Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, отвори истрага по кривична пријава од МВР, против лице осомничено за тероризам, поради закана за подметната бомба во авион на летот Скопје – Анталија. Заканата беше упатена на 16-ти овој месец преку бројот за итни случаи 192, по што беа активирани сите антитерористички протоколи. По неколкучасовна проверка било утврдено дека станува збор за лажна пријава. Осомничениот предизвикал страв, ...

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 ...

Додека Европа и САД ги кројат безбедносните гаранции за Киев, неколку европски земји меѓу кои Британија и Франција, се подготвени да испратат мировен воен контингент во Украина. За НАТО приоритет останува да се постигне праведен и траен мир. Иако САД ја потврдија својата безбедносна поддршка за Киев, Европа сепак ќе мора да го преземе најголемиот товар за нив-велат од Вашингтон. „Треба да бидеме од помош доколку е потребно да се запре војната и ...

Генералниот секретар на ОН повикува на прекин на огнот во Газа, додека Израел се подготвува за нов напад и окупација на градот во енклавата. „Морам да повторам дека е од витално значење веднаш да се постигне прекин на огнот во Газа и безусловно ослободување на сите заложници и да се избегне масовна смрт и уништување што неизбежно би го предизвикала оваа воена операција во градот Газа“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН. Израел ...

Референдум за одлуката на Судот на БиХ и Централната изборна комисија за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ќе се одржи на 18 или 25 октомври-одлучи владејачката коалиција. Датумот ќе биде вклучен во Одлуката за распишување референдум, која ќе се разгледува утре на седница на Народното собрание. Судот во Сараево на 18-ти август ја отфрли жалбата на Додик за одземањето на мандатот, одлука што ЦИК ја донесе ...

Од денеска до понеделник, ќе се одржи 64-тото издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Ќе учествуваат 70 поети од земјава и од странство. Почетокот традиционално е со садење дрвце и поетско читање во паркот на поезијата во чест на добитникот на „златен венец“ на истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач, Иван Штрпка. Фокусот на годинешното издание е глаголицата. Подготвени се графички и ...

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година и испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Електронското пријавување ќе се врши до полноќ, а доставувањето на потребната документација до училиштата е утре. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето ќе се објави в сабота, најдоцна до пладне. Во јунскиот рок имаше две пријавувања, на 14-ти и на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал ...

Ретроспективна изложба на Жанета Вангели ќе биде отворена утревечер, во 20 часот, во „Чифте амам“. Кураторка на проектот е Маја Крстевска, а стручен соработник е Горанчо Ѓорѓиевски. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, а пригодна реч за ликовниот опус на уметницата Жанета Вангели ќе даде кураторката на изложбата, Маја Крстевска. Авторката на изложбата, Жанета Вангели, со свое обраќање ќе ја ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работна средба со претседателот на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ), д-р Драган Ѓоргиевски и со претставници од Здружението, на која се разговараше за повеќе актуелни теми, со фокус на унапредување на електронското здравство и можностите за укинување на хартиениот картон. „Лекарите по семејна медицина имаат суштинско значење за превенција, рано откривање на болестите и континуирано ...

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија. Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на ...

Наводнуваат речиси преку ден, кој директно, кој преку систем капка по капка. Други земјоделци пак, поставуваат заштитни мрежи на засеаните површини за да го спасат производството. Високите температури преку летото веќе со години прават проблеми на струмичките градинари, чии приноси осетно се намалени. Климатските промени веќе прават проблеми на струмичките земјоделци. Мразовите, градот, сушата и високите температури се најчестите појави кои го ...

И со два потписа не се задоволни граѓанските независни иницијативи, реагира премиерот Христијан Мицкоски и прашува што треба да се направи за да се задоволни сите страни. Оваа негова реакција следи по коментарот на независните иницијативи дека и покрај намалувањето на бројот на потписите, тие за локалните избори не биле рамноправни со другите партии и натаму се во процедура за формирање политичка партија. Премиерот уверува дека Владата останува ...

Втор ден од првиот уписен рок. Бројот на бруцоши кои ги доставуваа документите на студентски прашања многу помал од вчера. Секој со својата визија за иднина. Деканот на Факултетот за земјоделство и храна вели дека интересот за упис оваа година е зголемен. Редовните студенти финансирани од државниот буџет ќе плаќаат партиципација од 200 евра, додека оние со кофинансирање и вонредните студенти ќе плаќаат по 400 евра. На 23-те факултети има 9.719 ...

Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз, вели премиерот Мицкоски. Тој позитивно го оценува зголемувањето на приходот при производство на земјоделските производи, бидејќи повеќе пари остануваат за земјоделците кои можат да ги реинвестираат. И цената за производство е зголемена, нешто за што претходно се жалеа земјоделците, но соодносот е 1 спрема 10 во корист на земјоделците, информира Мицкоски. Според последните ...

Советот за оценка на обвинителниот акт одобри обвинение како продолжение на истрагата за случајот „Адитив“. Овој случај опфаќа три лица, а меѓу нив е и поранешната претседателка на антикорупциската комисија Татјана Димитровска. Таа се товари за кривично дело – оддавање на службена тајна. Од Кривичниот суд велат дека обвинителниот акт е доставен до судечкиот совет, а обвинителството веќе испратило предлог за спојување на двете постапки. Од тие ...

