По повод 8 Септември – Денот на независноста, собранискиот спикер, Африм Гаши организира прием во законодавниот дом. Претходно во Собранието свечено ќе биде доделена државната наградите „8 Септември“ за највисоко признание за животно дело и за остварувања во областа на спортот за 2025 година. Годинашниот добитник е Јошко Миленковски, кој е награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на ...

На состанок на „Коалицијата на подготвените“ во Париз, 26 земји се обврзаа да распоредат свои сили во Украина како дел од безбедносни гаранции. Франција го поддржа потегот, но Полска, Италија и Романија најавија дека нема да испраќаат трупи. Претседателот Макрон најави дека наскоро ќе се финализира американската поддршка и предупреди на заеднички санкции со САД ако Русија одбие мировни преговори. „Доколку Русија продолжи да одбива конкретни ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска официјално започна со набљудување на локалните избори 2025, откако Државната изборна комисија (ДИК) вчера едногласно ги одобри акредитациите за 14 меѓународни набљудувачи. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, најави дека ќе се одржи првата средба со претставниците на мисијата, со што формално ќе почне нивната работа. Набљудувачите ќе бидат во постојана комуникација со ДИК и ќе присуствуваат на сите јавни седници ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата, информираат од МВР. „Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ...

Вчера во 18:20 часот во СВР Велес, 76-годишна жена од Велес пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на фиксен телефон, се претставило како полициски инспектор и ѝ кажало дека нејзината ќерка со сопругот направиле сообраќајна несреќа и притоа прегазиле мало дете и дека треба да плати за да не бидат пријавени во полиција. Според пријавеното, откако се договориле, ги однела на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за утре во 11 часот закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР). Тема ќе бидат сомнежите за незаконско прислушување во АНБ во периодот од 2019 до 2024 година. Со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска. Иницијативата дојде по јавниот повик на членот на Комисијата, пратеникот Љупчо ...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Прага загуби со 1-2 од Саудиска Арабија во контролен натпревар, иако имаше водство по првото полувреме. Македонија поведе во 40. минута со феноменален гол на Александар Трајковски, но радоста траеше само пет минути – Ал Бураикин во 45-тата израмни на 1-1. Во вториот дел двете селекции имаа по една прилика, но решавачки беше погодокот на Ал Хамдан во 78. минута со прецизен волеј од далечина. До ...

Со раст на бруто-домашниот производ од 3,4 проценти во вториот квартал годинава Македонија го дели третото место со Хрватска, според постигнатиот раст меѓу европските држави и е пред сите држави во регионот, вели премиерот Христијан Мицкоски. Потенцираше дека економијата бележи раст од над три проценти четири квартали во низа. Очекува раст на економијата и над четири проценти до крајот на годинава. „Ова е веќе четврти квартал кога имаме раст на ...

Чад, лоша миризба, отровни честички. Повторно чади депонијата „Вардариште“, како потсетник дека нема решение за проблемот што со години го загрозува здравјето на граѓаните. Лекарите алармираат, токсичниот воздух е сериозен ризик. Екоактивистите порачуваат, проблемот мора итно да се реши. Дивата депонија не им дава мир на жителите на Аеродром и Гази Баба. Велат, особено ноќе, состојбата е неподнослива. Депонијата е огромна, отпадот секојдневно се ...

„Јазикот е нашата татковина“ говореше великанот Блаже Конески, а 80 години по донесувањето на правописот и азбуката, ова е дефиниција за македонскиот идентитет. Дваесетината трудови од истакнати стручњаци и јавни личности во книгата „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“ промовирани во родната куќа на Конески е уште едно потсетување што е единствената татковина. Добро е што го имаме Законот за лекторитер, но говорењето на ...

Иако сомнежот беше фрлен дека во приватното здравство се правеле кардиохируршки интервенции без основа, а за профит до Министерството за здравство не стигнале, претставки од пациенти. Министерството за здравство побара и вонреден стручен надзор од Лекарската комора што треба да се спроведе наредните денови. 15-те члена на Интерната комисија немаат рок до кога треба да ја завршат работата и не се знае дали ќе има и други досиеја, коишто ќе и ...

Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани, човекот кој ја претвори суптилната елеганција во светска модна империја вредна милијарди, почина на 91-годишна возраст, соопшти неговата модна куќа. Армани починал во својот дом во Милано. Тој беше едно од најпрепознатливите имиња во светската мода, а во јуни годинава за прв пат во својата кариера ја пропушти Миланската модна недела заради здравствени причини. Овој месец требаше да организира голем ...

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Кавадарци, со престој во Прилеп и против С.Р.(30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон. На 02.09.2025 на крстосница Валандово-село Чалакли, полициски службеници од СВР Струмица ...

Македонската економија фаќа залет. Бруто-домашниот производ во второто тримесечје порасна за 3,4% во однос на истиот период лани, пресмета Државниот завод за статистика. Најголем пораст има кај градежништвото, трговијата, транспортот, објектите за сместување и сервисните дејности со храна, но и во рударството и преработувачката индустрија. Повеќе трошеле и домаќинствата. Премиерот Мицкоски посочи дека е ова четврти квартал по ред на раст на БДП ...

