Потребна е личност со интегритет, стручност и професионалност да ја врши функцијата претседател на Антикорупциската комисија, за да може да одговори пред сè на примарната задача за превентивно откривање на криминогените појави во општеството, вели поранешниот член на комисијата Горан Трпеноски. Според него треба да се зајакнат и кадровските, техничките и материјалните капацитети на комисијата, а треба да се размисли можеби и за засилување на ...

Пеплосаната документација, стопената пластика и искршените прозорци на производствениот погон за прехранбени производи, сведочат за страониот пожар во Велес. Удар од гром е причината за пожарот којшто ги зафати погоните на „Биокосмос“ во Велес. За среќа нема повредени. А пожарот е целосно изгаснат. Фабриката „Мирана“ којашто се наоѓа во истиот комплекс не е зафатена од пожарот. Огнот го зафатил магацинскиот простор каде што имало пластична ...

Прво во клупа, па на терен. Идните пожарникари по два дена обука, очи в очи ќе бидат со огнот на отворено. Но прво време ќе бидат онаму каде што има мал ризик, сè додека не ги усовршат вештините, техники на гаснење на пожар и на користење на опремата. Оние што ќе покажат подготвеност, иницијатива, ќе напредуваат. На 13 локации се врши обуката, во Скопје од 50 пријавени 34, дојдоа на час. Дел од пријавените кандидати биле со неуредна и нецелосна ...

Беким Сали ќе седне на вицепремиерското столче во Владата, доколку актуелниот Изет Меџити успее на локалните избори да го победи Бујар Османи од ДУИ и ја презеде функцијата градоначалник на Чаир. Партнерите во коалицијата „Вреди“ постигнале договор дека сали, кој претходно беше министер за здравство, е најсоодветен за оваа позиција. „Ако станам градоначалник на општина Чаир, тогаш поранешниот министер, Беким Сали, ќе ја преземе функцијата прв ...

Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од Доненско го зголемил производството. Очекувал 5 тони род, но поради сушата, задоволен ќе биде ако собере 3 тони тутун. По речиси три месеци без дожд, родот на тутунот годинава за 30 до 40 проценти ќе биде помал, проценуваат од Сојузот на земјоделските здруженија. Наместо предвидените 26.000 тони поради зголемените површини и договори, сушата ќе донесе 18.000, најмногу 19.000 тони тутун. Неодамна Собранието ги ...

„Навредите не се навивање“ – претседателката Сиљановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени. Таа упатува апел за искоренување на говорот на омраза на спортските терени и повикува на воспоставување култура на почит, фер-плеј и воспитано навивање. Како што наведува на нејзиниот Фејсбук статус, срамот од ваквите настани не паѓа само на поединци, туку на сите нас. Страсното навивање никогаш не е навредливо и агресивно. Ни ...

Во врска со видеозаписот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните ...

Тече рокот за Русија поставен од американскиот претседател Трамп за ставање крај на војната во Украина. Наспроти ултиматумот на Трамп кој истекува в петок, специјалниот американски пратеник Виткоф патува за Москва во надеж дека ќе се постигне мировен договор, во спротивно Трамп најавува дополнителни санкции за Русија. Во меѓувреме, откако беа распоредени американските нуклеарни подморници, руското МНР соопшти дека го напушта договорот за ...

Денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд и грмотевици. На одредени места, овие процеси ќе бидат поизразени, претворајќи се во невреме проследено со обилен дожд, силни грмежи, засилен ветер и повремена појава на град. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови. И во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, ...

ЦУК информира дека синоќа околу 22:00 часот се случил пожар во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории. Пожарникарите интервенираа веднаш по дојавата, а целосното локализирање на огнената стихија беше постигнато дури шест часа подоцна – околу 4 часот утрово. Според податоците од Центарот за управување со кризи, магацинот во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и ...

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре (06.08.) ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот. Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на работите ...

На 03.08.2025 во 21.50 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М.(52) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „поло“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, ...

Португалија се соочува со втор топлотен бран летово и температури од 40 степени. Во поголемиот дел од земјата од денеска е прогласено портокалово предупредување, а пет региони се под црвена тревога поради жешкото време и опасноста од пожари. Борбата со огнената стихија во соседна Шпанија и натаму продолжува. Два од петте шумски пожари во регионот Галиција се под контрола. Досега се уништени над 500 хектари дрвја. Екстремните жештини и се ...

И по заминувањето на меѓународната помош во земјава сè уште беснеат пожари. Надлежните се справуваат со огнот. Активни неколку жаришта на отворен простор. До сега и покрај големиот број на пожари, штетите по однос на дрвниот фонд е многу мал велат од Национални шуми. Има зафатено површина од околу 10.000 хектари. Од 1 јули до 24 јули во врска со пожарите на отворен простор МВР има поднесено 19 кривични пријави и има приведено 27 лица велат од ...

Јужнокорејската војска почна со отстранување на звучниците по должината на границата со Северна Кореја кои беа користени за ширење антисевернокорејска пропаганда. Мерката на новата либерална влада во земјата е насочена кон ублажување на тензиите меѓу двете Кореи. Помирувачкиот гест на Сеул има цел да ја обнови довербата и да го оживее дијалогот со Пјонгјанг. Од Северна Кореја не го коментираа потегот на соседот. „Нашата војска почна со ...

