Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Американскиот претседател Трамп рано утрово ги објави новите царински стапки за сите земји од светот што досега не постигнаа официјално трговски договор. Македонија официјално има стапка од 15 насто, исто како и Европската унија, којашто склучи трговски договор на 27 јули. Првично објавената царинска стапка за македонските стоки од месец април, изнесуваше 33 проценти. САД ја зголеми царинската стапка на Канада од 25% на 35%.Претходно, ...
Вчера во 16:40 часот на експресниот пат Прилеп-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.П.(40) од Битола, информираат од МВР. Тој, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки удрил во банкина, а по извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,83 промили алкохол во крвта. На 31.07.2025 во 00:12 часот на ул. „Битолска“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го ...
Денеска се одржа 41. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која раководеше министерот Перински, на која се дискутираше за клучна тема поврзана со подобрување на системот на планирање и распределба на јавните финансии преку утврдување на предлог на поблиски критериуми за проценка на буџетските програми од страна на ресорните министерства кои имаат влијание врз регионален развој. Целта на критериумите е да се воспостави ...
Милиони луѓе се враќаат дома откако беа укинати предупредувањата за цунами по вчерашниот моќен земјотрес од 8,8 степени по Рихтер на Камчатка. Набргу по потресот, руски научници потврдија дека еруптирал вулканот Кључевској. Тлото не престанува да се тресе, утрово регистриран земјотрес од 6,3 Рихтери. Предупредувања за цунами вчера беа издадени на крајбрежјето на САД, Јапонија, Кина, Филипините, Индонезија, Гуам, Перу и островите покрај Еквадор. ...
На познатиот симбол на македонската држава, споменикот „Илинден“ или познатиот „Македониум“ му треба внимание и темелно зачувување. Симболиката на Македонија низ значајните историски периоди е вткаена во специфичната топчеста градба која е зачеток на современата македонска скулптура. Споменикот е репрезент во светски рамки. Со години се најавуваа обновувања на витражите, на конструкцијата. Македониумот е еден од најпосетуваните споменици од ...
„Слободно, едвај чекам да ме тужи, ќе ми биде задоволство да го соочам со сите докази кои ги поседувам“ рече градоначалничката Арсовска по најавата за тужба од градоначалникот на Чаир за клевета. Додава дека Ганиу со месеци бега од секакво соочување со неа. Тука нема политика има само желба некој којшто направил лошо да одговара за истото вели градоначалничката на Град Скопје. Обелодени и на кој начин се правеле нелегалните дивоградби кои ...
Огнот на Голем Готен кон малешевските планини останува предизвик за противпожарните бригади. Надлежните смируваат пожарот е под контрола. Поради чадот и маглата кои се кренале како последица од малото количество на дожд што наврнал на оваа подрачје, територијата се надлетува со дронови и се бараат жаришта. Директорот на ДЗС, Ангелов, вели помошта од Чешка и од Словенија ќе и им бидат на располагање минимум седум дена, доколку нема посериозни ...
Пратенички прашања пред летната ферија. СДСМ со обвинување дека владата не го исполнила главното ветување за евроинтеграциите. Ги влошила позициите на државата со повторното ставање на маса на македонскиот идентитет и јазик. Неодговорно е, сметаат во СДСМ да се бара заедничка резолуција со Бугарија. Доброволно прифативте да ги асимилирате Македонците со наметнати договори. Политички стратешка грешка беше кога ве молевме тоа да не го прифатите и ...
По изгласаната интерпелација, државниот јавен обвинител си продолжи со редовните активности. Ниту збор дали ќе поднесе оставка бидејќи и од „Илинденска“ очекуваат тоа да го стори. Коцевски присуствуваше на отворање на Истражниот центар во Основното јавно обвинителство Битола. Иако беше најавена негова изјава за медиумите, Коцевски не собра храброст да застане пред камерите и да одговори на прашањата од јавноста. Наместо тоа говореше за добрите ...
И покрај бројните препораки изминатите години, ревизорите и во најновиот извештај утврдија низа пропусти во работењето на ФЗОМ. Во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица постојат повеќе слабости и неправилности, односно не е обезбедена соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство, за што од страна на фондот по овој основ се исплатени ...
На 30.07.2025 околу 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север во БЈБ ги лишиле од слобода А.Р.(26) од с. Студеничани, скопско, Б.Б.(26) од Радовиш и А.Ш.(31) од Радовиш. Имено, во 19.45 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај Костурник, полициски службеници забележале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б., а сопатник ...
Украинскиот претседател задоволен од неодамнешните потези на американскиот претседател Трамп за притисок врз Русија да се согласи на прекин на огнот. Шефот на Белата Куќа му постави рок на Путин од 10 дена да ги запре нападите, скратувајќи го претходниот рок од 50 дена. Зеленски објави дека одобрил договор за оружје од големи размери со САД. „Ние ги цениме принципиелните чекори на Америка за притисок врз Русија поради мир. Токму сега е потребна ...
Американскиот претседател, издаде наредба за царина од 50 проценти за Бразил и ја обвини бразилската влада за сериозни злоупотреби на човековите права што го поткопале владеењето на правото. Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од 25% на стоки од Индија, плус дополнителен данок на увоз поради купувањето руска нафта. Трамп додаде дека Индија купува воена опрема и нафта од Русија, овозможувајќи и на Москва да војува во Украина. Како ...
