Денеска замина словенечкиот тимот од 61 пожарникар и 18 возила специјализиран за гаснење шумски пожари кој дојде во земјава како поддршка за гаснење на огнените стихии со кои во изминатиот период се соочи земјава. Утре заминува и чешкиот „Блек хок“ со седумчлената посада. За гаснењето на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на село Стровија биле ангажирани екипи на Национални шуми и доброволци кои успеале во целост да го изгаснат ...

Министерството за спорт побарало од Европскиот олимписки комитет, на неколку месеци пред да започне, Европскиот младински олимписки фестивал во Македонија воопшто да не се одржи, затоа што земјата ги немала потребните капацитети. Министерот Борко Ристовски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека Владата немала никакви законски мерки, ниту можности да биде организатор на едно такво натпреварување кое многумина го критикуваа, а откажување ...

Американската влада почна формална истрага за поранешниот специјален обвинител Џек Смит, кој водеше два случаи против шефот на Белата куќа Доналд Трамп пред тој да биде реизбран за претседател. Канцеларијата на специјалниот советник потврди дека се истражува дали Смит го прекршил законот кој им забранува на владините службеници да ги користат своите позиции за политички активности. Одлуката следува по барањето за истрага за Смит од американскиот ...

Илјадници демонстранти маршираа во Сиднеј во знак на поддршка на Палестинците. Мостот во градот беше затворен за сообраќај подолго од очекуваното, откако групата ја промени својата рута. Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, беше меѓу оние што маршираа за поддршка на палестинскиот народ. Во израелските напади во Газа загинаа над 60 илјади и 400 Палестинци, покажува извештајот на Министерството за здравство на Газа, меѓу загинатите има и цивили, ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата низ државава ќе се движи од 12 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје пак, минималната температура се очекува да биде 17, а максималната 36 степени Целзиусови. Според синоптичарите, утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и ...

Илинден и годинава се одбележа во манастирот Прохор Пчински во соседна Србија, местото каде што се удрени темелите на македонската државност и е одржано првото заседание на АСНОМ, на 2-ри август 1944 година. Македонската делегација во соседна Србија, ја предводеше потпретседателката на Собранието, Бендевска, заедно со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоиљковиќ, македонскиот амбасадор во Србија, Тупанчевски. Со државно-црковни ...

На територијата на државата денеска не се регистрирани активни пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Два пожари се ставени под контрола. Станува збор за пожарот на планината Готен од беровска страна, каде гореше бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Втор пожар што е под контрола е во Општината Долнени, кај селото Стровија, позади местото викано Гајдарец-Клепало, каде гореше нискостеблеста шума. ...

Вчера околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл. ...

На 01.08.2025 во 12:15 часот на патот Берово-Струмица од страна на полициски службеници од СВР Штип од слобода е лишен Д.Т. (35) од с. Русиново, беровско, затоа што при радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „ауди“ со брзина од 132 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена до 60 километри на час. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член ...

Израелските одбранбени сили продолжуваат со офанзивата во Појасот Газа, експлозии и чад и денеска се забележуваат над енклавата. Најмалку 13 лица загинале обидувајќи се дојдат до храна од центрите за хуманитарна помош, тврдат палестинските здравствени власти. Израелската војска негираат, велат нејзините сили испукале предупредувачки истрели на стотици метри од центарот за помош како предупредување за сомнителни лица кои им се приближувале. Во ...

Под мотото „Вистината која живее“ денеска се одбележува најголемиот национален празник Илинден. Со централната прослава која е на Мечкин Камен и положување цвеќе, се одбележуваат 122 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 81 година од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народно ослободување на Македонија. Прославата во Крушево е под покровителство на претседателката Сиљановска-Давкова. Викторија Милевска ...

Мудро да ги чуваме придобивката од трите Илиндена. Додека во многу делови на светот се присутни судири и војни, земјава продолжува да биде пред постојани искушенија, оспорувања и лажни ветувања. И не случајно славните илинденци својата борба за слобода ја започнале на денот посветен на светиот пророк Илија. Тој и тогаш, а и сега, е сведоштво дека без духовната е неможна и националната слобода, вели г.г. Стефан во илинденско послание. Секое ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез е околу 45 минути додека на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...

Времето денеска, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а ...

Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин“ до ул. „11-ти Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и ...

Фестивалот „Студентско лето“ и оваа година ги собира најталентираните млади изведувачи од целиот регион, а Македонија, како и со децении наназад, доаѓа со силна и внимателно одбрана постава. На 53-то издание на овој најстар фестивал на млади пејачи во Босна и Херцеговина, кој ќе се одржи на 22 и 23 август во Маглај, Македонија гордо ќе ја претставуваат тројца млади изведувачи од Прилеп: Божица Китановска во категоријата на народна музика, како и ...

Македонската влада е задоволна од намалувањето на царинските давачки за извоз во соединетите американски држави од 33 на 15%. Сепак, ова не е завршна фаза, став на премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели, ова не е конечен договор, преговорите продолжуваат и очекува царинските давачки за Македонија, да паднат под 15%. Преговорите продолжуваат по паузата поради годишните одмори на двете администрации, вели Мицкоски. Намалувањето на царинските ...

