Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022 – 2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Чаир и на Општина Бутел ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во ...
Белата куќа уште еднаш ги истакна напорите на американскиот претседател Трамп дека на некој начин тој веќе договорил средба меѓу рускиот и украинскиот лидер Путин – Зеленски, но дека тие ќе мора самите да донесат конечна одлука. „И двајцата лидери изразија подготвеност да седнат еден со друг, па затоа нашиот тим за национална безбедност ќе им помогне на двете земји да го сторат тоа. Претседателот отсекогаш велел дека постојат области на ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за времето на чекање за влез е околу 30 минути, на ГП ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новата амбасадорка на Република Словачка во Скопје, Ивета Хрицова. На средбата, министерот Муцунски изрази задоволство од динамичниот и континуиран македонско-словачки политички дијалог и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе продолжат посветено да работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на ...
Ураганот „Ерин“ се заканува да предизвика опасни океански струи и бранови долж источниот брег на САД. Иако не се очекува директно да стигне до копно, условите би можеле да бидат опасни по живот-предупредија надлежните и издадоа наредба за евакуација на населението во крајбрежјето на Северна Каролина поради можноста од поплави. Метеоролозите велат дека ураганот се намалил до категорија 3, но бурата ќе остане моќна во следните неколку дена со ...
Стартуваа уписите во новата академска година. Дали можностите како двојна диплома, одлична пракса и брзо вработување и годинава ќе ги пополнат клупите на битолскиот универзитет? Во период кога царува трендот на одлив на матуранти од нашата земја, УКЛО бележи зголемен број студенти. Најголем број дипломци има на општествените науки, а потоа на туризам. Бројни се и оние кои се стекнаа со дипломи за безбедност, но се зголемува и интересот за ...
Факултетите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги отворија вратите за идните студенти. Започна првиот уписен рок. Бруцошите денеска ги наполнија факултетите, тие поднесоа документи за упис. Има слободни 9.719 места на 23 факултети. По излегувањето од средношколските клупи тргнаа да го остваруваат својот сон. Секој со својата визија за иднина. Согласни се дека многу поедноставно ќе биде да се аплицира само електронски. Економскиот и Правниот ...
Археологијата е значаен сегмент од културно-историскиот мозаик на Македонија и секој археолошки наод е жива врска помеѓу минатото, сегашноста и иднината, посочи министерот за култура и туризам Љутков. Преку размена на искуства и заеднички археолошки истражувања се отвораат нови перспективи за нашите јавни музејски и научни установи. Потпишан меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт. Во земјава имате многу богати археолошки ...
Додека трае енигмата дали ќе има долги избирачки листови или сепак прегледност во гласачкото ливче во ДИК не мина предлогот на членот Дитмире Шеху околу определувањето број на советници во општините бидејќи таква одлука носи Владата, а во Законот за локална самоуправа одредено е од минимум 9 до максимум 33 советници зависно колку е голема општината. Во меѓувреме владејачките партии немаат голема грижа околу одлуката на ДИК независните да се ...
Не му се допаѓало како Антикорупциска отвора предмети и истите ги комуницира со јавноста и затоа ѝ поднел кривична пријава. Поранешната претседателка на оваа институција Билјана Ивановска во Обвинителството даде исказ по пријавата дека несовесно работела. Не го откри името на човекот што ја пријавил, но појасни дека конкретниот предмет за кој беше повикана на распит бил отворен на иницијатива на друг член на Комисијата. Предметот подоцна бил ...
Македонија го доби случајот со арбитражната постапка „Казандол“, каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Заштедени се 115 милиони евра, пари кои ќе се вложат во модернизација на инфраструктурата. Како што кажа виецпремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, државата ќе добие уште најмалку два случаја. „Овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресдудата е ...
Вчера во 06:00 часот во с. Казандол, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.А.(39) од с. Казандол. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Гевгелија, биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението Канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 мм, една рачна бомба постар модел, една торба и неколку ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера оствари средба со амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир, информираат од Министерството. На средбата, министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката за Украина, посочувајќи дека, како земја членка на НАТО, и понатаму остануваме посветени на пружање на потребната политичка и практична помош за Украина, согласно нашите можности и капацитети. Воедно, министерот ја ...
Поранешната претседателка на Антикорупциска Билјана Ивановска денеска се појави во Јавното обвинителство во врска со кривичната пријава поднесена против неа. Минатата недела граѓанските иницијативи од платформата „Независни заедно“ ја претставија Ивановска како независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар. Дали почна распитот и познато ли е на што се однесува кривичната пријава и од кого е поднесена, во Дневникот известува Анита ...
Израелските воздушни сили ги интензивираат нападите во градот Газа додека палестинските власти обвинуваат за немилосрдното страдање на населението од бомбите и принудното гладување. Ерусалим потврди дека го добил одговорот од Хамас за најновиот предлог од арапските посредници за прекин на огнот. Додека медијаторите вложуваат напори за оживување на американскиот предлог за 60-дневно примирје во Газа во замена за ослободување на дел од ...
Нови инциденти на протестите во Србија. Солзавец и димни бомби во Белград. Демонстрантите се судрија со полицијата додека ги уништуваа канцелариите на владејачката српска напредна странка. Претседателот Вучиќ кој ги посети демолираните простории најави побрза и посилна акција на државата и гонење на демонстрантите. Уапсени се неколку лица. „Изгледа дека се исеков. Ова покажува со какви бандити и насилни луѓе си имаме работа. Со луѓе кои обично ...
Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што ...
Витаминот Ц е неопходен за правилно функционирање на организмот и за одржување на доброто здравје. Тој има клучна улога во зајакнување на имунитетот, здравјето на кожата, крвните садови и сврзното ткиво, а исто така помага телото подобро да го апсорбира железото. Најчесто преку урамнотежена исхрана се внесува доволно витамин Ц, но понекогаш може да настане недостаток. Причините најчесто се поврзани со неправилна исхрана, одредени заболувања или ...
Италијанецот Јаник Синер се откажа од натпреварот против Шпанецот Карлос Алкараз синоќа во финалето на турнирот АТП 1000 во Синсинати. Светскиот рекет број еден губеше во првиот сет со резултат 0:5. За време на паузата помеѓу гемовите, Синер го повика физиотерапевтот. Тој им кажа на лекарите дека не може да го продолжи мечот бидејќи не можел добро да го види топчето. Алкараз за прв пат стана победник на Мастерсот во Синсинати. Шпанецот ја освои ...
Полската тенисерка Ига Швјонтек ноќеска ја победи Италијанката Јасмин Паолини во финалето на турнирот во Синсинати. Натпреварот траеше 1 час и 50 минути и заврши со резултат 7:5 и 6:4. Дваесет и четиригодишната Полјачка имаше девет аса, седум двојни грешки и шест конвертирани брејк топки од шест можности. Дваесет и деветгодишната Италијанка имаше две грешки на својот втор сервис и четири конвертирани брејк топки од 10. Швјонтек ја освои својата ...
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска денеска ќе се појави во Јавното обвинителство во врска со кривичната пријава поднесена против неа. Не ја прифати понудата на надлежната обвинителка распитот наместо денеска, да биде одложен по локалните изборите, доколку давањето исказ го чувствува како форма на притисок. Сè уште не е познато на што се однесува кривичната пријава, ниту од кого е поднесена. ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица за времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин, СР Германија, и од Музејот на град Скопје денеска ќе го посети археолошкиот локалитет Скупи. Во рамките на посетата ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт – меѓународна истражувачка институција под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи ...
Денеска почнува уписот на бруцоши на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Најмногу слободни места има на ФИНКИ, 1.020. На Природно-математичкиот факултет 910, а на Филозофски 800-ни слободни места. Процесот за уписи не е целосно дигитализиран и оваа академска година. Бруцошите, освен електронски, документите треба и хартиено да ги достават на студентски прашања. Од октомври студентите ќе можат електронски да си извадат потврда за редовност и ...
Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на: Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од ...
Министерството за внатрешни работи известува дека од 01.04.2025 до 18.08.2025 година, во врска со пожари на отворен простор приведени се вкупно 39 лица, а по преземени мерки поднесени се 25 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност. Од МВР известуваат ...
На 17.08.2025 во 15:15 и во 15:45 часот, на автопатот Скопје-Тетово, на наплатна станица кај с. Желино, тетовско, и на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(28) од с. Горно Оризари, велешко и Б.М.(20) од с. Камењане, тетовско. При сообраќајната контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека Б.А. управувал патничко ...
Драматична била минатата ноќ за пожарникарите, војската и волонтерите, за да го спречат пламенот во јасен да стигне до селото Брезница. Сè уште се води битка со огнената стихија. Гори на неколку локации во земјава. Неизвесна и состојбата со огнените јазици на Студеничани и Липково. Од 1-ви април до денеска во врска со пожарите на отворен простор приведени се околу 40 граѓани а по преземени мерки поднесени се 25 кривични пријави велат од ...
Обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ е во фаза на оценка, информираат од скопскиот Кривичен суд. Оттаму велат дека до нив се доставени 40 приговори од страна на обвинетите и нивните бранители кои се проследуваат до обвинителството. Од судот појаснуваат дека приговорите се анализираат од страна на Советот за оценка по што треба да биде донесена одлука за која јавноста на време ќе биде известена. Со обвинението се опфатени 37 физички и ...
Се е подготвен за 64-то издание на најстарата поетска манифестација во земјава. „Струшките вечери на поезијата“ годинава ќе се одржат од 21-ви до 25-ти август. На светската поетска сцена учество ќе земат рекордни 70 еминентни поети од земјава и странство, критичари, преведувачи и литературни работници. Фокусот на овогодинашното издание ќе биде глаголицата како една симболична врска, како мост којшто обединува низ вековите. „Тоа значи дека ...