Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
На 06.08.2025 во 19:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М.(58) од Кочани. Околу 18:00 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Кочани, тој со возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, а при вршење увид било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,93 промили алкохол ...
Загрижувачка е состојбата со нивото на Дојранското езеро. Тоа е метар под дозволените граници, вели првиот човек на општина Дојран Анго Ангов. Тој побара државата веднаш да интервенира и да ги вклучи функционалните пумпи од системот Ѓавато за не се случи нова еколошка катастрофа. И посетителите кои ги затекнавме покрај Дојранското крајбрежје бараат активирање на системот Ѓавато и полнење на езерото. Езерото престана да се полни за време на ...
Квалитет пред квантитет, е она што и е потребно на Македонија, кога станува збор за политичките партии, сметаат експертите. Во пресрет на распишувањето на локалните избори во сабота, случувањата на македонската политичка сцена се интензивираат. За формирање на партиите, на независните иницијативи им се потребни по 1.000 потписи. Македонските граѓани со поделени мислења. Дел сметаат дека во моментов има доволен број на политички партии. Според ...
Надграден системот „Мој термин“. Во системот електронски се евидентираат лекарските уверенија за општа здравствена способност, за засновање работен однос, за психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, како и прегледи за здравствена состојба за поседување и носење оружје. Лекарите од Трудова медицина ќе имаат електронска евиденција за секој еден којшто го прегледуваат. Дигитализацијата е клучен столб во ...
Владата на седница донесе одлука да ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало. Одлуката ќе важи од 15-ти август до 15-ти септември, а трговците се должни, покрај новата намалена цена да ја објават и старата цена која важела на 1-ви јуни, цена која се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето. На влезот на продавниците треба да стои натпис ...
Русија и САД се договорија за средба меѓу Путин и Трамп во наредните денови-изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. Според него, страните почнале да работат на самитот, следната недела е одредена како репер, но тешко е да се каже колку дена ќе траат подготовките. Местото на состанокот е договорено. „На предлог на американската страна, во принцип беше договорено во наредните денови да се одржи билатерална средба на највисоко ...
Одбројувањето за локалните избори почнува. В сабота Собранието ќе ги распише локалните избори кои ќе се одржат на 19-ти октомври. Вториот круг е закажан за 2-ри ноември. На овие избори кои се сметаат за едни од најважните на локално ниво, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Но на сцена ќе настапат и нови политички партии. Како што е познато независните иницијативи ќе се преточат во политички субјекти. ...
Нетанјаху вечерва го свикува воениот кабинет на состанок на кој се очекува да биде одобрен планот за целосна окупација на Газа и продолжување на војната. Семејствата на заложниците бараат од израелските одбранбени сили да се спротивстават на проширувањето на офанзивата и повикуваат на масовни протести. Во меѓувреме, бројот на жртви во Појасот расте. Палестинските власти јавуваат за нови напади и повеќе од 20 загинати цивили. Во недостиг на ...
На 06.08.2025 во с. Рашче, скопско, полициски службеници од ПС Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од с. Рашче. Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира ...
Од денеска, стапија во сила американските царини за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 насто, ставајќи ја на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит на земјата. Трамп дополнително најави дека наскоро ќе воведе царина од околу 100% на чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат или не планираат да произведуваат во САД. По недели преговори и неизвесност, осум главни трговски партнери ...
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави референдум за својата функција откако Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот по правосилната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Шмит. Одлуката ја нарече „срам за Сараево“ и најави борба за уставната позиција на РС. Референдумот ќе се однесува на неговиот мандат и пресудата со која е осуден на една година затвор и шест години политичка забрана. ...
Македонија влегува во нов период на стабилно, суво и претежно сончево време, проследен со значителен пораст на дневните температури кои ќе достигнат 39 степени. Земјава ќе биде повторно на удар на топлотен бран со сува воздушна маса која пристигнува од југ. Температурите во наредните денови ќе се движат од 32 до 39 степени. Температурите ширум земјата во наредните денови ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. Во Скопје и околината ...
Американскиот претседател Трамп изјави дека постои голема веројатност да се сретне со Путин и Зеленски, по како што ги оцени, многу добрите разговори на неговиот претставник Виткоф и шефот на Кремљ во Москва. „Постои добра перспектива за тоа. Не утврдивме каде, но имавме многу добри разговори со Путин. И има многу голема веројатност дека можеби го затвораме кругот, го завршуваме крајот на патот. Тој пат беше долг и продолжува да биде, но, голема ...
Централната изборна комисија на БиХ го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница. Додик има право на жалба пред новите избори кои се очекува да бидат распишани во рок од 90 дена. Неговиот мандат беше одземен по правосилната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Додик беше осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење ...
