Собранието утре ќе расправа по поднесената интерпелација за работата на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Ја поднесе „Левица“, партијата како аргументи ги наведе нефункционалност и политички влијанија врз работата на Основното јавно обвинителство, како и селективните кривични истраги за трагедијата во Кочани, и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не откри како ...

Сирија ќе ги одржи првите парламентарни избори под водство на новите власти помеѓу 15 и 20 септември. Една третина од 210-те места ќе бидат назначени од привремениот претседател Ахмад ал-Шара, а останатите ќе бидат индиректно избрани. Жените ќе сочинуваат најмалку 20% од изборните тела, а процесот ќе биде следен од меѓународни организации. Ова ќе бидат првите избори по падот на поранешниот претседател Башар Асад и бунтовничка офанзива лани во ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува се половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 74,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 70,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 70,50 денари за литар. ...

Тајланд и Камбоџа на мировни преговори во Малезија со посредство на САД откако воените сили на двете земји неодамна влегоа во судир. Американскиот државен секретар Рубио соопшти дека делегација од Стејт департментот ќе помогне во мировниот процес. Шефот на Белата Куќа објави дека верува двете страни се подготвени да ги надминат разликите и им порача дека САД нема да склучат трговски договори со нив доколку не ги прекинат судирите. Раселените ...

Киносала, простор за изложби, мултимедијален дел комплетно опремен со сценска технологија, озвучување и осветлување. Ќе се гради Мултифункционален центар во општина Аеродром за поддршка на независната културна сцена која во моментов е во дефицит, рече министерот за култура Зоран Љутков. Потпишан е договор за финансирање и реконструкција. Ќе се работи повеќе од две години, а првата фаза ќе чини 99 милиони денари. Најголемата општина, досега ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати. Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација; во прилепското село Бешиште, место викано ...

Министерството за здравство заедно со Хепар-центарот Битола и Клиниките за гастро и инфективни болести по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот од денеска почнуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг на хепатитис Бе, Це и ХИВ, како и еластографија за хронични заболувања на црниот дроб. По тој повод денеска од 10 до 13 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде поставена мобилната единица со што ќе ...

Споменикот на Андон Лазов-Ќосето вратен во Скопје. Изутрината град Скопје во кусо соопштение информира дека споменикот на Ќосето повторно е поставен. Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија, стои во соопштението на Град Скопје. Споменикот беше отстранет од претходникот на сегашната ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е амандманска расправа за Предлог на закон за установи за средно образование на верските заедници. Според информациите од собраниската веб – страна, поднесени се 22 ...

Продолжува борбата со огнената стихија. Пожари горат на неколку локации. Земјава го активираше ЕУ-механизмот за заштита на цивилна заштита. Се очекува помош во справувањето со огнените стихии, најпотребни се воздухоплови. Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи активни над 10 пожари. Гори во општина Василево, Радовиш, оган има на малешевските планини, прилепско, сериозен пожар има на планината Готен каде што во гаснењето се ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје, сончево со ...

Центрите за евакуација во Тајланд, во близина на границата со Камбоџа, продолжуваат да сместуваат голем број цивили кои избегале од вооружениот конфликт. Борбите, кои траат неколку ден, убија најмалку 33 лица, а раселени се повеќе од 168.000. Тајланд и Камбоџа сигнализираа подготвеност за преговори за ставање крај на смртоносниот граничен спор по посредничките напори на претседателот Доналд Трамп. И покрај дипломатските напори, борбите ...

Уште 300 милиона денари се очекува Владата да одобри за најатрактивната мерка од оперативниот план за вработување. За 175. места, се поднесени околу 6.000 апликации за самовработување и почнување нов бизнис. Затоа буџетот за оваа мерка од 5 ќе се зголеми на 7,5 милиони евра. Во меѓувреме, се готви дневниот ред на Социо-економскиот совет. На дневен ред се пресметувањето на потрошувачката кошничка, инфлацијата и евентуалните владини мерки. Засега ...

Двајца советници и една претседателка на совет се лица со попреченост во сите 80 општини во државата. Политичките партии сè уште не ја препознаваат потребата за вклучување на лицата со попреченост во креирањето на политики, велат од здружението на слепи лица Здружението „Инклузива“ пред две години до Собранието достави предлог за измени на Законот за финансирање на политичките партии, за да се зајакне учеството на лицата со попреченост во ...

