
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион. Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“. Исто така, изразува сочувство и поддршка од светата ...
Бугарскиот патријарх г.г. Даниил, вчера остварил телефонски разговор со архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во кој поглаварот на Бугарската православна црква изразил најискрено сочувство по повод трагичниот настан во Кочани во кој загинаа над 50 лица, а над 150 се повредени. Патријархот Даниил го увери својот брат дека православните христијани во Бугарија се молат со сето свое срце за упокојување на душите на починатите, за утеха на ...
По трагичната несреќа во Кочани, во која загинаа над 59 наши сограѓани, на социјалните мрежи веќе кружат апели и се најавува протест во 13 часот во Градскиот парк. „Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува ...
Околу 90 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ се лекуваат во болниците низ земјава, над 40 се префрлени во странство, уште осуммина одат на лекување во Хрватска и во Романија. Пациенти има и во Србија, Бугарија, Грција, Турција. Петмина повредени во пожарот во Кочани се хоспитализирани во болници во Солун, двајца веќе се оперирани. Роднините на настраданите во трагичниот настан во Кочани, кои се пренесени на лекување во Бугарија, ...
Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство. За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три сè уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Во пожарот што се случи вчера животот ...
Македонија тагува, седумдневна жалост. Ден по големата трагедија, во пожар во дискотека во Кочани во која загинаа 59-мина, претежно малолетни и млади лица, сè уште владее шок. Стотици во исчекување за состојбата на повредените, дел од критичните пренесени во странство. Во тек е истрагата, објектот работел со фалсификувана дозвола, без основни услови. Увидот продолжува и денеска. Обвинителството поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица, ќе ...
Хуманоста како надеж во маката. Граѓаните ги отворија своите домови за сите кои ги чекаат информациите за своите деца внуци блиски роднини. Им нудат престој и храна како да се во својот дом. Една иста порака за трпение и надеж испратија духовните лица. „Носиме храна за медицинскиот персонал, но и за семејствата кои чекаат пред болниците. Каква и помош да е потребна, ние ќе бидеме секако вклучени“, вели отец Оливер од организацијата „Свети Спас“. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека за трагедијата во Кочани осомничени се повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица. Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница. Приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во рамки на Министерството за економија. Тројца малолетници се починати, а повеќе од ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, веднаш презема мерки за поддршка на семејствата погодени од трагедијата што се случи рано утрово во кочанската дискотека. Како одговор на оваа трагедија, на располагање се ставени стручни тимови за кризна интервенција, психосоцијална помош и поддршка за семејствата на починатите и повредените. Овие тимови, ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, на кој се разговарало за актуелната трагедија во Кочани, соопшти Владата. Според информациите премиерот и генералниот секретар на НАТО разговарале за можно активирање на НАТО-системот за справување со несреќи. Владата соопшти и дека на денешната вонредна седница, која ќе се оддржи во 16 часот, ќе донесе одлука за седумдневна жалост ...
Министерството за образование и наука информира дека семејствата на повредените од несреќата во Кочани кои во моментов се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите за сместување и исхрана на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во општина Карпош, студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба, ученичкиот дом во рамки на државното училиште за рехабилитација „Партенија Зографски“ исто така во Гази Баба, како и на ученичкиот дом во рамки ...
Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти. Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што ...
Повредените од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош, засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари. Нагласи дека засега има доволни количини крвни единици, но доколку има потреба ќе упатат апел до граѓаните за дарување крв. Била понудена помош и од држави од соседството, ...
Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба, напиша премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“. Премиерот ги ...
Искри од пиротехнички средства го зафатиле таванот кој лесно бил запалив и најверојатно го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани. Во пожарот кој брзо се проширил животот го загубиле 51 лице, а над 100 се повредени и се префрлени на клиниките во Штип и Скопје. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и потврди дека приведени се лицата кои се поврзани со организацијата на концертот во кочанската дискотека. Нагласи дека ...
Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани во која ноќеска настанал голем пожар и има жртви. Министерството за внатрешни работи активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица. Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата. Сите надлежни служби, вклучително ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани.Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. Од овие причини, информациите коишто ќе бидат објавени ...
