Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во Белград синоќа избувнале тензии меѓу демонстрантите и полицијата, при што најхаотично било во центарот на градот. На улиците запалени и превртени контејнери, густ чад, се користеле пиротехнички средства. Судирите започнале нешто по 22 часот, кога група од демонстрантите се обидела да го пробие полицискиот кордон. Полицијата возвратила со солзавец за да ја растера толпата, а според дел од медиумите, биле употребени и топовски удари. Протестите ...
Пет месеци од големата трагедија во кочанската дискотека „Пулс“ во која загинаа 62 млади лица, а голем број се здобија со физички повреди и психички трауми. По тој повод, нов 18-ти „Марш на ангелите“ денес во 18 часот и 5 минути. Вообичаената рута, од Градскиот парк во Кочани, движењето ќе продолжи кон трговскиот центар, седиштето на општината, локалната канцеларија на МВР, сè до Основниот суд и кочанското обвинителство. Организаторите ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...
Нема договор додека не се постигне, изјави американскиот претседател Трамп по скоро три часовната средба со рускиот претседател Путин во Енкориџ. Самитот на Алјаска не донесе напредок за прекин на конфликтот Русија – Украина. Путин тврдеше дека постигнале „разбирање“ за Украина и ја предупреди Европа да не го „торпедира почетниот напредок“. По долгоочекуваната средба, како знак дека разговорите не го дадоа посакуваниот резултат на Трамп, ...
Лесната пешадиска баталјонска група на АРМ е опремена со нови 29 лесни оклопни возила во кои е инсталирана најсовремена дополнителна опрема за гаѓање. Се работи за опрема која Македонската армија треба да ја поседува согласно НАТО стандардите. На денешната промоција во Касарната „Јане Сандански“ во Штип беше кажано дека јакнењето на одбранбената подготвеност на државата е вложување во мирна и безбедна иднина. На промоцијата присуствуваше и ...
Одлуката на Уставниот суд нема да се рефлектира врз односите на Македонија со Европската унија и со Бугарија, ниту ќе влијае на содржината на преговарачката рамка, смета шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Според него, земјава го држи курсот на реформската агенда која е услов за евроинтеграцијата, а очекува и интензивирање на дијалогот со Софија. И премиерот Мицкоски на иста линија. Уверува дека земјава нема да се повлече од преговорите со ...
Нов ден, нова борба со тешкиот пожар во „Јасен“. Се прават натчовечки напори за ставање на огнената стихија под контрола. На терен се вработени во „Национални шуми“ и „Јасен“, пожарникари од Скопје и Кавадарци, но и припадници на армиските „Волци“ и „Ренџери“. Од копно се гасне и од специјализираните возила. Пожарот е ставен под контрола над гребенот, каде огнот му се заканувал на репетирот, но, пожарот беснее од долната страна на патот што вози ...
Денеска ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ. Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи ...
Во текот на изминатите два дена (13./14.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на ...
Се зголемуваат одбранбените капацитети. Нови 29 лесни оклопни возила за македонската Армија од Соединетите Американски Држави. Предвидени се за пешадиска баталјонска група за патувања и мисии. Министерот Мисајловски истакна дека одбранбените капацитети на Армијата продолжуваат да се зголемуваат и зајакнуваат и дека во соработка со САД и програмите преку кои се вршат набавките за модернизација на македонската Армија, бројот на лесни оклопни ...
Владата нема да се откаже од европскиот пат. Во врска со предметот на Уставен оформен по иницијативата за укинување на вториот протокол, оттаму велат дека ќе чекаат одлука. „Апсолутно ние никогаш нема да се повлечеме од преговорите со ЕУ, тоа не е цел на оваа Влада, напротив наша цел е да бидеме дел од ЕУ. Околу поднесокот на поранешната пратеничка Поповска таа треба да ви даде одговор, да почекаме Уставниот суд да донесе конечна одлука поврзана ...
Македонскиот репрезентативец Eљиф Елмас можно да се врати во редовите на својот поранешен клуб Наполи. Според „Фудбал Италија“ Наполи направил сериозни чекори за враќање на својот поранешен играч Елмас од Лајпциг. Ова од причина што клубот бара офанзивни играчи. Наполи „работи“ на враќање на македонскиот репрезентативец, кој во зимата 2023 година беше продаден во Лајпциг за 25 милиони евра. Како што објавува „Фудбал Италија“ постои реална ...
Израел не отстапува од планот за проширување на офанзивата во Газа и покрај апелите за катастрофалните последици и меѓународниот притисок. Војската објави дека подготовките се при крај, а воената кампања ќе трае сè додека Хамас не биде целосно уништен, а безбедноста на Израел обезбедена. „Израелските одбранбени сили ги завршуваат подготовките за продлабочување на офанзивната операција во Појасот Газа, што ќе доведе до уништување на капацитетите ...
На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови" во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен Б.Р. (29) од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини. На ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од ...
Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе се одржи презентација на 29 нови лесни оклопни возила JLTV, донација од Соединетите Американски Држави. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер ќе ги посетат припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и ќе присуствуваат на презентацијата на новите ...
Од борба со корупцијата, во борба за општина Центар. Поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска влегува во политиката. Доаѓа на предлог на платформата „Независни заедно“ и вели – се кандидира не за личен профит, туку да понуди решенија за проблемите на жителите. Иницијативата на чиј предлог доаѓа Ивановска сè уште собира потписи за да регистрира партија. Шанса за Центар, Зелените за Гази Баба и групација 389 им нудат предизборна ...
