И покрај уверувањата од ДИК дека слободно можат да учествуваат на локалните избори, независните граѓански иницијативи не отстапуваат од намерата да собираат потписи за формирање партии, во страв да не бидат извисени во последен момент. Од Државната изборна комисија, пак, објаснуваат дека изборниот законик децидно им дава правото на групи избирачи да поднесат кандидатски листи. Оттаму појаснуваат дека по одлуката на Уставниот суд, или Собранието ...

Горивата поевтинуваат од полноќ – цените на бензините се намалуваат за половина денар, на дизелот за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 74,5 денари за литар, а на БС 98, 76,5 денари. Литар дизел ќе се точи по цена од 68,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за денар и половина и ќе се продава за 68 денари. Поевтинува и мазутот, на 39,78 денари за килограм. ...

Во деновите од изминатиот викенд (09./10.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1172 издадени платни налози дури 113 прекршоци се однесуваат на возачи коишто учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 80 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 48 возачи на ...

Југот на Италија и натаму гори. Високите температури и ветрови повторно го разгореа огнот што ги зафати падините на Везув пред викендот. На барање на властите, пожарникари од целата земја пристигнаа да помогнат во гаснењето на огнената стихија. На терен и шест канадери. Од безбедносни причини сите планински патеки до вулканот во близина на Неапол се затворени за туристи. Во исто време, активен стана и вулканот Етна на островот Сицилиј „Во ...

Нетанјаху ја брани планираната воена офанзива во Газа тврдејќи дека тоа е најдобриот начин да се заврши војната брзо. Планира да ги заземе двете преостанати упоришта на Хамас и да ги ослободи заложниците. Не попушта пред притисокот на граѓаните и меѓународната заедница. „Израел нема друг избор освен да ја заврши работата и да го порази Хамас, со оглед на тоа што групата одбива да го положи оружјето. Временската рамка што ја поставивме за ...

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле, ќе се полагаат утре и в четврток. Утре е тестирањето по мајчин јазик, а на 14-ти август е полагањето на изборниот екстерен испит. Според податоците на Државниот испитен центар, за двата испитни дена вкупно се пријавени илјада 118 ученици. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица и ГП Дојран времето на чекање е околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...

Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер ја погоди западна Турција. Голем број згради и домови се урнати во градот Синдирги во покраината Баликесир, каде што бил епицентарот на потресот. Едно лице загина, десетици се повредени. Спасувачите и натаму извлекуваат заробени луѓе од под урнатините. „Потресот беше многу силен. Сите деца беа многу исплашени. Никогаш порано не сме почувствувале ваков земјотрес. Сите се надвор и во страв. Се надевам ...

На 09/10.08.2025 година во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот како и во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачје на град Скопје. При тоа констатирани се 99 сообраќајки прекршоци, од кои 11 возила се подигнати со специјално возило „Пајак“, одземени се две возила поради предизвикување голема бучава, приведени се две малолетни лица ...

Денеска (10.08.2025) во СВР Тетово било пријавено дека во 12.30 часот на крстосница од улица „Илинденска“ со улица „Благоја Тоска“ во Тетово се случила вооружена пресметка помеѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото, од кои едното се упатило кон улица „113“, а додека другото во непознат правец. Од добиени сознанија од граѓани и очевидци на местото на настанот, добиена е информација ...

Недовербата кон политичарите и правните дупки ги натераа независните да играат на сигурно. Иако ДИК објасни дека нема потреба од потписи за да влезат во изборната трка, од Зелен хуман град сепак остануваат на ставот да формираат партија во страв да не извисат. И трипартитната коалиција – Независните од Карпош, Шанса за Центар и Зелените од Гази баба се најде во тесно. Наредните денови ќе одлучат дали ќе продолжат да собираат потписи за партија ...

Крвава филмска сцена во Тетово сред бел ден. Едно лице е убиено откако било нападнато во возило во движење. Куршум завршил и во телото на уште едно лице кое според првичните информации било заедно со убиениот. Злосторскиот чин се случил кога убиецот истрелал цел рафал кон автомобилот во кои се наоѓале жртвите. Полицијата веднаш изврши увид, трага по сторителот. Засега не се открива идентитетот на убиениот, ниту мотивите за нападот. Најверојатно ...

На територијата на државата денеска до 9 часот има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума. Пожарот, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, избил вчера попладне на околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. капија ...

На 09.08.2025 во 22:40 часот во с.Долна Бањица, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Б.(43) од с.Долна Бањица. При претрес во неговиот дом и помошни простории и во негов локал во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ...

Локалните избори се распишани, календарот почна да одбројува. На 19-ти октомври закажан првиот круг гласање за градоначалници и советници, вториот ќе се одржи две недели подоцна, на 2-ри ноември. Спикерот Африм Гаши го потпиша решението за есенското одмерување на политичките сили. Очекува изборниот процес да биде доказ за демократската зрелост на земјата, а волјата на граѓаните – слободно изразена. „Упатувам јасен и искрен повик до сите ...

