Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Eврокомесарката за соседска политика и проширување, Марта Кос денеска доаѓа во Скопје. Ќе присуствува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Македонија, а е посветена на планот за раст. Како што соопшти нашата Влада, Кос и премиерот, Христијан Мицкоски ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерален состанок со проширени делегации. Утре, пак, ќе има официјален пречек за лидерите од западен Балкан, по што ќе се ...
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура која ќе достигне до 20-тиот степен и максимална температура до 37 степени. Во текот на неделата се најавува сончево и топло време со мала до умерена ...
Пожарот во Визбегово на дивата депонија е ставен под контрола по интервенцијата на противпожарната бригада со 7 возила и 20 пожарникари. На депонијата сè уште чади, па две екипи дежураат на терен. Од ЦУК велат дека е зафатена површина од 5 илјади квадратни метри, жито, магацин со градежни материјали и двор од околниот хотел. ЦУК бара институциите да го решат проблемот со дивата депонија, бидејќи неделава неколкупати се интервенирало на ова ...
Жестоки руски напади на Украина. Соборен е авион Ф-16 додека одбивал голем напад со ракети и дронови, соопшти украинската војска. Кремљ напредува бавно, но постојано на источниот фронт. Москва известува за воени успеси во сумската област. украинските власти регистрираат жртви и повредени. Украинците, пак, извршиле напад на аеродромот на Крим, при што биле уништени три руски хеликоптери и воена опрема. Во меѓувреме, полскиот претседател Дуда беше ...
Ослободен е македонскиот возач на камион кој беше уапсен по сообраќајната несреќа во која животот го загубија две лица, татко и син, а се случи на стариот пат Солун-Верија, близу до Халкидона. Автомобилот во кое се превезувало четиричлено семејство удрил во товарното возило кое го управувал 34-годишниот Македонец. Во несреќата загинале 44-годишен маж и неговиот 13-годишен син, а неговата сопруга и другиот деветгодишен син се здобиле со полесни ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски ...
Од наредната година учениците за упис во средно нема да имаат потреба документите да ги доставуваат во училиштата, процесот целосно ќе биде електронски – најави министерката за образование Јаневска. Од први септември ќе се пушти во употреба новиот електронски дневник, па самиот систем ќе може да вади свидетелствата на учениците во електронска форма. Со новите законски измени се предвидува на наставнички совет да не може да се поправаат оценки. ...
Трагедијата во Кочани никогаш нема да се заборави, но, имаме одговорност кон преживеаните и кон идните генерации да го воздигнеме градот, вели градоначалникот Венко Крстевски во интервјуто за Радио слободна Европа. Тој порача дека внимателно ќе го следат судскиот процес и смета дека е потребно да се понесе и морална одговорност. Крстевски предупреди дека во Кочани сè уште има дивоизградени угостителски објекти кои работат по примерот на „Пулс“. ...
Со поддршка на Шведската агенција за заштита на животната средина ќе се изработува Студија за ревалоризација на Моноспитовското блато со цел да се носи закон за негово прогласување како заштитно подрачје. Ова мочуриште со богата флора и фауна со години се уништува со што се загрозува биодиверзитетот иако може да биде мека за алтернативен и научен туризам. Моноспитовско блато се наоѓа во подножјето на планината Беласица и опфаќа површина од околу ...
Првата група повредени од пожарот во Кочани го завршува закрепнувањето во рехабилитацискиот центар на „Пониква“. Дел од пациентите побарале да го продолжат престојот и со втората група. Со нив работи тим од 5 физиотерапевти, физијатар и општ хирург, кои се грижат за нив и го следат процесот на нивно закрепнување. Во добра и стабилна состојба се и повредените кои се вратија од лекување во странство. По обвинувањата на родителите на жртвите дека ...
