новинар и телевизиска куќа, кои беа пријавени за неовластено снимање телефонски разговор со раководителка на Одделението за односи со јавност во Град Скопје. Обвинителството оцени дека нема основи за гонење, бидејќи се работи за известување во јавен интерес, поврзано со сообраќајниот метеж предизвикан од нефункционирање на сигнализацијата во ...

Вчера во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип, информираат од МВР. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена ...

Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен“ македонски јазик во извештајот на Вајц за Македонија претставува сериозен удар врз македонските позиции, оценува СДСМ. Партијата смета дека ова е и шлаканица за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи амандманот беше предложен од член на германската ЦДУ, која доаѓа од редовите на европските народни партии. Против беа само бугарските европратеници, кои добија поддршка од социјалдемократите, велат од ВМРО ...

Уште едно одложено судење. На таткото на Васил Јованов, кој во јануари ја прегази смртно Фросина Кулакова во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола ќе му се суди во септември. Зоран Јованов не дојде поради неуредна достава, што беше констатирано од судијката Марковска согласно повратниците. Негодуваше таткото на Фросина поради тоа што истата судијка им суди и на синот и на таткото Јованови. Тој најави кривична пријава. Измени извршило и ...

Се согласија за прекин на огнот, но продолжија со жестоката реторика. И покрај барањето од американскиот претседател Трамп примирјето да не се прекршува, Израел и Иран со меѓусебни обвинувања и закани. Генералштабот на вооружените сили на Иран негираше дека истрелал какви било ракети кон Израел неколку часа по прекинот на огнот, Тел Авив се закани дека ќе одговори енергично со интензивни напади во срцето на Техеран. „Нагласувам, во оваа фаза ...

Законот за правична застапеност прво пред Венецијанската комисија, а потоа во собраниска процедура пред пратениците, кога ќе се интервенира и со подзаконски акти. Групата експерти го „стокми“ предлогот, надлежните тврдат дека по укинувањето на балансерот, вработувањата ќе бидат врз база на компетентност и квалитет и професионалност. Министерот е уверен дека новите законски решенија ќе бидат пресвртница во реформата во јавната администрација. ...

За една година, бројот на новопријавени сторители на кривични дела е зголемен за 10 проценти – покажува годишниот извештај за работата на јавните обвинителства. Лани е постапувано во предмети против повеќе од 37 илјади сторители на кривични дела. За 40 проценти е зголемен бројот на пријави поврзани со безбедноста на сообраќајот, а за двојно е зголемен бројот на убиства, квалификувани во потежок облик. Бројот на предмети е зголемен, но, е намален ...

Фудбалскиот клуб Барселона планира да се врати на „Камп Ноу“ во август оваа година, објави „Радио Каталуња“. Според најавите, првиот натпревар на обновениот стадион би се одиграл на 10 август против италијанскиот Комо, во рамки на традиционалниот куп „Жоан Гампер“. Иако првичниот план предвидуваше враќање на стадионот во септември, доколку клубот навреме ги добие сите потребни дозволи, камбекот би се случил порано од очекуваното. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Израел се согласи на прекин на огнот со Иран, но предупредува, ќе одговори на секое прекршување. Од кабинетот на премиерот Нетанјаху велат дека се постигнати целите на операцијата и отстранети заканите поврзани со иранското нуклеарно и балистичко вооружување. Американскиот претседател Трамп прв објави дека официјално е во сила примирјето и побара да не се прекршува, откако околу полноќ соопшти дека 12-дневната војна е завршена, но Техеран ...

Жртви и повредени во ноќните напади врз Сумискиот регион во Украина. Сирени за воздушен напад издадени над Харков и Дењецк. Украинската војска соопшти дека запалиле нафтено складиште во Ростовскиот регион во јужна Русија, кое се користело за снабдување на руските сили. Руските власти потврдија дека успешно собориле 20 украински беспилотни летала од кои повеќето во Курската област. Рускиот претседател Путин најави масовно производство на ...

Земјава од денеска влегува во топлотен бран со многу високи температури и високо УВ-зрачење. Од Институтот за јавно здравје апелираат за почитување на мерките за заштита, особено лицата од ранливата група граѓани. Лекарите препорачуваат да не се излегува на отворено во критичниот период од 10 до 17 часот, да се внесуваат повеќе течности и да се консумира лесна храна, да се носи светла памучна облека, очила за заштита од сонце и да се ...

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на земјава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што информираат оттаму, потресот бил регистиран во 5:04 часот на околу 158 километри југозападно од Скопје со епицентар во Република Албанија. Досегашните податоци на Сеизмолопшката опсерваторија при ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е предвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји. На средбите покрај можностите за зголемување на трговската соработка, предвидено е да се претстават планираните инфраструктурни проекти како дел од регионалниот развој, ...

МНР со апел да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток во кои е влошена безбедносната состојба. Министерството потсетува и дека македонските амбасади во Тел Авив, Доха и во Абу Даби се подготвени да им пружат поддршка на сите граѓани кои имаат потреба од информации, логистика или асистенција. За денеска е потврдена евакуацијата од Израел на едно семејство, мајка и три деца. Местата се обезбедени преку израелското министерство за ...

Лидерите на земјите членки на НАТО денеска и утре на самит во Хаг на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Главна тема, зголемување на трошоците за одбрана од пет проценти од БДП. Некои држави како Шпанија и Италија укажуваат на потребата од повеќе време за прилагодување или исклучоци од овој модел. Предлогот подразбира распределба од 3,5% за традиционални воени активности, а останатите 1,5% да бидат насочени кон ...

На покана на Генералниот секретар на НАТО, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе учествува во работата на Самитот којшто денеска и утре се одржува во Хаг, Кралството Холандија. Во состав на државната делегација предводена од претседателката ќе бидат министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во ...

Американскиот претседател Трамп објави дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран и дека двете страни се согласиле на целосен прекин на огнот веднаш. Сепак, според проценките на израелските одбранбени сили, помеѓу 10 и 15 балистички ракети беа лансирани од Иран утрово. Повеќето од ракетите биле пресретнати, а погодена е една станбена зграда, има жртви и ранети. „Честитки до сите. Израел и Иран постигнаа договор за целосно прекин на огнот, кој ...

Kомитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц. Извештајот, првично требаше да биде ставен на гласање на 4-ти јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во документот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш образложи дека бил сведок на ...

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне до 38 Целзиусови степени во јужните делови од државата. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална температура до 37 Цезиусови степени. И за утре временската прогноза е сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури до 39 ...

Собранието денеска треба да ја одржи 55. седница со расправа по ратификации и закони од повеќе области. На дневен ред се предлог законите за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и дисциплини за домашна регулатива во услугите и на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце ...

Иранската државна телевизија вечерва објави дека армијата лансирала ракети кон американската воена база „Ал Удеид“ во Катар, како одговор на вооружените сили на Иран на американската агресија. Според американските медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар. Најмалку десет ракети се лансирани кон Катар, а најмалку една кон Ирак. Министерството за одбрана на Катар соопшти дека противвоздушните сили ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1011
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
92%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
88%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
67%
1011
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.12
93%
1013
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
85%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
94%
1012
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
84%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1014
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948