
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Без Украина нема да има траен мир. Таков мировен договор ќе биде само примирје до нов воен конфликт, оценуваат украинските претставници. И додека САД и Русија поставија основа за мировни преговори, европските сојузници предупредуваат дека мирот мора да биде траен и во него да бидат вклучени и Киев и ЕУ. Македонија ќе продолжи со поддршка на Украина и нејзиното право на одбрана. Од почетокот на војната, Македонија е еден од најголемите ...
Во делот на електричната енергија, земјава мора до следниот февруари да го донесе законот за пазар со кој ќе може да купува и продава струја со останатите држави од Европа. Тоа би значело поголеми финансии со планот за раст или во спротивно негативно влијание врз инвестициите, појасни директорот на Секретаријатот на енергетската заедница Артур Лорковски. Во делот на животната средина, Лорковски посочи дека бројките на загаденост со ЦО2 и прашина ...
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе се реконструира за првпат откако е изграден. Ќе се гради нова административна зграда од 250 метри квадратни, целосно ќе се реконструира терминалната зграда со површина од 2.000 метри квадратни, а постоечките три ќе се зголемат на осум шалтери. Инвестицијата во воздушниот сообраќај е со цел поголема конкурентност на Охридскиот аеродром на меѓународната мапа и развој на туризмот. Се очекува Охридскиот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во Женева, каде, заедно со други шефови на влади, министри за надворешни работи и високи претставници, ќе учествува на Високиот сегмент на 58-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, каде ќе се дискутираат клучните предизвици во заштитата на човековите права ширум светот, со посебен акцент на сензитивните подрачја. Во рамки на своето ...
Намалување на цената на сите горива ќе има од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,256% или за 9,300 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,356% или за 2,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,325% или за 2,300 $/тон и кај мазутот ...
Американката Микаела Шифрин се запиша во историјата на алпското скијање, откако ја забележа победата број 100 во Светскиот куп. Шифрин до историското достигнување дојде на 29 годишна возраст со триумфот во слалом во Сестриере, Италија. Вкупното време за Американката која е 1:50.33 минута за трета победа оваа сезона и вкупно 63 во слалом. Второто место го освои Зринка Љутиќ од Хрватска со заостанување од 61 стотинка, додека трета беше Пола Молцан ...
Во текот на последниот викенд од овој месец, според бројките од полициските сообраќајни контроли на ниво на целата држава, се чини дека како по некое непишано правило за учесниците во сообраќајот значи своевидно опуштање во поглед на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, информираат од МВР. Во рамки на извршените сообраќајни прегледи (21/22/23.02), од 2.228 издадени платни налози дури 718 прекршоци се однесуваат на пречекорување на ...
Зачинети холивудски приказни од линијата на фронтот. Зборува за филмскиот бизнис одвнатре, за гнев, задоволство, цинизам и општа недоверба и страв од следната криза. Со Де Ниро глумат познати актерки како: Кетрин Кинер, Брус Вилис, Шон Пен, Робин Рајт Пен, Стенли Тучи, Кристин Стјуарт и Мајкл Винкот. Како бесна воденица која меле се што ќе наиде, минува една недела во животот на продуцентот Бен (Р. Де Ниро), кој се бори со изопачениот режисер ...
Вистинската приказна за храбрите жени кои му се спротивставија на Роџер Ејлс. Никол Кидман, Шарлиз Терон и Маргот Роби се протагонистите на оваа приказна за неславната репутација на главниот човек на телевизијата Фокс и неговите жртви. Филмот ја раскажува приказната за тоа како вработените во телевизиската куќа Фокс њуз решиле да го прозват долгогодишниот директор на компанијата, Роџер Ајлс, кој со години, без последици, сексуално напаѓал и ...
Колин Фирт и Алан Рикман глумат во овој забавен римејк на истоимениот филм од 1966 година. Сценариото за филмот го напишаа познатите браќа Коен. Гамбит ја раскажува приказната за британскиот куратор (Фирт), кој подготвува пеколна одмазда за својот шеф. Неговиот шеф (Рикман) е еден од најбогатите луѓе во Англија и исто така страствен колекционер на уметнички дела, а тој ќе сака да му подметне лажна слика на Моне. Мамката што ќе го одведе неговиот ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ. На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови. Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со приоритетите во својот мандат и искажа интерес за продлабочување на ...
Класичен пример на акционен филм сместен во воено опкружување со недостапни џунгли, „Непријателски линии“ во режија на Марк Грифитс е направен по модел на познати сродни жанрови. Мислејќи дека во една од нивните заеднички акции е убиен неговиот доверлив партнер и најдобар пријател, поранешниот маринец Мајк Вестон (Томас Иан Грифит) често се чувствува лошо, убеден дека тој самиот не заслужува да преживее. Меѓутоа, тој наскоро дознава дека ...
„Дами во боја на лаванда“ е британски филм и режисерско деби на актерот Чарлс Денс. Филмот е заснован на приказна на Вилијам Џеј Лок во која две сестри се борат за наклонетоста на маж двојно помлад од нив. Мирниот живот на двете стари сестри се променил кога на брегот пронашле удавено момче. Предвоена Англија, постари дами, сестри, Урсула (Џуди Денч) и Џенет (Меги Смит), живеат мирен живот во нивната куќа на брегот на Корнвол. Едно утро, по ...
Интересот за кредити не стивнува. Задолженоста на македонските граѓани и компании надмина 8 милијарди евра, покажаа најновите податоци на Народната банка на Македонија. Кредитната задолженост на домаќинствата и на стопанството незапирливо расте од месец во месец. Во јануари, долгот на граѓаните и компаниите достигнал до 8 милијарди евра. Бројките покажуваат дека домаќинствата се позадолжени, и нивниот долг надминува 4 милијарди евра, компаниите ...
Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец. Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на ...
Најстудено утрово било во Крушево и Пожаране каде што се измерени-2 степени, -1 било во Берово и Попова Шапка, 0 во Виница, Тетово и Крива Паланка, 1 во Струмица, Штип, Маврови Анови, Прилеп и Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 3 во Гевгелија, Крушево, Скопје-Петровец, Демир Капија, Скопје-Петровец и Претор, 5 во Охрид. Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови. ...
Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски, утре ќе се најде на владина седница. Од Министерството за правда во документот кој го изготвуваат ќе бидат наведени аргументите за разрешување, а откако Владата ќе го усвои, ќе биде испратен на разгледување во Советот на јавни обвинители. како причини за смена на државниот обвинител, наведени се нарушениот углед и функционалноста на обвинителството, незаконски постапувања и корупција, ...
Три години од војната во Украина. Крајот на конфликтот се чини се поблиску, додека расте дипломатскиот притисок. САД веруваат дека договор е можен. Зеленски подготвен да се повлече од функцијата доколку тоа значи мир во Украина или членство во НАТО. „Ако мирот за Украина зависи од тоа, ако е неопходно да се повлечам, јас сум подготвен. Друга работа – би можел да го заменам ова за членство во НАТО доколку постојат такви услови, веднаш, без да се ...
Првпат по повеќе од 20 години израелски тенкови влегоа на Западниот Брег. Од одбраната потврдија дека нејзините силите на Израел во текот на следната година ќе останат на палестинската територија решени да ги уништат терористите поради порастот на нападите. „Тие ги уништуваат терористичките инфраструктури, ги елиминираат терористите и ќе останат таму онолку колку што е потребно. За прв пат по децении влегоа тенкови на Западниот Брег, а тоа значи ...
Во галеријата „Метаноја“ вечерва во 19 часот, ќе се одржи настанот „Сто години надреализам“, на кој ќе се обратат академик Влада Урошевиќ и професорката Лидија Капушевска-Дракулевска. Поводот на настанот е осврт на стогодишнината од почетоците на надреализмот во 1924 година. Своите излагања академик Урошевиќ и Капушевска-Дракулевска ќе ги засноваат врз нивната заедничка книга „Птици во аквариум: надреализам 1924 ‒ 2024“. Посетителите ќе можат да ...
Германија наскоро да добие функционална влада, посака кандидатот на Унијата за канцелар Фридрих Мерц, откако прелиминарните резултати покажаа дека конзервативната христијанско – демократска унија ЦДУ победи на предвремените избори. Мерц свесен за одговорноста што претстои, одби да соработува со екстремно десничарската Алтернатива за Германија која го осови второто место. Лидерот на Социјалдемократите Олаф Шолц експресно го призна поразот. Ја ...
Претставници од Секретаријатот на Енергетската заедница денеска ќе имаат Состанок со Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени. На состанокот, од страна на директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски, ...
На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непрекинато, по претежно суви коловози, ...
Подобри услови за лекување, современа апаратура и седум нови операциони сали во Градската општа болница „8 Септември“. Целосно ќе се санира и кровот што протекува. По 80 години болницата ќе биде реконструирана, проектот ќе чини 12 милиони евра. Парите се обезбедени од „Тав Македонија“. Турската компанија парите требаше да ги вложи во изградба на карго аеродром во Штип, а јуни 2021 средствата беа пренаменети во изградена на инфраструктурни ...
Нема да има вработувања по етнички и по партиски клуч додека сум на чело на Владата, уверува премиерот Мицкоски по обвинувањата за масовна партизација на јавниот сектор што стигнаа по изјава на вицепремиерот Меџити дека за една година околу три илјади Албанци ќе добијат работно место во администрацијата. Од СДСМ обвинуваат за политички договор во владината коалиција за робустно полнење на јавната администрација со партиски послушници. Бараат ...
Ќе се воведе независна контрола на броилата за струја, Министерството за енергетика со иницијатива, Бирото за метеорологија да ја стави во функција современата опремата за тестирање која повеќе од седум години била складирана во подрумските простории и нефункционална. Станува збор за трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, кој со активирање ќе овозможи редовна верификација и проверка и ќе донесе крај за сомнителното ...
Македонија се соочува со голем губиток на високостручни и научни кадри, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија по анализата за ефективноста на државните мерки за намалување на иселувањето на високостручниот кадар. И додека државата размислува како да го намали одливот на мозоци, студентите планираат кариера таму каде имаат подобри услови за развој и заработка. Условите за професионален развој се пресудни во одлуката за останување ...
Годинава ќе се пушти во функција новото крило на струмичката болница со површина од 6.000 квадратни метри. Вака најави директорот на ова здравствена установа Гоце Христов кој подвлече дека фамозниот кабел е инсталиран и новиот болнички дел има струја што беше причина со години да не се пушта во употреба. Во новиот крак најпрво ќе преселат хируршките одделенија гинекологија со акушерство па потоа и останатите додека постоечките ќе бидат за ...
Тел Авив го одложи предавањето на над 600 палестински затвореници поради, како што објавија од кабинетот на Нетанјаху, понижувачките церемонии на Хамас при предавањето на израелските заложници. Бараат гаранции дека во иднина тоа нема да се случува. Осуда пристигна и од Црвениот крст. Хамас пак, ги отфрли критиките велејќи дека чинот бил свечен приказ на палестинското единство. Го обвинија Израел за прекршување на договорот. Во истовреме, ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело-Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана во поделена во 85 зипер ќесички подготвени и наменети за натамошна ...