На терен има и два хеликоптери кои и покрај лошата видливост поради чадот тие дејствуваат на жешки точки каде што има оган. Непристапниот терен и густиот чад се двете најголеми пречки во гаснењето на пожарот Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели благодарение на „пинцгауер“ возилата пожарот не направил размерни штети. На прашањата на граѓаните колкава површина шумско земјиште изгорело, Ангелов рече дека бројките ...

Со европска премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“, во режија на Дејан Пројковски се спушта завесата на 65-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за копродукциски проект со театарската асоцијација од Јужна Кореја, драмско доживување кое го привлече вниманието на 43-тиот Корејски театарски фестивал во Инчон. „За прв пат на фестивалот Охридско лето, така и го завршуваме фестивалот со спектакуларни визуелни ...

Во моето три и пол годишно раководење со затворот во Шутка, никогаш не сум го прекршил Законот за извршување на санкциите. Ова го тврди поранешниот директор Филип Андов кој е обвинет дека пуштал затвореници да си одат дома. Во процесот се опфатени и седуммина затворски полицајци, за кои директорот тврди – работеле чесно. На обвинетите им се суди за злоупотреба на службената положба и за несовесно работење во службата. Седнаа на обвинителна ...

Во рамките на административната зграда е реализиран проект за инклузивен процес односно за студенти со атипичен развој. Извршени се и интервенции во санитарните јазли. Минатите години е комплетно реновиран блок ЦЕ. Наспроти ова, стан пристојно наместен од 50-тина квадрати во централното подрачје на Битола чини 300 евра. За легло и храна студентот во студентскиот дом ќе плати 3410 денари. Децата на бранителите како и апликантите кои потекнуваат ...

На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62 мм, пет метални рамки ...

Македонската кошаркарска репрезентација вечер ја пречекува Унгарија во последниот свој настап од претквалификациите за Светското првенство 2025. Мечот кој ни е последен со Унгарија не ни значи резултатски ниту на нас, ниту на нив, но ние од самиот почеток кажавме дека секој дуел кој ќе го имаме, па дури и оној на тренинг меѓу двете петорки, ќе биде од големо значење за сите, па така на секој меч гледаме го извадиме нашиот максимум. Па дај Боже и ...

Протестите низ Србија ноќеска минаа мирно и во помалку тензична атмосфера од претходните денови. Демонстрантите излегоа на улиците во Белград, Ниш, Чачак, Панчево, Краљево и други градови низ земјата, во поддршка на приведените студенти и барајќи нивно. Претходно, во Нови Сад студентите ја блокираа зградата на судот, по што министерството за правда реагираше и го осуди, како што рекоа, незаконскиот чин и обид да се попречи редовното работење на ...

Израелскиот план за преземање на градот Газа напредува додека семејствата на заложниците повикуваат на сеопфатен договор. 60 илјади резервисти на готовс, чекаат повик пред започнување на проширената офанзива. Во меѓувреме, воздушните напади во енклавата продолжуваат. Хамас кој неочекувано го промени својот став и прифати договор за прекин на огнот, сè уште чека на израелскиот одговор. Медијаторите со претпазлив оптимизам. „Позитивниот одговор на ...

ОБСЕ ќе ги набљудува локалните избори. ОДИХР ќе испрати набљудувачка мисија од 24 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи за изборите во октомври, како и за потенцијалниот втор круг во ноември. Набљудувачите треба да ги опфатат сите фази од изборниот процес-почитување на законската рамка и нејзиното спроведување, регистрацијата на кандидатите, водењето на кампањата, медиумското покривање, финансирањето на кампањата, решавањето на изборните ...

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022 – 2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Чаир и на Општина Бутел ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во ...

Белата куќа уште еднаш ги истакна напорите на американскиот претседател Трамп дека на некој начин тој веќе договорил средба меѓу рускиот и украинскиот лидер Путин – Зеленски, но дека тие ќе мора самите да донесат конечна одлука. „И двајцата лидери изразија подготвеност да седнат еден со друг, па затоа нашиот тим за национална безбедност ќе им помогне на двете земји да го сторат тоа. Претседателот отсекогаш велел дека постојат области на ...

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за времето на чекање за влез е околу 30 минути, на ГП ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новата амбасадорка на Република Словачка во Скопје, Ивета Хрицова. На средбата, министерот Муцунски изрази задоволство од динамичниот и континуиран македонско-словачки политички дијалог и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе продолжат посветено да работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на ...

Ураганот „Ерин“ се заканува да предизвика опасни океански струи и бранови долж источниот брег на САД. Иако не се очекува директно да стигне до копно, условите би можеле да бидат опасни по живот-предупредија надлежните и издадоа наредба за евакуација на населението во крајбрежјето на Северна Каролина поради можноста од поплави. Метеоролозите велат дека ураганот се намалил до категорија 3, но бурата ќе остане моќна во следните неколку дена со ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1015
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1016
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.36
95%
1015
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
0.1
100%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
4.92
80%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
94%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
94%
1015
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
1.0
94%
1017
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929