Венецуела останува на нозе, обединета и подготвена да се бори за мир и суверенитет во земјата-изјави претседателот Мадуро по нападите на американската војска врз брод што превезувал дрога во Карибите. „Денес, империјализмот започнува нов напад. Тоа не е ниту прв ниту последен, само уште еден напад. Но, Венецуела ќе продолжи да стои цврсто и со силна верба во победата и мирот“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела. Американскиот ...

Нашата најдобра репрезентација вчера пристигна во Прага и на стадионот на Викторија Жижков го одработи тренингот во пресрет на натпреварот со Саудиска Арабија. Иако станува збор за пријателски дуел, селекторот Благоја Милевски и неговиот тим му пристапуваат со максимална сериозност, имајќи предвид дека веќе за неколку дена следи многу поважниот квалификациски предизвик против Лихтенштајн. „Очекувам секој поединец да го покаже својот максимум и ...

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Под контрола е пожарот во Општина Гевгелија на планината Кожуф. Изгаснати се пожарите на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково, Македонски Брод. Од ...

Најмалку 15 загинати и 20-ина повредени во главниот град на Португалија, Лисабон, откако трамвај излета од шини. Меѓу жртвите има и странски државјани. Несреќата се случила на историската линија „Глорија“ која е позната туристичка атракција. Во момент на несреќата имало 43 патници. Спасувачките екипи интервенираа до доцна во ноќта. Првичните информации укажуваат на пукнат кабел, по што вагонот удрил во зграда. Во Лисабон е прогласена тридневна ...

Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски е нов член на КК Пелистер. Митревски важи за еден од најперспективните домашни играчи во националното првенство. Репрезентативниот бек своите квалитети ги покажа и во претквалификацискиот циклус за СП 2027 каде беше меѓу ретките светли точки во македонскиот национален тим, со просек 10,3 поени; 2,5 скокови и 2 асистенции по натпревар. Митревски во досегашната кариера го носеше дресот на прволигашот ...

Еурофарм Пелистер вчеравечер во Кавадарци го освои Супер купот, совладувајќи го Вардар со 28:27 во возбудлив натпревар со неизвесен финиш. „Црвено-црните“ први се одлепија и поведоа со +4 (13:9), но битолчани намалија на 13:12 до полувремето. Во вториот дел шампионот поведе и стигна до највисоки +4 (26:22), но Вардар се врати со серија од 4-0 и израмни на 26:26. Клучниот момент дојде во последните секунди: Усама Хосни со својот десетти гол ...

Жестоки судири на протестите во Ерусалим пред резиденцијата на премиерот Нетанјаху. Поради пожар евакуирани жители од околните згради. Полицијата употреби водени топови и уапси неколку лица. „Само ти Нетанјаху можеш да одлучиш да ги вратиш утре, тоа е во твои раце. Но, ти избираш тие да продолжат да страдаат, да ги напуштиш и да нè напуштиш сите нас“, изјави Анат Ангрест, мајка на заложник. „Нема да направиме компромис дури и ако не спиеме две ...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Чучер Сандево и Кисела Вода. Од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Бањани и викендичките кон манастирот Св. Илија, Општина Чучер Сандево. Од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улицата ...

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) ќе продолжи во септември, по завршувањето на летните одмори. На 3 септември програмата беше отворена со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата ...

Зеленски во Париз на состанок со „Коалицијата на подготвените“, заедно со неговиот домаќин и колега Макрон, претседателката на ЕК фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Руте. Околу 30 други европски лидери се вклучуваат онлајн, а попладне е планиран и телефонски разговор со Трамп. Ќе се проценува какви повоени безбедносни гаранции би можеле да обезбедат САД за Украина. „Денес сме во момент кога Франција, како и другите земји, навистина ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово ...

Девет лица од криминалната група „Беланоца-барон“ на обвинителна клупа. Се товарат за злосторничко здружување, осум убиства, изнуда, закани, палење објекти и автомобили, трговија со дрога, во период од 2020-та до 2024 година. Нарачаните убиства чинеле од 10 до 250 илјади евра. Според обвинението, членовите на групата го извршиле двојното убиство во „Шиша бар“ и Ханиоти, на припадници на контра групата „Дуќанџик“ од Грчец. На обвинетите им се ...

Министерството за правда го објави огласот за тројца кандидати за судија во судот во Стразбур. Овој пат рокот за пријавување ќе биде 30, наместо 15 дена. Членовите на новата комисија треба да работат експресно, за да се стигне јануарската сесија на Советот на Европа, кога треба да се избере нашиот судија. Новина во изборот е што за познавање на двата официјални јазика во Советот, ќе се бара меѓународен сертификат, а за утврдување висок морален ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Брвеница, при што ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во село Брвеница. Проектот е финансиран од Владата, во вредност од 9.211.939 денари. Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино, каде што е предвидено да даде изјава за медиуми, информираат од владината прес-служба. Проектот опфаќа ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m2), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
66%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.86
97%
1015
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
5.66
84%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
77%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
100%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
93%
1015
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.05
97%
1017
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929