За утре напладне во Клубот на пратеници премиерот Мицкоски ја најави лидерската средба. Ќе се бара консензус за реформските закони, евроинтеграциската агенда и укинувањето на Техничката влада. На маса треба да се најде и статусот на Изборниот законик, и изборот на Народен правобранител. СДСМ најави бојкот. ДУИ допрва ќе се изјасни. Какви се ставовите наспроти утрешната лидерска, ќе има ли дијалог или договор за договарање? Миле А. Ристески ...

Утре, 14 јануари, со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот Христијан Мицкоски. Главни теми на состанокот се очекува да бидат укинувањето на техничката влада, изборните реформи со фокус на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и изборот на нов Народен правобранител. Иако власта ја презентира средбата како обид за постигнување широк консензус за евроинтеграциската агенда и ...