Вицепремиерот Меџити и министерот Лимани и ќе ги вршат фунциите во извршната власт, и додека трчаат по фотељата за први луѓе во општините Чаир и Кичево. Премиерот Мицкоски не гледа ништо спорно, реконструкција нема. Вакви примери имало и во минатото и сега, морално и етички би било исправно Лимани и Меџити да се повлечат од функциите, вели политичкиот аналитичар Благојчо Атанасовски бидејќи според него тие секако се во вин-вин ситуација без ...

Огласот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција, ќе биде објавен утре, информираат од македонското Собрание. Кандидатите, од чии редови треба да се избере наследникот на поранешната претседателка, Татјана Димитровска, која поднесе оставка по обвиненијата за две кривични дела, за пријавување ќе имаат рок од 10 дена. За завршување на целата постапка пак, потребни се 23 дена. Доколку не се скратат законските ...

Пациентите кои изгубиле мирис и вкус ги консултираат своите матични доктори, но не одат да се тестираат. Над 500 пациенти со респираторни проблеми кои побарале помош кај матичните лекари направиле и ковид тестирање, триесетина од нив биле позитивни. Минатата година во јули имало безмалку 1.000 тестирани, а 250 од нив имале ковид. Синцицијалниот вирус имало околу 20 случаи, а со инфуленца во 7 месец имало по еден случај. Директорката на ...

Се следат цените откако завршија мерките и се прави анализа за колку ги зголемиле некои правни субјекти, ќе се искористат сите законски можности за нивно санкционирање – велат надлежните. Се подготвува и „Училишна кошничка“ во која ќе биде опфатен училишниот прибор. Ако биде забележано поголемо и брзо поскапување во овој период, жестока реакција најавува Владата. Инфлацијата е под контрола уверува министерот Дурмиши во очекување на најновиот ...

Управата за јавни приходи по основ на даноци и социјални придонеси наплатила речиси 37,4 милини евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година. Вкупната наплата од даноци – данок за личен доход и данок на добивка изнесува 233 милиони евра што претставува рекордна месечна наплата досега. Остварен е раст од околу 15 милиони евра, што е за 6.9 проценти повеќе во однос на јули 2024 година. Раст од 13.4 проценти се бележи и кај ...

Собраниската комисија за избори и именувања треба да го распише огласот за именување на нов претседател и член на ДКСК по оставката од функцијата на Татјана Димитровска. Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела, оддавање службена тајна на поранешниот директор ТЕЦ Неготино и за компјутерски фалсификат, ревизор од ДЗР во нејзино име го положил тестот за сертификат за државна тајна. ...

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата што ќе важат од полноќ. Бензините поскапуваат за денар, па така, литар Еуросупер бс-95 ќе се продава за 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар. Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за денар. Новата цена на дизелот е 69,5 денари за литар, исто колку е цената на екстра лесното. Мазутот, пак, ...

Во деновите од празничниот викенд (02./03.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1077 издадени платни налози дури 163 прекршоци се однесуваат на возачи коишто учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 48 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 156 возачи на ...

На граничните премини Табановце и Богородица, утринава се чека околу половина час, информира Автомото сојузот на Македонија. Густината на сообраќајот на патните правци вон урбаните зони е зголемена. Сообраќајот на државните патишта се одвива без застои, по суви коловози. АМСМ известува дека од денес до 16 септември 2025 година, на трасата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе биде во сила привремен ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 л/м2), силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во ...

Според последните информации од Центарот за управување со кризи на територијата на државата на отворен простор има 4 активни пожари, 2 се под контрола. Пожари има во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод. Под контрола се пожарите кај селото Стровија во Долнени и селото Церово во Желино. Надлежните служби се на терен и работат на локализација и целосно гаснење на огнот. Вчера си замина словенечкиот тим од 61 пожарникар и 18 ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 18 часот и 30 минути низ Македонија регистрирани се четири активни пожари и тоа на неколку локации. Во Општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во Општина Куманово, с. Слупчане, запалена нискостеблеста шума), во Општина Студеничани, с. Дречавица, шумски пожар во планински терен, во Општина Македонски Брод, с. Грешница, деградирана нискостеблеста шума, Два пожари, кај Желино и во Долнени се под ...

Во близина на Маркова река, на крајот од селото, скриен од градот, но близок до Бога и верниците, се наоѓа манастирот кој привлекува со својата природна убавина. Марковиот манастир ќе ве пречека со божја светост, посебна енергија која ќе ја чувствувате во првиот чекор, со првиот здив. Уникатен по изгледот, по исконската духовност, смиреност, местоположбата и она што од дамнина го поседува е дом за секој добронамерник. Вешто им пркоси на ...

4.600 денари плус на плата за наставниците што ќе бидат унапредени во ментори. Вкупно 9.200 ако станат советници. Ова се новините во законот за основно и средно образование со кои од годинава се воведува кариерното напредување. Отсега и стручните соработници ќе може да одат ниво погоре во советници. За прв пат со новината ќе се опфатат и професорите во средните училишта. Директорите очекуваат голем интерес на јавниот повик. Во изминатите 7 ...

Во очекување на откупот на ориз за стоковите резерви, оризопроизводителите се загрижени бидејќи владината уредба ги ограничува со откуп на 800 килограми по декар. Од Националната земјоделска мрежа бараат да се земе предвид произведената количина, а непријавените земјоделски површини. Откупот за стоковите резерви само ќе го ублажи, но нема да го реши проблемот со неоткупениот ориз од минатогодишната жетва. Околу пет илјади тони оризова арпа стои ...

Во мидлтон

33 минути - МРТ
weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1014
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1015
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.6
93%
1015
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
8.75
72%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
88%
1011
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
94%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
79%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1017
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948