Со денови беснее пожарот на планината Готен. Пожарникарите не успеваат да ги стават под контрола пламените јазици. Се протега помеѓу Радовиш, општина Василево и Берово. Најкритично е од страната на Радовиш, каде дејствуваат два хеликоптери на МВР. Од страната на Берово, пожарот се заканува да се прошири кон поквалитетна шума. Таму дејствуваат 40 припадници на армијата. Голем пожар и на територијата на Македонска Каменица. Во моментов беснеат 16 ...

Над 120 судири во еден ден на фронтовската линија помеѓу Украина и Русија, од кои најголемиот дел во Покровск, каде што руската војска извршила 55 напади во 24 часа. Во текот на вчерашниот ден, се случиле 122 судири, во кои руската армија лансирала една ракета и извршила 52 воздушни напади со користење 27 ракети и 93 водени воздушни бомби. Во нападот на Украина се употребиле 1.329 парчиња муниција и за време на предупредувањата за воздушни ...

Израелската војска објави привремен прекин на огнот во три области на Газа, како одговор на влошената хуманитарна ситуација. Израелската војска (ИДФ) соопшти дека прекинот на огнот ќе трае од 10:00 до 20:00 часот по локално време секој ден, почнувајќи од денес и ќе остане на сила до натамошно известување. ИДФ, исто така, објави дека ќе отвори безбедни патишта за испорака на помош од Обединетите нации и други хуманитарни организации, вклучувајќи ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце и на ГП Пелинце времето на чекање е околу 45 минути. На ГП Богородица времето на чекање изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.а ...

Во изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 33 пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, 12 се сè уште активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати. Најкритично на тромеѓето меѓу Василево, Радовиш и Берово. Гори планинскиот предел Готен и делови од малешевските планини. Огнените јазици голтаат нискостеблеста шума и густа вегетација. Активни пожарите и во прилепскиот регион, едниот ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови ...

Азир Алиу најави воведување ново софтверско решение кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем. Апликацијата ќе овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување. Ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира. ...

Во Кочани ќе се одржи шеснаесеттиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот, организиран од Здружението „16 март 2025 Кочани“, ќе почне во 18 часот и 05 минути од паркот на револуцијата и ќе се одвива по вообичаената рута. За трагедијата во дискотеката „Пулс“ се обвинети 34 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност, додека за 11 лица, меѓу кои и двајца поранешни министри, постапката е запрена ...

Летната школа, за фотограметрија во Стоби се организира по прв пат. Десетина учесници учат како да ја документираат историјата користејќи најсовремени дигитални методи. Студентите се обучуваат и за компјутерска, терестријална и воздушна фотограметрија – техники што овозможуваат креирање и анализа на 3D податоци од археолошки ископувања. Десетина студенти се учесници на 14 летна школа за конзервација и реставрација на римска доцна керамика. Тие ...

Десетици илјади луѓе побараа засолниште додека граничните борби меѓу Тајланд и Камбоџа влегоа во третиот ден, зголемувајќи ги стравувањата од продолжен конфликт. Бројот на жртви се искачи на над 30 лица. Советот за безбедност на он одржа итен состанок зад затворени врати доцна во петокот во Њујорк, а Малезија, која претседава со регионалниот блок од 10 земји што ги вклучува двете земји, повика на прекин на непријателствата и понуди да посредува. ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 43 степени. Во утре и во првата ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П.(68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа- Специјализирана болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година склучила три договори на дело со ...

Вчера во 02.40 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од с. Брвеница, тетовско - информираат од МВР. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода на улицата, во која учествувал Д.С. со своето возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, со дрегер било утврдено дека тој го управувал возилото под ...

Триесетина настани, научна трибина и централно чествување на големиот Илинден ќе понуди националната манифестација 10 дена Крушевска Република. Крушево се подготвува за празникот. Манифестацијата ќе пречека преку 150 коњаници, а традиционално, свеченото отворање е на први август на Гумење. Научната трибина ќе ги собере еминентните историчари од земјава кои ќе одговорат на повеќе прашања на тема „Илинденските предизвици, минато, сегашност и ...

МВР Билтен

7 минути - МИА
weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
92%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
62%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.7
87%
1013
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
74%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
94%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
94%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1016
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948