Канада ќе ја признае палестинската држава во септември, објави премиерот Карни. Потегот следува откако разговарал со британскиот премиер Стармер, кој објави сличен потег, а истото претходно го направи и францускиот претседател Макрон. „Меѓународната соработка е од суштинско значење за обезбедување траен мир и стабилност на Блискиот Исток, а Канада ќе направи се што може за да помогне во водењето на тие напори. Канада долго време е посветена на ...
Довчерашната прва антикорупционерка, Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, кое досега и беше во мирување. Ќе му помага на главниот државен ревизор. Барањето е веќе поднесено. Собранието ја констатираше нејзината оставка во Државната комисија за спречување на корупцијата, поттикната од поднесеното обвинение за оддавање службена тајна и за незаконско стекнување со безбедносен сертификат, откако се ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител. Комисијата треба да донесе предлог-одлука за избор на нов Народен правобранител, за огласот кој заврши во саботата, а се пријавиле 17 кандидати. Според информациите од собраниските служби, меѓу нив ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија. На дневен ред на двете собраниски комисии е Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во второ читање. Како што стои во образложението објавено на собраниската ...
Од 22:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Берово, поточно кај „Сарајска раскрсница“, е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица“ Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида,) ќе биде целосно затворен за сообраќај од ...
Според последните информации од Центарот за управување со кризи активни се три пожари во земјава и тоа во општините Василево, Прилеп и Кавадарци. Еден е под контрола, а 24 се изгаснати. Најзагрозени подрачја се малешевските планини, околината на Прилеп и просторот меѓу селата Галиште и Ќесендре. Интервенциите се отежнати поради непристапен терен и опасност од детонации. Во гаснењето вчера чешкиот „Блек хок“ хеликоптер интервенираше од воздух, ...
На 31.07/01.08.2025 година во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење бул. „11 Октомври“ на потегот од крстосница со ул. „Даме Груев“ до крстосница со бул. „Кочо Рацин“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги ...
Нема изгледи дека ќе се зголеми минималната плата на 500 евра, велат од ССМ откако нивното барање го изнесоа пред Економско-социјалниот совет, но точката не беше на дневен ред. Освен повисокиот минималец, тие сметаат дека е потребно усогласување и на другите плати зашто што не ги следат трошоците. Откако не добија зелено светло, ССМ не ја исклучи можноста од генерален штрајк. Зголемувањето од над 11% и просечна плата од 45.800 денари е показател ...
Тајландската војска ги обвини камбоџанските сили за кршење на договорот за прекин на огнот на три одделни локации долж спорната граница. Властите во Бангкок обвинуваат дека ова е второ кршење на примирјето откако двете страни во Малезија, со посредство на САД се договорија за безусловен прекин на огнот. Камбоџа ги отфрли наводите за разгорување на борбите, нагласувајќи дека е посветена на договореното. Во петдневните интензивни борби на ...
Македонија треба да го спроведе францускиот предлог односно преговарачката рамка на ЕУ за да се отворат пристапните поглавја за полноправно членство во ЕУ. Тоа е единствениот пат и за тоа нема изговор. ЕУ не може да даде гаранции, туку може само да го олесни пристапниот пат кон ЕУ, вели Томас Бирн, ирскиот министер за европски прашања и одбрана, според него македонскиот јазик е признат од ЕУ. Македонскиот министер за европски прашања Орхан ...
Владата очекува оставка на јавниот обвинител Љупчо Коцевски по изгласаната интерпелација во Собранието. Тоа е силен институционален сигнал кој не може и не смее да биде игнориран, оценуваат од „Илинденска 2“. „Очекуваме државниот јавен обвинител да постапи морално и да поднесе оставка. Тоа би било одговорен и достоинствен чин, во интерес на правдата и довербата на граѓаните. Во исто време, вчерашниот исход ја потврди и неоснованоста на тезите ...
Овогодишното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“, кој ќе се одржи вечерва – 30.07.2025 г. (среда) со почеток во 20:30 часот, во Сули ан. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија ...
Сметките за парно нема да се зголемат. Продолжуваат да важат актуелните цени се до донесување на нова одлука, одлучија регулаторите. Од извршената анализа на компаниите кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Скопје, констатирано е дека за да се согледаат реалните трошоци на сите регулирани дејности, особено на топлинската енергија, потребна е проценка на вредноста на основните средства-топланите. Цената на ...
Се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, каматните стапки остануваат непроменети, велат од народната банка. Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 5,35 проценти, а на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95 отсто и 4 отсто. Понудата на благајничките записи на редовната аукција ќе биде исто така непроменета, односно ќе изнесува 10 милијарди денари – одлучи Извршниот одбор за ...
Конференцијата на Обединетите Нации за израелско-палестинскиот конфликт заврши со повик за крај на владеењето на Хамас во Газа. Група од 17 земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Катар и Египет, го повикаа Хамас да го предаде оружјето на Палестинската самоуправа. Во усвоената декларација исто така, се осудуваат нападите на Израел врз цивилното население и инфраструктура, опсадата и гладувањето. Документот ја повикува израелската војска да ги повлече ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, а на неа се очекува да се разговара за минималната плата, порастот на цените на основните прехранбени производи и за потрошувачката кошница. Од Сојузот на синдикати на Македонија вчера најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и за зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на ...