Најмалку 50 лица се загинати, а стотици се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА. Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства. Повредените во пожарот, освен во Кочанската општа болница, пренесени се и во Штипската болница, во „8 Септември“ и на Скопските клиники. Министерот за ...
Голема трагедија во Кочани, има жртви во пожар во дискотека. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Сè уште се преземаат дејствија и се врши увид, се вели во соопштението од ОЈО. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на ...
Ноќта е најтемна пред зората, до исполнување на барањата – порака од студентите на протестот во Белград. Протест на 15-ти март за 15-те жртви во Нови Сад. Студентите рекоа дека нема повеќе да дозволат корупцијата да загрози нечиј живот. Сообраќајот е во прекин околу Народното собрание и во центарот на градот. Дали е мирно или има проблеми во одржувањето на редот со оглед на тоа што протестите се масовни и има народ од цела Србија, во Дневникот ...
СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што во неговиот компјутер биле пронајдени и одземени видеозаписи од експлицитни видеа и слики со порнографски материјал од деца. Од 2021 до ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(55) и Р.И.(58), двајцата од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2023 и 2024 година, пријавените, вработени во Шумско – стопанска единица „Илинска планина“ – Демир Хисар, дозволиле да има неконтролирана – бесправна сеча и на тој начин била нанесена штета на шумскиот фонд на Јавното претпријатие „Национални шуми“ ...
Претседателот на Сојузот на синдикатите е перјаница на нападите кон Владата уште во првите сто дена работење на оваа Влада, вели премиерот Мицкоски. Трендафилов ја злоупотребува својата организација, зашто во раководството на Синдикатот има луѓе кои не го делат неговото мислење. Наместо вистински борец за заштита на работничките права, почна да се пресметува со мене и со Владата, вели премиерот Мицкоски за работењето на претседателот на ССМ. ...
Денеска во 12.45 часот преку линијата 112 било пријавено дека во Мавровското езеро биле забележани две лица кои се качиле во чамец и почнале да се движат по езерото. Набргу, чамецот се превртел, а лицата се држеле за чамецот додека брановите ги воделе кон браната. За настанот биле известени Центарот за управување со кризи, Итна медицинска помош и Национален парк Маврово. Припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската ...
Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка, вели лидерот на опозициската СДСМ Филипче. Според него заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека власта не сака ниту подобро, ниту независно судство и ја повика да почне да спроведува вистински реформи. Премиерот Мицкоски уверува дека се работи за последниот штит на претходната власт од неколкумина судии и обвинители. Случувањата во правосудството се ...
Затворена нелегална работилница за производство на производи од месо. Нештетно уништени се околу 200 килограми небезбедни производи. За сторениот прекршок на нелегалниот оператор изречена му е и парична казна, соопшти АХВ. Агенцијата спровела 154 вонредни инспекциски надзори во магацини и ладилници за храна. Недоследности се утврдени кај 41 оператор, издадени се решенија за наредба. Изречени се 15 парични казни и уништени се десеттина килограми ...
Пазарот на јајца во земјава во моментов е стабилен. Колку и дали недостигот на конзумни јајца на светските пазари ќе се почувствува кај нас за велигденските празници, големите производители, живинарски фарми, не сакаат да предвидуваат. Малите производители и трговците, пак, категорично ги отфрлаат најавите дека ќе нема доволно јајца за Велигден. А поради иселувањето, побарувачката е дури и намалена. До крајот на април е намалена маржата на ...
Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, го ставија во функција новиот Центар за услуги наменет за граѓаните на Штип и околината. „Претставува исклучителна важност за нас како Министерство за дигитална трансформација што од одличната соработка со општина Штип, произлезе овој нов проект, нов Центар за услуги кој истовремно е и меѓу првите во Македонија што го ...
Студентите дочекани во Белград, се очекува најголемиот протест во историјата на Србија. Протестот, кој започнува во 16 часот, ќе биде организиран низ повеќе зони во различни делови на Белград. Вчера полицијата уапси шестмина активисти и членови на опозициска партија под сомнение дека подготвуваат акции против уставниот поредок и безбедноста. Каква е ситуацијата денеска во Белград, дали студентите веќе почнаа да се собираат на локациите, во ...
Денеска во 01.55 часот на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с. Долни Балван, општина Карбинци, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(21) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш ...