Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во напад со руски беспилотни летала врз станбена област во украинскиот град Харков во текот на ноќта загинаа десет лица, меѓу кои и мало дете и 16-годишно момче, соопштија украинските власти, додека САД вршат притисок врз Киев да прифати брз договор за прекин на војната што ја започна Москва. Шест деца на возраст од 6 до 17 години беа меѓу 20-те повредени лица во нападот врз вториот по големина град во Украина, објави на социјалните мрежи ...
На 17.08.2025 во 15.25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци. При контрола во патниот сообраќај на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 километри ...
Бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари за литар, додека цената на „еуросуперот-98“ ќе изнесува 76 денари за литар. Цената на дизелот се намалува на 67,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува ...
Mакедонскиот ракометен вицешампион Вардар го промовираше новиот дрес кој ракометарите на скопскиот тим ќе го носат во следните две сезони. Во пресрет јубилејната година во која Вардар го прославува 65-тиот роденден клубот направи склоп на својата и историјата на главниот град. „Скопското Кале, тврдината на градот Скопје, симбол на издржливоста, на приказната која со децении, со многу труд и емоција ја имаат создавано и се уште ја создаваат ...
УХМР најавува дека утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. За време на викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање. Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат ...
Масовни протести во Израел. Запрете ја војната или соочете се со бунт дома-стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Тел Авив осудувајќи ги одлуките на премиерот Нетанјаху за продолжување на војната во Газа. „Уморни сме од војна, уморни сме од жртвување, бараме еден сеопфатен договор за враќање на 50 заложници дома“, изјави Јаел Адар, мајка на заложник. Нетанјаху ги критикуваше протестите, тврдејќи дека прекинот на војната без пораз на Хамас би ...
ФИФА размислува за промена на форматот на Светското клупско првенство, објавува „Гардијан“. Според британскиот медиум, Светската фудбалска асоцијација планира да го одржува турнирот на секои две години од 2029 година и да го прошири бројот на учесници од 32 на 48 екипи. Предвидено е повеќе од два клуба од една земја да можат да учествуваат на Светското клупско првенство. Исто така, за да не се преоптовари меѓународниот календар, планирано е да ...
Министерството за спорт додели премија од три милиони денари за машката одбојкарска репрезентација на Македонија која обезбеди пласман на Европското превенство 2026. Со убедлива победа против Грузија (3:0), најдобрите македонски одбојкари вчера во Скопје го заверија настапот на Евроволеј 2026 и го потврдија континуитетот на успеси. За нашата репрезентација ова ќе биде четврто европско првенство по ред, по настапите на континенталните собири во ...
Македонската одбојкарска репрезентација вчера во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026. Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство. „Црвено-жолтите“ успеаја да дојдат до посакуваната убедлива победа над Грузијците со 3:0, по сетови 25:13, 25:16 и 25:17. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски го освоија второто место во Ф-групата и како една од петте најдобро второпласирани ...
Кога пензионираната куртизана Шарлот (Кети Бејтс) ја замолува својата поранешна колешка Леа (Мишел Фајфер) да го поучи нејзиниот син Шери (Руперт Френд) за љубовните патишта, резултатот е страсна врска која трае шест години. Но, Шарлот организира Шери да се омажи за помлада жена и инсистира на крајот на аферата. Леа се повлекува во јужна Франција, но судбината уште еднаш ги спојува двајцата љубовници. Улоги: Мишел Фајфер, Руперт Френд Режија: ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ...
Денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе оствари работна посета на Општина Демир Хисар. Во рамки на посетата министерот Љутков ќе оствари средба со градоначалникот Никола Најдовски, а заедно ќе ги посетат институциите од областа на културата во оваа општина, Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во с. Слоештица, Слепченскиот манастир како и библиотеката АЛ-БИ во демирхисарското с. Бабино. Како што најавија од Министерството, ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата и ГП Богородица за излез е околу ...
Продолжува битка со пожарот кај „Јасен“. Огнените јазици веќе неколку дена голтаат шума, се гасне од небо и од земја. Се користат ер тракторите, ангажирани се специјалците. По драматичната битка со огнената стихија во текот на ноќта, не дозволивме пожарот да го премине шумскиот пат кон селото Брезница, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Благодарение на интервенцијата, воспоставена е контрола врз еден од трите краци на пожарот, ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 15 август, во домот на улицата „Борис Бојаџиски“, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница. Додека оштетената родена 1938 година одмарала ...
Летото е период кога здравствените установи се соочуваат со недостиг на крвни единици. Се намалува активноста на редовните крводарители, а потребите од крв овој период се зголемени. Проблемот се решава со вонредни крводарителски акции реализирани во соработка со општинските организации на Црвениот крст. Крводарителите имаат бенефиции во јавните здравствени установи. Имаат право на бесплатни лабораториски, болнички и рендген услуги. Славица ...
Завршена е претпоследната фаза од конзерваторско-реставраторските зафати на театарот во Стоби. Со тоа се отвора можноста веќе следната година, тој да ги прими посетителите од Фестивалот на античка драма „Стоби“ кој десетина години се одржува во Велес. Извршена е конзервација на сочуваните мермерни елементи од гледалиштето на театарот. Седиштата биле пропаднати, не биле безбедни за публиката. Во еден дел отстранети се мермерните блокови, ...
Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до 08:00 часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и Табановце, Општина Куманово и Липково, каде гори ниска вегетација и мешана шума. Под контрола е пожарот помеѓу селата ...
На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, на „Богородица“ околу половина час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Нови судири помеѓу антивладините демонстранти и полицијата избија синоќа во Србија. Во Ваљево, демонстрантите ги запалија просториите на Српската напредна партија откако група маскирани лица ги скршија прозорците и фрлија пиротехника за време на протестот. Интервенирале пожарникари. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ кажа дека имало драстично нарушување на јавниот ред и мир, брутални напади врз полицијата, демолирања и палежи, при што ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Денеска е објавен оглас за набавка на меркантилна пченица за стоковните резерви од годинешнава реколта, од регистрирани производители на земјоделски производи. Ова претставува историски момент за македонското зејоделство бидејќи за прв пат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви, што претставува значајна поддршка за македонските земјоделци, вели минисртерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Ќе се откупат ...
Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. "Војвода Васил Чакаларов" има женско лице. Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при ...
На 16.08.2025 во 02.30 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Џ. (26) од кичевското село Зајас. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кичево запреле патничко возило „бмв“, кое тој го управувал, и констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно имал 2,08 промили алкохол во крвта. На ...
Нема многу гости летово во Дојран. Вака коментираат издавачите на соби и продавачите на сувенири покрај Дојранското Езеро. Тврдат дека повеќе ги има српските отколку домашните туристи Локалните власти немаат точни податоци дали е намален бројот на гостите оваа лето во Дојран. Признаваат дека заради транзитните гости зголемени се цените за сместување во приватните студија и апартмани Оние што летуваат во Дојран немаат многу забелешки, со исклучок ...
Цените на зелените пазари вртоглаво растат. Најголемо покачување се забележува кај овошјето, велат граѓаните. Дали ќе се купи килограм, половина килограм или едноставно ќе се одмине тезгата со овошје зависи од финансиската моќ на купувачите. Производителите со спротивно мислење од купувачите, велат од година во години сè помалку се произведува, цените на репроматеријалите се зголемуваат, а климатските промени го уништуваат и она што е посадено. ...
Денеска во 02:41 часот на телефонскиот број 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој од „Меѓународниот аеродром Скопје“ требаше да полета кон Турција, информираат од МВР. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа. Околу 06 часот аеродромот продолжи со ...
Пет лица загинаа, а 112 се повредени во експлозија и пожар во фабрика за експлозиви во рускиот регион Рјазан, објавија руските новински агенции во петокот. Пожарот започнал во работилница за барут во фабриката за синтетички влакна „Еластик“ и ја предизвикал експлозијата. Спасувачките операции продолжуваат, бидејќи се верува дека под урнатините има уште луѓе. Истражниот комитет отвори кривична постапка за прекршување на барањата за индустриска ...
Вчера во 19:20 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучката за с. Прдејци, полициски службеници од ПСГН „Богородица“ ја лишија од слобода М.П.(39) од Скопје, затоа што во патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, кое таа го управувала, биле пронајдени шест лица мигранти од Египет. Претходно полициските службеници во с. Богородица забележале дека во возилото влегуваат мигранти и по преземени мерки, возилото е ...
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини. На ГП „Табановце“ утрово времето на чекање за излез од државава е околу 30 минути, додека на ГП „Богородица“ се чека околу 40 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез или излез од државата. Од АМСМ информираат дека поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот ...