Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Американскиот претседател дециден, рокот до Русија да ги запре борбите во Украина или да се соочи со нови санкции ќе биде за 10 дена од денеска. Трамп рече дека е штета што досега не добил никаков одговор од Путин. Од Кремљ претходно изјавија дека Русија знае за најновата изјава на американскиот претседател, а Москва останува посветена на мировниот процес и на заштита на своите национални интереси. Зеленски вели дека Русија ги игнорира ...
Денешниот ден ќе биде под влијание на променливо облачно време со сончеви периоди, но метеоролозите предупредуваат на нестабилност попладне и во текот на ноќта кон четврток. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, а локално се можни и краткотрајни невремиња. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието. Температурите ќе се движат од 12 до 20 степени во утринските часови, додека максималната дневна ќе ...
Пронајдено е безживотното тело на 16-годишното девојче што пред шест дена исчезна во водите на Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото било најдено и извлечено од реката во близина на старо градско, вчера околу пладне. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Исчезнувањето на 16-годишното девојче го пријави сестрата на малолетничката. ...
Владата ја поништи листата со тројца предложени кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. На листата се наоѓаа обвинителката Ленче Ристоска, судијката од Апелација, Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски. Како причина за одбивањето се наведува дека кандидатите не ги исполнувале предвидените услови. Владата формира нова комисија со 5 члена, наместо претходните девет. Во одлуката за формирање на комисијата е ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендичката, а потоа се обидел заканите да ги реализира. На локацијата брана Водоча се ...
Годинешното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено ќе се затвори со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“, кој ќе се одржи на 30.07.2025 г. (среда) со почеток во 20:30 часот, во Сули ан. Диригент е Иван Еминовиќ. На програмата се А. Вивалди – Четири годишни времиња и А. Пјацола – Четири годишни времиња. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ е ...
Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18:30 часот на цела територија на државата активни се три пожари, а под контрола се шест пожари. Вкупно имало 20 пожари од кои 11 се изгаснати. Активен е пожарот на планината Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, како и пожарот кај селото Бешиште во општина Прилеп со крак кон селото Градешница во општина Новаци и крак кон ...
Дејан Пројковски е првиот македонски режисер што поставил театарска претстава во соработка со национални институции во Јужна Кореја. Двете премиерни изведби, публиката во Инчеон ја испрати со стоечки овации. На 26-ти јули во Инчеон, Јужна Кореа, се случи премиерата на театарската претстава „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски. Претставата беше дел од програмата на Националниот театарски фестивал и привлече ...
Министерството за внатрешни работи реализираше уште една суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје. Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно ...
На работната средба на министерката за енергетика, Сања Божиновска, со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се разговараше за тековните енергетски проекти и нивните финансиски импликации врз компаниите и економијата. Во фокусот на разговорот беа влијанијата на новите регулативи за декарбонизација и зелената енергетска транзиција на Европската Унија, кои носат значајни предизвици, но и можности за развој на обновливите извори на ...
Вчера во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани го лишиле од слобода К.И.(36) од Кочани, информираат од МВР. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, градоначалник на Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Тој, постапувајќи несовесно при извршување на своите законски обврски и невршење должен надзор, од 2020 година, работел спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за ...
Со 71 глас, без ниту еден против и воздржан пратениците ја изгласаа интерпелацијата за јавниот обвинител Коцевски, поднесена од опозициската партија левица. Заклучокот ќе биде доставен до Владата и Коцевски. Од Левица побараа гласање недоверба за работата на јавниот обвинител поради, како што рекоа, селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно ...
„Просечната плата треба да биде уште поголема, продолжуваме да работиме во таа насока“, уверува премиерот Мицкоски, откако Заводот за статистика измери дека во мај, просечната нето-плата изнесувала 45 илјади 796 денари, за 11 проценти повисока споредено со истиот месец лани. Барањето за зголемување на платите е повторно на маса. Откако го доби решението за репрезентативност, Сојузот на синдикатите на Македонија најави дека не отстапува од ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопштија од МВР. На 27.01.2025 пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно ...
Селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје, ова се аргументите на „Левица“ за поднесената интерпелација на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Државата мора да добие функционален и независен обвинителски систем порачаа од ВМРО-ДПМНЕ кои ја ...
Конференција на ООН организирана од Саудиска Арабија и Франција за мирот на Блискиот Исток. Париз ја повика Европската Унија да изврши притисок врз Израел да се согласи на решение за две држави, неколку дена откако претседателот Макрон вети дека ќе ја признае Палестина. Генералниот секретар верува дека конфликтот би бил решлив доколку постои политичка волја и храбро лидерство. Американскиот претседател Трамп изјави дека не се согласува со ...
Зголемен е бројот на несреќи предизвикани од возачи на електрични тротинети, особено управувани од малолетници. На еден тротинет, со голема брзина се возат и по неколку лица, не се носи ниту заштита опрема. Лекарите апелираат, родителите да внимаваат на нивните деца. Од 50 до 120 евра ќе треба да плати секој кој ќе ги прекрши одредбите од законот за безбедност на сообраќајот, зависно од прекршокот што е направен. Граѓани се жалат дека лицата ...
Собранието на почетокот на денешната седница ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска. По констатирањето на оставката на досегашната претседателка на антикорупциска, Татјана Димитровска, против која е поднесено обвинение за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“ и за компјутерски фалсификат при добивањето на безбедносен сертификат, собраниската Комисија за избори и ...
Драма во центарот на Менхетен, Њујорк. 27 годишен вооружен маж со пушка уби четири лица и рани уште еден во деловна зграда на Парк Авенијата каде што се наоѓа седиштето на Националната фудбалска лига. Шејн Девон Тамура најпрвин пукал во лобито на облакодерот, а потоа и на 33-тиот кат пред да си го одземе животот. Напаѓачот бил фудбалер во младоста, оставил проштално писмо во кое ја обвинува фудбалската лига дека страда од болест најчесто ...
Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик. Прес-службата на Министерството за транспорт најави дека во следниот период ќе се направат дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја ...
Киев и Москва ги продолжија нападите. Две лица загинаа во руски ракетен напад врз Камјанск, во југоисточна Украина. Едно лице загина во напад со дрон во руски Ростов, а одбиени нападите во други области. Особено тешка состојбата во Покровск, светските агенции известија дека руските сили се на влезот од градот. Новиот рок на Москва за постигнување прекин на огнот во Украина е 10-12 дена, во спротивно ќе се соочи со царини од 100 проценти, објави ...
За нападот врз скопската градоначалничка, едно лице седнува на обвинителната клупа, под обвинение за насилство. На 11-ти јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, и предизвикал телесна повреда на оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста, стои во обвинението. Градоначалничката, заедно со овластени службени лица, во Чаир вршела увид на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денес ја посети мобилната единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде почна бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб. -Со ова го означуваме почетокот на заедничка национална кампања, што ја реализираме заедно со клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, и со Хепар Центар-Битола. Работиме интензивно и на дигитализација на програмите за скрининг на ...
Од 1-ви септември основците од училиштето „Невена Ѓоргиева – Дуња“ ќе имаат и час по пливање. Во скопска Кисела Вода отворен еден од петте затворени базени чија изградба беше закочена со години. Ќе може да го користат и другите основци од оваа скопска општина, граѓаните, но и пливачките клубови кои ќе пријават интерес. Во крајна фаза на изградба е и штипскиот затворен базен. Инвеститорот најави дека до крајот на годината затворените базени во ...
Во деновите од изминатиот викенд (26./27.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1148 издадени платни налози 128 прекршоци се однесуваат на возачи коишто учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, а пак кај 115 возачи при извршен алкотест било утврдено недозволено количество алкохол и тие се исклучени од ...
Брзиот начин на живот, калорична, но не и нутритивна храна и недвижењето, се главните фактори што стануваме нација со прекумерна тежина, вели нутриционистот Тодорка Наумоска Димески. А и не им даваме пример на децата за здрава храна. Што велат граѓаните? За нив, и танкиот паричник не овозможува здрава храна. Советот е едноставен – мора да го промениме начинот на исхрана и повеќе да се движиме. Прекумерната тежина може скапо да го чини нашето ...
Пепел, црнила, мирис на чад, изгорени бандери, екипите на ЕВН ги санираат штетите, ставен е под контрола пожарот кај Катланово. Пламените јазици направија димна завеса низ која поминуваа возилата по автопатот Велес – Скопје. Црн, густ, чад се ширеше над автопатот. По брза реакција и интервенција на скопската противпожарна бригада, пожарот е локализиран и ставен под контрола. Најкритично е на планината Готен каде интервенираат противпожарни ...