И ова лето се очекува сообраќаен метеж во Куманово. Иселениците наредните два месеца ќе се враќаат дома и повторно потешко ќе доаѓаат до слободно паркинг место. И покрај најавите на надлежните, сè уште нема нови паркинг места. Граѓаните со забелешки недостигаат паркинзи, катни гаражи, а тротоарите се узурпирани. „Има ли доволно паркинг места во Куманово? Мислам дека не, имам авто но поретко го возам, но да дојдеш во центар слабо е“, истакна еден ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но денеска е забележана значително зголемена фреквенција на возила, особено кон граничните премини, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Најголеми гужви има на Граничниот премин Табановце, каде времето на чекање за влез и излез од државата се движи од 15 до 30 минути. На преминот Богородица состојбата е уште поинтензивна – патниците чекаат до 40 минути за излез ...
Српската полиција употреби солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград кои фрлаа кон нив со шишиња и петарди. Министерот за внатрешни работи Дачиќ ги осуди нападите врз припадниците на полицијата. Додаде дека ќе ги преземе сите мерки за воспоставување на јавниот ред и мир. Припадници на жандармеријата почнаа со интервенции за растерување група млади лица кои, по завршувањето на студентскиот протест, фрлаа факели и петарди кон ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски во Истанбул имаше средба со неговиот бугарски колега, Гроздан Караџов. Во фокусот на разговорите, железничкиот и патниот Коридор 8. „Двајцата соговорници се согласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО алијансата преку поврзување на јадранско и Црно Море“, велат од ...
За денеска во Србија се најавени два големи собира. Владата најави централна прослава за одбележување на српскиот празник Видовден во Крушевац, а студентите во блокада собир за попладне најавија протест во Белград. Во пресрет протестот, тие доставија два ултиматуми до владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот во Пионерски парк кои бараат да бидат исполнети до 21 часот. Во отворено писмо до владата, тие ...
Од 3 до 5 проценти зголемување на цените на најосновните производи. Кај хемиските производи, производите за лична хигиена, пелените, бебешката храна има раст и до 20 насто. Граѓаните се жалат, велат, цените се високи за нашиот стандард. Државниот пазарен инспекторат контролирал над 100 правни субјекти, односно над 1.000 продажни места. И оттаму потврдуваат дека има раст на цените во малопродажба, додека во големопродажба тие се враќаат на нивото ...
Движењето „Знам“ ја поддржува идејата на премиерот Мицкоски да се спроведе електронски попис за да се приберат соодветни евиденции за населението и другите индикатори кои се важни за економскиот, социјалниот развој и инфраструктурата. Според нив, со одлуката на Уставниот суд нема да се промени методологијата за вработувањата на етничките заедници според резултатите од последниот попис, а нема да влијае ниту на бројот на советници по општините. ...
Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, вели шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски во интервју за Атлантскиот совет. според него, без водството на администрацијата на Трамп, никогаш не се донеле овие тешки одлуки. „Вложувањето во одбрана не е само за тврда одбрана, туку и за инвестиции во индустриската база, инфраструктурата, сајбер-отпорноста“, посочува Муцунски, кој вели дека ...
До седми јули банките треба да достават понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10. Од Министерството за финансии испратиле барања до 24 банки. Министерката тврди дека има голем интерес, но поради комплексноста на проектот, банките побарале уште неколку дена за анализа. Проектот предизвик и за домашната градежна оператива. Димитроска-Кочоска имала средба со претставници на градежниците, кои изразиле подготвеност да ...
Загрижувачки податоците по уписот во прво одделение. Во кумановските училишта недостигаат речиси 700 првачиња. Според евиденцијата на Министерството за внатрешни работи оваа учебна година треба да се запишат 1.534 ученици во прво одделение, родени во 2019 година. Досега се запишани само 850, информира Секторот за образование. Сепак од секторот со надеж, бројот ќе се зголеми до почетокот на учебната година. Но потенцираат, ниту Куманово не е ...
Еврокомесарката за соседска политика и проширување, Марта Кос в понеделник доаѓа во Скопје. Таа ќе присуствува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Македонија, а е посветена на планот за раст. Како што соопшти нашата влада, Кос и премиерот, Христијан Мицкоски прво ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерален состанок со проширени делегации. Во вторник, пак, ќе има официјален пречек за лидерите од Западен ...