На прагот на новиот циклус локални избори, граѓаните се скептични колку локалните власти ќе се зафатат со решавање на нивните проблеми, а не со партиските комбинаторики. Сметаат дека партиите ги ставаат пред завршен чин во изборот на нова локална власт. Неопходна е дистинкција меѓу партиските и локалните политики. Граѓаните реално, а не само декларативно, да учествуваат во заедницата. Партиската послушност ја намалува демократијата, а ја ...
Под името „Независни заедно“ активистите од „Шанса за центар“, „Независните“ од Карпош и „Зелените“ од Гази Баба почнаа со собирање на потписи за обединување во политичка партија за заеднички настап на изборите. Откако Уставниот суд укина два члена од Изборниот законик по што настана правен вакуум, сега независната тројка бара граѓаните да им дадат шанса за влез во изборната трка. Глас може да дадат само оние кои претходно не парафирале ...
Климатските промени го менуваат земјоделството, а се поочигледни се и во македонските ниви. Пазарџиите водат битка за да пласираат квалитет, но се почестите суши, непредвидливите врнежи е екстремните временски услови го загрозуваат македонското земјоделство. 73 годишниот Николе Велковски од свои 10 години се занимава со земјоделство. Раскажува како изминативе години како производител на зеленчук постојано се соочува со проблеми поради ...
Никола Јордановски од Скопје има само 18 години, но вели дека се чувствува подготвен да се бори со огнените стихии што пеплоса огромни шумски површини во Македонија. Тој е еден од кандидатите што ќе се обучуваат за справување со пожарите. Заедно со него, 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе поминат низ обуки. Секој ангажиран кандидат ќе добива по 24 илјади денари месечна финансиска поддршка од владата. Се обидуваа да се пробијат низ шумскиот ...
Едно лице загина, деветмина се повредени во пожар во департманот Од во јужна Франција во една од најголемите огнени стихии регистрирани летово во земјата. Локалните власти соопштија дека огнот се шири многу брзо и досега зафатил над 12 илјади хектари. Околу 2.500 домаќинства во областа моментално се без електрична енергија. Два кампа се евакуирани од претпазливост. Претседателот Макрон соопшти дека сите владини ресурси се мобилизирани. На терен ...
На пациентка во пред инфарктна состојба, матичниот лекар не можел да и издаде итен упат. Тие не смеат да бидат блокирани вели докторот Драган Ѓорѓиевски. Постојно повторуваме, но како да не сакаат да не слушнат. Имаме животозагрозувачки состојби, а Клинички центар и ГОБ „8 Септември“ ги блокираат итните упати. Немање термини за специјалист е приказна за себе вели доктор Ѓорѓиевски. Некои лекари не пуштаат или многу малку има. Во моментот доколку ...
Петчлената комисија при Министерството за надворешни работи се очекува на крајот на овој месец да заземе став за објавување нов оглас за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур и да ја отпочне процедурата за тројцата кандидати кои ќе ја водат битката за оваа позиција. Комисијата беше формирана на 25 минатиот месец, по владината одлука да се поништат предлозите на претходната со став дека ниту еден не ги исполнува ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата извршила ...
На 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи Е.Х.Х.(43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а Е.Х.Х. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на 05.08.2025, по претходна издадена наредба од Основен суд ...
Меѓународната заедница е сè позагрижена поради плановите на Нетанјаху за целосна окупација на Газа, што според Советот за безбедност на ОН би имало катастрофални последици. Палестинскиот амбасадор повикува на итен прекин на огнот и го осудува Израел, додека израелскиот шеф на дипломатија бара безусловно ослободување на 50-те заложници и обвинува дека плановите за признавање палестинска држава го уништиле договорот со Хамас. „Можната одлука на ...
Во периодот од 01.07.2025 до 31.07.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 161 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли ...
Со минутен молк и ѕвоно на мирот, во Хирошима се одбележа 80-годишнината од атомското бомбардирање во кое загинаа 140 илјади луѓе. Три дена подоцна, втора бомба беше фрлена врз Нагасаки, со 70 илјади жртви. На 15 август Јапонија се предаде, со што заврши Втората светска војна. Годишнината доаѓа во време на зголемена меѓународна поддршка за нуклеарно оружје како средство за одвраќање, дури и од Јапонија, додека стотици демонстранти протестираа ...
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж. Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам. Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за ...
Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва претрпе пораз од 3:1 во сетови од Швајцарија. Македонските одбојкари добро го почнаа дуелот и го добија првиот сет со 25:23, откако имаа подобра игра во завршницата во сетот. Во вториот сет комплетна доминација на ривалот, кој сетот го заврши со десет поени разлика. Клучен беше третиот сет. Македонија имаше водство од 24:22 и не искористи две сет топка за водство од 2:1, а противникот направи ...
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.К.(65) од село Стојаково, општина Богданци. На 04.08.2025, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија извршиле претрес во неговиот дом и дворно место во село Стојаково, при што биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2.80 м, марихуана, семки од канабис, дробилка со остатоци од марихуана и другои ...