Социјалдемократите бараат шефицата на државата да не ги потпишува указите за законите за полиција и за внатрешни работи. Велат дека со измените ќе биде укинат професионализмот, а полицијата ќе биде претворена во партиски инструмент. Според опозицијата, со новите закони министерот ќе може да предлага директор на БЈБ од најшироките области на општествени науки, сам ќе може да поставува началници и командири, без тие да исполнуваат основни ...

Последни подготовки за одбележување на националниот празник Илинден. Државниот врв и оваа година ќе го одбележи на различни локации, следејќи ја долгогодишната традиција за чествување на двата Илиндена – крушевскиот и АСНОМ-скиот. Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде дел од свеченостите во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на централната манифестација во Крушево, на Мечкин камен, Весна Бендевска ќе ја предводи делегацијата во ...

Јавна расправа за Предлог-Деловникот за работа на Програмскиот совет на ЈРП Македонска радиотелевизија На својата 5-та седница одржана на 31 јули 2025 година, Програмскиот совет на МРТ го донесе Предлог-Деловникот за своето работење. Во таа насока, Програмскиот совет упатува повик до сите заинтересирани страни да земат учество во јавната расправа за Предлог-Деловникот и да ги испратат своите коментари, забелешки и предлози во писмена форма на ...

Вчера околу 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Мирковци го лишија од слобода В.Р.(33) од с. Танушевци, скопско. При вршење на мотопатролна дејност, во с. Кучевиште, скопско, полициските службеници запреле товарно возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.Р. и при преглед на возилото констатирано е дека во него превезувал стока за која не поседувал никаква документација. Известен бил ...

Облаци од чад се издигаа зад зградите во близина на градот Газа, додека хуманитарната криза продолжува. Десетици Палестинци беа убиени, а повеќе од 600 повредени при обид да добијат помош во изминатите 24 часа. Американскиот амбасадор во Израел, Хакаби, заедно со специјалниот пратеник Виткоф, ќе спроведат контрола на центрите за дистрибуција на храна управувани од Фондацијата за поддршка на Газа – заедничка иницијатива на САД и Израел. ...

Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил” до клучка кај бензинска станица „Салида“ ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03.8. од 07:00 часот до 06.8. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ...

Челниците на НБА лигата имаат идеја да го прошират ова натпреварување во Европа, се води голема битка со Евролигата околу ова, а седиштето на најсилната кошаркарска лига во светот. 6 регуларно‑сезонски НБА натпревари во Европа во следните три сезони. Натпреварот помеѓу Мемфис Гризлис и Орландо Меџик ќе се игра на 15 јануари во Берлин, што ќе биде прв пат натпревар на НБА екипи да биде организиран во Германија. По овој натпревар, експедициите на ...

Ден на жалост во Киев по масовниот руски напад врз главниот град, во кој загинаа 15, а повеќе од 130 лица беа ранети. Москва тврди дека руските трупи го освоиле Часов Јар. Украинските сили на терен велат дека ситуацијата во градот во регионот Донецк е непроменета. „На фронтот, особено во правецот на Покровск, нашите единици сè уште ги држат своите позиции, таму се борбите најинтензивни. За Часов Јар – ова е руска дезинформација. Украинските ...

Вардар со убедлив пораз од 5-0 на гостувањето во швајцарска Лозана, ги заврши овогодишните настапи во Лигата на Конференции на УЕФА. Вардар покажа храброст на првиот меч, успеа да постигне вишок и да победи пред домашната публика, но Лозана контролираше мечот со над 58% посед и подобар пас‑просек (78%) што им донесе доминација веќе од самиот почеток. Во реваншот, Лозана не дозволи сомнеж – Kaly Sène постигна два гола уште во првата половина, ...

Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Изгаснатите ...

Американскиот претседател Трамп рано утрово ги објави новите царински стапки за сите земји од светот што досега не постигнаа официјално трговски договор. Македонија официјално има стапка од 15 насто, исто како и Европската унија, којашто склучи трговски договор на 27 јули. Првично објавената царинска стапка за македонските стоки од месец април, изнесуваше 33 проценти. САД ја зголеми царинската стапка на Канада од 25% на 35%.Претходно, ...

Вчера во 16:40 часот на експресниот пат Прилеп-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.П.(40) од Битола, информираат од МВР. Тој, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки удрил во банкина, а по извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,83 промили алкохол во крвта. На 31.07.2025 во 00:12 часот на ул. „Битолска“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го ...

Денеска се одржа 41. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која раководеше министерот Перински, на која се дискутираше за клучна тема поврзана со подобрување на системот на планирање и распределба на јавните финансии преку утврдување на предлог на поблиски критериуми за проценка на буџетските програми од страна на ресорните министерства кои имаат влијание врз регионален развој. Целта на критериумите е да се воспостави ...

Во мидлтон

33 минути - МРТ
weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1014
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1015
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.6
93%
1015
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
8.75
72%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
88%
1011
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
94%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
79%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1017
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948