Според демографските податоци бројот на стари лица во државава е значително поголем. Младите се иселуваат, а потребата за згрижување на овие лица се продлабочува. Од 5 јавни установи за социјална заштита на стари лица, два се во Пелагонискиот регион-во Битола и Прилеп. Според податоците од последниот попис во овој регион има повеќе од 40 илјади лица над 65 годишна возраст. Во Битола функционираат и два приватни, но за голем дел од семејствата се ...

Јапонија се сеќава. Одбележани 80 години од атомската бомба врз градот Нагасаки, фрлена само три дена по онаа врз Хирошима. Околу 2.600 луѓе, меѓу кои претставници на над 90 држави присуствуваа на комеморацијата, каде точно во 11 часот и 2 минути, кога експлодирала плутониумската бомба се огласи ѕвончето. На небото пуштени гулаби како симбол на мирот. Црниот биланс од нападот во Нагасаки е 70 илјади загинати, а шест дена подоцна, на 15-ти август ...

На 08.08.2025 СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против А.Ф. (57) од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по чл.396 ст.1 ст.3 ст.4 и ст.5 од КЗ. На 13.02.2025 од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на А.Ф., како и во деловен објект во Штип. При ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Рано утрово, во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип, осомничениот 54-годишник, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка, родена во 1941 година. Делото го извршил по претходна вербална расправија, ...

На 07.08.2025 полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(39) и Р.М. (41), двајцата од Скопје затоа што на 03.08.2025 во Скопје, на територија на Гази Баба, од Д.Л. со употреба на сила одзеле златен ланец. По преземени мерки од страна на полициските службеници, Г.К. и Р.М. се лишени од слобода, извршено е препознавање од страна на оштетениот и против нив, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична ...

Нови напади и жртви во Украина. Во последниот руски удар со беспилотни дронови загинаа 3 лица во околината на Киев. Рокот што американскиот претседател му го постави на Путин да седне на преговарачка маса или да се соочи со санкции вроди со плод. Рускиот претседател се согласил на средба со Трамп и не исклучува средба и со украинскиот претседател, но со претходно исполнети услови за прифаќање на референдумите во украинските региони. „Постојано ...

На 07.08.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива. При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна ...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка со директорот на ЈП „Национални шуми“, Здравко Трајанов, за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари. Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за инвестициони вложувања за набавка на механизација и ...

Израелскиот кабинет за безбедност го одобри планот на Нетанјаху за окупирање на градот Газа-соопштија од кабинетот на премиерот. „Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе се подготват за преземање на градот Газа, обезбедувајќи истовремено обезбедување хуманитарна помош за цивилното население надвор од борбените зони“-стои во соопштението. Планот што се очекува да трае околу 5 месеци, би се спроведувал во фази со првично масовно евакуирање на ...

Фронтот во Украина и натаму гори и покрај поместувањата на дипломатски план. Повредени се три лица по руски напад со беспилотни летала во регионот на Киев. Во исчекување на средбата Трамп-Путин во надеж за ставање крај на долгогодишниот конфликт, шефот на Белата куќа со став-ќе разговара со рускиот челник дури и ако тој одбива да се сретне со украинскиот претседател Зеленски. Путин се сложи на средба со Трамп, иако не ја исклучи можноста за ...

Израелскиот кабинет за безбедност го одобри планот на Нетанјаху за окупирање на градот Газа-соопштија од кабинетот на премиерот. Усвоени се пет принципи за крај на војната-разоружување на Хамас, враќање на сите заложници, демилитаризација, израелска безбедносна контрола во Појасот и нова цивилна администрација која не е ниту Хамас ниту Палестинската самоуправа. Пред состанокот Нетанјаху изјави дека Израел нема намера да управува со Газа, туку да ...

Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ од Кочани го најави одржувањето на 17-от „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи утре, 9-ти август, со почеток во 18 часот и 5 минути. Маршот ќе почне од Градскиот парк во Кочани, а движењето ќе продолжи кон трговскиот центар, седиштето на општината, локалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи, се до Основниот суд и Кочанското обвинителство. Организаторите посочуваат дека настанот претставува ...

Во спомен на десетте прилепски бранители припадници на македонската Армија кои во 2001 година ги загубија своите животи кај месноста Карпалак, денеска делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положат венец со свежо цвеќе на спомен-плочата на бранителите и во родниот град на бранителите пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп. На 8-ми август 2001 година, конвојот на АРМ беше нападнат кај месноста Карпалак на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица, осомничени дека заедно извршиле кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тројцата соизвршители, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата „Босна и Херцеговина“ ...

20% покачување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита. Министерот за социјална политика Фатмир Лимани и синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и од здруженијата на граѓани, како и самостојниот синдикат за образование, потпишаа колективниот договор. Со него се овозможува зголемување на платите за сите вработени, вклучително и за директорите на јавните установи за социјална заштита. Покрај ...

Во мидлтон

32 минути - МРТ
weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1014
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1015
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.6
93%
1015
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
8.75
72%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
88%
1011
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
94%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
79%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1017
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948