Попладнево во Кочани ќе се одржи единаесеттиот „Марш за ангелите“. Родителите и блиските од семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ повторно ќе излезат на улица за да побараат правда, но и поголема поддршка за побрзо закрепнување на повредените во трагедијата. И овој марш ќе почне од Паркот на револуцијата, ќе продолжи кон трговскиот центар, Општина Кочани, а оттаму кон полициската станица и пред Основниот суд и ...
Во последните 24 часа во источниот регион неколку поголеми пожари беа закана за безбедноста. Светиниколската единица интервенираше на пожар во нива во атарот на село Амзабегово, штипските пожарникари гасеа пожар кој се закануваше да ја зафати живинарската фарма, а во Делчево ноќеска се интервенираше на пожар во кој целосно изгоре стан на Булевар Македонија. Противпожарните единици на истокот работат со дефицит на пожарникари. Најизразен е ...
Не може да ја развиваме државата врз основа на лажни податоци за развој државата, на Владата ѝ се потребни вистинити бројки-премиерот Христијан Мицкоски го реафирмира ставот за вонреден електронски попис на населението догодина, со вклучување на дијаспората како една изборна единица, откако Уставниот суд ја прогласи за незаконска категоризацијата на резидентно и нерезидентно население, направена во рамки на последниот попис во 2021-ва година. ...
Од 1 јули движење по македонските шуми само со дозвола од надлежните. МЗШВ воведе забрана поради зголемената опасност од појава на шумски пожари од високите температури кои минатата година направија големи штети. Од Македонски шуми тврдат дека со мерката ќе имаат увид кој се влегува во шумските појаси. Во периодот од 1 јули до 31 август ќе бидат засилени и контролите од страна на шумочуварите и шумските полицајци. Со цел да се детектира движења ...
Колапси на отворено, ноќе полни дежурни амбуланти, топлотниот бран мака создава 24 часа, посебно на оние со хронични заболувања. На граѓаните не им е добро ниту во вечерните часови бидејќи терапијата што ја земаат понекогаш не дава резултат, главоболка или висок крвен притисок, па тогаш помош бараат во дежурните амбуланти во поликлиниките. Опструкции од алергиите неретко се причина поради кои се одело на лекар во доцните вечерни часови. Но, и ...
Слободни над 16.000 места во средните училишта за упис. Од гимназиите велат портите се отворени за идните средношколци. Оние кои на првиот уписен рок не се запишаа, имаат втора можност преку второто електронско пријавување во понеделник. Од предвидените 28.000 места, во првиот упис се пријавени 16.601 ученик, а своето столче го обезбедиле 13.712 ученици. Од нив над 4.000 во гимназија, а над 9.000 во стручно образование, велат од Министерство за ...
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој остана во Владата, откако министерот за здравство Арбен Таравари ја напушти власта, вели дека односите во владината коалиција се одлични. Фетаи потенцира дека и соработката во рамките на коалицијата „Вреди“ исто така функционира на највисоко ниво. Премиерот Мицкоски открива дека за десетина дена на седница на Извршниот комитет на партијата ќе ги објават сите кандидати за градоначалници на ...
Крај за фантом-фирмите и луѓето кои испумпувале стотици милиони евра од државниот буџет. Управата на јавни приходи од 1 јули воведува нов систем за електронска фактура, што на компаниите ќе им овозможи поефикасна работа. Овој систем значително ќе го олесни работењето за компаниите, односно ќе нема печатење, испраќање или чување хартиени фактури. Со новите кои ќе се воведат, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во ...
„Јасни црвени линии од кои нема да отстапиме-македонскиот јазик, идентитетските обележја, нашето културно и историско минато“, вели шефот на дипломатијата Муцунски, по последните изјави од Софија за уставните измени, кои се услов за евроинтегративниот пат на земјата. По изјавата на бугарскиот премиер Жељазков на средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека македонските власти користат говор на омраза, Муцунски оцени дека не ...