Без две плати и здравствено осигурување се оставени работниците во двете фирми-ќерки на „Паркови и зеленило“, меѓу кои и хронично болни, онколошки пациенти, лица со стентови. Повторно на „Илинденска“, на високите температури излегоа на протест – Синдикатот најави и кривични пријави. Вработените велат дека и покрај тоа што во Град Скопје биле изгласани субвенции од 80 милиони денари, за нив сè уште нема пари, иако исплатите во јавното ...
Одборот на директори на НБА ја одобри продажбата на Бостон Селтикс на група инвеститори предводени од бизнисменот Вилијам Чизхолм. Одобрувањето од сопствениците на клубовите во НБА дојде пет месеци откако беше објавена продажбата на Селтикс. Трансакцијата е вредна 6,1 милијарда долари. Вилијам Чизхолм е коосновач на приватниот инвестициски фонд Симфони Технолоџи Груп и страствен навивач на Селтикс. Во јуни, Лос Анџелес Лејкерс беа продадени од ...
Управата за јавни приходи влегува во градежните компании. Ќе се чешла продажба во кеш, колку е изградено, колку е пријавено дека е продадено. Станува збор за над 300 градежни компании кои детално ќе се анализираат. Од градежниот сектор велат дека се работи по пропис. „Пари в плик“ не биле опција во никој случај. Повикуваат на засилена борба против сивата економија. Велат дека во строгиот центар на Скопје, цената на парцелата влегува со 40% во ...
Европскиот шампион ПСЖ го освои Супер купот на УЕФА откако во Удине по изведување на пенали го совлада освојувачот на Лига Европа Тотенхем. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а по изведувањето на пенали 4:3 за екипата од Париз. Премирлигашот поведе во финишот на првото полувреме со голот на Мики Ван де Вен во 39.минута, а на почетокот на вториот дел екипата од Лондон го зголеми водството на 2:0 стрелец на голот беше Кристијан Ромеро. ...
Првиот светски рекет, Јаник Синер синоќа го победи Французинот Адриан Манарино во четвртото коло од турнирот во Синсинати. Мечот траеше 1 час и 51 минута и заврши со резултат 2-0, по сетови 6:4 и 7:6 (7:4). Противникот на Италијанецот ќе биде Феликс Оже-Алиасиме (Канада) кој го совлада Бенџамин Бонци (Франција) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Во презакажаниот натпревар од третото коло, Американецот Бен Шелтон го победи Шпанецот Роберто Баутиста ...
Институциите преземаат мерки, но затајува Обвинителството – премиерот Мицкоски повторно го впери прстот кон Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски. Останува на ставот дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и со актуелниот републички обвинител, кој според шефот на Владата не презема активности. И покрај тоа што Собранието ја изгласа поднесената интерпелација за работата на Републичкиот јавен ...
Затруено четиригодишно дете е донесено во кумановската општа болница. Првичните сомнежи се дека консумирало непозната течност, најверојатно детергент. Детето e примено на педијатрискиот оддел, а по извршен преглед од дежурен лекар, во стабилизирана состојба е пренесено на скопските клиники. Директорот Стошевски информира дека по извршената детоксикација на клиниката, детето ќе биде пуштено дома. Кумановската полиција презема мерки за ...
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје на 19 и 20 август ќе го одржи првиот уписен рок за академската 2025/2026 година. Според конкурсот, на 23 факултети има 9.719 слободни места: 4.683 за редовни студенти во државна квота, 4.081 со кофинансирање и 955 за вонредни. Најмногу места има на ФИНКИ (1.020), ПМФ (910), Филозофски (880), Филолошки (810) и Медицински факултет (760). Партиципацијата изнесува 200 евра за државна квота и 400 евра за ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги повика граѓаните да ја користат водата рационално поради високите температури, зголемената потрошувачка и намалената издашност на изворот Рашче. Претпријатието апелира да се избегнува полнење базени, наводнување на големи зелени површини и полевање ниви со вода од градскиот систем за да се обезбеди нормално снабдување за сите делови на градот. Граѓаните кои ќе забележат диви приклучоци или истекување на ...
По големиот интерес за првото издание, Artisan Night Bazaar се враќа со уште повеќе уметници, ракотворци и креативци кои ќе изложат голем број на уникатни рачно изработени креации и уметнички дела. Оваа сабота, 16 август, во 19 часот, големата хала на културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе биде „обоена“ со креативна младешка енергија, со мирисот на уникатноста и со модни и културни визии за градот Скопје. Посетителите ќе можат да дознаат ...
Шумари работат како административци – ова го покажа ревизорскиот извештај за ЈП „Национални шуми“ за 2023 година. 73 проценти од вработените, односно 259 лица, вработени како сечачи, дотурачи, редачи и шумски работници наместо да работат на терен, седеле во канцеларии и извршувале административни работа, и тоа во време кога над половина од производствениот процес е зависен од надворешни извршители. Извештајот покажа дека ЈП „Национални шуми“ е ...
Заморот на работа – особено во попладневните часови – е нешто што сите го почувствуваме, но не мора да Ви го уништи денот. Лондонската невронаучничка д-р Тара Сварт откри пет едноставни совети за борба против исцрпеноста, кои лесно можете да ги вметнете во својата дневна рутина. 1. Хидратација пред сè Дури и блага дехидрација го забавува мозокот, ја нарушува меморијата и ја зголемува тромоста. Пијте доволно вода, а по тренинг додајте и ...
Уставниот суд во текот на јули 2025 година оформи 26 нови предмети – десет за оценување на уставноста на закони и подзаконски акти, дванаесет по иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и четири за заштита на слободите и правата на граѓаните. Меѓу нив, се издвојуваат иницијативите за укинување одредби од Законот за извршување поради наводно оневозможување на наплата на пресудени побарувања, оспорување на измени во Законот за ...