19-годишно момче, македонски државјанин го загуби животот во Грција, а причината била срцев удар додека бил во вода. Спасувачи веднаш го извлекле надвор, но не успеале да го оживеат. Од МНР велат дека конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, за транспорт на телото. Грчките медиуми пренесуваат дека настанот се случил вчера попладне на плажата во Ханиоти, општина Касандра, кога во бессознание од морето е извлечен ...

Африканскиот топлотен бран кој неделава ја зафати земјава, го достигнува својот максимум. Денеска се очекува живата во термометарот да се искачи до 41-от степен, а УВ зрачењето ќе биде на највисоко ниво. На сила се сè уште препораките од лекарите да се избегнува излегување на отворено во критичниот период од 10 до 17 часот, да се пијат повеќе течности и да се внесува лесна храна, редовно да се користи крем со заштитен фактор. За утре ...

Најмалку осум луѓе загинаа по големите протести против полициската бруталност и лошото управување во Кенија. Протестите кои првично беа организирани за да се одбележи годишнината од ланските антивладини демонстрации, во кои загинаа 60 лица, а 20 сè уште се водат за исчезнати, се проширија во 23 од вкупно 47 окрузи во земјата и прераснаа во барање за оставка на претседателот поради лошото владеење. Илјадници демонстранти во Најроби се судрија со ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО. Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во населба Драчево, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена во 2021 година. Додека мајката ...

Вчера во Тетово свечено беше отворен Балканскиот шампионат во одбојка на песок (У22) што се одржува со поддршка од Министерството за спорт, во организација на Одбојкарската федерација на Македонија во соработка со Општина Тетово. На свеченото отворањето на овој голем спортски настан присуствуваа: министерот за спорт Борко Ристовски, заменичката на министерот за спорт, Сафије Садики Шаини, првиот заменик на Владата и министер за животна средина и ...

За време на самитот на НАТО членките на Алијансата се согласија да издвојат пет проценти од своите национални буџети за одбраната. Истакната и поддршката за Украина која беше една од темите што се дискутираше во Хаг. Целосно сме посветени на поддршката за Киев во борбата против руската инвазија, изјави генералниот секретар на НАТО, Руте. На маргините средба Зеленски-Трамп. Шефот на Белата куќа нагласи дека зголемените европски инвестиции во ...

Заменик-министерката за европски прашања и заменик-главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков ќе учествува на Летната школа „ЕУ политики, проширување и реформи“ која ќе се одржи од 24-27 јуни во Будва. На Летната школа се очекува учество на високи дипломатски претставници од регионот, како и јавни службеници, експерти од областа на евроинтеграциите и академици кои ќе разменат искуства и мислења за актуелните предизвици на Западен Балкан на патот ...

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 57. седница со единствена точка на дневен ред поставување на пратенички прашања. Вообичаено, вакви пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. На последната седница за пратенички прашања одржана во мај, пратеникот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Фатмир Битиќи и пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче, го повикаа претседателот на ...

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се очекува појава на изолирана нестабилност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 41 степен. Во Скопје, денеска се очекува сончево и многу топло време со слаб ветер од северен правец. ...

Отсекот за превенција при СВР Охрид интензивно спроведува превентивно едукативни активности со цел заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти. Полициски службеници од Отсекот за превенција, на различни локации во градот, остваруваат кратки средби со граѓани и туристите кои престојуваат во Охрид и низ кратки разговори ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за ...

Денеска од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис. Канабисот е одземен од ...

„Купувај домашни земјоделски производи“. Ваква кампања ќе реализира Владата во наредниот период со цел да се стимулира потрошувачката на домашен зеленчук и овошје, но и да се промовира домашното производство. Земјоделците од струмичко ја поздравија кампањата. Кампањата ја поздравија и граѓаните. Според нив мора да се знае потеклото на земјоделските производи како на пазарите така и по маркетите. Место увезен да купуваат домашен зеленчук или ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана. Осврнувајќи се на конвенционалните и хибридните предизвици и закани, Сиљановска-Давкова истакна дека земјава е посветена на својот фер дел од товарот. Потсетувајќи на симболиката на 26 јуни – денот на ...

Повеќе од 200 милиони евра ќе се инвестираат за изградба, доградба и реновирање на здравствени установи, кои пациентите од внатрешноста ги чекаат со децении. За да почне да се гради и реновира, министерството ќе треба да има јасна визија ставена на хартија и да бара пари. На Детската клиника реновирани оддели, набавена и нова опрема. Министерот за здравство најави отворен ден за средба со граѓаните. Проблемот со паркингот на Клинички центар ...

Законот за правична застапеност ја разбранува политичката сцена. Власта уверува – кога решението ќе се врати од Венециската комисија ќе има јавна расправа и ќе влезе во собраниска процедура. Секој пратеник ќе може да придонесе за функционално решение, со кое треба да се реши прашање кое требало да биде затворено пред две децении. И додека Меџити тврди дека нема да се загрози албанскиот јазик, опозицијата критикува – Законот е нетранспарентен и ...

Доживотна казна затвор за четворицата обвинети Палевски, Кешишев, Манев и Видевски за грабнувањата и убиствата на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски и 14-годишната скопјанка Вања Ѓорчевска. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски пак, доби ослободителна пресуда за наводната вмешаност во грабнувањето на неговата ќерка. Обвинителството задоволно од пресудите, со исклучок на онаа за Ѓорчевски, за која најави жалба, бидејќи смета дека исказите на ...

Во Клиниката за детски болести завршени 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти. За да биде здравството поблиску до граѓаните има три столба коишто директорот денес ни ги претстави – инфраструктура, добри технологии во работата и добро обучени доктори. Голема благодарност до директорот Мемеди за тоа што го видовме пред и после реализираните проекти, ...

Нуклеарните централи во Иран се целосно уништени во американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех, уверува претседателот на САД. Иран нема да има нуклеарно оружје, дециден е шефот на Белата куќа по прекинот на огнот меѓу Тел Авив и Техеран. Секое примирје е кревко, но фокусот треба да биде на фактот дека двете страни се согласија да се случи, став на Стејт департментот. „Претседателот го реши тоа ...

Утринава во 07.20 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Н.К.(47) од село Долни Дисан, неготинско. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,46 промили алкохол во крвта. Н.К. е задржан во полициска станица, известен е јавен ...

Кривичниот суд во Скопје денеска изрече доживотна казна затвор за Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, извршени во ноември 2023-та година. Петтообвинетиот, Александар Ѓорчевски – татко на Вања, е ослободен од обвинението. Судскиот процес траеше 10 месеци со речиси 40 рочишта. Обвинителството побара максимални казни за ...

Мајката со три деца, успешно се евакуирани од Израел, со лет од Тел Авив до Атина, соопшти нашето МНР. Заклучно со денеска, вкупниот број на евакуирани македонски државјани изнесува 12, осуммина со владиниот авион беа вратени преку Египет и последните четворица преку Атина. Од нив, седум се деца. Нашинците можат да здивнат по смирувањето на кризата на Блискиот Исток и постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Од МНР велат ...

Нуклеарните централи во Иран се целосно уништени во американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех, уверува претседателот на САД. Иран нема да има нуклеарно оружје, дециден е Трамп по прекинот на огнот меѓу Тел Авив и Техеран. Секое примирје е кревко, но фокусот треба да биде на фактот дека двете страни се согласија да се случи, став на Стејт департментот. „Претседателот го реши тоа многу брзо. Не ...

Јапонската војска за првпат тестираше ракета на јапонска територија, додека земјата го забрзува своето воено засилување за да ја одврати Кина. Ракетата со краток дострел беше тестирана на противвоздушниот полигон на најсеверниот главен остров Хокаидо во Јапонија. „Овој вид обука со боево гаѓање спроведена на домашно ниво помага да се обезбедат повеќе можности за обука за различни единици и веруваме дека е исклучително важна за одржување и ...

На Самитот во Хаг, украинскиот претседател Зеленски побара итна помош од НАТО за зајакнување на воздушната одбрана, предупредувајќи дека плановите на Путин ја загрозуваат безбедноста на целиот сојуз. Холандија најави воена помош за Украина во вредност од 175 милиони евра. Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Песков, го обвини НАТО дека намерно ја прикажува Русија како чудовиште за да оправда зголемување на воениот буџет, нагласувајќи дека ...

Претседателот на САД, инсистира дека нуклеарните централи во Иран се целосно уништени од американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех. Иранците се одлична трговска нација и имаат многу нафта. Иран нема да имаа збогатување на ураниум ниту нуклеарно оружје, дециден американскиот претседател по прекинот на огнот меѓу Тел Авив и Техеран. „Она што го нарекувам Трампова доктрина е доста едноставно. Прво, ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за животна средина и просторно планирање, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На дневен ред на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Вчеравечер во Хаг, на покана на министерот за одбрана на Холандија, Рубен Брекелманс, министерот Владо Мисајловски учествуваше на средбата со своите колеги – министри за одбрана на земјите – членки на НАТО. Министерот Мисајловски подвлече дека нашата земја останува силно посветена на заедничката цел – безбедна и сигурна Алијанса и безбедни над една милијарда луѓе во светот. Исполнувањето на НАТО Целите на способности се највисок приоритет на ...

Во Македонија денеска се очекува сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура до 39 степени Целзиусови. Под влијание на топла воздушна маса од југ до петок времето ќе биде многу топло. Дневната ...

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да биде изречна пресудата за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Во завршните зборови обвинителството побара судот да им пресуди доживотен затвор на четворицата обвинети за убиствата, а на таткото да му пресуди соодветна затворска казна. Бранителите побараа ослободителни пресуди за обвинетите. Според обвинението, првоосомничениот Љупчо Палевски, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1011
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
92%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
88%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
67%
1011
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.12
93%
1013
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
85%
1014
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
94%
1012
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
84%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1014
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948